лидија кочовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 19 Oct 2023 11:38:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лидија кочовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Викендов во Штип започнува 38-то издание на „Макфест“: Дводневна фестивалска фешта за сите вкусови https://arhiva.vistina.com.mk/vikendov-vo-shtip-zapochnuva-38-to-izdanie-na-makfest-dvodnevna-festivalska-feshta-za-site-vkusovi/ Thu, 19 Oct 2023 06:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322995

Викендов во Штип, поточно овој петок и сабота (20 и 21 октомври 2023 г.) ќе се одржи 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“. Утревечер ( 20 октомври) во домот на културата „Ацо Шопов“ ќе настапат 13 помалку афирмирани македонски музички имиња или како што еснафот ги нарекува „со помал багаж“ зад себе, но доволно атрактивни со модерни песни кои се очекува да го побудат интересот на публиката, а некои од нив и да станат радиски хитови. Петте кои ќе ја добијата довербата од гласовите на жирито и публиката во салата, ќе го надополнат списокот со учество и во втората фестивалска вечер, закажана за в сабота (21 октомври). По завршувањето на официјалниот дел на првата вечер во петок (20 октомври) за време на паузата додека трае гласањето на жирито и публиката во домот на културата, на сцената свој настап со сплет изведби на макфестовски теми ќе имаат „Силви бенд“ и Лидија Кочовска, кои и самите се некогашни учесници на „Макфест“, чии фестивалски изведби и песни оставиле траг на македонската музичка сцена и станале македонски евергрини. Организитарот, општина Штип на чело со градоначалникот Иван Јорданов и главниот координатор на фестивалот, Александар Арсовски заедно со целокупната екипа и тимот кој работеше на подготовките,  за се' да биде беспрекорно и функционира совршено,  ја подготвија и агендата за двата фестивалски дена. Во неа точно и прецизно се вткаени саатниците за Прес конференциите, генералните проби, сместувањето на изведувачите и претставниците на медиумите од цела Македонија, кои се очекува годинава во голем број да бидат присутни за следење на фестивалот. Втората фестивалска вечер е резервирана за попознатите македонски музички имиња, меѓу кои и неколку од најголемите наши поп ѕвезди, кои годинава ќе настапуваат на „Макфест“. На неа покрај 13-те проверените пејачи и групи, ќе ги видиме и петте избрани од првата фестивалска вечер, што значи на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи.  Оваа вечер и годинава како и лани има ревијален карактер, што значи нема да има гласање и да се доделуваат награди за прво, второ, трето... место, зашто заложбите на организаторот и  уметничкиот на фестивалот се новата концепција на „Макфест“ да донесе што повеќе хитови и песни што ќе останат, без да ги оптоварува изведувачите со трка по награди. Што значи фестивлот да биде еден широк полигон за прва промоција на новите песни на веќе проверените музички ѕвезди, но и помладите имиња кои се помалку имаат простор каде да се презентираат себеси и своите нови остварувања. За визуелно-техничките аспекти и максималното користење на новите технологии на самата сцена, како и при презентацијата и медиумската промоција на „Макфест“ уште на првата Прес конференција во Скопје говореше членот на уметничкиот совет Јован Јованов, кој рече дека фестивалот годинава ќе изгледа и звучи сосема поинаку и многу побогато... И технички и визуелно и содржински, во што ќе се уверат и присутните во салата и ТВ гледачите. А годинава како што во неколку наврати изјави уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Саздов: „На овој Макфест очекувам да има повеќе хитови отколку на последните две евровизиски изданија. Според мене десеттина песни претендираат да станат радиски хитови и да бидат многу вртени во етерот“ - потенцираше Саздов кој со задоволство го истакна квалитетот и потенцијалот на она што публиката ќе го слушне и види на макфестовската фестивалска сцена годинава. Единствената награда која ќе биде доделена е онаа за „Најслушана песна меѓу два фестивала“ која годинава со право ја понесе песната „Бела“ на Пајак и Лара Иванова од минатогодишното издание, која стана регионален хит со фасцинантни над 25 милиони прегледи на Јутјуб. Истата ќе биде изведена и на годинешното макфестовски издание при предавањето на наградата на втората фестивалска вечер, во сабота. И годинава и двете фестивалски вечери на „Макфест 2023“ ќе бидат директно пренесувани на националниот сервис, на првиот канал на МТВ 1, но и на првата програма на Македонското радио- Радио Скопје. Како генерален спонзор, но и медиумски поддржувач на „Макфест“, Урбан ФМ исто така ќе оди со директен пренос и отворено студио од Штип на својата програма на фреквенцијата 90.8 Скопје. По завршувањето на фестивалот е предвидена и постфестивалска забава и дружење со учесниците и претставниците на медиумите со публиката во еден од елитните штипски локали.      ]]>

