ликовен уметник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Oct 2022 12:44:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ликовен уметник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина македонскиот ликовен уметник Јован Балов https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-makedonskiot-likoven-umetnik-jovan-balov/ Mon, 17 Oct 2022 08:03:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271695

Почина македонскиот ликовен уметник Јован Балов (61) кој живееше и твореше во Берлин, Германија. Јован Балов имаше  своевидна амбасадорска улога за македонската култура кога во 2004 година во Берлин ја отвори галеријата „Прима центар“, каде што на негова иницијатива се одвиваше интензивен ликовен живот на уметници од Македонија и од регионот. Сликарот Јован Балов е роден во Скопје на 6 ноември 1961 година. Студиите ги завршил на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во 1987 година. Потоа заминува од Македонија и престојува во Западен Берлин и Амстердам, а од 1995 година живее и работи во Берлин како слободен уметник и програмски водител на проект-галеријата „Прима центар“. Неговите заслуги, со кои ја промовирал Република Македонија низ Европа и светот во периодот од 2000 до денес, се многубројните проекти со врвно успешно презентирање на македонската современа уметност и култура. Од нив се издвојуваат изложбите во Германија, Русија, Словенија, Франција, Грција, Австрија, Полска, Финска, Израел, Англија, Србија, Италија и многу други. Од 2004 до денес во проект-галеријата „Прима центар“ во Берлин по заслуга на Балов се реализирани над 200 изложби и презентации, на кои се претставени над 400 странски автори. Меѓу нив има реализирано бројни изложби на македонски уметници, во кои се претставени стотина уметници и културно-уметнички работници од Македонија. Тој е, исто така, иницијатор и реализатор на бројни презентации и изложби на европски уметници во македонските галерии и музеи. Мотивот за создавање на целиот творечки опус на Балов, како и неговите напори за промоција на македонски дела, неговиот труд и верба во она што го работи. А тоа е „градење културен мост меѓу Берлин и Македонија“ и пошироко, како и поврзување на Македонија со Европската Унија и со светот. Најзначајни дела на Јован Балов беа портрети, големиот триптихон „На германскиот народ“ и серијалот од 120 слики посветени на фреската Архангел Гаврил од Курбиново. Неговите најзначајни признанија се освоеното прво место за сликарство во Париз во 2013 година, како и наградата „Ригас Карта“, што ја доби во Атина во 2007 година под името „Херој на балканската култура“.]]>