љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 12:03:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Сами доаѓаме и сами си одиме“: Весна – Бејби расплакана и полна со емоции се запраша што значи да си постар една година (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/sami-doagame-i-sami-si-odime-vesna-bejbi-rasplakana-i-polna-so-emotsii-se-zaprasha-shto-znachi-da-si-postar-edna-godina-foto/ Mon, 11 Mar 2024 11:26:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341793

Животот е полн со убави и неубави моменти, полн со изненадувања кои  ни се допаѓаат или не, сепак се случуваат додека старееме. Што значи да си постар за една година, се запраша и македонска актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска токму на денот кога го славеше нејзиниот  роденден. Или можеби не славеше...? Но, затоа полна со емоции на фотографиите кои ги сподели каде е речиси расплакана, срочи една подолга порака на Инстаграм која сите ги состави длабоко замислени, мошне зачудени, без зборови. Дека годините се само бројка се согласи и Бејби, гласно размислувајќи  кому му е важна таа бројка и годините што некој ги полни, освен на самиот себе си ... Таа денот на нејзиното раѓање реши да го прослави сама, без торта, без гости и  подароци, а она што го посака, го откри во пораката. - Еден ден ќе наполниш и 54 години, чинејќи дека слободата ќе ја донесе среќата.Што значи да си постар за една година?Паѓања,станувања,спремна на секој удар од сите страни.Тие едвај чекаат да те удрат,да ти ја повредат и најинтимната и најсветата работа на овој свет.Удираат по децата,а јас животот ги посветив на стотици деца.Секогаш градам големо и високо,онаму до небото.Денес сакам да сум сама,не сакам торта,не сакам подароци,сакам само суштина и знаење.Не верувам одамна на луѓето кои им се крши насмевката кога ќе те видат.Бучавата од кафеаните ми е немерливо залудно време.Љубовта во која верував одамна ја имам закопано доабоко во себе.Многу битки терав сама против сите и за сите.Доаѓаш до еден отсјај кој полека се губи како суров стих.Кому е важно што ти ќе наполниш бројка на години.Сами доаѓаме и сами си одиме.Светот не застанува за тебе,ти го сопираш светот.Се обидувам да бидам будна за сите неправди,за секоја солза,за секое дете,за секоја моја неродена претстава.Се минува и гласноста и сјајноста и тврдината и водата.Тоа што останува е каков човек си.Чуден некој ден,ова роденденов“ - напиша Петрушевска а со нејзините зборови замисли многумина.
За објавата која ја подготви да биде целосна,  ја надополни со песната од српскиот пејач  Балашевиќ „Љубовта не победува“ а зборовите и музиката се совпаѓаа со размислувањата во нејзиниот пост. Сепак честитките со најубави желби веднаш почнаа да се редат, а таа ги сподели  на кратките приказни на нејзиниот профил на Инстаграм. Фото: printskrin/instagram/vesnapetrushevska  ]]>

Дали сте подготвени за брак? Пред да се одлучите на овој чекор, важно е да добиете одговори на многу прашања https://arhiva.vistina.com.mk/dali-ste-podgotveni-za-brak-pred-da-se-odluchite-na-ovoj-chekor-vazhno-e-da-dobiete-odgovori-na-mnogu-prashana-2/ Fri, 08 Mar 2024 13:06:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341748

Бракот е заедница меѓу двајца луѓе што се заснова на љубов и почитување, но исто така бара многу труд и компромиси. Токму поради тоа треба да бидете сигурни дека сте подготвени за тој голем чекор во врската и да бидете искрени со себе и со партнерот пред да кажете „да“.   Како да знаете дали сте подготвени за брак? Има три прашања што треба да си ги поставите и само искрените одговори ќе ви помогнат да дојдете до конечното решение.   Дали ви е најважна среќата на партнерот?   Знаете која е тајната на среќните бракови? Тоа се случува кога и двајцата партнери ја ставаат среќата на другиот пред својата. Тука нема никаква голема философија, едноставно желбата да се направи другиот среќен. И тука е големата разлика меѓу голема љубов и подготвеност за брак.   Зошто го сакате партнерот?   Ако немате конкретен одговор на прашањето, тоа значи дека уште не сте подготвени за брак. Тоа не значи дека не сте заљубени или среќни, но не сте подготвени за заедницата брак што носи со себе одговорности и одрекувања.   Ако пред бракот не се согласувате за клучни прашања и животни одлуки, кажувањето на „судбоносното да“ нема да смени ништо. Бракот треба да биде крунисување на врската, одење на следното ниво, свесна и разумна одлука на две возрасни личности, а не каприц или брзо решение за несогласувањата или несигурностите.   Дали сте подготвени за живот во кој ќе се надополнувате еден со друг?   Иако кажувањето „да“ и ставањето потпис не ги менува работите магично, сепак животот во заедница е различен од животот што сте го воделе пред брак. Прашањет кое мора да си го поставите гласи: Дали животот кој сакате да го водите, кој ве прави среќни, можете да го водите и во брак? Со други зборови, дали плановите и начинот на живот на вашиот партнер се исти и дали сте подготвени за компромиси?   Тоа може да бидат помали животни прашања како на пример каде ќе живеете, но и многу поголеми како планови околу деца, вашите ставови за религија, начин на воспитување и слично. Извор: Попара]]>

