љубомора – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Feb 2024 12:06:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png љубомора – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Знаци дека сте во врска со личност која е претерано љубоморна https://arhiva.vistina.com.mk/znatsi-deka-ste-vo-vrska-so-lichnost-koja-e-preterano-lubomorna/ Tue, 06 Feb 2024 12:30:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311810

Љубомората во врската може да биде чест проблем. Во продолжение откријте ги знаците на претерана љубомора за да можете да ја препознаете и да разговарате со партнерот пред таа да прерасне во многу посериозен проблем и да му наштети на вашиот однос. Партнерот постојано ве прашува каде сте Сосема во ред е кога вашиот партнер ве прашува какви планови имате после работа со цел полесно да се организира со превоз, ручек и други активности, но не е во ред кога постојано ве прашува каде и со кого сте. Неговата несигурност не треба да влијае врз вашиот живот. Партнерот ги поставува правилата на врската Сите правила што ги следите во врската ги поставува вашата друга половина. Но, од друга страна, за него не важат истите правила. Зошто тогаш само вие да бидете ограничени? Не е дозволен контакт со пријателите од спротивниот пол Вашиот партнер не ги одобрува контактите со вашите пријатели и ви го кажува тоа јасно. Исто така, средбата со некој од нив честопати е причина за расправија помеѓу вас и вашиот партнер. Тој сака да се откажете од вашите пријатели бидејќи смета дека само тој ви е доволен и дека не ви треба никој друг. Зарем навистина ќе прекинете секаков контакт со старите другари затоа што вашиот партнер не ви верува? Чувствувате вина Се чувствувате виновни секогаш кога ќе излезете на пијачка со пријателите наместо да ја поминете вечерта со партнерот. Од друга страна, кога земате слободни денови од работа за да отпатувате некаде заедно, партнерот не може да се вклопи во вашиот распоред… Сигурни сте дека сакате ваков живот во кој постојано се чувствувате виновни за секоја одлука и постапка, дури и ако ништо лошо не сте сториле? Партнерот постојано ве контролира Кога станува збор за безбедност, таквото однесување од страна на партнерот може да биде знак на грижа и внимание. Но, тоа не важи за ситуацијата кога ќе се појави ненајавен кај вас под изговор дека имал работа во близина, а всушност сака само да провери дали сте дома како што претходно сте му кажале. Друга ситуација би била постојано да ви пишува пораки додека сте со пријателите и да се чувствува навредено ако не му одговорите. Постојано ги спомнува вашите поранешни партнери Дури и ако одамна сте прекинале секаков контакт со поранешните партнери, се чини дека партнерот секогаш ве потсетува на нив. Ве прашува какви биле, што убаво направиле за вас… Можеби дури и ќе почне да ве обвинува дека сè уште негувате чувства кон некого од нив. Не дозволувајте врските од минатото да влијаат на вашиот сегашен емотивен живот, особено не на овој начин. извор:попара.мк]]>

Зеленото чудовиште: Зошто стануваме љубоморни во врска? https://arhiva.vistina.com.mk/zelenoto-chudovishte-zoshto-stanuvame-lubomorni-vo-vrska/ Fri, 29 Sep 2023 13:55:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320441

