ленче кукиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 18 Apr 2022 09:16:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ленче кукиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Добриот глас надалеку се слуша, но најдраго е кога ќе те признаат дома: Ленче Кукиќ родното Босилово ја одликуваша со плакета (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dobriot-glas-nadaleku-se-slusha-no-najdrago-e-koga-kje-te-priznaat-doma-lenche-kukikj-rodnoto-bosilovo-ja-odlikuvasha-so-plaketa-foto/ Mon, 18 Apr 2022 08:57:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246720

Легендарната македонска фолк пејачка Ленче Кукиќ пред неколку дена се закити со уште едно значајно признание кое овојпат дојде од нејзиното родно Босилово. Имено, градоначалникот Ристо Манчев и Советот на општина Босилово, на свечената седница по повод 70-годишниот јубилеј на општината и доделија Плакета за значаен придонес и промоција на општина Босилово во областа на музиката. Со овој гест покажаа дека кога вистинските луѓе ќе дојдат на вистински места, знаат и умеат да ги препознаат и вреднуваат и вистинските вредности! Оваа плакета очигледно особено емотивно ја трогна пејачката, па таа преку својот Фејсбук профил јавно им се заблагодари на општинските челници за укажаната чест и внимание. Оние кои добро се сеќаваат на Ленче од нејзините почетоци знаат дека нејзиното презиме е Дедејска и дека името го градела уште додека била девојче. Нејзиното појавување на естрадата беше вистинско освежување за музичката сцена, а музичките стручњаци ја прогласија за наследничка на легендарната Петранка Костадинова. Успешна кариера на пејачката трае повеќе од 30 години. Најпрво со групата „Пицикато“, а потоа како соло пејачка и сега со својот сопруг пејачот и музичар Горан Кукиќ.  Настапувала на многубројни фестивали на народна музика, на многу сцени во Македонија, а Ленче е добитничка и на голем број награди: од успешен дебитант до први награда на жирито, награди за најдобра интерпретација и награди од публиката на многубројни фестивали. Во последната сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, таа ја однесе победата со што ја запозна и целиот регион. Ленче Куќиќ во текот на целото шоу добиваше само позитивни коментари од страна на жирито, а во една прилика Ацо Пејовиќ ја нарече и македонската Адел. Инаку, неколку сезони пред неа, победата ја однесе и нејзиниот сопруг Горан Кукиќ! По оваа победа стана многу барана и во регионот, на просторите на поранешна Југославија, а наскоро за „Гранд продукција“ треба да излезе и нејзиното ЦД со македонски и српски песни, со што за Ленче се отвора едно ново, уште поинтересно поглавје во кариерата. Таа заедно со сопругот веќе често  настапуваат во соседството, а нејзината новоснимена песна „Бисер“ за „Гранд продукција“ е вистински хит. https://www.youtube.com/watch?v=gN-BA8GEYOw Фото: Фејсбук принтскрин/Lence Kukic]]>

Ленче Кукиќ раскажа низ каква голгота поминале со сопругот поради короната: „15 дена бевме на кислород немавме време да размислуваме дали ова е крајот“ https://arhiva.vistina.com.mk/lenche-kukikj-raskaza-niz-kakva-golgota-pominale-so-soprugot-poradi-koronata-15-dena-bevme-na-kislorod-nemavme-vreme-da-razmisluvame-dali-ova-e-krajot/ Fri, 23 Jul 2021 07:02:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212217

