лице в лице – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 Aug 2023 08:10:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лице в лице – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Голем пресврт во кралскиот двор: Главни актери се кралот Чарлс и принцот Хари, но за Меган Маркл нема место (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/golem-presvrt-vo-kralskiot-dvor-glavni-akteri-se-kralot-charls-i-printsot-hari-no-za-megan-markl-nema-mesto-foto/ Wed, 23 Aug 2023 08:09:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314917

Кралот Чарлс и принцот Хари би можеле да се сретнат на мировни преговори веќе следниот месец, но Меган Маркл не се очекува да биде таму, тврди кралски извор. Принцот Хари треба да лета за Калифорнија преку Лондон кога ќе завршат „Игрите на непобедливите“ во Германија. И кралот и војводата од Сасекс ќе бидат во Лондон, што значи дека би можеле да се сретнат со надеж дека ќе ги поправат семејните тензии. Извор од палатата изјавил дека кралот Чарлс ќе се врати од Балморал во средината на септември и се очекува да отпатува за Франција до 20 септември. „Кралот Чарлс треба да се врати во Лондон од Балморал во средината на септември, што се совпаѓа со крајот на патувањето на Хари во Дизелдорф. Кралот има презакажана официјална посета на Франција на 20 септември, па има неколку слободни денови во Лондон за да се сретне со својот син. Персоналот се обидува да ги прилагоди деталите“. Ако се сретнат, тоа ќе биде првпат да се видат по крунисувањето на Чарлс во мај. Сепак, тоа ќе биде прва средба лице в лице меѓу таткото и синот откако во јануари беа објавени контроверзните мемоари на Хари. Меган не се очекува да биде на овие разговори, но таа ќе биде на „Игрите на непобедливите“ со Хари.Мирор“ стапи во контакт со Бакингемската палата и Сасекс за коментар. Војводата и војвотката од Сасекс треба да излезат на сцената за време на церемонијата на затворање на игрите во Дизелдорф, Германија, следниот месец. 38-годишниот Хари ќе го одржи својот проштален говор на церемонијата на затворање на настанот, што ќе се одржи во Меркур Шпил-арената на 16 септември. Фото: Принтскрин/ЕПА-ЕФЕ/Профимедиа]]>

Столе Димитриевски: „И после десет години во Шпанија кога ќе си дојдам дома зборувам кумановски“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stole-dimitrievski-i-posle-deset-godini-vo-shpanija-koga-kje-si-dojdam-doma-zboruvam-kumanovski-foto/ Fri, 03 Jun 2022 06:51:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252992

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, последниве неколку месеци беше еден од спортистите за кои најмногу се пишува во шпанските медиумите. Муабетите почнаа уште есента. Димитриевски одбрани пенал на Барселона, па каталонскиот клуб почна преговори за да го ангажира, но трансферот не успеа. „Бев многу блиску до потпишување договор, ама ете, работите не завршија како што посакувавме. Јас имам уште две години договор со Рајо, но сега почнува сезоната на трансфери, па ќе видиме што ќе се случи до крајот на летото“, вели Столе и не крие ни дека сака да брани во голем клуб за да игра на европски натпреварувања. Од кога памти за себе, фудбалот му бил најголема љубов. Па кога го прашавме за детството во Куманово, вели: „Станував, играв фудбал, одев во школо, пак фудбал, пред да си легнам, фудбал, тоа ми се некои сеќавања“. Неговото семејството и денес живее во Куманово. Со сестрата и родителите е многу близок иако одамна живее во странство. Тие постојано доаѓаат да го гледаат на натпреварите и горди се на неговите успеси. Столе, пак, секоја можност ја користи да дојде во Македонија за да ги види, а и тие често одат на гости кај него во Шпанија. „За мене семејството е сè. Јас одамна живеам надвор, ама тоа го направив за да обезбедам подобар живот и за мене и за нив“, искрен е Димитриевски за „Репортер“. Не е тајна дека обожава мода, а во Шпанија неодамна го избраа за фудбалер со најмногу стил. Отсекогаш сакал да се облекува различно од другите. Има омилени брендови, но купува и скапа облека, винтиџ парчиња, и сето тоа често го комбинира со нешто старо што го носи со години. Но, кога ќе му го изгубат куферот на аеродром, првата помисла му е „само да ми се тука копачките и ракавиците“. Со Столе разговорот нема крај. Со насмевка раскажува за тоа како го запознал својот идол Буфон, но и за Меси од кого доби на подарок специјално пиво. Тука е и приказната за Роналдо, кој се измачи во баражот за Светско, ама сепак не успеа да му даде гол на Столе. „Знаеш, подобро ќе беше да примев гол од Роналдо, но да ги победевме Португалците, отколку што му ги одбранив сите удари. Ама па, убаво е чувството кога знаеш дека Кристијано не ти дал гол“, искрен е Столе. За Шпанија каде што живее 10 години, знае ли да готви, кој му е омилен специјалитет, за девојките и дали е во врска зборува многу отворено. Но и за муралот со негов лик што го нацртаа во Куманово, го гледаат ли како ѕвезда во градот и дали уште зборува на кумановски дијалект, но и за репрезентацијата, зошто решил да биде голман а не фудбалер, и дали се учи бранењето пенали или е чиста среќа... Гледајте го интервјуто. ]]>

