лирик видео – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 01 Mar 2023 13:55:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лирик видео – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тајзи бара легализација за „релаксирана“ нација во – „Legalize“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajzi-pee-bara-legalizatsija-za-relaksirana-natsija-vo-legalize-lirik-video/ Wed, 01 Mar 2023 13:54:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291263

Легалното уживање во „билката“ за релаксација и рекреација во Македонија и понатаму е под забрана. Токму затоа оние што се поборници за истата не престануваат да ја бараат и гласно да се залагаат за нејзина легализација. Дури и низ песната, каква што е оваа, најновата на кумановскиот (т)рапер Тајзи, чија песна „Legalize“ (Легализирај) осамна деновиве во етерот и на Јутјуб. Пејачот низ стихови полни горчина, но и полни вистина ја опишува денешната реалност во Македонија, очајот и убиствената безнадежност, економската и духовната беда, социјалната сиромаштија,  општата апатија… и сите можни и неможни аномалии во општеството до кои политиката не доведе. Кога е веќе така, кога сме го допреле дното, Тајзи им се придружува и ги поддржува оноие кои бараат на народот да му дозволат свевиден „издувен вентил“ преку легализација на канабисот, сето тоа пакувајќи го во песната „Легализирај“. „Песнава е ироничен приказ за се она што легитимно и легално ни го сервираат и секојдневно не трујат, а парадоксално ни забрануваат нешто што природата ни го дала… Зошто оваа билка од која се прави масло кое лечи многу болести е нелегална? Зошто е бизнис само за големите тајкуни, а во меѓувреме се апсат деца за една цигара? Кога веќе уништивте се што вредеше во ова земја. Кога веќе ги избркавте децата од својот дом. Кога веќе ги донесовте луѓето до работ на егзистенцијата. Кога веќе јавно слушаме за вашите криминали,корупција, непотизам и реваншизам. Кога веќе јасно гледаме дека сте истото зло кое се менува на неколку години. Легализирајте канабис барем малку народов да олабаи… А башка економијава што ви „цвета“ можеби малку ќе живне. Што би кажал еден мудар човек: Во Македонија трезен не се живеее! П.С. Јас не дувам за другарче прашувам!“ Ова го споделил Тајзи во најавата на песната „Legalize“ на својот Инстаграм профил, а како звучи истата „оплеменета“ со лирик видео, проследете во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

„Водолија“ со сета сласт се’ уште ви ја нуди старата добра рок ен рол -„Страст“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vodolija-so-seta-slast-se-ushte-vi-ja-nudi-starata-dobra-rok-en-rol-strast-lirik-video/ Mon, 14 Mar 2022 14:04:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243053

По пауза од речиси една и пол година, македонскиот поп-рок бенд „Водолија“ предводен од гитаристот и автор Ристо Апостолов има нова песна.  Песната е насловена „Страст“, а  комплетен автор на истата ( музика, текст, аранжман) е гитаристот и лидер на бендот, Ристо Апостолов. Песната е визуелизирана со лирик видео, за чиј графички дизајн се погрижила академскиот уметник Натали Николовска. Музички „Водолија“ останале верни на стариот добар поп-рок звук од 80-ите и 90-те, во  кој доминира чистиот гитарски „У2“ звук поткрепен со едноставната но цврста ритам секција  составена од бас гитаристот  Бојан Митановски и Весела Христовска  на тапани. Рок освежување во време на стерилната технологија и компјутерски играчки во рацете на новите генерации. ]]>

Симона Поповска по мајчинството се враќа на сцената – „Feel so good” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-popovska-po-majchinstvoto-se-vrakja-na-scenata-feel-so-good-video/ Fri, 08 Oct 2021 10:23:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222368

