лисабон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 May 2018 10:58:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лисабон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Започнува Евросонг 2018: Вечерва ќе стискаме палци за „Ај кју“ https://arhiva.vistina.com.mk/zapochnuvaevrosong-2018-vecherva-kje-stiskame-palci-za-aj-kju/ Tue, 08 May 2018 06:17:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=25602

Вечерва со почеток од 21.00 часот започнува 63. издание на изборот за песна на „Евровизија“, а во рамките на првата полуфинална вечер се натпреваруваат и нашите претставници „Ај кју“, кои боите на Македонија ќе ги бранат со темата „Lost And Found“.
Групата составена од Бојан Трајковски, Марија Ивановска и Иво Митковски, заедно со придружните вокалистки Дина Јашари, Антонија Гиговска и Валери Димовска, ќе настапат под реден број 11.
На евровизиската сцена во арената „Алтис“ во Лисабон вечерва ќе ги видиме и претставниците на нашите соседи Албанија, Грција и Бугарија, како Хрватката Франка Бателиќ и Израелката Нета Барзилаи, чиј хит „Toy“ сè уште е најголемиот фаворит за победа на обложувалниците.
Имајќи предвид дека целосните настапи годинава остануваат мистерија сè до самиот настан, се надеваме дека нашата екипа ќе ги освои евровизиските гледачи и ќе ја добие потребната поддршка за да продолжи во саботното финале.
Претпоставуваме дека организаторите и домаќинот Португалија подготвиле уште едно одлично шоу, а сето тоа ќе го дознаеме од преносот во живо на првиот канал на МРТ или онлајн на официјалниот Евровизиски канал на Јутјуб, со почеток од 21.00 часот. https://www.youtube.com/watch?time_continue=21&v=hJ8vStigz7k]]>

Втората проба на „Ај кју“ во Лисабон (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vtorata-proba-na-aj-kju-vo-lisabon-video/ Fri, 04 May 2018 09:34:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=25053

Во арената „Алтис“ во Лисабон денеска започнаа и вторите проби на евровизиските учесници, па овој пат имаме можност да видиме како ќе изгледаат нивните настапи низ главните камери, односно како што ќе биде директниот пренос на телевизија. Секако дека први на ред беа натпреварувачите од првата полуфинална вечер, меѓу кои и нашите претставници „Ај кју“.
„Втората проба помина многу подобро од првата, ги направивме посакуваните промени и сега ни остануваат уште неколку детали“, рече Бојан на втората конференција за медиумите, а Марија додаде дека направиле промени во  кореографијата, шминката и гардеробата. „Овој пат го додадовме и вториот костим, бидејќи прво сакавме да ги прилагодиме звукот и камерите“, рече таа. https://www.youtube.com/watch?time_continue=28&v=8ZAL0y8dl30]]>

Скандал или шпекулација: Тапанарот на „Ај Кју“ нема да се појави на Евровизија, а ова се трите пејачки кои ќе ги придружуваат на сцената! https://arhiva.vistina.com.mk/skandal-ili-shpekulacija-tapanarot-na-aj-kju-nema-da-se-pojavi-na-evrovizija-a-ova-se-trite-pejachki-koi-kje-gi-pridruzuvaat-na-scenata/ Mon, 26 Mar 2018 07:01:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17546