Мики Црнокрак: „Пред Светлана глумев фраер, а од трема во кола ни муабет не ѝ правев“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/miki-crnokrak-pred-svetlana-glumev-fraer-a-od-trema-vo-kola-ni-muabet-ne-pravev-video/ Sat, 21 May 2022 08:00:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248484

Мики Црнокрак сите овие години е синоним за мода, жени и убавина. Некогаш еден од водечките манекени, потоа се до ден денес, сопственик на модната агенција „Црнокрак“ низ која поминале речиси сите познати манекенки. Не планирал да стане манекен, ама случајно го откриле на брод на кој бил со друштво додека пловеле по Јадранот. „Имаше некоја ревија на бродот, ама се разболе еден од манекените. Ме прашаа дали сакам да го заменам, па јас кога видов еден куп разголени жени, згодни на бродот, одма прифатив. И така почна сè“, раскажува Црнокрак за „Репортер“. За убавите времиња кога тој беше манекен вели: „Тогаш никого не го интересираше хонорарот, сè беше од љубов“. Мики е во брак со Светлана 25 години. Љубовната приказна која почнала одамна ни ја раскажа со многу емоции. „Кога разбрав дека треба да ја земам со кола Светлана и да одиме накај Битола, нозе ми се пресекоа. По пат не ѝ правев муабет за да глумам фраер, ама во Битола се случи хемијата“, искрен е Мики. Денес имаат две ќерки Нина и Моника кои се 13 години разлика, кои исто така тргнаа по стапките на своите родители. За разликата во годините на ќерките, Мики вели: „Па интересно е во исто време да си и во градинка и на факултет“. Со Црнокрак зборувавме за неговата работа. Цел живот е опкружен со жени. „Остај, од сегде жени, и дома и на работа. Ма и кучето дома ни е женка“, низ насмевка вели Мики. Не го крие разочарувањето од денешните манекени. Вели има убави и згодни девојки денес, но според него повеќето имаат недостаток на домашно воспитување и култура. „Немаат почит. Ќе дојдат мали со 12 години, ќе вложуваш во нив за кога ќе пораснат да ти се врати, оти ние живееме од тој процент и кога ќе се осетат големи, вртат грб. Ние имаме стратегија за нивната кариера, а надвор да успееш не е баш така лесно“, вели Мики, кој има лиценца од преку 40 интернационални избори за убавина. Со Мики зборувавме сешто. Зошто е разочаран од денешните манекенки, како реагира Светлана оти постојано е со жени, зошто 35 години е на диета, од каде е презимето Црнокрак, за загубата на неговата мајка, за деновите кога бил центарфор во фудбалски тим во Австралија. За времињата кога тој беше еден од водечките манекени, за љубовта со Светлана, за родителите, зошто е југоносталгичар... Гледајте го интервјуто. ]]>