Познатите Македонски добија осмомартовски честитки кои се чуваат, траат и вредат за цел живот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-makedonski-dobija-osmomartovski-chestitki-koi-se-chuvaat-traat-i-vredat-za-tsel-zhivot-foto/ Fri, 08 Mar 2024 08:28:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341634

Денес, 8-ми Март, Меѓународен ден на жената се слави насекаде низ светот! Ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, ден кога жените добиваат безброј честитки, цвеќе, разни подароци... Секоја година главниот симбол на месец Март е жената и се’ околу неа. Во време на супериорна технологија и социјални мрежи, голем број жени, мајки, сопруги, сакаат да се пофалат и покажат како се уважени за нивниот ден, но најголем број од ваквите пофалби со подароци се сведуваат на честитките од најдрагите, најмалите. Особено драги се честитките, односно ракотворбите изработени од малите вредни рачиња на дечињата кои штотуку почнале да пишуваат или ги направиле осмомартовските честитки со помош на учителките. Со очи полни љубов и солзи, трепет на срце, вакви честитки добија познатите Македонки кои на својот Инстаграм ги објавија јавно. Меѓу нив беше Сара Мејс која се израдува на честитката од Илина која за мама ги направи најубавите цветчиња и ги избра најубавите зборови. Утрото со иста радост го почна и Тамара Тодевска стопена од букетот цвеќе и честитката на својата Хана. Истото од ќерка си ја дочека и ТВ презентерката Бубе Илиевска која од Нела на подарок доби љубов искажана на хартија и благодарност што е центар на нејзиниот свет. Овие честитки немаат цена, тие траат засекогаш, а сигурно многу од мајките ги чуваат за цел живот како потсетник дека жената има моќ да биде центарот на светот! фото:Instagram printscreen]]>

3 изненадувачки едноставни психолошки совети за како да ѝ се допаднете на жената https://arhiva.vistina.com.mk/3-iznenaduvachki-ednostavni-psiholoshki-soveti-za-kako-da-se-dopadnete-na-zhenata/ Thu, 07 Mar 2024 13:59:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315721

