леона луис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Dec 2023 12:51:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png леона луис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Леона Луис остана без моќниот вокал и падна во депресија, еве како живее денес познатата пејачка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/leona-luis-ostana-bez-mokniot-vokal-i-padna-vo-depresija-eve-kako-zhivee-denes-poznatata-pejachka-foto/ Tue, 05 Dec 2023 12:51:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330027

Леона Луис се прослави во текот на 2006 година кога победи на британското талент шоу „X Factor“, а тоа ѝ ја донесе животната шанса – договор со дискографската куќа на музичкиот могул Сајмон Кауел. После тоа таа изгради голема музичка кариера и го отпеа хитот „Bleeding Love“ којшто се најде на врвот од музичките листи. Потоа следеле уште неколку хитови, како: „A Moment Like This“, „Run“, „Better in Time“ и „Happy“. Леона го добила своето име на светската музичка сцена, а потоа се повлекла, па така во последниве години баш и не ја гледаме често во јавноста. Си заминала од дискографската куќа на Кауел поради лошите односи, а признала дека поради тоа своевремено се борела со депресија. Открила и дека боледува од Хашимото, хронична автоимуна болест која ја зафаќа штитната жлезда и ја доведува до нејзина дисфункција. Последица на тоа е намалено ниво на хормонот на штитната жлезда во телото – хипотиреоза.
Сето тоа оставило последица и на нејзиниот глас. Луис била позната по моќниот глас којшто има неверојатни висини, но во февруари минатата година таа запеала во студио после долго време и со тоа покажала дека нејзиниот вокал „ослабнал“. Сега папарацо фотографите ја фотографирале пред некое музичко студио каде се појавила облечена во розово од глава до пети. Леона и натаму може да се пофали со беспрекорниот изглед, а нејзината фигура на тело дури е повитка од претходно. Во јули минатата година таа станала мајка, ја родила ќерката Кармел: „А, потоа бевме тројца. Нашата мала Кармел Алегра пристигна на 22.7.2022 година“, напишала Леона на Инстаграм. Инаку, Леона и нејзиниот сопруг Денис се венчале во 2019 година во Тоскана, а се запознале благодарение на работата. Имено, тој бил танчар на нејзината турнеја „The Labyrinth“ во 2010 година. Ја запросил на одмор во Порторико и пејачката често истакнува дека тој ѝ е најголемата поддршка во животот.
Во декември годинава, Леона закажала големо враќање, поточно божиќната турнеја во Обединетото Кралство каде ќе пее божиќни класици и хитови од нејзиниот албум „Christmas, With Love“. фото: Instagram printscreen/ leonalewis видео: You Tube/ leonalewis]]>