Дарио Панковски: „Јас сум тој што ја кажува суровата вистина, работите не одат на добро“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-panovski-jas-sum-toj-shto-ja-kazuva-surovata-vistina-rabotite-ne-odat-na-dobro-video/ Tue, 10 May 2022 05:53:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249647

Иако веројатно првата помисла на споменувањето на  пејачот Дарио Панковски е дека одамна се повлече од македонската музичка сцена сепак, тој и понатаму е активен на ова поле. Пејачот ретко медиумски се експонира, а во јавноста е присутен само тогаш кога има да пренесе важна порака со суштинско значење. Тој е еден од ретките македонски музички поп ветерани, познат како пејач, а уште повеќе и самиот како автор, кој можеби твори полека, песна по песна, една-две во годината, но како по правило, се’ што ќе напише или станува хит или останува евергрин. Со таква намена беше и неговото гостување во естрадниот магазин „Бекстејџ“ по повод неговата најнова песна ,,Какви се овие времиња”. Дарио во интервјуто за ТВ магазинот од зад сцената посочи: ,„Јас сум тој што ја кажува вистината. Работите не одат на добро“. Целото интервју погледнете го во продолжение. ]]>

Ќе биде жешко и жестоко: Станија и Кристијан вечерва ќе имаат средба лице в лице, ама ниту на суд, ниту во „Задруга 4“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kje-bide-zeshko-i-zestoko-stanija-i-kristijan-vecherva-kje-imaat-sredba-lice-v-lice-ama-nitu-na-sud-nitu-vo-zadruga-4-foto/ Tue, 03 Nov 2020 11:20:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174304

Најактуелната приказна во последните неколку месеци нема да го добие својот епилог на суд како што беше планирано, ниту пак во реалното шоу „Задруга 4“, туку  на сосема трето место. Кристијан Голубовиќ и Станија Добројевиќ за прв пат ќе се сретнат лице в лице по вербалниот конфликт што беше проследен со брутални закани, расправии, па дури и кривични пријави. Место на за кажаната „вербална пресметка“ е емисијата „Ами Џи шоу“, чиј уредник и водител е Огњен Амиџиќ. Нема сомнение дека најпопуларниот српски водител ќе биде одличен медијатор и дека во својата емисија ќе се обиде да ги смири некогаш добрите пријатели, а денес завојуваните страни! Со оглед на тоа што старлетата изјави дека поднела кривична пријава против Голубовиќ затоа што, како што тврди, и била загрозена безбедноста откако тој јавно се закани дека ќе ја убие заради спомнување на неговите деца и семејство, се чини дека Огњен Амиџиќ ќе има тешка работа, зашто ќе се најде меѓу два огна! Како што се испостави, старлетата ќе открие сè за што молчеше за време на тивката војна што ја водеше со Голубовиќ, откако тие го прекинаа пријателството по завршувањето на „Фарма 6“, а и нема сомнение дека Кристијан ќе и остане должен на Добројевиќ. Дали Огњен ќе може да ги смири завојуваните страни, останува да видиме вечерва во 22 часот на ТВ „Пинк“, а сите детали од „вербалниот двобој“  кај „Ами Џи“, утре во Вистина.ком.мк!]]>

Добриот боречки уметник се препознава преку движењето на телото https://arhiva.vistina.com.mk/dobriot-borechki-umetnik-se-prepoznava-preku-dvizenjeto-na-teloto/ Thu, 23 Jul 2020 13:27:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160271

