љубомир грбевски-џери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 09 Nov 2020 13:49:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png љубомир грбевски-џери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промовирана книгата „(Кaлеидо) Скопски шеми“ од Љубомир Грбевски – Џери https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-knigata-kaleido-skopski-shemi-od-ljubomir-grbevski-dzeri/ Sun, 08 Nov 2020 13:46:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175207

Книгата „(Кaлеидо) Скопски шеми“ од Љубомир Грбевски во издание на „Авант прес“ беше промовирана во петокот (6.11.2020) во ресторанот „Пелистер“. При промоцијата беа запазени сите мерки за заштита и протоколи за заштита од Ковид-19, пропишани од Владата. Промотори на книгатабеа Ѕвездан Георгиевски и Александар Прокопиев, а за музичката придружба се погрижи македонскиот кантавтор Јаков Дренковски, додека, пак, актерката Елизабета Клинчаревска-Младеновска  читаше дел од стиховите од новата книга на Љубомир Грбевски. Книгата – Џери за тинејџери: (Кaлеидо) Скопски шеми (улични легенди и урбани песни удобни како чевли тесни) – е петта книга на Љубомир Грбевски, со која тој се навраќа на својата првобитна форма, пишување песни кои се наменети за тинејџерската публика. „Воопшто не е лесно во себе да се пронајде логиката на детското и тинејџерското размислување, она што повеќето од нас, се чини, трајно го имаат загубено. Но, авторот не само што успешно се справува со овој предизвик, туку оди и подалеку. Тој не го поставува во преден план сопственото тинејџерско искуство, како што тоа обично го прават авторите во оваа област, туку се идентификува со сегашните тинејџери“ – вели Ѕвездан Георгиевски во својата рецензија. Љубомир Грбевски е познат како новинар и музички критичар, пред сè е познат по написи и рецензии за македонската и светската рок и џез-музика. Покрај новинарската активност, пишува и белетристика, рок-поезија, како и песни и драмски текстови за урбана тинејџерска популација. Збирката „Стихови празни и рими безобразни“ – антипесни тинејџери, е негова дебитантска книга која доживеа две изданија (1991 и 1992), книгата (Хоро)скопски шеми во печат се појавува 2009. Во 2016 година излегува неговата книга Бајки тралалајки за „урбани клинци и напредни мајки“, а во 2019 книгата „Лет со умот, кон папокот на универзумот“. Неговата пиеса „Сликата на Доријан Змеј“ е влезена во Антологија на драмски текстови за деца и млади во 2013, а, пак, бајката „Мал крал“ е влезена во Антологијата на македонски авторски бајки. Неговата пиеса „Како шутот доби на дар, работно место да стане цар“ е снимена како радиодрама во 2018 година. Во светот на македонската рок-музика е познат како автор на либретото на првата македонска рок-опера „Житието на сликарот“ (1981) и како автор на полчасовната рок-поема „Седумте пеења на пророкот“ (2012). Се јавува и како текстописец на над седумдесетина текстови за рок-композиции. На манифестацијата „12 величествени“ во 1992 прогласен е за текстописец на годината.]]>