Ленче (Дедејска) Кукиуќ и Горан Кукиќ, се една од најпознатите струмички и воопшто македонски музички брачни двојки. Иако со децении опстојуваат на сцената, настапувајќи соло, во дует или најчесто заедно со својата група „Јупитер“, сепак на пошироката јавност во регионот и станаа познати по победите, секој одделно, во регионалното музичко талент шоу за возрасни, „Никогаш не е доцна“. Ленче и Горан Гугиќ ја однесоа победата во регионалното музичко шоу, само во различни сезони. Отогаш тие уште повеќе настапуваат, а нивната агенда беше  полна со настапи. Меѓутоа, како и сите нивни колеги, па така и тие речиси повеќе од една година се на принудена пауза поради пандемијата со коронавирусот кој и самите го прележале и поминале лошо. Имено, Ленче во за фокус.мк раскажа дека таа и сопругот биле заразени со корона, завршиле во болница и 15 дена биле на кислород. Како што вели, инфекцијата им се случила во април, но се уште ги чувствуваат последиците и полека оздравуваат. „Страшно искуство… Преживеавме моменти опишани во песните, ни на јаве, ни на сон… Буквално, како да бевме во два света. Во тие моменти, всушност немавме време да размислуваме дали ова е крајот, едноставно се препуштивме на Господ“, вели Кукиќ и додава: „-Цели петнаесет дена бевме на кислород со Горан. До толку ни беше лоша ситуацијата, што еве и по неколку месеци, ние се уште закрепнуваме. Да се опоравиме, па потоа и ќе се вакцинираме. Сега се трудиме со здрав начин на живот да си ја вратиме силата, полека се движиме напред, во добар правец. Овој вирус е навистина непредвидлив, народот мора да биде внимателен, да се заштити“, вели пејачката. Таа исто така им се заблагодари на целиот медицински персонал кој се грижеле за нив и им давале надаж кога биле при крајот со силите. Ленче најави дека заедно со својот сопруг се враќаат на сцената со многу настапи, но и музички изненадувања за публиката. Инаку, многу познати личности беа заразени со корона, некои поминаа полесно, некои потешко, а некои за жал ја изгубија битката со коронавирусот. фото: фејсбук/принтскрин јутуб/никад није касно]]>

Ленче и Горан Кукиќ првпат дадоа заедничко интервју, па открија детали од животот зад камери (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/lenche-i-goran-kukikj-prvpat-dadoa-zaednichko-intervju-pa-otkrija-detali-od-zivotot-zad-kameri-video/ Wed, 30 Oct 2019 09:14:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115185

Во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, имаме прилика да гледаме македонски кандидати кои знаат да остават одличен впечаток, но и да и да однесат победа во музичкото шоу. Имено,  Горан Кукиќ победи во ова музичко шоу во 2016 година, а неговата сопруга  Ленче Кукиќ однесе две победи  во 2019. Ленче и Горан иако заедно настапуваат со нивниот бенд, ретко можеме заедно да ги видиме пред камери во некое заедничко интервју. Меѓутоа, деновиве тие првпат застанаа пред објективот на „Гранд оналјн“ и го дадоа своето прво заедничко интервју во кое открија детали од приватноста. Ленче и Горан открија како ги делат професионалните и домашните обврски, кога се разделуваат, кој има поголем авторитет кај нивниот син Иван.
„Ленче е супер, таа е супер пејачка, но и јас се трудам. Долго време сме заедно, а заедно и работиме со нашиот бенд „Јупитер“ вели Горан.
На прашањето како наоѓаат заеднички јазик кога се заедно, пејачката вели:
„Јас можам да кажам од женска страна, го решаваш истиот проблем, jа работиш истата работа, се надополнуваш, сфаќаш дека не можете еден без друг“ вели Ленче.
Ленче вели дека не само работните обврски, ги делат и домашните обврски, па кога нешто не може Ленче да заврши тогаш е тука Горан да и помогне. Парот го имаат и синот Иван кој свири триото со Влатко Стефановски, а Ленче откри кој има поголем авторитет кај синот.
„И двајцата имаме авторитет кај Иван. Имаме разбирање, Иван е добро момче, послушно. Ние сме задоволни“ вели Горан.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/lenche-i-goran-kukikj-imaat-naslednik-so-pedigre-znaete-li-deka-nivniot-sin-sviri-na-ista-scena-so-svetski-dzvezdi-foto/ Ленче и Горан открија како го поминуваат своето време кога не се заедно.
Се случува и тоа. На пример, јас ги завршувам моите обврски во студио, Ленче е дома и завршува домашните обврски“ вели Кукиќ, а Ленче додава дека таа го користи и слободното време за да оди и на кафе со пријателки.
Тие потенцираа дека работат на новите песни кои наскоро публиката ќе може да ги слушне. Целото интервју може да го погледнете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=59&v=vMsaeqE-qG4]]>