Многу мажи пораснаа со приказни за тоа како жените се енигми кои го оставаат посилниот пол збунет од нивните постапки во врските. Но, вистината е навистина поинаква, а начинот на кој може да ѝ се допаднете на жена е всушност прилично едноставен. Треба да направите само две работи – да ѝ ја покажете почитта што ја заслужува едно човечко суштество и да бидете отворени да научите сè за неа. Имајќи го тоа на ум, еве неколку совети како подобро да ја разберете жената и да изградите подобар однос со неа. 1. Веројатно премногу размислувате Жените, исто како и мажите, се луѓе. Да се ​​биде човек значи дека нашите постапки се водени од вродената желба никогаш да не бидеме повредени. Понекогаш тој инстинкт ги наведува луѓето да постапуваат ирационално или да прават неправедни претпоставки. Но, за жал, сето тоа е дел од играта на љубовта и животот. Сепак, воопшто не е комплицирано да привлечете жена, како што можеби верувате поради крутите, често неточни и застарени родови улоги од минатото. Повеќето жени ги сакаат истите работи што ги сакаат мажите: Тие сакаат авантура, сакаат почит, сакаат посветеност, сакаат слобода на избор, сакаат еднаквост – да бидат ваш партнер, а не ваш родител. 2. Работи кои не се привлечни за жените Ако првиот состанок помине лошо, има мали шанси за втор, или воопшто каква било иднина. И многу први состаноци, за жал, не успеваат затоа што мажите не се свесни дека трите работи за кои веруваат дека се привлечни, всушност ги одбиваат жените. Фалење: Сакате да импресионирате девојка, но кога премногу се фалите со жена, ќе изгледате или вообразени или досадно несигурни. Ниту едно мислење не е добро за вас. Тоа не значи дека не можете да се пофалите со некое достигнување, но не претерувајте. Арогантно однесување: Можеби сте богати, успешни и талентирани, но тоа не значи дека треба да се однесувате кон другите како да се под вас. Жените ќе обрнат посебно внимание на тоа како се однесувате со келнерот: дали им се жалите или оставате малку бакшиш? Имајте го тоа на ум и запомнете дека поседувањето клучеви од Ферари не ви дава право да се однесувате како да сте крал на светот. Шовинистичко однесување: Жените се навредени од шовинизмот. Ова треба да се знае без да ви се каже. Дури и жените кои се смеат на шега веројатно го прават тоа само за да избегнат потенцијално опасна конфронтација. Ако ѝ кажете на девојката на состанок дека очекувате вашата жена да остане дома и да ги воспитува децата, можеби никогаш повеќе нема да ја видите. 3. Жените сакаат доверба и самодоверба Последниот совет за тоа како да привлечете жена го вклучува прашањето на самодовербата. Тоа е можеби најмоќниот трик во вашиот ракав кога станува збор за запознавање и привлекување партнер. Причината е прилично едноставна: луѓето ги привлекува самодовербата. Луѓето сакаат партнер кој не се плаши да ја преземе контролата кога е потребно, може да донесува одлуки индивидуално и како партнер и може да ја сподели напорната работа во врската. Ова не значи дека жените сакаат некој да ги води наоколу – никој не го прави тоа – но тие исто така не сакаат да бидат единствениот што ги влече конците во врската. Сакаат унија во која двете страни земаат, но и даваат. А тоа го можат само луѓето кои имаат меѓусебна доверба. Мажите без самодоверба, од друга страна, често седат на страна, премногу се плашат да преземат контрола или да направат потег. Во недостаток на самодоверба, тие седат настрана и гледаат како минуваат годините. извор:курир.мк фото:Shutterstock]]>

Шакира нема намера да се откаже од љубовта: Пејачката има ново момче? https://arhiva.vistina.com.mk/shakira-nema-namera-da-se-otkazhe-od-lubovta-pejachkata-ima-novo-momche/ Wed, 06 Mar 2024 10:50:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341309

Објавите на Шакира на социјалните мрежи се секогаш под лупа на јавноста, особено по раскинувањето со поранешниот фудбалер Пике Херардо. Помина повеќе од една година откако беше разочарана од емотивниот партнер, но изгледа дека колумбиската пејачка нема намера да се откаже од љубовта. Во текстовите објавени на нејзините социјални мрежи се навестува можна нова врска на Шакира: -Ветив дека никогаш повеќе нема да сакам, но изгледа дека си тука да ги залечиш раните што ги остави тој. Срцето ми беше заклучено со клучеви и катанец, но што да правам, премногу ми се допаѓаш – вели Шакира во својата нова песна. Сепак, за да дознаеме повеќе детали ќе треба да почекаме на 22 март, бидејќи тогаш ќе излезе нејзиниот нов албум. Фото: printskrin/instagram/shakira]]>

На Станија повторно и цвета во љубовта: Старлетата реши да му прости на поранешниот и да надмине сѐ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-stanija-povtorno-i-tsveta-vo-lubovta-starletata-reshi-da-mu-prosti-na-poraneshniot-i-da-nadmine-s-foto/ Tue, 05 Mar 2024 12:50:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341184

За врската на старлетата Станија Добројевиќ и нејзиниот поранешен вереник Асмин Дурџиќ на големо се пишуваше и зборуваше во изминатите месеци, додека во еден момент таа стави точка на нивната врска поради низата афери со неговата поранешна партнерка Анели Ахмиќ, која е моментално во реалното шоу „Елита“. Имено, Добројевиќ неодамна дојде на снимање на една емисија, а ја донесе токму Асмин, каде го уловија камерите, но сега нивните идентични фотографии направија бум на социјалните мрежи, а очигледно моментално се заедно во Мајами, Америка. .
 