  1. Најпрвин да ве прашам, дали почнавте со тренинзи во вашето доџо, со оглед на тоа што протоколите за заштита од коронавирусот не дозволуваа користење на вежбалните до 1. јули?
Доџото во „Рударски Институт“ е се уште затворено, меѓутоа во класичните јапонски боречки вештини се вели дека Доџо може да биде секој простор што се користи за телесно и ментално усовршување. Па така, се прилагодивме на ситуацијата и вежбаме во природа, на отворен простор. За жал, тренинзите кои ги одржуваме на отворено се наменети само за возрасните, додека за дечињата се уште не сме подготвени да го преземеме ризикот, поради големите последици со кои би можеле да се соочиме доколку некое детенце „не дај боже“ се разболи. Но би сакал тука да го споделам и моето лично мислење. Според мене, штетите по здравјето на најмладите, гледано долгорочно, ќе бидат далеку поголеми поради карантинот односно нивната неактивност, отколку поради самиот вирус. На тие млади тела очајно им треба движење, зголемен доток на кислород во крвта, многу сончеви зраци, меѓусебно дружење. Не сум сигурен дали некој воопшто може да разбере што значи да држиш дете во затворен простор и да го шеташ со маска на улица.
  1. Дали се обидовте да предавате он-лајн часови? Тоа како да стана мода во последниве месеци.
Да бидам искрен, се обидов, иако тоа беше целосно спротивно на моите убедувања и на тоа што јас сум го застапувал во текот на мојата кариера како боречки уметник. Се обидов, меѓутоа брзо прекинав, не можејќи да се борам против фактот дека боречките вештини бараат целосна интеракција меѓу две индивидуи, која треба да произведе физички и ментален отпор на вашите намери и движења. Боречките вештини подразбираат контакт и соочување со свеста и со телото на противникот и само на тој начин можеме да се подготвиме за животните препреки кои ќе не следат низ текот на животот. Тоа е посебна филозофија, со која не би сакал да ги заморувам Вашите читатели.
  1. Во просторијава во која разговараме и која вие ја нарекувате работен простор, забележувам дека на полиците имате стотици книги напишани на разни јазици, а кои се однесуваат на класичните јапонски боречки вештини. Дали сите ги имате прочитано?
Некои сум ги прочитал само еднаш, додека некои од нив и по десетина пати. Знаете, секоја добра книга е напишана на начин што ве тера повторно да ја препрочитувате и при секое ново читање да забележувате дека нешто сте пропуштиле при претходното. Јас тоа го велам „читање меѓу редовите“, кои се забележуваат само доколку Вашето знаење се зголемува. Меѓутоа со една работа мораме да бидеме „ на чисто“. Читањето книги не ве прави добар боречки уметник. Вие можете да станете врвен познавач и ерудит, меѓутоа добриот боречки уметник се препознава преку движењето на телото.
  1. Пред некое време зборував со еден заеднички пријател кој ми кажа дека вие сте еден од ретките експерти за јапонски боречки вештини во Македонија и дека сте многу почитуван во боречкиот свет дури и во светски рамки. Дали сте задоволен од односот на државата кон вас?
Заедничкиот пријател очигледно претерал во своите изјави во однос на моите кфалификации. Јас не знам што значи да бидеш експерт во некоја област, меѓутоа знам дека себе си се доживувам како ученик кој уште долги години ќе трага по вистината и по Патот на учителите кои ги пренесувале јапонските боречки вештини на следните генерации. Што се однесува до односот на државата кон боречките уметници, јас и порано сум изјавувал, а истото мислење го делам и сега. Нашата земја има многу поважни работи кои ја измачуваат и енергијата треба да се насочи кон подобрување на здравството и образованието, како и кон градење на добра инфраструктура. Ние кои имаме улога да ги подучуваме младите на една психофизичка диспиплина, самите ќе се снаоѓаме и ќе изнаоѓаме решенија и начин како да го пренесеме нашето знаење на следната генерација. Се што треба државате да помогне -  е да не ни одмогнува во нашата благородна мисија да создадеме здрава и силна младина која еден ден ќе ја постави оваа земја на здрави темели. Силно сум убеден дека боречките вештини допринесуваат во изградбата на цврсти, непоколебливи и чесни карактери.
