лео – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Mar 2024 12:11:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лео – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Емотивно го доживеав тоа“ – Антониа Гиговска по промоцијата на нејзиниот деби-албум „2001“ им се обрати на обожавателите (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/emotivno-go-dozhiveav-toa-antonia-gigovska-po-promotsijata-na-nejziniot-debi-album-2001-im-se-obrati-na-obozhavatelite-foto/ Mon, 04 Mar 2024 09:30:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340980

На првиот кат на трговскиот центар „ Скопје Сити мол“, се одржа промоцијата на  младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска. Пред многубројната публика Гиговска вчеравечер на 3 -ти март, пееше со многу емоции и полно енергија, а на фановите бесплатно им беше поделен албумот на  усб со ликот на Антониа. Пред настапот таа преку Инстаграм  ги потсети сите да дојдат во 18 часот, а тон пораки пристигнаа на нејзината адреса со потврден одговор. Настанот имаше и хумана нота, а како што им откри  таа усб се делеше бесплатно, но имаше кутија за собирање пари за лекување на Леонид Индов кој се повреди во Грција. Исполнета со емоциите на нејзините обожаватели пејачката пееше и не криеше колку ужива на својата промоција и на нејзиниот прв албум, а им вети дека ќе има уште многу албуми. - Луѓе мои, не можам да ви опишам колку емотивно го доживеав ова денес и едвај чекам да ги видите видеата. Фала ви на сите што дојдовте на секој отпеан рефрен и на сите прегратки и насмевки! Вие сте ми најголемата поддршка и ветувам уште многу албуми, Ве сакам - напиша таа.   Фото: printskrin/instagram/antoniagigovskaa]]>

Некогашниот новинар и ТВ водител Филе – „Топки“ стана татко на 53 години: „Да ми кажуваше некој кога бев млад и полузелен дека на оваа возраст ќе лулкам бебе, ќе мислев дека е луд и му се измешале брзините…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogashniot-novinar-i-tv-voditel-file-topki-stana-tatko-na-53-godini-da-mi-kazuvashe-nekoj-koga-bev-mlad-i-poluzelen-deka-na-ovaa-vozrast-kje-lulkam-bebe-kje-mislev-deka-e-lud-i-mu-se-izmeshale-brzin/ Thu, 22 Sep 2022 08:41:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268159

Дете на новинарската школа на МТВ, впечатлив ТВ лик кој иако со години не е пред камерите, оние што го гледале, се’ уште го паметат. Некогаш познатиот и многу популарен (не само спортски) новинар и ТВ водител Игор Филевски - Филе, кој остана запаметен по прекарот „Филе - „Топки“, заради истоименото забавно-спортско шоу кое своевремено го водеше на некои од најгледаните македонски телевизии, деновиве одново стана татко. И тоа на 53 години... По трет пат. Имено, Филе уште од 2015 година не живее во македонија, туку сега е жител на Малта, каде неговата сопруга Ана се породи и на свет донесе живо и здраво машко дете. Син, кој го доби името Марио. „Дојде и тој ден. Марио е одлично, мајка му е исто така одлично, ама малку уморна. Јас сум добро, да не ме мислите, иако бев најизмачен и најстресиран, што е нормално, нели, бидејќи секоја бременост најтешко и најспектакуларно ја поминува мажот“ - напиша шеговито Филе веднаш по раѓањето на синчето, споделувајќи ги и првите фотографии од породилиштето од бебето и сопругата. Ден потоа Филе се јави со нов пост на својот Фејсбук профил. Повторно посветен на приновата, но и на самиот себеси, на годините, возраста, состојбата на телото и умот и нивната коресподенција со духот и младоста, на врската помеѓу татковството „на стари години“ и чувството при восприемањето на бебешкиот плач на 30 и кусур и 50 и кусур, па напиша: Инаку, Игор Филевски-Филе  најпрвин ја доби ќерката на која како непоправлив вљубеник во фудбалот, особено оној кој го играат јужноамериканските асови како Кемпес, Марадона, Меси... тој  на девојчето му го даде името на земјата во чиј фудбал и е вљубен, па ќерката ја крсти  Аргентина. Потоа, во Малта го доби и втрото дете, овој пат син, кому му го даде името Лео... Веројатно не е тешко да се погоди дека го крстил по славниот аргентински фудбалски волшебник Лео Меси. И конечно и третото дете, неговиот втор син по се изгледа одново добива фудбалско име. Филе очигледно не бега од традицијата, па новороденчето Марио, најверојатно е крстено по славниот аргентински фудбалски ас од 80-тите, Марио Кемпес!? Аргентина, Лео и Марио - како свето фудбалско и семејно тројство! Како и да е, нека е со среќа и да е жива и здрава приновата! Фото: Фејсбук принтскрин/Filevski Igor (File X File)]]>

