лешник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 04 Aug 2022 11:44:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лешник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Никогаш побрзи и поедноставни: Колачиња со лешник готови за 10 минути! https://arhiva.vistina.com.mk/nikogash-pobrzi-i-poednostavni-kolachinja-so-leshnik-gotovi-za-10-minuti/ Thu, 04 Aug 2022 11:44:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261541

Ако ви се најавија гости, а немате ништо слатко во куќата, не паничете, веднаш направете вкусни колачиња со лешник! Колачињата се секогаш добро решение, без разлика дали сакате нешто слатко и крцкаво или сакате да послужите некого. Нема да ви одземат многу време за подготовка, а многу брзо во вашиот дом ќе имате домашно слатко. Состојки: 150 гр мелени печени лешници 300 гр јако брашно 150 гр шеќер 200 гр путер една лажичка прашок за пециво јајце Подготовка: Направете го тестото од сите состојки. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер, околу половина час. Од тестото направете топчиња со големина на ореви и наредете ги во плех, претходно обложен со хартија за печење. Секое топче малку израмнете го за обликот на топката да добие форма на колаче. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете ги колачињата во загреана рерна околу 10 минути. извор:курир.мк]]>

Празнични лешник-карамел колачиња на кои им нема рамни (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/praznichni-leshnik-karamel-kolachinja-na-koi-im-nema-ramni-video/ Fri, 11 Dec 2020 13:00:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180415

Денеска ви претставуваме еден рецепт за вкусни колачиња кои морате да ги пробате оваа зима. Потребни состојки: - 1 шолја просеано брашно - 2/3 шолја шеќер - 1/3 шолја какао - 110 гр. путер - 1 жолчка - 2 лажици млеко - 100 гр. крупно сецкани печени лешници - 1 белка од јајце Полнење: - 100 гр. лешник-карамела - 1 лажица млеко - 50 гр. чоколадо Начин на припрема: 1. Во еден сад ставете ги омекнатиот путер, шеќерот, жолчката, млекото, брашното и какаото. Измешајте малку со миксер без да го вклучите, за да не се разлета брашното, а потоа вклучете го и измешајте ги состојките. Завршете со мешање со раце. 2. Ставете го садот во фрижидер да отстои околу 30 минути. Ако сакате да го оставите подолго да стои, тогаш покријте го со фолија. 3. Обликувајте топчиња во големината што ја сакате. 4. Ставете хартија во тавата за печење. Изматете една белка од јајце со вилушка, па извалкајте го секое топче во белката, па во лешниците и редете ги во тавата за печење. 5. Во секое топче направете мала вдлабнатина со прст, рачката на лажицата или мало сукало. Печете во загреана рерна на 180 Целзиусови степени, 15 минути, а потоа оставете да се изладат. 6. Растопете ги карамелата и млечното чоколадо. Додајте млеко во карамелата и ставете ја во микробранова печка, додека не се стопи. Направете го истото и со млечното чоколадо, а потоа оставете ги и тие да се изладат. Доколку немате микробранова печка, истото можете да го направите и на пареа. 7. Наполнете ги колачињата со преливот. 8. Оставете филот да се стегне, а потоа уживајте во совршениот вкус. извор:точка.ком.мк]]>