Ја нарекоа македонската Адел, однесе две победи во „Никогаш не е доцна“, а вака изгледаше Ленче Кукиќ пред 23 години https://arhiva.vistina.com.mk/ja-narekoa-makedonskata-adel-odnese-dve-pobedi-vo-nikogash-ne-e-docna-a-vaka-izgledashe-lenche-kukikj-pred-23-godini/ Mon, 16 Sep 2019 07:28:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106944

Во последната сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, победата ја однесоа двајца Македонци, односно Ленче Кукиќ победи по гласовите на „Фејсбук“ и гласовите на жирито,  Бејхан Рамов победи од гласовите на публиката. Ленче Куќиќ во текот на целото шоу добиваше само позитивни коментари од страна на жирито, а во една прилика Ацо Пејовиќ ја нарече и македонската Адел. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dvojna-pobeda-za-makedonija-lenche-kukjikj-i-bejhan-ramov-ja-odnesoa-pobedata-vo-nikogash-ne-e-docna-video/ Ленче беше доминатна на сцената на „Гранд“ и важеше за еден фавортите, а тоа го потврди и со нејзината победа. Она што е познато, не само што Ленче победи во „Никогаш не е доцна“, туку и нејзиниот сопруг пред неколку години победи во истото музичко шоу. Иако сите ја знаеме како изгледаше на гламурозната сцена во „Гранд“, Кукиќ деновиве сподели видео старо 23 години каде на фестивал ја пее песната „Барам место на естрадата“. „Баш ме расположи песната која беше отпеана во далечната 1996 година на единствениот фестивал на Тумба фест. Секоја чест на организаторите и за творците на оваа музика“ напиша Кукиќ во описот на видеото. https://www.youtube.com/watch?v=R-EVxmgeM-o&feature=share&fbclid=IwAR0CK-fld8BU9nn_Q1laB86eBb9ab46NV70hrumofUTykwx5arM59ySTZpM Со некој килограм помалку и во фолклорена носиа, вака изгледаше Кукиќ пред 23 години. Како што вели песната „Барам место на естрадата“ изгледа дека Кукиќ и си ги најде своето место на естрадата.]]>

Тага во семејството на Ленче Кукиќ поради загубата на драга личност https://arhiva.vistina.com.mk/taga-vo-semejstvoto-na-lenche-kukikj-poradi-zagubata-na-draga-lichnost/ Wed, 31 Jul 2019 06:50:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99904

Во последната сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, Ленче Кукиќ однесе две победи, односно победа од гласовите на жирито и победа од Фејсбук гласачите. Во текот на целата сезона таа важеше за еден од фаворитите и го воодушевуваше жирито и публиката, а во еден момент ја нарекоа македонската Адел.
По успесите кои ги постигна во ова музичко шоу, Ленче заслужи краток одмор од обврските и снимањата. Меѓутоа, Кукиќ деновиве се соочи со тажни вести односно почина нејзината мајка Драга Дедејска. Во недела Ленче ја испратила нејзината мајка на вечна почивка. Овие тажни вести на социјалните мрежи ги сподели братот на Кукиќ кој на „Фејсбук“ напиша: „Мамичке наша биди ни ангел, почивај во мир“, а под објавата се нижеа пораки со сочувство.
Ленче не се огласи по тој повод и не напиша ништо на социјалните мрежи. За потсетување, освен Ленче во „Никогаш не е доцна“ пред три години учествуваше и победи нејзиниот сопруг Горан Кукиќ кој неодамна ја издаде песната „Вињак мој“ за Гранд Продукција. https://www.youtube.com/watch?v=fWxhfsceRLg]]>

