лидија георгиева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Dec 2022 09:11:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лидија георгиева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лидија Георгиева: „Ревијата за Јованка Броз го разбуди духот на Југославија, па публика не сакаше да си оди од Палатата Србија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lidija-georgieva-revijata-za-jovanka-broz-go-razbudi-duhot-na-jugoslavija-pa-publika-ne-sakashe-da-si-odi-od-palatata-srbija-video/ Mon, 19 Dec 2022 07:17:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280594

Модната креаторка Лидија Георгиева е единствената Македонка која учествуваше на ревијата „Јованка во боја“, посветена на Јованка Броз. Со уште дваесет дизајнери од регионот, претставија колекција од модерни и впечатливи парчиња облека и покажаа како би ја облекле денес сопругата на Маршалот.
Неколку недели по ревијата, Лидија и понатаму е под импресии на сето она што го доживеала во Палатата Србија. Вели, таму сè уште се чувствува духот на Југославија и моќта што ја имал Тито. „Дел од организаторите плачеа откако заврши ревијата, а публиката не сакаше да си оди, сите беа трогнати. Материјалите што ги користевме за моделите се платна што Јованка ги добивала од странски државници или на патувањата на кои одела со Тито. Ние по меил добивме мали слики со краток опис на секое парче, па откако избрав и ги добив материјалите, мора да признам дека имав мал потрес. Едно е кога го замислуваш материјалот, ама друго е кога ќе го допреш“, рече Лидија за „Репортер“. Во модата е одамна. Дваесет години живеела во Париз, а таму завршила и факултет за мода и дизајн. Потоа почнала да работи со некои од најпознатите француски модни куќи. Креирала колекции за Рошас, Балмејн. Често за ревии ги облекувала и најпознатите топ-модели од '90-тите, па дури и Мадона, која купила нејзина креација. Модели од Лидија носи и Елизабета Ѓеоргиевска. Соработуваат одамна, а големо внимание привлече црниот комплет со навезан вел што сопругата на Пендаровски го носеше на приемот кај Папата во Ватикан. вен што креира, Георгиева работи и како професор на Факултетот за дизајн и на студентите секојдневно им го пренесува знаењето што го стекнала во Франција. Пред една година се запозна и со Анук Випрехт, холандската дизајнерка која користи компјутери и технологија во нејзините дизајни и така ги оживува фустаните. За модната ревија што ја организираа заедно, за француската префинетост и дали Македонките имаат стил, за животот во Париз, која светска манекенка ѝ оставила најголем впечаток и зошто некогаш одбива да креира за некоја дама... Гледајте во видеото (КЛИКНИ ТУКА):
]]>