љубовна двојка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Mar 2022 08:24:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png љубовна двојка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дамјан Димевски и Ана Михајловиќ од „Ѕвездите на Гранд“ се музички или љубовен пар? https://arhiva.vistina.com.mk/mali-signali-damjan-dimevski-i-ana-mihajlovikj-od-dzvezdite-na-grand-se-muzichki-ili-ljuboven-par/ Thu, 03 Mar 2022 08:17:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241427

Во „Ѕвездите на Гранд“  сезона 2020/2021 учествува и Македонецот Дамјан Димевски кој е под менторство на Александар Милиќ Мили. Дамјан од круг во круг воодушевува со своите настапи и ги добива сите гласови од жирито. Во една од претходните емисии, Дамјан настапуваше во дуел со противкандидатката Ања Михајловиќ од Белград. Додека Димевски ја изведуваше песната „Никој како тебе не бакнува“, тој ја покани Ања на сцената, па таа го бакна во образ додека тој ја пееше песната. Потоа, кога Ања ја пееше „Брука“ од Цеца Ражантовиќ, Македонецот и се придружи на противкандидатката на сцена. Жирито имаше пофални зборови за двајцата кандидати, па истакнаа дека изгледаат преслатко. По нивниот „дуел“ или заеднички настап започнаа гласини и шпекулации дали  се само пријатели или се новиот естраден пар. Деновиве, скопјанецот одговараше на прашања на следбениците, па така некој го праша дали тој и Ања се заедно. Меѓутоа, тој не одговори. И таа одговараше на прашања, па следбениците исто така ја „бомбардираа“ со прашањето дали има нешто меѓу неа и Дамјан. Прво, некој ја праша што мисли за Димевски, а таа одговори: -Ма што да кажам за ова момче Македонче? Меѓутоа, кога некој од слебениците ги праша дали се заедно или не, а не да се играат како мали деца, Михајловиќ одговори: -Шегата на страна, и да не сме и да сме, тоа е нешто дел од нашиот приватен живот и на таквите теми таму им е местото. Тие не потврдија, ниту демантираа дали се заедно или не, а дали се љубовен или музички пар ќе покаже времето. Инаку, во „Ѕвездите на Гранд“ се запознаа и македонската пејачка Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ кои започнаа врска, запловија во брачните води и го имаат синот Максим. фото: инстаграм/ damjan.dimevski/anja_miihajlovic]]>

Прво јавно појавување заедно: Елена Ристеска и момчето во прв ред на Моден Викенд Скопје (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prvo-javno-pojavuvanje-zaedno-elena-risteska-i-momcheto-vo-prv-red-na-moden-vikend-skopje-foto/ Wed, 06 Nov 2019 07:59:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116745

Пејачката Елена Ристеска неодамна за домашните медиуми потврди дека е во љубовна врска со скопјанецот Филип Арсовски, кој инаку е сопственик на еден познат скопски ресторан за здрава храна. Сепак, на Еленче очигледно и требаше време пред да се одлучи за јавно појавување со саканиот пред камери и фоторепортери или пак да објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи со момечето кое го освои нејзиното срце. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-risteska-ne-ostana-imuna-na-glasinite-za-novoto-momche-ova-e-nejzinata-reakcija/ Сега, дојде време Елена да се одлучи пред будното око на јавноста да се појави со Филип и тоа на Модниот Викенд во Скопје. Тие се појавија заедно на ова модно случување и како специјални гости седнаа во првиот ред, сосема одлична позиција за фографите да имаат убав кадар за овековечување на моментот. Елена на себе имаше тренди комбинација од црвено палто споено споено принт маичка и црни панталони, додека нејзиниот партнер се одлучил за минималистичка црна комбинација од која со фокус се издвоија неговите впечатливи тетоважи на рацете. Дали ова е старт и поттик на Елена и Филип да ја покажуваат својата врска поинтензивно и во јавност, останува да видиме.]]>