лек на рана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 21 Jun 2021 12:51:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лек на рана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тара за сечија љубовна болка има – „Лек на рана“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tara-za-sechija-ljubovna-bolka-ima-lek-na-rana-video/ Mon, 21 Jun 2021 12:51:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207744

Македонски пејач Александар Тарабунов е неуморен. Додека многумина среде корона пандемијата мируваа, тој и тогаш работеше и снимаше, па зошто не би го правел тоа и сега, кога жестината на вирусот полека стивнува. Деновиве популарниот Тара ја промовираше неговата најнова песна „Лек на рана”, за која многумина велат дека ќе биде летен хит. Музиката за оваа песна е повторно негово авторско дело, текстот на Робин Зимбаков, додека аранжманот созаеднички сили го направиле  Тарабунов и Роберт Билбилов, а овој вториов разбирливо е и музички продуцент на песната. Инаку темата е модерно спакувана во поп продукт со латино примеси во кои провејува шпанска гитара, одлично вклопени во моќната продукција на Билбилов и сугестивниот вокал на Тара, кој ги допира чувствата и милува емоциите, уште на прво слушање. Кога на тоа ќе се додаде одличниот текст на Зимбаков, вткаената лирика во емоцијата со која зрачи песната, јасно е дека ова еден од подобрите годинешни  домашни поп прозиводи. Модерен, можен, а при тоа во себе има и душа! Видео спотот го реализирал веќе постојаниот соработник на екипата, уметничкиот фотограф и режисер на видеоспотови,  Зоран Зонде Стојановски, чија визуелизација во рамките на буџетот, сосема солидно ја надополнува звучната слика на „Лек на рана“. Во продолжение ви предлагаме преслушајте ја и погледнете го видео спотот. ]]>