љубовна идила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Jul 2022 09:26:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png љубовна идила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Спејко и Хрисанта споделија љубов во природа: Реприза на минатото? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/spejko-i-hrisanta-spodelija-ljubov-vo-priroda-repriza-na-minatoto-foto/ Tue, 05 Jul 2022 09:24:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257081

Две сродни души,  еден во друг „зацопани до уши“…  Барем така изгледаат Дарко-Спејко и неговата веќе и не толку нова девојка Хрисанта. Уште една најнова потврда дека кумановецот и пробиштипјанката се во серизона љубов,  доказ се најновите фото-парчиња на двете вљубени гулапчиња. Повеќе од очигледно е дека русокосата убавица не се двои од своето „медиумски познато момче“ со кое очигледно ја „затераа врската“, а зошто и не би, ако „љубовта им цути“?! Вљубената двојка како доказ сподели нови фотографии, овој пат од уште едно ново заедничко патување, во познатиот туристички бисер - Блед во Словенија. Службено или приватно, или можеби Спејко и Хрисанта споиле „убаво и корисно“ - сеедно... Убавините на езерото и прекраснаото опкружување обајцата ги искористија за малку уживање и релаксација во природа. Впрочем љубовта таму и најдобро се споделува. И додека долгоногата убавици клекната на колена во леопардови бикини ги сончаше своите раскошни телесни облини во поза на менкенка, нејзиниот љубовник  ужива до неа, ама во сенка. Имено, додека Хрисанта го лови секој сончев зрак на себе за со помош на планинското сонце да го затемни својот тен, Спејко на поинаков начин го искористи сончевиот ден. Убавицата во полн сјај, со фул шминка на себе и модерни очила за сонце заносно позира, “големиот брат“  ги сонча само ножните прсти додека ја фотографира! Целата оваа љубовна идила потсетува на едно друго не така одамнешно време, кога  шармантниот кумановец беше во „голема љубов“ со неговата Инстаграм-колешка,  инфлуенсерка и модна блогерка, струмичкиот модел Љупка Митрова која како и сегашната девојка, од Спејко беше неразделна. Сепак  „љубовната идила“ колку и да изгледаше идеално, заврши неславно. Дали тоа значи дека она: „24/7 заедно“  ја убива љубовта или во прашање беа други работи, никој од нив потоа не проговори?! Ако е она првото, белким „големиот брат“ од Куманово ја научил лекцијата, па нема да ја повтори грешката, иако мора да признаете дека присуството на сексапилната пробиштипјанка  во било чија близина е само по себе повеќе од возбуда, па Спејко меѓу останатото ризикува со „реприза на минатото“?! Можеби затоа Спејко тешко и одолева, особено ако е на ред практична примена на содржината од последната книга, која сексапилната Хрисанта неодамна самата обзнани дека ја (про)читала!? Фото: Инстаграм принтскрин/hrisantam/spejko
       ]]>

Горан Алачки и Марина Дојчиновска во љубовна идила: Хармоникашот и водителката разменуваа нежности во Бразил (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/goran-alachki-i-marina-dojchinovska-vo-ljubovna-idila-harmonikashot-i-voditelkata-razmenuvaa-neznosti-vo-brazil-foto/ Wed, 17 Oct 2018 07:19:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53262

Маестро Горан Алачки, композитор кој важи за еден од најдобрите школувани македонски хармоникаши. Како во изворниот фолклор, така во новосоздадената песна, но и во класиката, за него нема тајни меѓу дирките на инструментот што се растегнува - хармониката!
Но се чини дека растргнат помеѓу обврските и неговиот приватен живот по разводот со некогаш познатата фолк пејачка, денес најпознатата ТВ готвачка Адријана („Вкусот на традицијата“), со која во брак беа повеќе од 25 години, малку се експонираше себе си во јавноста. Можеби професионално, но приватно ништо се се зборуваше за него и неговиот живот по разделбата со сопругата со која има две деца, од кои ќерката неодамна се породи, па Горан во меѓувреме стана и дедо на прекрасно внуче.
Таа пак, во 90-ите и на почетокот на новиот милениум беше една од најекспонираните македонски  ТВ водителки и новинарки на неколку национални и локални телевизи, за потоа да исчезне од ТВ екраните. Но Марина Дојчиновска по премрежјата во својот живот, се појави во животот на разведениот маестро и судбината ги спои неа и него: Марина Дојчиновска и Горан Алачки.
Животот и после разводот секако мора да продолжи, но се чини дека познатата двојка нашле нов пат до среќата, па ако својата љубовна идила на почетокот ја споделувале само со најблиските, сега ја обзнанија преку социјалните мрежи и медиумите.
Очигледно дека нивната љубов е во фаза на „цветање рози“, па моментите на вљубеност и среќа ги покажаа преку постираните фотографии.
Изборот на дестинацијата повеќе од егзотичен, зашто магијата на Бразил, неговите бескрајни песочни плажи, волшебната панорама на Рио, самбата и карневалскиот амбиент го прават ова место латино рај за вљубените.
А Марина и Горан, како вистински латино љубовници од латиноамериканските ТВ серии, разменуваа нежности во секоја можна прилика, на секое место од споменатата дестинација.
Горан вљубен и среќен како во тинејџерските денови, а Марина иако далеку од тинејџерските години, покажа дека се' уште изгледа како да е во нив. Стројна става, вито тело, бисер заби, затегнато лице бело... вистинска дама со лик и стас на млада мома!
Дури и од фотографиите се гледа дека среќата на двата познати македонски лика, од нив извира и блика. Белким овој пат, љубовната  романса ќе потрае... Можеби и довека, а зошто да не?!]]>