Поп-групата „Ај Кју“ (Eye Cue) ќе ја претставува Македонија на годинашниот избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во Лисабон. Тие ќе настапат со песната „Изгубено и најдено“ (Lost and Found), за која музиката и текстот ги напиша Бојан Трајковски, додека за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров. Песната на „Ај Кју“ беше избрана меѓу 381 композиција, кои пристигнале на меѓународниот повик, а во најтесниот круг влегле 12. Според комисијата која одлучуваше која песна е најдобрата, „Lost and found“ на „Ај Кју“ има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ.
Нешто подоцна, пред јавноста беше презентираната и промовирана евровизиската песна, како и спотот за истата, во кој се појавуваат тројцата членови на грушата, Марија Ивановска, Бојан Трајковски и Иво Митковски. Но во појавувањата и гостивањата на настани и телевизија, Марија и Бојан се појавуваа без тапанарот Иво.
Потоа, и на своите профили ги објавија и пејачките кои ќе настапат како придружни вокали на „Ај Кју“, осносно: Антониа Гиговска, Дина Јашари и Валери Димовска, но никаде Иво.
Токму тоа, наиде на реакции од јавноста на социјалните мрежи, кои се прашуваат дали колегите го „откачиле“ тапанарот. На објавата на Бојана Трајковски каде ги откри придружните вокали на сцената, еден од следбениците му напиша каде е Иво, а тој не се воздржа од коментар, туку му одговори дека е тука, а коментарот го дополни и со фотографија од долгогодишниот колега.
Едно е јасно, женската енергија ќе преовладува на евровизиската сцена од македонските претавници, а ние веруваме дека постои некаквов договор меѓу нив, како и тоа дека старите пријателства и работа не се раскршиле. https://www.youtube.com/watch?v=hJ8vStigz7k&feature=share]]>

„Eye Cue“ ги претставија евровизиската песна и спотот – „Lost аnd Found“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eye-cue-gi-pretstavija-evroviziskata-pesna-i-spotot-lost-and-found-video/ Mon, 12 Mar 2018 13:29:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15787

Поп триото Eye Cue  вчеравечер, недела, 11 март 2018 во централниот Дневник на МТВ 1  ја преставија евровизиската песна со која ќе ја претставуваат годинава Македонија во Лисабон.
Како што е познато, песната се вика Lost And Found, а автор на музиката и текстот е Бојан Трајковски, инаку, гитарист и пејач во групата. Продуцент е Дарко Димитров, кој се погрижил и за аранжманот, а како режисер на видеоспотот се потпишува Јован Куциновски.
Иако пред самиот домашен избор се крена голема прашина, првичните коментари за песната на социјалните мрежи се повеќе од поволни. Многу повеќе преовладуваат позитивните, отколку негативните коментари, а за помалку од 20 часа видеото има над 182.ооо прегледи на Јутјуб.
И покрај скептицизмот која владееше на почетокот од изборот, општа оцена е дека песната е лесно допадлива, модерна, со танцувачки ритам и певлив рефрен... иако можеби е малку необично аранжмански склопена. Или како што велат некои од оние што ја преслушале во своите коментари: „Малку е чудна, но ми се допаѓа“!
Инаку, нашите евровизиски претставници, Бојан и Марија од „Ај кју“ деновиве престојуваа во Лисабон каде што ја снимаа својата евровизиска видеоразгледница. Според идејата на организаторите, оваа година разгледниците на сите земји ќе прикажуваат дел од културата и убавините на Португалија, каде истовремено се одржува и средба на шефовите на делегации на сите земји.
А Вие, ако се' уште не сте ја слушнале и погледнале видеото, еве можност за сопствена премиера на „Lost And Found“ на Eye Cue: https://www.youtube.com/watch?v=hJ8vStigz7k]]>

„Еye Cue“ со „Lost and found“ ќе ја претставуваат Македонија на годинешниот Изборот за песна на Евровизија во Лисабон https://arhiva.vistina.com.mk/eye-cue-so-lost-and-found-kje-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-godineshniot-izborot-za-pesna-na-evrovizija-vo-lisabon/ Tue, 13 Feb 2018 14:22:57 +0000 http://vistina.mk/?p=12649

Комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови. Комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Иванов На ден 10.02.2018 година во просториите на МТВ се одржа селекција на пристигнатите песни по распишаниот јавен повик за: Песна којашто ќе ја претставува Македонија на Евровизија, Лисабон 2018 година. Комисијата беше во состав: Мери Попова – координатор на проектот Евровизија 2018 и уредник на Културно уметничка програма на МТВ1 , Каролина Петковска - Уредник на Редакција за Контактно забавни емисии во МТВ1, Александра Јовановска – уредник и водител на музичка емисија во МТВ1, Авни Ќаили – уредник на Културно уметничка програма на МТВ2, Бранка Костиќ Марковиќ – музички новинар и критичар, Андријана Јовановска – музички новинар во „Репортер.мк“, Марко Марк – музички новинар во „Канал 77“ и водител во ТВ „Телма“ и Антонио Димитриевски - главен и одговорен уредник на порталот „Вистина.мк“ и продуцент на музичката манифестација „Македонски радиски фестивал  - МАРС“. Во процесот на подготовка за селекција, МТВ покани уште десет други личности коишто професионално се занимаваат со македонската и светска музичка сцена и случувања, но истите поради лични и субјективни причини не беа дел од селекционата комисија. Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија, комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектираше 12 композиции. Секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата беше рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање.
По пребројувањето на гласовите, комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови. По повторното преслушување, комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска. Комисијата е едногласна во ставот дека: одбраната композицијата има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ. МРТ како носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија го прифати ставот на комисијата и упатува честитки до авторскиот тим и групата „Еye Cue“. Извор: МРТ]]>

Македонија во првата полуфинална вечер на „Евровизија 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-vo-prvata-polufinalna-vecher-na-evrovizija-2018/ Tue, 30 Jan 2018 14:45:09 +0000 http://vistina.mk/?p=11276

Подготовките за 63. издание на „Евровизија“ се веќе во полн ек, а со денешното влечење жрепка веќе е познато и која земја во која полуфинална вечер ќе настапува. Како и секогаш, извлекувањето се емитуваше во живо на евровизискиот канал на Јутјуб, а на самиот почеток беше определено кога ќе гласаат шесте финалисти, односно земјите од „големата петка“ и домаќинот, па така Португалија, Шпанија и Обединетото кралство ќе гласаат во првата полуфинална вечер, а Германија, Франција и Италија во втората.
Заради непарниот број на учесници, полуфиналистите се поделени на 19 во првата и 18 во втората полуфинална вечер. Како и во самиот процес на пријавување за натпреварот, така и овде Македонија беше извлечена буквално последна, а нашиот претставник или претставничка ќе настапи во втората половина од Првата полуфинална вечер на 8 мај. Заедно со нас ќе се натпреваруваат и нашите соседи Бугарија, Албанија, Грција и Хрватска, како и Белорусија, Литванија, Чешка, Белгија, Исланд, Азербејџан, Израел, Естонија, Швајцарија, Финска, Австрија, Ирска, Ерменија и Кипар. Во втората полуфинална вечер, на 10 мај, ќе се натпреваруваат: Русија, Србија, Данска, Романија, Австралија, Н0рвешка, Молдавија, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Малта, Летонија, Грузија, Полска, Словенија и Украина.
Секако дека редоследот на настапи за самиот настан ќе биде дополнително утврден, односно откако ќе бидат познати сите песни и подредени според самиот стил на музиката. Како што е познато, МРТ неодамна распиша конкурс за нашата евровизиска песна, а домашните и странските автори можат да ги праќаат своите композиции најдоцна на 8 февруари. Потоа, врз основа на избраната композиција ќе биде предложен и изведувач или група изведувачи што би нè претставувал/е во Лисабон. Како и да е, надежта последна умира, па се надеваме дека токму годинава ќе биде соборен пласманот на Елена Ристеска, која е единствената наша претставничка што се искачила до 12. место во едно евровизиско финале. https://www.youtube.com/watch?v=22UO_twddIo]]>

Македонија со Васка Јанковска и песна од Горан Бреговиќ на „Евровизија 2018“? https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-so-vaska-jankovska-i-pesna-od-goran-bregovikj-na-evrovizija-2018/ Mon, 29 Jan 2018 13:18:04 +0000 http://vistina.mk/?p=11143