Почина Невенка Кочовска – вокалниот солист на легендарната македонска група „Мањифико“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-nevenka-kochovska-vokalniot-solist-na-legendarnata-makedonska-grupa-manjifiko/ Fri, 26 Aug 2022 06:25:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264128

Македонската актерка и пејачка Тања Кочовска на својот профил на Фејсбук вчера попладне, 26. август 2022 г. објави дека нејзината мајка Невенка Кочовска, легендарната вокалистка на некогаш мегапопуларната македонска група која пееше мексикански и латиноамерикански мелодии - „Мањифико“, починала. Тања во описот ставила само емотикон црно срце. Набрзо по објавата започнаа да пристигнуваат пораки со сочувство до семејството Кочовски за загубата. Жената со волшебен  глас во последните години од својот живот боледуваше од Алцхајмероватра болест, а членовите на семејството ецело време беа покрај неа и во најтшеките мигови.  Нејзината ќерка Тања зборуваше отворено за состојбата на својата мајка и како се справуваат како семејство со нејзината здравствената состојба. „Мањифико“ беа активни на сцената повеќе од 30 години. Во текот на нивното 31-годишното постоење, групата имала богата интернационална кариера и настапи во 37 земји низ светот, остварувајќи 3700 концерти, со учествуво и на 600 хуманитарни настапи и концерти. Групата беше особено популарна во 1960-те и 1970-те години во некогашна Југославија, каде биле и едни од ретко избраните естрадни уметници кои му пееле на маршалот, доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито. Последниот настап го имаа 1990-та, на голем концерт на Градскиот стадион во Скопје, на кој се собираа средства за доградба на Соборниот храм. Нивниот последен јавен настап се случи пред пет години на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ кога „Мањифико“ доби награда за животно дело. Тогаш сите членови на семејството Кочовски, Невена, со сопругот Панче и ќерките Лидија и Тања Кочовски ја изведоа мексиканската песна „Мама Хуанита. По повлекувањето од музичката сцена таа работеше како наставничка по музичко образование во ОУ „Лазо Трповски“ во Скопје. Иако болеста ѝ напредувала, нејзиниот глас останал моќен. Помладата ќерка на Невенка, Лидија Кочовска неретко од удобноста на нивниот дом знаеше да сподели во јавноста прекрасен музички поздрав упатен преку социјалните мрежи во придружба на нејзините родители. Редакцијата на Вистина.ком.мк упатува искрено и длабоко сочувство за загубата на семејството Кочовски. Фото: Инстаграм и фејсбук принтскрин/ приватна архива]]>

Лидија Кочовска во акција: Ем душа и вадат, ем и е задовлство да биде во нивно друштво (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lidija-kochovska-vo-akcija-em-dusha-i-vadat-em-i-e-zadovlstvo-da-bide-vo-nivno-drushtvo-foto/ Tue, 05 Feb 2019 09:25:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71039

Таа потекнува од едно од најмузикалните семејства во Македонија или поточно речено, 100% музичко семјство. Татко и Панче и  мајка и невена - македонски музички легенди, лидери на некогаш ултрапопуларните „Мањифико“. Сестра и Тања, поп пејачка и актерка, како и самата таа... Патем и академски образован музичар.
Оддамна не тајна дека помладата од сестрите Кочовски - Лидија како и останатите во семејството, ги има совладано сите тајни на музиката и пеењето.
Но, малкумина знаат дека од неодамна, таа реши да се фати во костец со килограмите. Со години наназад, таа и сестра и водат борба со прекумерната тежина, па Лидија решила да стави крај на „елегантната пополнетост“ и своете тело да го доведе колку што е можно поблизску до состојба која е предвидена за возраста и здравјето.
Затоа македонската пејачка ги засука ракавате, па правец - теретана. И тоа не било која, туку онаа во која сметаше дека има најсоодветна екипа... Како што самата вели: „Екипа вредна милион долари“!
За почеток, малку велосипед за кардио вежби, а потоа... „вадење душа“.  До душа, секое вистинско машко би посакало „да му излезе душата“ вежбајќи во вакво друштво, особено ако душите уште и се препознаат дека се сродни...
Овие од екипата на Лидија иако „душа вадат, задоволство е со нив да се работи“. Затоа и се екипа вредна „милион долари“... И повеќе од тоа, зашто здравјето нема цена.
До душа, правилата постојат за понекогаш и да се прекршат за да се задоволи и душата, ама... Само ако за тоа има добар повод или причина, а истиот не се случува катаден.
Како и да е, Лидија Кочовска реши да се „трансформира“... Ги чекаме резултатите од „преобразбата“!  ]]>