По пауза од речиси година и половина на музичката сцена, нашата позната  пејачка и доктор дерматолог Симона Поповска се враќа со нова песна. Причина за нејзиното апстинирање од музиката беше остварувањето на Симона како мајка и донесувањето на свет на синот Никола, кој е слатко и убаво бебенце кое многу личи на убавата мама Симона. Патем, Симона е несомнено една од најубавите, најсексапилни, но и меѓу најдобрите женски вокали на нашата сцена.  До пред некоја година позната и како член на единственото денс  дуо кај нас „Саунд Месинџерс“  заедно со Дј Ерик Фокс, кои беа доста актуелни со своите настапи по клубовите низ земјава па и надвор од неа. И овој пат со заедничка соработка Симона и Ерик повторно ни подготвија убаво музичко изненадување. Се работи за нејзиниот нов сингл со наслов “Feel so good”. Музиката е на Ерик Фокс и Рената Кралевска која е и автор на стиховите, во продукција на Ерик Фокс. Песната наскоро ќе се најде и на сите познати музички платформи како Spotify, Аppstore и тн.. Музичкото лирикс видео го изработил нашиот познат уметнички фотограф и режисер на видеоспотови  Зоран Зонде Стојановски. Симона ни најавува уште неколку песни кои  очекува да излезат многу наскоро и се испеани на македонски и  англиски јазик. Ова значи дека Симона ни најавува комплетно враќање на музичката сцена и нејзините настапи по локалите,  клубовите и дискотеките ширум Македонија. Дотогаш, во продолжение погледнете го видеото за песната “Feel so good” и уживајте во ритамот на денс звуците. Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/simonapopovskaofficial/@vrzalski
]]>

„The G Notes“ ви презентираат што е тоа „гевгелиско кантри“ во баладата – „Shine On Me“ (Lyrics video) https://arhiva.vistina.com.mk/the-g-notes-kje-vi-prezentiraat-shto-e-toa-gevgelisko-kantri-vo-baladata-shine-on-me-lyrics-video/ Wed, 10 Mar 2021 11:32:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193555

По подолга пауза,  братско-сестринскиот авторски тандем Глигор и Теодора Гошеви, кој ја предводи гевгелиската група „The G Notes“ која зад себе има 7 песни  испеани на англиски и на македонски јазик, се огласи со нова песна. Нејзиниот наслов е „Shine On Me“, а таа и овој пат таа е испеана на англиски. По промоцијата на „All I Need Is You“, гевгеличаните најавуваа издавање двоен, македонско-англиски албум чие излегување не се случи или барем не осамна таква вест во пошироката јавност. Како и да е, новата  „Shine On Me“, звучи како проверена акустична, американска кантри балада, во која покрај лесните ноти проследени со звуците на гитарата, клавирот и ритамот, доминира певливиот рефрен и пријатниот вокал на Теодора.
Како автори на новата песна се потпишуваат Глигор Гошев (музика и аранжман) и Теодора, која покрај вокалните делници ги напишала и стиховите за песната. „Shine On Me“ нее визуелизирана со класичен спот, туку е проследена со едноставно, но симпатично лирик видео, кое визуелно колоритно го бои музичкиот амбиент и атмосферата што го создава песната. Како сето тоа спакувано изгледа и звучи,  дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=BKQiT-RBOis&t=23s]]>

Мијата има доволна доза антитела зашто има своја – „Маска“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-ima-dovolna-doza-antitela-zashto-ima-svoja-maska-lirik-video/ Wed, 16 Dec 2020 12:51:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181220

Новата песна на Наташа Мијат Крстевска - Мијата (MIYATTA), насловена „Маска“ е поп – рок песна, со еден необичен музички набој различен од она што го знаеме за неа. Песна која ја користи тематиката на болеста што нѐ засегна сите како алегорија за изразување на една друга подлабока тема за женските права и слободи, на кои Мијата како самосвесна жена, често им се навраќа. Музиката и текстот се нејзино авторско дело, а аранжманот го потпишуваат Дамир Пух и Наташа Миха, која ги испеала и придружните вокали, а песната е снимена во „Green Room Recording Studio“. „Маска“, однеодамна е достапна на публиката и безбедна за слушање, зашто Мијата веќе располага со неопходната доза антитела. „Видео запис за оваа песна ќе има, се надевам набргу дена ќе почнеме со снимање со Мелем Продукција, зашто уште не се чувствувам вратена целосно во кондиција по прележаната корона“ – вели Мијата. Во меѓувреме слушнете како звучи нејзината музичка „Маска“ проследена со лирик видео: https://www.youtube.com/watch?v=PFoQvhewx80]]>