По победата во „Никогаш не е доцна“, Ленче Кукиќ проговори за вишокот на килограми и сопругот https://arhiva.vistina.com.mk/po-pobedata-vo-nikogash-ne-e-docna-lenche-kukikj-progovori-za-vishokot-na-kilogrami-i-soprugot/ Tue, 25 Jun 2019 08:37:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=94315

Во финалето на „Никогаш не е доцна“ оваа година победија повторно Македонци, односно Ленче Кукиќ и Бејхан Рамов. Во интервју за „Блиц“, Ленче проговори за победата и истакна дека не очекувала дека ќе победи. Таа откри дека вишокот на килограми не се пречка за да успее.
„Не е важно како изгледаш, убаво е да изгледаш малку послабо. Но, кога не може, не може“ вели Ленче. Таа истакна дека можеби ќе сними и дует со својот сопруг Горан Кукиќ, кој исто така победи во ова музичко шоу. „Може да направиме дует и во слабеење и во пеење“ истакна Кукиќ.]]>

Двојна победа за Македонија: Ленче Куќиќ и Бејхан Рамов ја однесоа победата во „Никогаш не е доцна“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dvojna-pobeda-za-makedonija-lenche-kukjikj-i-bejhan-ramov-ja-odnesoa-pobedata-vo-nikogash-ne-e-docna-video/ Mon, 24 Jun 2019 06:52:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=93975

По финалето на „Ѕвездите на Гранд“, сношти во студиото на Кошутњак се одржа финалето на „Никогаш не е доцна“. Меѓу дванаесетте натпреварувачи се најдоа и Ленче Кукиќ од Струмица и ѕидарот од Прилеп, Бејхан Рамов. Во емисијата која се емитуваше во живо, кога Бејхан запеа на сцената, Лепа Брена која беше дел од жирито не издржа да не му се придружи на сцената на македонскиот кандидат со одличен вокал.
 
View this post on Instagram
 
Evo zašto je #NikadNijeKasno najemotivniji šou u regionu! Ni #finale ne može da proðe bez suza! @dragana_mirkovic ganula Jasmina!

A post shared by Nikad nije kasno (@nikad_nije_kasno_official) on

Бејхан ја однесе победата од гласовите на публиката со вкупно, а наградата му ја додели Лепа Брена на која вети дека ќе го остави ѕидарството, која му е примарна професија.
Во финалето, настапуваше и една од омилените кандидатки Ленче Кукиќ која се претстави со песната „Лепи мој“ од Снежана Ѓуришиќ. По самата изведба, Ацо Пејовиќ ја спореди со Адел.

Ленче однесе две победи во регионалното музичко шоу, односно победа од „Фејсбук“ гласачите и победа од гласовите на жирито, а наградата и ја додели Драгана Мирковиќ.

  Во текот на целото гласање, беше неизвесно до самиот крај, но сепак двајца Македонци си заминаа со статуетка од „Гранд продукција“: За потсетување, ова не е првпат како некој од Македонија победува во ова региоанално шоу. Пред неколку години победи сопругот на Ленче Кукиќ,  Горан Кукиќ, но и 90 годишната Добрила Ивановска Чабриќ. https://www.youtube.com/watch?v=zzCuywcSB_U]]>

Публиката ја дочека со овации, а жирито беше воодушевено: Ленче Кукиќ повторно доминираше во „Никогаш не е доцна“ https://arhiva.vistina.com.mk/publikata-ja-docheka-so-ovacii-a-zirito-beshe-voodusheveno-lenche-kukikj-povtorno-dominirashe-vo-nikogash-ne-e-docna/ Mon, 22 Apr 2019 07:33:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84230

