љубовен белег – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 28 Sep 2018 10:50:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png љубовен белег – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Поминавте страстен состанок со партнерот, од кој се вративте со „љубовен белег“- eве како да го санирате https://arhiva.vistina.com.mk/pominavte-strasten-sostanok-so-partnerot-od-koj-se-vrativte-so-ljuboven-beleg-eve-kako-da-go-sanirate/ Fri, 28 Sep 2018 13:15:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50404

Идејата партнерот да ви направи љубовен белег или популарно наречен „шливка“, можеби вчера беше добра идеја, но денес, кога треба да си ги завршите работните обврски или да излезете со пријателите не е. Што можете да направите за да се ослободите од љубовниот белег? ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЉУБОВНИОТ БЕЛЕГ Ставете ладна облога Наполнете кеса со мраз, а потоа завиткајте ја во памучна крпа и ставете ја на модрицата. Нежно допрете ја ладната облога на местото и држете ја 20-тина минути. Потоа тргнете ја на неколку минути па повторно ставете ја облогата.   Четкајте со четка за заби Секако со нова и неупотребена четкичка. Нежно четкајте ја модрицата и местото околу неа, но внимавајте зашто ако стискате премногу, можете да ја влошите состојбата. Почекајте 15-тина минути, црвенилото ќе се прошири, но ќе биде помалку видливо од претходно. Потоа нанесете ладна облога.   Нанесете паста за заби Нежно нанесете паста за заби на модрицата, и оставете ја неколку минути. Кога пастата ќе се исуши измијте ја со топла вода. Почекајте 24 часа и повторете го истото. Најдобро е овој метод да го користите непосредно откако модринката била направена.   Масирајте го местото Ова ќе ја подобри циркулацијата на местото и ќе ја намали штетата. Нежно, со два прста правете кружни движења во еден правец, почекајте неколку минути и потоа масирајте во спротивниот правец.   ПРИКРИВАЊЕ НА ЉУБОВНИОТ БЕЛЕГ Прикривање со шминка Користете коректор кој е наменет за прикривање на црвенило. Потоа ставете пудра, за коректорот да не биде премногу очигледен. Ако не можете ова да го направите сами само замолете љубезна колешка од работа која сигурно ќе ви излезе во пресрет.   Прикривање со облека Ова е методот за кој ви треба најмалку време и посветување. Носете ролка, марама или кошула со висока јака. Носете соодветна облека за временските прилики, зашто сигурно не сакате да носите ролка во лето.]]>