Кога зеленоокото чудовиште ќе се појави во вашиот живот, тоа може силно да се одрази на вашата врска и вашата психа. Доктор Роберт Л. Лехи во неговата книга „Лек за љубомора“ вели дека станува збор за нешто повеќе од тоа дека на едниот од вас „му шараат очите“ – почесто љубомората има врска со нашите карактерни особини. „За љумобора се потребни тројца“, вели тој. „Се случува кога едниот во врската се чувствува загрозен од трета страна. Или некој од партнерите е заинтересиран за трета личност, или третата личност покажува интерес за некој од партнерите. Некогаш се случува и едното и другото.“ Лехи ја разграничува романтичната љубомора во две категории: сексуална љубомора и љубомора за емотивна блискост. Според него, мажите најчесто „ги фаќа“ првата, а истражувањата покажале дека кај жените има поголем ризик да ги обземе љубомора од вториот тип. И двата типа на љубомора се јавуваат како резултат на несигурност во врската, вели тој. Тие несигурности може да бидат: нејасни очекувања, небалансирани нивоа на посветеност, претходни искуства со напуштање и претходни искуства со предавство. „Во мали и умерени дози, љубомората може да биде знак на приврзаност, посветеност, па дури и љубов“, смета Лехи. „Понекогаш и самите сме виделе како некој го тестира партнерот за да види дали ќе покаже љубомора и во мали дози тоа е нормално.“ Тоа најчесто се провоцира со изјава како: „Нема да ми биде гајле ао спиеш со други луѓе“. „Кога ќе го слушнете ова, најчесто помислувате дека на другиот не му е гајле за врската или дека планира да спие со други луѓе“, вели Лехи и додава дека кога мажот замислува дека неговата партнерка би можела да има секс со некој друг, тоа е најчестиот „провокатор“ на љубомора кај хетеросексуалните мажи. Жените може да бидат љубоморни на сличен тип на сексуално невертво, но се чувствуваат ососбено загрозени од емотивна блискост на партнерот со друга жена. „Жените стравуваат дека тој ќе се заљуби во друга жена, не дека ќе спие со неа.“ Извор: Кајгана.мк]]>

Иако за себе тврди дека е пресметана, самоуверена, лојална, храбра, ѕверка… сепак на македонската пејачка не и се баш сите по мерка: Кој ја „извади од патики“ Кристина Димитри, па „меѓу редови“ му праќа скриени пораки? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/iako-za-sebe-tvrdi-deka-e-presmetana-samouverena-lojalna-hrabra-zverka-sepak-na-makedonskata-pejachka-ne-i-se-bash-site-po-merka-koj-ja-izvadi-od-patiki-kristina-dimitri-pa-megu-redovi-mu-praka-skr/ Tue, 12 Sep 2023 08:45:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317517

Кристина Димитри прилично самоуверено тргна да прави пејачка кариера и во Македонија и надвор од неа... Дали е на добар пат ќе покаже времето, но она што сигурно е дека сексапилната тетовка ги користи сите свои адути и оружја за да го зграпчи успехот... И тоа со обете раце! И изглед и имиџ и стил и сексапил и убавина и  шарм и телесна дарба... Комплетна понуда за максимална возбуда... Сите женски трикови кои можат да и помогнат за да го компензираат она што можеби и не и е најмногу од Бога дадено, а сепак е најпотребно ако сакаш да бидеш пејачка со кариера. Како и да е, на Кристина и успева во доволна мерка - барем засега, да го турка она што го наумила и тоа по свои правила. Вешто и умешно, доволно дискретно за да не биде пренападно, а сепак максимално конкретно за да биде доволно привлечно и забавно. И очигледно има намера себеси да се промовира на голема врата и тоа „преку ред“ и кај северниот сосед, зашто ако успееш во Белград и Србија, твоја е цела бивша Југославија, колку сето тоа да изгледа како (не)возможна мисија. Довербата во себе и своите квалитети очигледно не и недостасува, па дури и е и посилна страна. Впрочем и самата тврди дека е пресметана како волчица, самоуверена како граблива птица, лојална како ждребица, храбра како лавица, опасна како тигрица... Сепак на македонската пејачка по се' изгледа не и е баш се' и сите по мерка!? Она што го споделила во последниот пост на своите Инстаграм приказни јасно говори дека има нешто или некој(а)  што лично многу и пречи и ја засега!?  Само прашање е кој  тоа ја „извади од патики“ Кристина Димитри, па „меѓу редови“ му праќа скриени пораки!? За каква љубомора и отрови говори кога вели: „Љубомората е отровна состојка, ама на отров како мене не делува (не ви стана јасно до сега)? Кој тоа и љубомори и за што на бившата мисица, ако веќе знае дека ќе има работа со жена - „итра лисица“? Малку веројатно е дека бившиот сопруг, кој барем според споделеното на социјалните мрежи, е преокупиран со својата лична среќа од втор обид. Ако е конкуренцијата во прашање, под естрадното небо има место за сите. Колку некому и да му „пречиш“, ако си сигурен дека со квалитетите предничиш, „мува нема да те лази“ за туѓото мислење, зашто и да сака, никој ништо  не  ти може! Тогаш што е тоа што е „толку лично“, чија тоа љубомора и за што, Кристина Димитри ја „вади од патики“, а Бога ми и „од штикли“, па не можејќи тоа да го игнорира, не можела ни да додржи и морала јавно да го сподели?   Дали е во прашање толку „отровното каснување за душа“ што боли до коска, за отровот и на „отров како неа“ да делува, колку Кристина тоа и да го негира? Сепак она што  атракативната пејачка очигледно не ја напушта е самодовербата... Затоа на крајот и порачала: „Ама како што се шири кариерата моја, па и вие со мене на крајот од денот... Во право сте! Заедно растеме“. И во право е. Само прашање е што: Реалноста или заблудата? И чија, нејзината или таму... нечија? Фото: Инстаграм/kristina.dimitry
 ]]>