View this post on Instagram
 
A post shared by S T A N I J A (@stanijadobrojevic)

Добројевиќ сега позираше во Барби бар, а сето тоа го објави на својот Инстаграм, а набрзо слична објава објави и Асмин на кој јасно се гледа дека е на истото место со Станија. Нивните обожаватели веднаш заклучиле дека двајцата се смириле и повторно уживаат во љубовта, а старлетата решила се да преболи. Фото: printskrin/instagram/alibaba_alibabic/stanijadobrojevic]]>

Даниел Кајмакоски под сомнеж на сопругата дека сака друга: „Јас немам одбрана и тоа само поради едно“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-kajmakoski-pod-somnezh-na-soprugata-deka-saka-druga-jas-nemam-odbrana-i-toa-samo-poradi-edno-foto/ Tue, 05 Mar 2024 09:05:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341067

На македонскиот пејач со српска адреса, Даниел Кајмакоски, постојјано гледаме и читаме дека му цвета во љубовта откако ја најде како што вели вистинската- втората сопруга Марина. Неговата понежна половина и сродна душа е она што отсекогаш го барал кај жена, барем така тврди самиот, па изненадување беше кога објави дека Марина има сомнежи кон него и тоа љубовни!
Да се биде сопруга на познат пејач, веројатно не е лесно за една жена, па на убавата црнокоса природно и оправдано и се јавиле овие прашалници, дилеми, сомнежи кога нејзиниот Даниел е на работа. Имено, Кајмакоски неодамна објави дека е дел од бендот на телевизијата на Жељко Јоксимовиќ К1, поточно на емисијата „Кец на 11“.
А таму, еден од колегите, редовно го радува со босанска пита на која Даниел не може да одолее. -Кога жена ти се сомнева дека сакаш некого на работа, а ти не се браниш. Се’ тоа поради босанската пита, пишува Даниел.
Покрај оваа необично признание, Даниел се фотографираше со колегата кој вака го дарува со домашно месена пита на домаќинката која точно назначила дека парчето е за познатиот пејач. Сепак, во случајот станува збор за љубов, ама на Марина веројатно и стана појасно дека е само гастрономска. За потсетување, Даниел Кајмакоски и Марина кон крајот на месец јануари од Новата година прославија годишнина од бракот. фото: instagram printscreen/ daniel_kajmakoski]]>

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација https://arhiva.vistina.com.mk/tri-rechenitsi-koi-zvuchat-kako-lubov-a-vsushnost-zad-niv-se-krie-manipulatsija/ Wed, 28 Feb 2024 13:55:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340513

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.
Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат. Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов. „Ова го правам за твое добро“ Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист. „Дали вака ми враќаш? Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака. „Очекував повеќе од тебе“ Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.]]>

Заљубени сте или само чувствувате силна сексуална привлечност? https://arhiva.vistina.com.mk/zalubeni-ste-ili-samo-chuvstvuvate-silna-seksualna-privlechnost/ Fri, 23 Feb 2024 11:05:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320027

