лектира – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Sep 2023 10:08:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лектира – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Не сум прочитала ниту една книга“ – Српската фолкерка ги изненади сите, па призна: „Поважно ми беше да заработам пари“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-sum-prochitala-nitu-edna-kniga-srpskata-folkerka-gi-iznenadi-site-pa-prizna-povazhno-mi-beshe-da-zarabotam-pari-foto/ Fri, 15 Sep 2023 10:08:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318209

Злата Петровиќ важи за една од најпопуларните фолкерки, а многумина велат дека тоа е затоа што таа е „вистинска жена од народот“. Таа сега откри дека естардата не ја разгалила, па без никакво двоумење призна дека не прочитала ниту една книга од основно училиште. - Не прочитав ниту една книга бидејќи немав време да се занимавам со тоа. Не се срамам затоа што мојот живот тргна во друга насока. Поважно ми беше да пеам и да заработам отколку да се образувам - започнала Злата и додала дека последен пат читала во основно училиште. - Читав лекти бидејќи морав до осмо одделение и толку. Еднаш размислував да одам на училиште, но сфатив дека пеењето и животот што го водев ме научи да читам луѓе. За мене секој човек е книга. Мислам дека немаше да сум попаметна ако завршев факултет - рекла пејачката и додала дека и денеска иако е во пензија нема време за читање. Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Антонио Ахел/Пинк Тв    ]]>

Концерт за историја: „Меморија“ го сплоти народот со песна и покажа дека Македонија е жива, горда и вечна! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-za-istorija-memorija-go-sploti-narodot-so-pesna-i-pokaza-deka-makedonija-e-ziva-gorda-i-vechna-foto-video/ Sun, 12 Jun 2022 10:48:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253829

„Меморија“ вчеравечер, сабота 11 јуни 20220 година ја „урна“ А1 арената „Борис Трајковски“. И покрај сите неприлики и малери кои му претходеа на долго најавуваниот концерт, групата на македонската публика и го приреди досега најголемиот концертен спектакл во последниве години, ако не и воошто, што една македонска група го направила. Исполнета до максимум, салата беше претворена во концертна арена со сите нишани. Досега неслушнат звук доведен до работ на совршенство визави лошиот глас што ја бие акустиката на салата, како да настапува светски познат бенд, а не македонска група. Визуелните и светлосните ефекти во комплетна функција на она што се случуваше на сцената, атмосферата максимално загреана уште во самиот старт со настапот на младите музичари од бендот „2ВЕ“ кои беа достојна предгрупа на големата „Меморија“. Со првите звуци на сајзерите и гитарските тонови веднаш се почувствува набојот на позитивна вибрации кој публиката беше подготвена да го создаде заедно со бендот. Култната „Македонија“ за старт на концертот кој беше многу повеќе од само обична рок ен рол журка. Како што се редеа песните од првата фаза, од почетоците на постоењето на бендот, така навираа емоциите вткаени во стиховите кои со текот на годините стануваат се посуштински, поважни, побитни... Некои од нив дури и историски! Бендот усвирен до бескрај, звучи како уиграна машина која полека го достигнува својот зенит со секоја нова песна , секој нов рефрен, доведувајќи ја атмосферата до точка на вриење... Поце пее како во најдобрите денови, суверено владејќи и со сцената и со публиката која  возвраќа со невиден фидебек на искрени емоции, страст, енергија... Невидено чувство на сплотеност на оние на сцената и публиката која во еден глас ги пее од збор до збор сите песни, танцува во ритамот, ги повторува познатите хит рефрени заедно со Поце... Само народот во еден глас и вокалот на пејачот... Величенствено чувство на исполнетост, задоволство, мерак  за душата, кој како никогаш досега се чувствуваше со секој отсвирен тон и секој испен стих... Некаде на половина концертот влегува во „мирни води“, во баладична фаза во која се редат познатите сентиш теми со епски стихови... „Зошто Боже“, „Возови“, и химната на сите генерации - „Оган под ѕвездите“. Ѕвезденото небо од мобилните се претопува со она од светлосните ефекти, а додека целата сала пее во еден глас: „Не барајте вино испиено е...“ навираат морници по телото, спомени во мислите и неподнослива убавина во душата што се радува од глетката... Македонски знамиња во публика, македонско знаме на сцената... „Меморија“ како никој досега успева да го сплоти народот со песна и да покаже дека Македонија е и тоа како жива... и вечна! Следува видео реквием, со еден отсвирен рефрен во живо на култнaта „Јесен у мени“ за крај на мирната фаза на концертот, како потесетување и почит на скопјанецот и голем Македонец, но уште поголем естраден уметник и пејач, скоро починатиот Аки Рахимовски. Новата кулминација доаѓа со најавата на специјалните гости. Стефан и Мартин  од „Некст Тајм“ засилени со Николче Мицевски и свирката на членовите на „Меморија“. „Патриотскиот набој“ го мултициплираат со уште една фантастична изведба на „Ја излези Ѓурѓо“, која во еден глас излегува од илјадниците грла. Уште една братска двојка, Енко и Сецко од „Ласт Експедишен“ ја продолжуваат низата држејќи го концертниот набој на најсилно. „Шефе“ звучи „убиствено добро“, моќно како испукан музички проектил! Најавениот пејач на „Конкорд“ Сеад Јакупи за жал беше спречен да дојде заради корона, но македонскат гитарска легенда Венко Серафимов, заедно со „Меморија“ и Поце ја отпрашија „Високи штикли...“ како во најдобрите денови, кога „Конкорд“ беа најславни! Венко остана и со Славчо од „Морал“ во кој некогаш свиреа и сегашниот тапанар и гитарист на „Меморија“ - Мичо и Цале, па сите заедно засилени со Ристо Самарџиев во чест на починатиот Влатко Илиевски ја отсвиреа „Кога патувам“, водејќи ја публиката низ годините наназад и спомените на младиот прерано заминат пејач. Ристо останува на сцената да пее во последната третина од концертот на кој се редат хитовите од таа фаза. Матурата кулминира со „Снежо, Снежана“, со која „Меморија“ покажува како се матурира со чиста петка во рок ен рол гимназија. И не само матура, туку и лектира... За минатите, сегашните и за идните генерации на некои нови клинци кои ќе имаат и на што да се потсетат и од кого да учат, и со што да се гордеат... Едноставно, ќе имаат своја, наша македонска музичка историја која бендот таа вечер покажа како се создава! По „Моите слики“, Самарџиев останува сам на сцената со акустична гитара в раце за да ја отсвири и отпее неговата „Таму кај што си“, а додека публиката пее со него сцената се подговува за големото „гранд финале“. Со најавените први звуци на тапанот и појавата на блех оркестарот на Аце и „Весела дружина“ одекнуваат и првите ноти на „Дирлада“... И салата „експлодира“, А1 арената „се урива“ од атомски набој на енергија, преточена во музика. Гласни грла, високо кренати раце, еуфорија за историја... Сплотеност каква ретко кога се гледа... Можеби само при големите спортски победи на репрезентацијата, но овде нацијата ја замени репрезентацијата, а спортистите ги заменија музичарите на сцената. Сите заедно, за неподносливо чувство на радост, среќа, насмевки, прегратки, емоции... Како некогаш, во најдобрите денови. Светлата се гасат, но публиката бара уште... Бисот неминовен,  овој пат и двајцата вокали на „Меморија“ заедно на сцената и  реприза на трите историски хита: „Македонија“, „Оган под ѕвездите“ и „Дирлада“... И одново лудница... Онакава каква што ни најголемите  светски бендови кога доаѓале, не направиле. Ама, радоста е голема до небо, зашто ова што тааа вечер го слушнавме и видовме  - е наше! „Made in Macedinia“... како што оддамна не била,  полна со „оган под ѕвездите“. Македонија онаква каква што заслужува... Горда, среќна и вечна! Фото:  by Чапља и приватна архива]]>

