лепотан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Nov 2023 08:18:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лепотан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хуморот на Четкар е како џезот – з’ш за да го разбереш, мора да си или џезер во душа или… охриѓанец! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/humorot-na-chetkar-e-kako-dhezot-z-sh-za-da-go-razberesh-mora-da-si-ili-dhezer-vo-dusha-ili-ohriganets-video/ Thu, 02 Nov 2023 08:11:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324988

Владимир Василевски - Четкар, македонскиот џез гитарист со интернационално реноме, туку што се врати од турнеја по Далечниот Исток. Таму, како и на многу други места ширум светот е мегаѕвезда, кај нас на Балканот, каде што царуваат турбофолкот и кичот, а Техеран звукот доминира,  остана некако несфатен до крај...
Иако, како што самиот умее да каже: „Нема граници кои врвната и искрена уметност неможе да ги пробие!“, некои закоравени жабокречини, тешко се брануваат. Впрочем за да го разбереш џезот, мора да си и по малку музички „писмен“, троа едуциран, да сакаш да слушаш малку повеќе од „завивање од Ориентот“ и трилери на хармоника и синтисајзер. Таква е таа музика, не е баш за сечие уво, ама по се' изгледа таков е и хуморот на родениот охриѓанец Четкар!
Имено покрај останатото што го споделува на социјалните мрежи како дел од неговата музичка кариера, спотови, настапи, турнеи, Четкар се труди понекогаш да сподели и парче  сопствен хумор... Овој пат, охридски. Така на пример октомвриското капење во Охридското езеро Четкар го зачинил со „Лепотан френдли совет“.
Или што би рекол охридскиот гитармастер: „Надворешната убавина понекогаш заслепува, па луѓето не можат да ја видат вашата генијалност“! Е сега дали баш тајната на внатрешната убавина е во надворешната или надворешната ја засенува внатрешната, е прашање за дилема? Особено што надворешната е минлива, за разлика од внатрешната, чиј секој изустен збор долго се памти!
Она што Четкар како хумор го сервирал на поединци им е смешно, а многу други се прашуваат: „Што сака со ова да каже писателот?“ Во случајов џезерот! З'ш хуморот на Четкар е како џезот - за да го разбереш мора да си или џезер во душа или... охриѓанец! Фото и видео: Инстаграм/vladimir_cetkar
 ]]>