Што се случува кога среќата ќе добие „отказ“… Сања Барбика има – „Доказ“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-se-sluchuva-koga-srekjata-kje-dobie-otkaz-sanja-barbika-ima-dokaz-lirik-video/ Wed, 09 Dec 2020 10:11:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180024

Пејачката Сања Цинцева – Барбика деновиве во јавноста ја претстави својата нова песна насловена „Доказ“. Испеана е на српски јазик и иако првично било планирано да се сними видео за неа, поради пандемијата со коронавирус, снимањето била приморана да го оддложи, па песната е визуелно проследена само со лирик видео. „Почитувани пријатели и обожаватели, со вас ја споделувам мојата нова песна „Доказ“. Оваа тема подолг период е готова, но чекав соодветен момент за да направиме добар спот. Поради Ковид-19 ситуацијата не ни се пружи добра прилика за добар спот, па затоа решив во ова лошо време да ја промовирам без видео, се' со цел да ве расположам и да ви ги отргнам мислите од негативни работи. Уживајте во песната и се надевам дека ќе ви се допадне. Ве сака Сања - Барби и не заборавајте да се чувате и пазите, не чекаат одлични настапи и забави после вирусот!“ - напиша сексапилната струмичанка на социјалните мрежи. Инаку, оваа тема ја потпишуваат српските композитори Марко Дрежњак и Драган Стрелиќ со кои барби соработуваше изминатиов период. Еве се случува кога среќата ќе добие „отказ“... Сања Барбика има - „Доказ“: https://www.youtube.com/watch?v=W2L_Uy4Il3E  ]]>

Триото „2ВЕ“ реши да ви симне „Илјада ѕвезди“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-1000-pesni-trioto-2ve-reshi-da-vi-simne-iljada-dzvezdi-video/ Wed, 04 Nov 2020 13:47:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174554

По „1000 песни“ и „Врати се“ македонското трио „2BE“ има нова, трета по ред авторска песна. Паузата од речиси една година ја искористиле за да ги впрегнат сите сили во својата креативност, а како резултат на тоа е нивната нова тема насловена „Илјада ѕвезди“, која е комплетно заедничко авторско дело на триото. Музиката текстот и аранжманот ги потпишуваат неговите челенови: Тино и Љупче Стојановски и Синиша Зукиќ. Песната е визуелизирана со интересно лирик видео, креирано во домашни услови заради корона пандемијата, но сепак многу симпатично и функционално, кое целосно кореспондира со содржината на стиховите. https://www.youtube.com/watch?v=LazxvF4-ajc&feature=emb_logo  ]]>

Александар Тарабунов – Тара отворено си побара – „Дај ми“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-tara-otvoreno-si-pobara-daj-mi-lirik-video/ Wed, 12 Aug 2020 12:32:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163037

Александар Тарабунов – Тара и покрај тоа што е лето не одмара. Пејачот повторно на своите фанови им подари нова песна, која ги има сите предиспозиции да биде летен хит. Темата овој пат носи провокативен наслов: „Дај ми“, а аместо класичен видеоспот, Тара овојпат понуди интересно лирик видео преку кое е ставен акцентот на стиховите во песната кои ги напишал самиот Тара, како што ги потпишал и музиката и аранжманот на истата. „Времето поминато дома го користам продуктивно, во компонирање и создавање музика. Сосема спонтано и случајно излезе 'Дај ми', тема која е што е комплетно мое авторско дело и за која што се надевам дека публиката ќе ја прифати и ќе и се допадне. Не отстапував ниту овојпат од звукот кој што  е препознатлив за мене“ – ќе изјави пејачот. „Дај ми“ официјално е објавена на Јутјуб каналот на Тарабунов кој што после одредена пауза повторно е активен, а на истиот покрај новата песна, можете да најдете и дел од темите кои што ја имаат одбележано неговата досегашна кариера. Каналот го носи неговото име и презиме – Александар Тарабунов,  а на истиот можете да се претплатите. Во меѓувреме слушнете ја новата песна на Тара, која публиката веќе почна да ја бара: https://www.youtube.com/watch?v=294S0aXf36Y&feature=emb_logo]]>