Психолог открива зошто имаме потреба да се сомневаме во партнерот: Еве кога љубомората станува опасна – решението е јасно https://arhiva.vistina.com.mk/psiholog-otkriva-zoshto-imame-potreba-da-se-somnevame-vo-partnerot-eve-koga-lubomorata-stanuva-opasna-reshenieto-e-jasno/ Wed, 21 Jun 2023 13:45:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307179

Еве кога љубомората во врската или бракот станува опасна! Вообичаено се вели дека љубомората е дури и пожелна во врската меѓу двајца луѓе, се додека не ги преминува здравите граници. Како што истакнува психологот Кристијан Џарет, љубомората не треба да се меша со зависта, што е желба за статус или имот на друга личност. Љубомората претставува непријатна „лепеза“ на чувства кои ги чувствувате кога чувствувате дека вашата врска со некого е загрозена од трето лице. “Обично тоа се случува во романтичен или сексуален контекст. На пример, ако го видите вашето момче како флертува со некој друг, но секако тоа може да се случи и во контекст на пријателски или семејни ситуации”, објаснува психологот Кристијан Џарет. Ако чувствувате голема љубомора, можеби се грижите дека вашиот партнер е заљубен во некој друг или чувствувате потреба да ги проверите неговите телефонски пораки за знаци на нелојалност, тоа може да биде затоа што имате ниска самодоверба или затоа што имате тенденција да се чувствувате несигурно во вашите односи (психолозите ова го нарекуваат со термин анксиозна приврзаност). Постојат и истражувања кои покажуваат дека поголема е веројатноста да се чувствувате љубоморни на потенцијалните ривали кои уживаат во атрибутите на кои најмногу им се восхитувате или посакувате. Ако љубомората ви прави проблеми, вреди да се потсетите дека тоа е нормална човечка емоција, а од позитивната страна, тоа покажува дека се грижите за вашиот партнер или пријател. Ако ги споделите вашите чувства со нив, тие би можеле да бидат трогнати да знаат колку ви значат. Меѓутоа, ако вашите чувства на љубомора излезат од контрола и почнат да и наштетуваат на вашата врска, размислете да истражите начини да го зголемите сопственото чувство на самопочит и сигурност. Ако научите да се сакате повеќе, веројатно ќе откриете дека вашата љубомора природно исчезнува. Извор: Попара.мк]]>

Испливаа деталите што се случувало на свадбата на која беше брутално претепана старлетата Наташа Шавија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/isplivaa-detalite-shto-se-sluchuvalo-na-svadbata-na-koja-beshe-brutalno-pretepana-starletata-natasha-shavija-foto/ Wed, 03 May 2023 12:18:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300489

