лешочки фолк фест 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 Dec 2018 09:37:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лешочки фолк фест 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трио „Кладенец“ ќе допре до секој Македонец со – „Да си вечна земјо моја“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/trio-kladenec-kje-dopre-do-sekoj-makedonec-so-da-si-vechna-zemjo-moja-video/ Thu, 20 Dec 2018 09:27:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64159

„Да си вечна земјо моја“ - темата со која вокалното трио „Кладенец“ се претстави на годинешниот „Лешочки фолк фест 2018“, доби и свој автентичен видеозапис, а спотот деновиве беше промовиран и пуштен во македонскиот медиумски етер.
Инаку вокалното трио „Кладенец“ е оформено од Сашо Костадиновски, дипломиран етнокореолог на Факултетот за музичка уметност во Штип и Уметнички раководител на  КУД "Кирил Пејчиновиќ" Теарце. Преку вокалното трио „Кладенец“ тој и неговата вокална дружина која покрај него уште ја сочинуваат  Бобан Трпковски и Мирослав Симјановски, негувајќи ги изворните македонски песни, придонесуваат во зачувување на традиционалните вредности на Република Македонија, а изворниот фолклор е секако една од нив.
Музиката и аранжманот на песната се напишани од  Јован Василевски, тексот е на Мирослав Гавровски, а покрај вокалното трио „Кладенец“ во видеото се појавуват како артисти  Иван Божиновски и групата „Сербез“.
Традиционалните инструменти ги свири Горанчо Ангелов, додека како  продуцент се јавува Ѓорѓе Богдановски.
Спотот е снимен на неколку различни, но автентични локации низ Македонија, а како директор на фотографија се јавува  Ненад Велковски, додека видеото го потпишува „Ред централ продукција“.
Како звучи песната и изгледа видеото, за кои, како што велат самите изведувачи:  „...Ќе допре до секој Македонец“ - проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=XZSSc_8mAMU]]>