лилит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 21 Sep 2022 12:56:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лилит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Концертна промоција на деби албумот „Чудо“ на бендот „Лилит“ во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/koncertna-promocija-na-debi-albumot-chudo-na-bendot-lilit-vo-skopje/ Wed, 21 Sep 2022 12:56:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268097

Македонскиот музички состав „Лилит“ во недела (25.09) ќе одржи концертна промоција на својот деби албум „Чудо“ пред скопската публика. Со почеток во 18 часот, бендот ќе настапи во кафе-барот Филхармонија. „ЧУДО“ е дете на искрена, бескомпромисна љубов кон музиката. Без желба за идентификација со било кој музички жанр, бидејќи секоја идентификација е рамка, овој албум ги дава контурите на еден слободен ентитет кој стои позади името Лилит. На албумот се наоѓаат 12 композиции. Дел од композициите се збогатени со виртуозноста на неколку еминентни музичари, и тоа Сашко Николовски, Иван Иванов, Дамир Имери, Зоран Костадиновски, Игор Атанасовски Харе, Дарко Илиевски, Јадранка Кристов и Петрит Сарачини. Влезот за концертот е слободен. Концертна промоција на албумот „ЧУДО“ ќе се одржи и во Охрид, еден ден претходно, односно на 24 септември од 18 часот во предворјето на црквата „Света Софија“.]]>

„Лилит“ за љубовта која нема граница имаат свој – „Одговор“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lilit-za-ljubovta-koja-nema-granica-imaat-svoj-odgovor-video/ Thu, 09 Dec 2021 13:52:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230591

Бендот „Лилит“ предводен од познатиот македонски музичар и музички автор Трајко Таци Симоновски и шармантната и екстравагантна вокалистка, охриѓанката Емилија Колоска имаат нова песна. Овој пат темата носи наслов  „Одговор“ и беше тсвирена заедно со материјалот за нивниот деби албум на неодамнешниот прв концерт кој бендот го имаше во скопското кино „Милениум“. Покрај „Одговор“ на концертот во проширен состав од 12 музичари беа изведени уште неколку неиздадени нумери. Како збогатување на основата на бендот се појавија: Сашко Николовски, Кирил Кузманов, Сенад Усеин, Калина Велковска, Полина Тасева и Драган Ѓуровски. Всушност, самиот сингл е и најава за албумот „Чудо“ - насловен по нивната прва песна, кој набрзо ќе биде издаден и пуштен во продажба, порачуваат од тимот на „Лилит“. Покрај Емилија Колоска, авторот и басист Трајко Симоновски, во бендот членуваат уште игитарист Иван Петровски, додекаа зад клавијатури се појавува Филип Димишковски. Видеото е од нивниот споменат настап во живо во кино „Милениум“ кој го снимале „Блек Меџик продукција“ со своите камери. Песната е миксана и мастерирана во студиото „CIty Sound“. Проследете како звучи и изгледа кога „Лилит“ за љубовта која нема граница имаат свој - „Одговор“. ]]>

Лилит ве водат на музичка прошетка низ нивната – „Миризлива градина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lilit-ve-vodat-na-muzichka-proshetka-niz-nivnata-mirizliva-gradina-video/ Thu, 14 Jan 2021 13:45:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185236

После краткото затишје по нивниот прв сингл под име Чудо”, „Лилит (Lilit)“ се вратија во етерот со нивната „Миризлива градина”. Симбиозата од различни музички стилови, крунисана со нивниот препознатлив џез призвук,  ја пренесува пораката која е носечки столб на филозофијата на „Lilit“ –  сите делови на животот се испреплетени во еден круг и магичен циклус, а нашиот начин на размислување е оној кој одлучува дали тие делови ќе се синхронизираат или уништат едни со други. Комплетен автор на новата тема е Трајко Симоновски- Таци, кој ги потпишува музиката, аранжманот и стиховите на песната која јсо својот специфичен вокал ја обоила Емилија Колоска. Како режисер се појавува Кристина Нановиќ со нејзината препознатлива естетика. За завршната магија на спотот, со видео монтажа се погрижи Бобан Костовски, а миксот и мастерингот ги направил Љупчо Соколовски. Погледнете го новиот видео спот во кој „Лилит“ ве водат на музичка прошетка низ нивната „Миризлива градина“ . https://www.youtube.com/watch?v=JyBM3mM9YBg]]>

„Лилит“ е музичко откритие… не, туку вистинско „Чудо“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lilit-e-muzichko-otkritie-ne-tuku-vistinsko-chudo-video/ Fri, 08 Mar 2019 12:07:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=76632

Зад уметничкото име „Лилит“ се крие една млада, шармантна и симпатична охриѓанка, која низ клубовите ширум Скопје и Македонија е позната како вокал на бендот„Балтер“.
Емилија Колоска е млада дама на која пеењето и е во вените иако професијата или поточно, професионалната диплома ја добила на Универзиттетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, на Економскиот факултет и тоа диплома по маркетинг.
Деновиве таа какодел од една екипа вонсериски музичари под името „Лилит“ на јавноста и го претстави своето музичко „Чудо“, огледано во истоимената тема. Необична и чудна, но мошне ефектна фузија на стилови, од џез и блуз, до амбиентална атмосфера зачинета со беспрекорниот вокал на Емилија која на целата тема и дава своевидна мистика, драматика и себесвојствен шарм, правејќи ја неподносливо лесна за слушање и уживање во миксот на комплицирани жанрови.
А, како и не би, кога имињата на проверените мајстори на занаетот и својот инструмент, секој засебно, се наоѓаат на списокот на музичари на оваа „ол-старс“ екипа која покрај Емилија ја сочинуваат: Трајко Таци Симоновски - бас, кој е воедно и автор на музиката и текстот на песната, Мартин Вучиќ - тапани, Дамир Имери - клавијатури, Иван Петровски - гитара и секако, споменатата вокалистка.
За темата „Чудо“ едноставно, но ефектно видео кое кореспондира со атмосферата на темата направил уметничкиот фотограф и режисер Тоше Јанев - Јанус. Проследете го ова „Чудо“ на „Лилит“  со топлата препорака на еден од нејзините фанови која гласи: „Никаква голотија само еден феноменален вокал, мелодија која смирува, прекрасна музика, уште подобар аражман. Продукт кој те тера устата да ти биде подзината! Во светот на Карлеуши и Кардашијанки бидете Емилија Колоска!“  Проверете дали е во право? https://www.youtube.com/watch?v=E_ImhlqBtoA    ]]>