Старлетата Наташа Шавија, како што тврди, била претепана од поранешниот учесник на реалното шоу „Задруга“, Стефан Кариќ, а до инцидентот наводно дошло поради љубомора. Стефан и Шавија наводно веќе некое време биле во „слободна врска“, а конфликтот, според извор за српски Курир, настанал поради љубомора. Стефан наводно бил под дејство на алкохол, а збеснал кога видел дека Наташа се допишува со некого. Кога таа одбила да му каже кому праќа пораки, тој наводно и го грабнал телефонот од рака и го фрлил на подот. Иако прославата не била прекината поради ваквата ситуација, старлетата бесно истрчала до делот од салата каде што се наоѓаат тоалетите, каде и дошло до физички напад, кој резултирал со нејзините тешки повреди, што самата Наташа јавно ги покажа. Фото: Приватна архива/Инстаграм принтскрин/natasa.savija  ]]>

Протекоа голи фотографии од кошаркарката: Бившто момче објави експлицитни слики од Милица Дабовиќ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/protekoa-goli-fotografii-od-kosharkarkata-bivshto-momche-objavi-eksplitsitni-sliki-od-militsa-dabovik-foto/ Wed, 12 Apr 2023 09:08:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297871

Милица Дабовиќ деновиве доживува вистинска агонија поради нејзиното поранешно момче кое и се одмазди објавувајќи нејзини разголени фотографии. Како што дознава Курир.рс, М.Ј., со која поранешната кошаркарка претходно била во врска, долго време и се заканувал и барал повторно да биде со него. Меѓутоа, Милица не се согласила на тоа, па М.Ј решил брутално да и се одмазди. „Пред три дена тој човек во една група на апликацијата Телеграм ги објави фотографиите на Милица на кои таа е целосно гола. Станува збор за сликите кои му ги праќала додека биле во врска бидејќи му верувала и не верувала дека ќе дојде до ова. Милица и М.Ј одамна раскинаа, таа во меѓувреме имаше и други момчиња и не планираше да се врати кај него. Сепак, тој очигледно се надевал дека ќе има помирување“ - раскажал изворот на Курир. Овој скандал многу тешко ја погодил поранешната кошаркарка, тврдел соговорникот. „Таа е на лекови, не може да поверува дека ова и се случило. Мислела дека тој ќе се вразуми и дека се ќе заврши со заканите. Пред неколку дена ја замолил да се видат за да имаат секс, по што таа го одбила, а истиот ден во групата на Телеграм ги објавил нејзините разголени слики. Покрај тоа што ја посрамоти, од овој потег на Милица негативно и влијае и бизнисот на  „Онли Фанс“, каде што продава фотографии на кои не е целосно гола. И додека Милица Дабовиќ поединечно не им се одзивала на повиците на медиумите, денес кошаркарката на својот Инстаграм излезе со групно соопштение до јавноста: „Мислев дека навистина се 'сум поминал и доживеала  во животот, дека направив многу глупави работи и влечев катастрофални потези. Мислев дека дебело сум платила за сето тоа и дека некаде сум го исплатила тој долг, тој данок  на мојата наивност, мојата силна желба да ги разубавам работите како секоја жена и да се обидам да негувам нешто што одамна овенало. Мислев дека ноќта конечно помина и дека дојдоа нови денови за мене, затоа што после сите лоши работи што ги доживеав, променив се... Но за жал, и понатаму си ги плаќам грешките и тоа секогаш најскапо. Сите ме знаете, нема такво нешто што не е кажано или напишано за мене, знаете колку ни медиумите никогаш не ме штедат, велат дека сум добар материјал за нив, дека вестите за мене добро се продаваат. Никогаш не сум тужела или давала деманти за тоа кој што ќе напише или објави. Сега за прв пат Ве молам да не им давате простор на овие јадници, да не дозволите ова да стане оружје на мажите за да ја понижат таа што до вчера најмногу ја сакаа на светот, да не дозволите  вака да се одмаздуваат, бидејќи ова е навистина најпримитивната можна форма на човековото постоење. Токму кога ќе помислам дека листот што го свртев конечно донесе мир и стабилност, се појавува некој дух од минатото. Се случува човек кој ги искористува сите ваши слабости, се случува човек кој го прави непростливото од сета своја немоќ, покажува колку е навистина мал. Замислете колку треба да сте мизерни и очајни за да споделувате фотографии од нечии интимни делови? Но, за жал, живееме во време кога и овој тип на насилство врз жените е неказнет. Кај нас се е некако пореметено, навикнати сме жената секогаш да е виновна а епитетот курва е секојдневие... Замислете што би се случило кога жените би ги објавиле сите фотографии од машки полови органи кои ги добиле од чиста мира - но со нивното име и презиме! Замислете каква катаклизма би била тоа, скандали, разводи и насилство... Сè уште стојам со крената глава, се борам за моите идеали и давам се што можам. Не велам дека сум невина и не познавам таков човек, туку барам фер-плеј. Ние жените треба да се држиме до себе, ова е ера на некои многу корумпирани мажи, ова е ера на големо насилство врз жените, ова е општество на примитивци, чест на исклучоците. Случајот е пријавен во Обвинителство, се преземаат понатамошни чекори. Фото: Инстаграм принтскрин/stefanovamama13