Кики од „Дајте музика“ сними преработка на „Лео“ од Калиопи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kiki-od-dajte-muzika-snimi-prerabotka-na-leo-od-kaliopi-video/ Sat, 10 Sep 2022 08:30:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266285

Една од најпознатите песни на Калиопи – „Лео“, доби преработка од Кики Мукаетова, позната на пошироката јавност од детскиот серијал „Дајте музика“ и по учеството на Детска Евровизија 2021 година како дел од „Green Forces“. Во нејзин автентичен стил песната не носи на едно ново искуство, а сепак не враќа назад во времето. Спотот е снимен на повеќе локации низ Скопје и совршено го отсликува патувањето на Кики со „Лео“ и ни ја дава нејзината верзија од приказната. Кики отвори и своја веб-страница www.kiki.mk, на која може да се најдат интересни детали за нејзиниот живот и кариера. За сите што сакаат подобро да се ја запознаат Кики, веб-страницата е вистинското место за тоа. Токму таму таа сподели и детали од работата на оваа преработка. „Калиопи ја обожувам. Мојата генерација често ги пее „Обои ме“, „Црно и бело“,„Дали ме сакаш“... но, не знаев дека „Лео“ е првиот успешен сејугословенски хит, како што ја нарекуваат песната“ - појаснува Кики, велејќи дека авторите дале зелено светло за да се преработи песната иако оригиналната матрица ја немало, па Александар Митевски морал да усними се од почеток. Како звучи кога Кики пее за „Лео“ , проследете од видеото во продолжение: ]]>

Зетот на Тоше ја разреши мистеријата околу „неговата гитарата“ во рацете на бугарски пејач: Не беше тешко да се погоди дека Бугарите пак „се китат со туѓо перје“ – со измама само си правеле маркетинг (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zetot-na-toshe-ja-razreshi-misterijata-okolu-negovata-gitarata-vo-racete-na-bugarski-pejach-ne-beshe-teshko-da-se-pogodi-deka-bugarite-pak-se-kitat-so-tugjo-perje-so-izmama-samo-si-pravele-marketing-f/ Wed, 12 Jan 2022 07:46:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234477

Најпрвин во бугарските медиуми, а потоа и кај нас осамна веста дека во новиот видеоспот на младиот бугарски пејач Лео користи „ специјална гитара“( „Сигнал“). Тој според нивните информации, во видеото за песната „Ти си мојот живот“  во рацете ја има гитарата на која некогаш свиреше нашата музичка легенда, Тоше Проески. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/gitarata-na-toshe-zavrshi-vo-racete-na-bugarskiot-pejach-leo-kako-nikoj-ne-znae-video/[/embed] Откако веста молневито се прошири, многумина не верувајќи вртеа со глава зачудено прашувајќи се од каде гитарата на Тоше во бугарски раце, мистеријата бргу ја разреши човекот кој по трагичното заминување на македонската музичка икона, ги презема сите операции околу чествувањето на ликот и делото на нашиот музички ангел. Имено, неговиот зет за сетра, адвокатот Славен Ристески кој во изјава за македонските портали ( „Фокус“ ) ја појасни целата ситуација, симнувајќи го ионака сомнителниот вел на мистеријата околу наводната гитара на Тоше во новото видео на младиот бугарски пејач Лео. „Сите гитари кои беа на Тоше, исто како и останатите музички инструменти кои тој ги поседуваше се изложени во спомен куќата - музеј во Крушево. Ниту една не е продадена, ниту пак дадена некому на користење. Ова со гитарата, ми личи на маркетиншки трик кој си го направиле во Бугарија“ - дециден е Славен Ристески, зетот на Тоше и татко на неговиот внук Кристијан. Славен вели дека ова не ги изненадува зашто не е прв пат. Со текот на годините веќе свикнале на секакви приказни поврзани со Тоше и на многу од нив семејството воопшто не реагира. Тврди дека многумина  досега се обиделе да си прават маркетинг користејќи го името на Тоше. „Фотографиите со гитарата кои ги објавиле, кој знае дали е тоа една иста гитара и чија е. Тоше  има многу фотографии со гитари, на кои можеби некогаш свирел на некоја забава, му дошле во раце… Секакви финти се прават, ние веќе не си ни лутиме, ниту пак реагираме. Народот знае и не заборава кој беше Тоше“ - резимира во својот демант на лажната приказна, Ристески. Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Slaven Risteski/kristijanristeski  ]]>