љуби ме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 06 Aug 2020 12:28:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png љуби ме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Огнен Здравковски – „Љуби ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-ljubi-me-video/ Thu, 06 Aug 2020 12:28:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162184

Дека ситуацијата со коронавирусот воопшто не е наивна, говори и тоа што младиот пејач Огнен Здравковски токму на денот на промоција на неговата најнова песна, доби резултат дека е позитивен на Ковид – 19. Тој вели дека не знае како го добил вирусот и покрај тоа што ги почитувал сите мерки и внимавал најмаксимално што може. Но, како што самиот вели, главата горе и ветува дека од оваа борба ќе излезе како голем победник, а особено го мотивира неговата најнова песна „Љуби ме“, која дефинтивно е една од неговите најдобри музички остварувања досега. „Да, вистина е дека сум позитивен на Ковид – 19, но тоа воопшто не ме предомисли токму денес да ја промовирам мојата најнова песна. Животот е непредвидлив, но верувам дека за неколку дена ќе излезам како победник од оваа битка. Искрено не би сакал да се става многу акцент на тоа дека сум позитвен на вирусот. За мене денеска е посебен ден, бидејќи едвај го чекав денов за да ја споделам мојата нова песна, во која многу верувам“ – вели Здравквоски. Како што кажавме, неговата нова песна се вика „Љуби ме“, а овојпат Оги довербата за ова музичко ремек-дело му ја довери на неговиот колега Димитар Андоновски, кој стои како автор на музиката и аранжманот, додека пак текстот го напиша најдобриот текстописец во нашата земја, Магдалена Ена Цветковска. Инаку за новата песна, Огнен сними и одличен видеоспот, во кој покрај него се појавува и убавата Мартина Симоновска, а пак режисер на истиот е добро познатиот Гордан Божиновски. Погледнете и уживајте: https://www.youtube.com/watch?v=LHNY-4eF78c&fbclid=IwAR1QI8Ihuo65l-Bu749lLJyEsB-gLpbQoptyOkZw1kMlT-OclwfzJ6d6DFU&app=desktop]]>

Митевски и Дац ќе ве прошетаат низ „улицата на љубовта“ во – „Љуби ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-kje-ve-proshetaat-niz-ulicata-na-ljubovta-vo-ljubi-me-video/ Thu, 05 Dec 2019 12:24:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122591

Со песните „Цреши охридски“ и  „Уште ми фалиш“ и наградите кои ги собраа на годинешниве фестивали „Охрид фест – Охридски трубадури“ и „Макфест“, Александар Митевски и актерот Драган Спасов – Дац го промовираа новото музичко дуо на домашната естрада, но и специфичниот стил на изведба и музичкиот правец кој го почнаа: љубовно - боемски поп. Музика која ги допира чувствата и ги разнежнува срцата на сите генерации, но се чини на неа поемотивно реагираат повозрасните, иако ниту младите вљубени души не се имуни на романтиката која ја содржат нивните песни. По инстант успехот на првите две, Митевски и Дац ја промовираа и третата нивна заедничка песна во истиот стил, која носи наслов „Љуби ме“ и претставува обид да се направи своевидна ода за љубовта, нешто кое во многу што на музичарот и актерот им успева и им оди од рака. Вообичаено, музиката е на Митевски, стиховите им се заеднички со Дац, а аранжманот го потпишува Бобан Василевски, кој ги направил и миксот и мастерингот на песната, која деновиве беше промовирана заедно со видеото во скопскиот кафе бар „Мартини“. Кога сме кај видеото и овој пат екипата од видеопродукцијата „Пикадо креатив колектив“ се потрудила со мал буџет да направи голема работа, па во спотот кој ја следи лириката на стиховите, преовладува емоцијата наместо материјалниот раскош или скапите видео ефекти. Видео кое апсолутно соодветствува како на стилот, така и на зборовите за она што се пее во песната. Во видеоспотот одново е применет стариот проверен рецепт од претхонота песна („Уште ми фалиш“), па во него се појавуваат дузина познати македонски уметници од разни бранши, секој во своја функција, со своја ролја и значење, а сепак никој да не биде вишок во ниту еден кадар! Впрочем, за да не ви раскажуваме како сето тоа заедно спакувано изгледа и звучи, проследете самите што се случлува на „улицата на љубовта“ на Митевски и Дац, каде единствената и најважна животна девиза е... „Љуби ме“! ]]>