Папараците ја уловија Миљана Кулиќ пред болница – „задругарката“ дивеела и очајно барала помош (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/paparatsite-ja-ulovija-milana-kulik-pred-bolnitsa-zadrugarkata-diveela-i-ochajno-barala-pomosh-foto/ Wed, 22 Mar 2023 10:47:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294478

Контроверзната учесничка на „Задруга“, Миљана Кулиќ, синоќа го нападнала нејзиното поранешно момче Лазар Чолиќ Зола, а очигледно веднаш по инцидентот била извадена од реалното шоу. Имено, Миљана ја фотографирале пред Ургентниот центар како плаче и бара помош. Контроверата задругарка седела, пушела цигара и гласно викала: „Сакам да ме прегледате“. Цело време правела хаос пред болницата. Да потсетиме, Миљана Кулиќ синоќа после забавата помина покрај Зола и Анита Станојловиќ кои седеа во дворот и во таа прилика се врати и се нафрли врз нив. Имено, таа го нападна Зола, а обезбедувањето влета и му ја одзеде Миљана, додека нејзината мајка Марија Кулиќ цело време само гледаше. Синоќа за време на забавата се бакнувала со Билал Брајиловиќ и разменувала нежности, а кога ја видела Зола со Анита настанал хаос во напад на љубомора. Меѓутоа, кога сите помислиле дека ситуацијата се смирила, Кулиќ втрчала во собата за изолација каде повторно го нападнала Зола удирајќи го со камен, а пред тоа со шише го изгребала по лицето. Фото: Принтскрин/Папарацо лов]]>

Експерт за врски советува како да се ослободите од љубомората https://arhiva.vistina.com.mk/ekspert-za-vrski-sovetuva-kako-da-se-oslobodite-od-lubomorata-2/ Mon, 20 Mar 2023 13:30:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294076

Правилна доза на љубомора во врската може да биде корисна, па дури и симпатична, но ако се претера, преминува во опасност. Љубомората е резултат на низа од емоции и настани. Некогаш ние сме љубоморни, а некогаш некој друг е љубоморен поради нас. Често ова чувство се поврзува и со несигурноста и ниската самодоверба, а доколку не се спречи навреме, животот го претвора во катастрофа. Љубомората, исто така, се појавува во сите односи со луѓето, а не само во љубовните. Некогаш тие емоции се премногу за личноста, па се повлекува. Но, наместо да го прави тоа, потребно е да се размисли со ладна глава, бидејќи може да се изгуби значајна личност. Ова се пет ефикасни начини да се изборите против болната љубомора, за да можете да уживате во некој однос, наместо воопшто да го немате: Поголема самодоверба Најчеста причина за љубомора е ниската самодоверба, а самата љубомора уште толку ја турка пониско, па личноста влегува во еден навидум безизлезен круг. Најважно е да се открие причината што доведува до лошата самодоверба и да се почне со нејзино разрешување. Отворен разговор Ако дозволите на љубомората да тлее во вас, набрзо таа ќе ја преземе контролата врз вашата врска или пријателство. Ослободување на потиснатите емоции Наместо да ги потиснувате чувствата мислејќи дека така се ослободувате од нив, дозволете да излезат од вас и кажете му на партнерот. Само така ќе можете пореално да согледате дали има основана причина зошто сте љубоморни. Анализирајте ја ситуацијата Најчесто, причините за љубомора се површни или се последица на нешто што сте го превиделе. Не секое доцнење со одговор на порака или заборавање на некој датум треба да биде причина за љубомора. Размислувајте со ладна глава. Работете на искреноста и довербата Било да се работи за пријател, партнер или каков било облик на меѓусебен однос, нештата треба да бидат отворени од самиот старт. Така, нема премолчување, нема заобиколување, нема потиснување на чувства, па нема да има ни основа на љубомора. Поставете се така и побарајте го истото и од другата страна. извор:курир.мк]]>