Детската ТВ-серија „Зоки Поки“ работена според најпознатата книга на Оливера Николова тргна на МРТ https://arhiva.vistina.com.mk/tv-serijata-zoki-poki-rabotena-spored-najpoznatata-kniga-na-olivera-nikolova-trgna-na-mrt/ Tue, 05 May 2020 12:21:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148060

Телевизиската серијата „Зоки Поки“ започна со емитување од понеделник, 4 мај, на Македонската радио-телевизија (МРТ). Серијата е работена според најпознатата лектира и книга на македонската писателка Оливера Николова. Вкупно ќе се емитуваат десет епизоди од ТВ-серијата, секој понеделник и четврток во 20: 15 часот, а по емитувањето на МРТ, наредниот ден епизодите ќе бидат достапни и на веб-страницата зокипоки.мк и на официјалниот Јутјуб канал. Главните ликови ги оживуваат: Матеј Настевски ја толкува улогата на Зоки Поки, Анастасија Аневска ја игра Лидија, Матео Матоски, односно Боки и Матеј Зимбаков го глуми Гоки. Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба. Модерната екранизација на култната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на „Кино око“, во копродукција со Македонската радио-телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Главен продуцент е Роберт Насков. Режисери на серијата се Александар Поповски и Марија Апчевска, а режисери на епизоди се и Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата ги пишуваа Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска. Десетте епизоди од првата сезона обработуваат внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации. Серијата се снимаше лани во август и септември на повеќе локации во Скопје. Директор на фотографија е Кристијан Војдановски, сценограф е Иван Бартлинг, костимите се на Жаклина Крстевска, композитор на музиката е Александар Пејовски, а на песните Александар Митевски. Монтажата е на Атанас Георгиев, Благоја Неделковски, Драган Алексов и Софија Самоиловска.]]>