Љубиша Никодиновски Биш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Aug 2022 14:30:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Љубиша Никодиновски Биш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тажна вест: Почина Љубиша Никодиновски – Биш, еден од основачите на MOT https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-ljubisha-nikodinovski-bish-eden-od-osnovachite-na-mot/ Wed, 10 Aug 2022 13:00:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262187

Почина Љубиша Никодиновски-Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во 1976. Тој е еден од основачите и прв генерален секретар на Македонскиот центар на ИТИ-Унеско. Во 2010 беше прогласен за почесен претседател на МОТ. Се занимаваше со и театарска критика и есеистика, а бил и раководител на театри. Автор е на број статии и студии од областа на театарот, а во 2009 ја објави книгата „Алтернативниот театар во Македонија“.
Како тетарски глумец работел во театарот Кај Свети Никита Голтарот и Театарската работилница ФФ (Зелена гуска) каде што бил еден од основачите и продуцент. Бил и продуцент во МНТ и раководител на театарот Центар, а во МКЦ бил помошник на директорот за драмската програма.
Биш  ќе биде погребан в петок од 9.00 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.
]]>