летни трендови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Jun 2023 11:50:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png летни трендови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пет летни трендови за топлите денови што следат https://arhiva.vistina.com.mk/pet-letni-trendovi-za-toplite-denovi-shto-sledat/ Mon, 05 Jun 2023 12:30:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304946

Топлите денови се пред нас, а со тоа и доброто расположение. Сонцето ни измамува насмевки, а убавите парчиња се тука за да оставиме моден впечаток. Кога сме облечени во тоа што го сакаме и истото совршено ни прилега, самодовербата расте и подготвени сме за обврските што следат. Затоа во продолжение ќе ве запознаеме со петте трендови што ќе бидат актуелни ова лето. Она што треба е само малку да го збогатите својот личен стил. Розово во сите нијанси Розовата "барби" боја повеќе не е резервирана само за девојчињата. Многи нијанси на розовата одлично прилегаат на жените во секоја доба. Модните инфлуенсерки докажуваат дека токму оваа боја, може да биде истовремено елегантна, софистицирана и впечатлива, а вие ќе одберете на што и како ќе ја носите. Ленени парчиња Ленот е природен материјал, којшто е препознатлив по својот квалитет и префинетиот изглед. Неговата леснотија го прави идеален за вискоите температури. Можете да одберете панталони од лен, блејзер, ленена кошула... секој од нив е на списокот на безвременски модни класици. Тивок луксуз Овој тренд подразбира ненаметливи и класични парчиња облека, коишто сепак изгледаат луксузно. Тивкиот луксуз се спротивставува на логоманијата и минливите трендови, потенцирајќи ја долговечноста на суптилната елеганција. Неутралната ахроматска палета на бои како и ленот, свилата се она што го карактеризира овој тренд. Шарен дезен Преку принтовите можеме да го прикажеме и нашето расположение и креативност. Од точки и цветови до геометриски фигури и разни апстрактни дезени, можности има многу, важна е само желбата. Лесни плетенини Фините, ребрасти плетенини, кои што се истовремено лесни и растегливи се исто така летен тренд. Особено се истакнуваат фустаните и маичките кои што ја истакнуваат силуетата на телото. Овие парчиња изгледаат отмено и женствено, а истовремено ги прикриваат малите недостатоци на телото. Одлични се и за дневни и за вечерни прилики. извор:точка.ком.мк]]>