  1. Дали соработувате со други клубови во државата, имајќи го во предвид фактот дека вие сте единствениот учител за класични јапонски боречки вештини во Македонија?
Фактот дека моето Доџо е единственото во земјава каде што можат да се вежбаат класични јапонски боречки вештини воопшто не ме ограничува да соработувам со другите клубови. На крајот на краиштата и модерните јапонски боречки вештини и спортови потекнуваат од класичните, така што имаме силна основа тие допирни точки уште повеќе да не зближат. Соработката не е на ниво кое што заслужува да биде, но се надевам дека во следните години оваа ситуација ќе се промени.
  1. Имам впечаток како да не сте заинтересирани да се претставите пред јавноста, како да не сакате да го промовирате тоа што го работите и предавате?
Мислам дека не сте во право. Сакам да го преставам тоа што го работам и го предавам, меѓутоа немам желба да се само-промовирам. Од една страна и не гледам никаква причина за себе-промоција, бидејќи поднебјето во кое сме родени и во кое живееме може единствено да ми донесе непријатности доколку отскокнувам од останатите во било што. Јас премногу го сакам и го почитувам својот народ, меѓутоа поседуваме ние некои лоши особини кои ме тераат да се држам само до мојата работа во моето Доџо. Постои еден таканаречен „завидл’к“ и една опсесија да се исплука и да се омаловажи се што е наше, што мислам дека е причина многу наши Македонци да бидат успешни и познати само надвор од границите на нашата држава. Дома нема никогаш да ја добиете потребната почит. Тоа е лилипутански комплекс на помала вредност кој не тера да бидеме сурови, па дури и злобни кон се што е наше – македонско. Па така, секој просечен мајстор за боречки вештини од соседството или од Европа, по правило мора де е подобар од секој македонски мајстор, само затоа што не е роден на оваа грутка земја. Место да ги подржиме нашите учители, ние ќе довлечкаме друг од било каде, само да е странец, бидејќи тие според нашите мерила се секогаш подобри од домашните. Се додека тој комплекс на помала вредност не се искорени, ние нема да тргнеме напред како држава и нема да ги задржиме квалитетните луѓе да останат во нашата земја. Ќе ги губиме еден по еден.
  1. Имаме ли ние добри учители, добри боречки мајстори?
Имаме фантастични. И сите тие многу добро на своја кожа го почуствувале тоа што пред малку Ви го кажав. Особено сме добри во Карате, да не речам имаме врвни мајстори во таа боречка вештина. И сите тие наши квалитетни карате учители добиваат покани и предаваат на семинари организирани од многу европски земји, меѓутоа многу од нив се речиси непознати во нашата земја. Има и една друга работа која што морам да ја напоменам, со цел да ги заштитам имињата на тие светски признаени имиња во Каратето. Во Македонија постојат и некои самопрогласени мајстори кои вообичајно се гласни на социјалните мрежи и честопати со своите објави прават штета на репутацијата на првите. Па така, сум забележал како некои од нив вденале катана (јапонски меч) на појас и демонстрираат кати (форми) научени од ЈуТјуб, а добрите познавачи веднаш забележуваат дека истите не знаат ниту мечот правилно да го држат в рака. Тие истите уште помалку знаат дека каратето нема ништо заедничко со јапонскиот меч и дека тоа е создадено токму како одговор на окупацијата на Окинава од страна на јапонските самураи од кланот Сатсума. Сакам да кажам дека секое лажно претставување прави штета на тие кои навистина се имаат вложено себе си во правилна промоција на боречката вештина која ја претставуваат.
  1. Имате три дечиња кои веќе одат по вашите стапки. Какво е чувството да се биде учител на своите деца?
Предобро. Преубаво. Неверојатно. Да ги гледаш своите деца како растат и напредуваат покрај твоите ученици, како учат од нив и го споделуваат своето знаење на помалите, е непроценливо чувство. Да доаѓаат со тебе на сите тие семинари кои ги организираш во природа, да спиеш со нив заедно под отворено небо, да се подготвуваш со нив пред секој тренинг и да поминувате толку многу саати заедно – е неописливо.
  1. Ви благодарам што одвоивте време за разговор со нас. Ви посакувам многу успех и во иднина.
Секое добро. (Разговорот го водеше: Дејан Донев)]]>