Како што одминува времето, се зголемува и нетрпението да дознаеме кој ќе нè претставува во Лисабон, а после шпекулациите дека улогата ја добила Анета Мицевска  од битолската група „Молика“, МРТ деновиве конечно „го скрши мразот“ и распиша конкурс за сите домашни и странски автори да испратат песни најдоцна до 8 февруари. Како што пишува во соопштението, изведувачот ќе биде избран дополнително, врз основа на самата композиција.
Иако (повторно) сè уште е рано да се коментира, веќе се спомнува уште едно име што би било потенцијален претставник, поточно претставничка на Македонија за 63. издание на популарниот фестивал, а како автор би се потпишал еден добро познат музички великан од Балканот. Имено, како што пишува „Вечер.прес“, меѓу изведувачите што се „во игра“ најчесто се спомнува името на популарната скопјанка Васка Јанковска, која се стекна со светска популарност пеејќи ја култната песна „Едерлези“(„Ѓурѓевдан“) во исто така култниот филм „Дом за бесење“. Во тоа време стана и активна членка на „Оркестарот за свадби и погреби“ на славниот Горан Бреговиќ.
Настапуваше насекаде, од Јужна Америка до Австралија, и беше големо музичко име. Со години е во фаза на мирување, но и не за постојано. Историјата како да се повторува, па според сите достапни информации, по сè изгледа дека Васка ќе ја обнови соработката со Бреговиќ, и тоа по повод македонскиот избор за „Песна на Евровизија“.
Како и да е, дали ќе биде Васка или Анета или некој/а друг/а, сакале или не, ќе дознаеме наскоро бидејќи „Евровизија“ е веќе во мај, а сите песни што ќе се натпреваруваат во Лисабон мора да бидат познати до крајот на март. Извор:Вечерпрес]]>

Србија и Црна Гора го враќаат националниот евровизиски избор: Повторно „Беовизија“ и „Монтевизија“ https://arhiva.vistina.com.mk/srbija-crna-gora-gi-vrakjaat-beovizija-i-montevizija/ Wed, 24 Jan 2018 13:24:44 +0000 http://vistina.mk/?p=10698

По пауза од девет години, Србија ја враќа одлуката за евровизиска песна и претставник во рацете на публиката, возобновувајќи го националниот избор „Беовизија“, соопштија деновиве од националниот сервис РТС. Настанот е предвиден да се одржи во втората половина на февруари, кога за билет за Лисабон ќе се натпреваруваат 17 изведувачи, меѓу кои и Рамбо Амадеус, кој во 2012 година ја претставуваше Црна Гора. Од вкупно 75-те пријавени песни на конкурсот, зелено светло доби и Даниел Павловиќ за својата „Ружа судбине“, како и составот „Севдах бејби“ за темата „Хајде да играмо сада“, а меѓу финалистите се и: Сашка Јанковиќ, Иван Куртиќ, Сања Илиќ и „Балканика“, Душан Свилар, Маја Николиќ и други. Промена во изборот годинава прави и Црна Гора, повторно организирајќи го фестивалот „Монтевизија“, кој досега се одржал само два пати, во 2005 и во 2006 година. Во рамките на годинашното издание, на 17 февруари ќе се натпреваруваат 5 композиции, а ќе ги изведуваат: Лорена Јанковиќ, Нина Петковиќ, Вања Радовановиќ, Ивана Поповиќ Мартиновиќ и Катарина Богиќевиќ. Финалистите беа избрани од стана на стручно жири, во кое членка беше и Исмета Дервоз, која ја претставуваше Југославија во 1976 година како дел од групата „Амбасадори“, а беше и шефица на делегацијата на БиХ за нивното деби во 1993 година. Како што е познато, Македонија во последен момент успеа да обезбеди учество за годинашното издание на фестивалот, а имајќи предвид дека сите композиции треба да бидат објавени до март, официјална информација од МРТ би требало да добиеме наскоро. Веќе в понеделник, 29 февруари, ќе дознаеме и во која полуфинална вечер ќе настапуваме, а влечењето жрепка ќе биде пренесувано во живо на Јутјуб со почеток од 13.00 часот. 63. издание на „Евровизија“ ќе се одржи во главниот град на Португалија, Лисабон, а трите фестивалски вечери се закажани за 8, 10 и 12 мај. https://www.youtube.com/watch?time_continue=54&v=pcYwtyWxEMg Извор:РадиоМК]]>