Како да знаеме дали она што го чувствуваме е навистина љубов? Љубовта и сексуалната привлечност имаат заеднички карактеристики: и двете се силни емоции, можеме да доживееме и сексуална привлечност кон луѓето што ги сакаме. Сепак, тоа можеме да го почувствуваме и кон луѓето кои не ги сакаме. Додека крајната цел на сексуалната привлечност е сексот, љубовта е ориентирана кон одржување на врските, одржување на силна врска дефинирана со интимност и заеднички живот. Еве уште неколку клучни разлики помеѓу љубовта и страста: • Љубовта ја исполнува нашата потреба за поддршка. Во културна смисла, ние често ги поврзуваме сексуалната привлечност и љубовта, но има добра причина да се сомневаме дека всушност постојат три различни мотивациони системи. Страста може да биде двигател што ја поттикнува нашата потрага по врски, привлечноста може да ни помогне да направиме разлика помеѓу повеќе или помалку посакуваните партнери, а љубовта може да биде она што нѐ држи во близина и што нѐ поттикнува да се грижиме за другите. Љубовта е особено важна кога сме тажни, исплашени или ни треба поддршка на друг начин. • Љубовта поттикува на искреност. Кога се чувствуваме сигурни во нашите односи – знаеме дека некој нѐ сака и ќе биде тука за нас – постапуваме поавтентично. Ако преиспитуваме нечија доверба, се плашиме дека ќе нѐ напушти или ако мислиме дека можеби нема да биде тука кога ќе ни треба, повеќе сме склони кон лажење или залажување. Со други зборови, чувството на сигурна љубов во врската ја зголемува автентичноста. Малку е веројатно дека само сексуалната привлечност ќе го поттикне истиот степен на автентичност и искреност. • Љубовта нè прави поподготвени да се жртвуваме. Жртвувањето не е забавно: тоа вклучува откажување од нешто драгоцено (на пр. време, пари) и може да има висока цена. Во односите, подготвеноста за жртвување е поврзана со повисоки нивоа на посветеност и инвестиции во врската. Овој вид на врска е послична на љубов отколку сексуалната привлечност; покажувањето планови за иднината и грижа за некого и ставање приоритет на нивните потреби пред сопствените. • Љубовта ги менува ефектите на сексот. Сексот може да ја подобри благосостојбата, но оваа врска е најсилна во љубовен контекст. Врската помеѓу зачестеноста на сексот и важните индикатори за благосостојба (на пр. задоволство од животот, позитивни емоции/расположенија) делумно зависи од преференциите. Наклонетоста е повеќе ориентирана кон љубовта отколку кон чистата страст. • Љубовта е постојана. Чувството на сексуална привлечност може доста брзо да „згасне“, но љубовта е друга приказна. Од еволутивна гледна точка, романтичната љубов не е емоција: таа е нагон, моќен, жилав нагон. Романтичната љубов го засилува нашето внимание и не се откажува лесно. Научниците ја разбираат моќта на романтичната љубов како заснована на системот за наградување во мозокот. Доживувањето на љубовта е длабоко задоволувачко на биолошко ниво. Поврзаното ослободување на допамин ја интензивира потрагата по романтична љубов, што може да ја одрази нејзината улога во репродуктивниот успех. Еден од предизвиците за разликување на љубовта од сексуалната привлечност е тоа што понекогаш сексуалната привлечност е почеток на љубовта, нејзина почетна точка. Навистина, сексуалната привлечност може да ги подготви луѓето за идејата да започнат романтична врска. Сексуалните мисли можат да ја зголемат отвореноста на луѓето да ги споделат своите чувства, да се жртвуваат, да сакаат интимност и да се вклучат во грижлива комуникација. Предизвикот е да одлучите дали вашата динамика завршува со сексуална привлечност или дали и двајцата верувате дека делите слични цели, сакате отворена комуникација и сакате да го интегрирате вашиот заеднички живот. Овие карактеристики ориентирани кон иднината сугерираат дека имате основа за долготрајна врска. извор:курир.мк]]>

Експертите тврдат: Ова се главните причини поради кои жените одбиваат секс! https://arhiva.vistina.com.mk/ekspertite-tvrdat-ova-se-glavnite-prichini-poradi-koi-zhenite-odbivaat-seks-2/ Thu, 22 Feb 2024 13:00:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339817

Додека на мажите вообичаено им требаат 5 секунди за да се расположат за секс, кај жените изговорите се почести. Има повеќе точни одговори на прашањето зошто некои жени често одбиваат секс, а не е „ме боли глава.“ Сè се сведува на 5 причини:       Имала напорен ден на работа   75% од жените признаваат дека кога имаат стрес на работното место, по враќањето од работа не ни помислуваат на секс. Самото тоа што се нервозни им ја намалува желбата за создавање на близина со партнерот и повеќе сакаат да се сами.       Која е поентата кога нема да доживее оргазам?   Во превод, незадоволството од тоа како сексот се одвива, честопати ги тера жените да го одбијат партнерот бидејќи не гледаат каква корист имаат од него. Секако, ова не е никакво решение.       Се чувствува дебело   Докажано е дека кога жените не се задоволни со килажата, мали се шансите да иницира секс, односно желба партнерот да ја види без облека.       Партнерот постојано иницира   Со тоа, се создава отпор и на сексот почнува да се гледа како обврска.       Досадно ѝ е   Никој не сака реприза која вечно се повторува. Жените често одбиваат секс бидејќи напамет го знаат секој следен потег на партнерот, во што не гледаат никакво задоволство. Извор: Попара]]>