Добро ви е познато дека во регионалното музичко „Никогаш не е доцна“ има и македонски претставници, а меѓу нив и Ленче Кукиќ  од Струмица која досега неколку пати го воодушеви жирито со своите интерпретации. Во последната емисија на музичкото шоу, Ленче се претстави со песната „Потести ме шта то беше љубав“ од верзијата на Маја Оџаклиевска.
Публиката ја поздрави со овации и аплауз, а и овој пат жирито остана без зборови од изведбата на Кукиќ. „Ленче, ќе те водам дома. Толку си слатка, па ти растури“ изјави Ања Мит која беше дел од жирито.
И Драган Којиќ Кеба имаше пофални зборови за нашата кандидатка. „Ленче секогаш кога ќе те слушнам,  секогаш барам збор за да те пофалам“ изјави Кеба. Маре истакна дека Ленче е голема пејачка. „Драги гледачи пред вас стои голема, голема пејачка“ истакна Маре. Во ревијалниот дел, Ленче и Кеба ја отпејаа песната „Треба времена“, а жирито беше воодушевено и од оваа изведба, а посебно Маре кој истакна дека прв пат нешто да не му пречи во изведбата на песната која во оригинал ја пејат Ана Бекута и Кеба.
Како ќе се претстави Ленче во следниот круг останува да видиме, а во продолжение погледнете го нејзиниот настап. https://www.youtube.com/watch?v=X9eCTV8RIoI  ]]>

Ленче Кукиќ малку се засрами, ама се изнасмеа од коментарот на Кеба со кој и поласка во „Никогаш не е доцна“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/lenche-kukukj-malku-se-zasrami-ama-se-iznasmea-od-komentarot-na-keba-so-koj-i-polaska-vo-nikogash-ne-e-docna/ Mon, 18 Mar 2019 09:18:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77914

Познатата фолк пејачка Ленче Кучиќ и прилепчанката Милена Јовановска има дуел во најновото издание на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“. Лечне беше прва и пред жирито и публиката се претстави со песната „Галеб тажен“, додека Милена ја отпеа „Болиш и не пролазиш“.
Од дуелот според гласовите на жирито, оркестарот и публиката во студиото, победник беше Ленче која се пласираше во четвртиот круг, додека Милена остана на крајот во бараж, но сепак не успеа да продолжи понатаму во натпреварот.
Еден интересен момент беше коментарот на Драган Којиќ-Кеба кој беше специјален член на жирито, а во своето објаснување зошто гласа за Ленче кажа дека таа е подобра и од струмичка мастика.
На ваквиот ласкав коментар Ленче се изненади, но и слатко се изнасмеа. Иако и двете наши натпреварувачки беа пофалени дека се одлични пејачки, сепак Ленче беше првата кандидатка од Македонија која ќе ја гледаме и во наредните изданија на „Никогаш не е доцна“. https://www.youtube.com/watch?v=sHCCcquLS7s]]>

Александра Пријовиќ и Боба Живојиновиќ останаа без зборови: Ленче од Струмуца „растури“ во „Никогаш не е доцна“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-prijovikj-i-boba-zivojinovikj-ostanaa-bez-zborovi-lenche-od-strumuca-rasturi-vo-nikogash-ne-e-docna-video/ Wed, 03 Oct 2018 07:01:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51170

Неодамна започна новата сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, каде што повозрасни кандидати ќе имаат прилика да го покажат својот талент за музика. Во втората емисија, настапуваше и 42- годишната македонска фолк пејачка Ленче Кукиќ од Струмица. Ленче се претстави со песната „Катарино, момо“, а жирито беше воодушевено од нејзиниот настап и нејзината интерпретација.
„Браво, секоја чест“, изјави Боба Живојиновиќ кој беше дел од жирито, а на него се надоврза и Александра Пријовиќ која остана без зборови: „Не знам, мене рацете ми се мокри. Ја гледам цело време и не можам да верувам дека некој во 2 секунди може да ми го промени расположението. Не знам дали да плачам, се наежив. Не знам што  да кажам, еве стварно не знам што да кажам, изјави Александра Пријовиќ И жирито и публиката беа воодушевени од настапот на македонската фолкерка. Инаки, сопругот на Ленче, Горан пред три години победи во ова регионално музичко шоу, а дали и Ленче ќе биде победник, допрва ќе видиме. https://www.youtube.com/watch?v=TcARWquY7Mw]]>