лешок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Aug 2020 08:38:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лешок – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Годинава едно поинакво издание на „Лешочкиот фолк фест 2020” https://arhiva.vistina.com.mk/godinava-edno-poinakvo-izdanie-na-leshochkiot-folk-fest-2020/ Wed, 26 Aug 2020 08:38:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164771

Во природа која прегрнува и смирува, во духовно опкружување од манастирскиот комплекс на “Св. Атанасиј” и “Пресвета Богородица”, со целосна верба и посветеност на фестивалските директори Борче Брзанов и Сузана Спасовска, „Лешочкиот Фолк Фест” оваа година ќе го проследиме во малку поинакво издание. Поради ситуацијата со пандемијата и забраната за масовни собирања, овојпат учесниците на истиот своите лирски, печалбарски и патриотски ноти ќе ги пренесат на гледачите преку фреквенцијата на BalkanMusicTv (ФБ и Инстаграм), ФБ страната на “Лешочкиот Фолк Фест” и како видео проекција на отворената сцена во лешочкиот манастирски комплекс… На тој начин фестивалските рефрени ќе можат да ги следат и присутните верници и љубители на македонскиот фолклор. Во реализација на “Арт студио” – продукција се снимаа нумерите кои беа избрани за годинешното издание. Истите ќе ги исполнат многу познати и признати музички имиња од македонската фолк сцена – буквално од сите генерации, на големо задоволство на организаторот и публиката. Ова издание ни носи 11 сосем нови авторски композиции и 9 успешни хитови од изминатите изданија кои останаа во срцата на публиката. Преносот на ова ретроспективно јубилејно издание ќе можете да го следите на 27 август 2020 г. во пресрет на големиот христијански празник “Успение на Пресвета Богородица”. За текот на програмата ќе биде повторно задолжена шармантната водителка Ирена Спировска, а изведувачите ќе ги прати фестивалски оркестар. Вреди да се спомене дека низ сите овие години организатор на оваа единствена и автентична културна манифестација е здружението за негување на македонскиот фолклор и традиција “Источник”, здружение кое и во иднина ќе се труди да остане доследно на целите во кои верува и си ги поставува секогаш пред себе. Се со надеж дека на следното издание повторно ќе се разлее звукот на новосоздадената македонска песна низ гордиот манастирски комплекс на магичната лешочка природа, со публика собрана од сите страни на светот, горда на празникот, фолклорот и сплотеноста.]]>

Сашо Костадиновски од триото „Кладенец“ среде настап на фолк фестивалот во Лешок ја побара девојката за жена (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sasho-kostadinovski-od-trioto-kladenec-srede-nastap-na-folk-festivalot-vo-leshok-ja-pobara-devojkata-za-zena-video/ Fri, 30 Aug 2019 07:40:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104371

На неодамна завршениот „Лешочки фолк фестивал“, настапи и вокалното трио „Кладенец“, кои беа еднии од оние изведувачи кои изведоа свадбарска песна, насловена „Свадба најубава“. Уште во најавата водачот на триото Сашо Костадиновски спомна дека песната е посветена на неговата свршеница и нивниот иден кум.
Но главното се случи по завршувањето на нивниот настап. Имено, Сашо тогаш ја повика својата сакана Даниела на сцената, клекна на колена, извади веренички прстен и ја праша дали сака да се омажи за него. Се разбира таа иако изненадена и шокирана со раширени раце го прифати предлогот да стане негова идна сопруга.
Погледнете како изгледаше тој убав и емотивен чин на фолк фестивалот во Лешок: https://www.youtube.com/watch?time_continue=381&v=x-ET3n5K4dM  ]]>