Дарио има нова песна за машала – „Inshallah“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-ima-nova-pesna-za-mashala-inshallah-video/ Tue, 02 Apr 2019 09:18:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=80656

Една од, сега веќе слободно можеме да кажеме, македонските поп легенди, пејачот и автор Дарио Панковски конечно има нова песна. Ако ги тргнеме на страна хрватските варијанти на „Што је моје то ќе доќи“ и „Жена за милијун година“, долго чекавме да се појави со нова песна на Македонски јазик. Дарио е еден од оние автори и изведувачи кои твори полека, но она што ќе го направи и испее останува за навека. Речиси секоја негова песна станува хит, а повеќето од нив остануваат евергрини. Едни од оние вечни, безвременски песни кои живеат низ времето и одново ги откриваат новите генерации.
Неможеме да тврдиме однапред дека и оваа, најновава насловена „Иншала“ (Inshallah) ќе ја има таа судбина, но затоа пак едно е сигурно: „Иншала“ е песна „за машала“! Подеднакво добра и музички квалитетна како и повеќето претходни, со предиспозиции да биде многу вртена на македонските радиостаници, а ако остане на договорот со „Кроација рекордс“ за нив да снима албум и на Хрватски јазик, песната може да се најде и на листингот на тоа ЦД.
Како и да е,  Дарио уште еднаш ја преточил сета своја емоција во ноти, спојувајќи ги духот на Медитеранот со шмекот на Ориентот, а лириката на душата ја напишал во стихови, како сам свој мајстор (композитор и текстописец) и во новата негова песна. Аранжманот го потпишува уште еден проверен музички ветеран од старата гарда, Кристијан Габроски во чије студио и е снимена, додека за едноставното лирик видео се погрижил синот на Дарио, Бруно Панковски.
Слушнете како звучи „Иншала“ на Дарио, читајќи ги стиховите од нејзиното лирик видео во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=WUUCfGfXB-0]]>

Александра Јанева го има вистинскиот „Одговор“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-janeva-go-ima-vistinskiot-odgovor-video/ Fri, 29 Mar 2019 10:11:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=80052

Александра Јанева вчера, 28 март 2019, со медиумската промоција на нејзината нова песна даде „Одговор“ на прашањето кога ќе се појави нејзиниот нејзиниот деби албум „Срце отвори“, кој ќе биде насловен по истоимената песна на пејачката објавена пред неколку недели.
Талентираната струмичанка за првпат се потпишува и како текстописец, а музиката ѝ е заедничко авторство со Тино Стојановски, додека аранжманот и продукцијата ги потпишува Иван Јованов – Ивајо.
Темата „Одговор“, со текстуално видео визуелно ја уобличле Пеце Здравковски и Ѓорѓи Вацев од продукцијата „Пинестел“, додека стајлингот Александра и го препуштила на  Милена Танаскоска.
„Одговор“ доаѓа не само како најава за албумот, туку и како уште една вокална увертира на Јанева, која периодов се подготвува и за своето прво евровизиско искуство како еден од придружните вокали на Тамара Тодевска во Тел Авив, каде што во мај ќе ги брани боите на нашата земја со евровизиската „Proud“.
Првата авторска песна на двократната победничка на „Макфест“ проследете ја во продолжение како нејзина најава и „Одговор“ на се' што и претстои  и ја очекува на музички план во блиска иднина: https://www.youtube.com/watch?v=Qx-yJhLn3Bw  ]]>