Лидија Кочовска проговори за својот емотивен живот: „Среќна сум“ https://arhiva.vistina.com.mk/lidija-kochovska-progovori-za-svojot-emotiven-zivot-srekjna-sum/ Thu, 20 Dec 2018 08:22:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64123

Пејачката Лидија Кочовска со години нема снимено нова песна, а повеќе не се ни појавува на фестивали како некогаш. Лидија која работи во Македонската опера и балет, истакна дека и понатаму се занимава со музика и пее. Имено, за порталот „Убавина и здравје“, Лидија откри дека поп сцената не ја заслужува и затоа бира каде ќе пее.
„ Јас цело време пеам, но бирам каде. Фестивалите не ме заслужуваат, после мојот последен настап на „Макфест“ решив да се повлечам и фестивалската сцена да им ја препуштам на младите, искрена е Лидија. Од друга страна, кога станува збор за нејзиниот приватен живот пејачката вели дека нема момче, но дека е среќна. Ќе објавиш слика на социјалните мрежи со другар и веднаш ти вадат муабет дека ти е дечко. Ние сме само пријатели, во моментов сум сама, но среќна. Не велам дека не сакам да се заљубам, но се во свое време“ вели Кочовска за „Убавина и здравје“.
Лидија зад себе има еден брак, а во едно интервју објасни дека потписот не и значи ништо.  Таа потенцираше доколку би се појавил и потенџијален партнер би живеела во вонбрачна заедница.]]>

Македонската пејачка сликана – „усни на усни“: „Никој како тебе не бакнува“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-pejachka-slikana-usni-na-usni-nikoj-kako-tebe-ne-baknuva-foto/ Thu, 05 Apr 2018 07:26:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19461

Иако не е толку многу активна на естрадата како порано, таа е академски образован музичар, а нејзиното семејство целосно и го посвети сиот свој живот на музиката и уметноста воопшто. Лидија Кочовска последниве години само одвреме-навреме се појавува со некоја нова песна, на кој уште еднаш ги поотврдува своите вонсериски вокални способности и сиот музички талент кој го поседува, па затоа и е штета што ја нема почесто.
Но, естрадата денес налага други правила, па како излезе дека не е доволно само добро да се пее, туку музиката се доживува и со очи, за да бидеш постојано во фокусот важно е и како се однесуваш, што носиш ( и не носиш) на себе, какви будалаштини катаден правиш... Па сето тоа го постираш на социјалните мрежи... Со еден збор: „циркуз“!
Е сега токму заради тој „циркуз“ или чисто само заради големата  обострана љубов, токму Лидија Кочовска се бакнуваше со него в уста, па фотографијата јавно ја објави на еден од своите профили на социјалните мрежи. Таа е пејачка, музички уметник, а тој не е. Ама ако! Сепак по се изгледа дека се бескрајно вљубени еден во друг. Како и не би кога тој е толку сладок, при тоа и фраерски изгледа со тигрест колан околу вратот, а по се изгледа дека за него важат и стиховите од песните на нашиот Тоше: „Никој како тебе не бакнува“, а за тоа да го провериш потребна е и доза и поза: „Усни на усни“!  Како што тоа го направила Лидија со својот четвороножен пријател, убавиот срнест пинч!
Ама дека љубовта кон домашните миленици не е од вчера, Лидија има и други, постари докази. Денес пинч, а вчера малтешка пудла.
Како и да е, не е важно што е и што раса е... Важно е да има љубов!  ]]>