лила филииповска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 May 2021 06:14:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лила филииповска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најпознатата македонска ТВ водителка ќе прави нова кариера на „стара слава“: Лила му се враќа на пеењето? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/najpoznatata-makedonska-tv-voditelka-kje-pravi-nova-kariera-na-stara-slava-lila-mu-se-vrakja-na-peenjeto-video/ Sat, 25 Jul 2020 09:02:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160452

Лила Филиповска е една од најпознатите македонски ТВ лица, а гледачите популарната водителка последниве години ја препознаваат по најгледаното гејм шоу  кај нас, „Се или нешто“, во кое секој  ден може да ја видат на ТВ Сител. Но, покрај водителската професија и нејзината најнова „тезга“ на социјалните мрежи - инфлуенсерството или користењето на популарноста за надополнување на сопствениот буџет, можеби само оние повозрасните паметат дека Лила отсекогаш не била само ТВ водителка. Нејзините почетоци во работата како „самостоен обезбедувач на сопствената егзистенција“ се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра - негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги прави првите водителски чекори. Но, дури откако ќе помине на ТВ Сител каде е и ден денес „незамнелива“ во нивниот забавен сегмент, станува она што е - препознатливо и популарно ТВ лице. И токму некаде во тој период, во време на нејзиното прво ТВ шоу се јавува нејзиниот нов порив - да стане и пејачка. Вокалните можности - такви какви што се, ама со помош на модерната технологија може со невидена леснотија да се надмине недостатокот на „Божја дарба“, па Лила тргнува во пејачка офанзива. И тоа во дует варијанта. Најпрвин од чиста забава со колегата Александар Блажевски во „Само љубовта“, па набрзо потоа и со својот тогашен водителски партнер, Крумислав Мишко Барзов во нивниот музички „Земјотрес“, а потоа и соло... „Ти верував до крај“, „Сонувам“, „Кам, бејби кам“... Се редат песните на водителката, која по брачниот бродолом со својот тогашен сопруг Орце Димитровски, некогаш лидер на групата „Ариа“  и  нивниот музички излет на фестивалот „Охридски Трубадури“, Лила ќе се разведе  од него и дефинитивно ја батали музичката кариера, целосно посветувајќи му се на она, во што е неприкосновена - ТВ водителството. И долги години потоа за пеење не сакаше ниту да слушне, а камо ли да запее,  арано ама... Арно ама, „никогаш не вели никогаш“ - гласи старата добра поговорка, па така, деновиве Лила одново не шокира. И тоа повторно со дует. Колку за „штик проба“ или најава на она што допрва следи. Имено,  младиот, надежен пејач, но исто така и голем „кршач“ на женските срца, 22 годишниот Филип Пешевски кој својува со својот шарм и харизма, но и со своето пеење на личниот Фејсбук профил објави кусо видеоклипче од клупа во паркот, а на неа тој со акустична гитара в раце и до него таа - Лила!!? Анплагд дует фрагмент од нејзиниот стар хит „Ти верував до крај“,  кој ги  изненади неговите обожавател(к)и, а ја шокираше целата јавност. Особено текстот, кој Филип го споделил под клипот: „Малечок бев кога оваа песна беше хит!Денес, ја имав таа чест да ја отпеам заедно со мојата драга пријателка @lilafilipovska ! А наскоро, нешто ново од нас двајца… Stay tuned. “ - пишува Филип, а и самата Лила го потврди истото на својот Инстаграм профил.
Дали тоа значи дека најпознатата македонска ТВ водителка ќе прави нова кариера на „стара слава“, поточно дали е ова најава дека Лила му се враќа на пеењето? ]]>