Limak Skopje Luxury Hotel – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Jun 2023 12:32:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Limak Skopje Luxury Hotel – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Љубителите на кулинарските специјалитети имаа можност да уживаат во прекрасниот избор на јадења од српската национална кујна https://arhiva.vistina.com.mk/lubitelite-na-kulinarskite-spetsijaliteti-imaa-mozhnost-da-uzhivaat-vo-prekrasniot-izbor-na-jadena-od-srpskata-natsionalna-kujna/ Mon, 12 Jun 2023 12:27:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305958

По организацијата на „Денови на турската кујна“ и „Аргентинска вечер“, Limak Skopje Luxury Hotel овој пат ги претстави традиционалните вкусови на српската кујна. За автентичноста на специјалитетите задолжени беа главниот готвач на хотелот и неговиот тим, кои на гостите им приредија автентично гастрономска задоволство. Специјалитетите беа сервирани со познатата српска ракија, како и српски вина. Гостите имаа можност да уживаат во гибаница со сирење, кајмак, чварки, залучени пиперки, сарма од кисела зелка и Караѓорѓева шницла, додека главното јадење беше резервирано за печено прасечко и уштипци. Десертот беше вистинско уживање со Васина торта во комбинација со српски ликер од орев. Автентичната атмосфера за време на оваа „Српска вечер“ беше комплетирана со музика во живо и забавен дел во изведба на КУД Кочо Рацин, а вистинско изненадување беше комичарот Далибор Голубовиќ, познат како Двојникот на Вучиќ. ]]>