Експерт за врски советува како да се ослободите од љубомората! https://arhiva.vistina.com.mk/ekspert-za-vrski-sovetuva-kako-da-se-oslobodite-od-lubomorata/ Tue, 07 Mar 2023 11:58:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292148

Ако сакате да се ослободите од опсесивните мисли и љубомората кон партнерот, важно е да ги одделите емоциите од она што го прави партнерот. Многу терапевти истакнуваат дека одредена количина на љубомора е дури и пожелна, бидејќи на тој начин и на себе и на партнерот му покажувате дека се грижите за него и за вашата врска. Меѓутоа, кога таа љубомора станува можеби дури и опсесивна и напорна, работите добиваат поинаков тек. За да се ослободите од љубомората, тренерот за врски Анита Бутиќ го советува следново: – За да се ослободите од љубомората во партнерскиот однос, еве што треба да направите. Треба да ги одделите емоциите од она што го прави или не го прави вашиот партнер. И треба да разберете дека вашите мисли влијаат на тоа како ќе се чувствувате во партнерскиот однос. Втората работа што треба да ја направите е да бидете во мир со фактот дека нешто навистина лошо може да се случи. На пример, да бидете оставени, измамени, да ве измами партнерот, да бидете отфрлени, за да научите да се справувате со секое чувство, без страв. Исто така, треба да разберете дека животот е направен од убави моменти и малку помалку убави и колку побрзо прифатите дека не можеме да избегнеме непријатни ситуации, толку ќе ви биде полесен животот. Третата работа што треба да ја направите е да си ја обезбедите сигурноста што ја барате кај партнерот, да научите да ги обработувате емоциите, да ги контролирате вашите постапки, наместо да го контролирате партнерот – вели Анита. Извор: Попара.мк]]>

Три работи што никогаш не треба да му ги кажете на маж https://arhiva.vistina.com.mk/tri-raboti-shto-nikogash-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-mazh/ Mon, 27 Feb 2023 12:52:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290830

Во врската треба да имате на ум дека понекогаш секој збор е важен, па дури и најбесмислената реченица може да ги расипе односите. Експертите ги советуваат жените никогаш да не кажуваат одредени реченици на своите партнери. Делата се најважни во врската, но добро е познато дека и зборовите можат да заболат, повредат и на крајот да уништат сè. И затоа експертите за врски ги советуваат жените да не им ги кажуваат следните реченици на своите партнери. Ти си мамин син Тешко е да се забавувате со маж кој за сè бара поддршка од мајка си, но ако веќе сте го направиле тој избор, застанете на негова страна. Кажувајќи му го очигледното, нема да го натерате да се промени и ризикувате да ја изгубите блискоста. Погледни колку е згодна оваа девојка Наизглед безопасна, оваа реченица има уништено многу врски, бидејќи ниту еден одговор што ќе ви го даде партнерот нема да ве задоволи. Ако каже дека дотичната не е нешто, а притоа ве потсетува на вас, ќе се чувствувате изневерено. Не му се пишува добро дури и ако се сложи со вас затоа што може да предизвика љубомора, потоа преиспитување на неговиот вкус и завршен удар во стилот „Па што правиш со мене кога не сум твој тип?” Биди маж Најопасната реченица што некогаш можете да ја кажете. Сигурно е дека сте во искушение, особено ако се повторуваат ситуации во кои делува збунето и неподготвено. Обидете се да го охрабрите, мотивирате, поддржите бидејќи апелот „Биди маж“ ќе ја уништи не само врската, туку и мажот во неа. Извор: Попара.мк]]>