„Лидија од Македонија“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Sep 2023 12:25:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png „Лидија од Македонија“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со операта „Лидија од Македонија“ започнува новата сезона во Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/so-operata-lidija-od-makedonija-zapochnuva-novata-sezona-vo-makedonskata-opera-i-balet/ Wed, 06 Sep 2023 06:22:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317051

Новата сезона во Македонската опера и балет ќе се отвори со обновата на една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски на 16-ти септември 2023 со почеток во 20 ч. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева. Во главните улоги ќе настапат: Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина. Настапуваат хорот и оркестарот на Македонската опера и балет. Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време. Тоа е библиска тема. Билетите за претставата се пуштени во продажба онлајн на www.operabalet.mk и билетарницата на Македонската опера и балет.]]>