лејла рамковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 08 Feb 2024 08:56:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лејла рамковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лејла Рамковска ја предизвика Снеже Велков: „Стани моме да заиграш“ или сите „стари девојки“ треба да се „затворат“… а можеби и „отворат“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lejla-ramkovska-ja-predizvika-snezhe-velkov-stani-mome-da-zaigrash-ili-site-stari-devojki-treba-da-se-zatvorat-a-mozhebi-i-otvorat-video/ Thu, 08 Feb 2024 08:40:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337956

„Во здраво тело - здрав дух“, „Здрав живот - подолг живот“, „Движи се за да не заборавиш да одиш“, „Вежбањето го продолжува векувањето“... и уште еден куп други мудри мисли или само обични фрази - за кого како, кога е поврзаноста на физичката активност со квалитетот и должината на животот во прашање! И додека секој трга на своја страна, едни се ЗА, други велат - нема правила, умереноста или што би рекла „златната средина“ веројатно е вистинскиот одговор кога, кој и колку треба да биде физички активен и на кој начин. Или што би рекле - телото само ќе ви каже, ама умот треба тоа да го прифати! Едни од двете најпознати јавни лица кога се „здравите физикалии“ во прашање кај нас, секако се ТВ водителката и доскорешна пилатес инструкторка Снеже  Велков и јога инструкторката Лејла Рамковска. Неодамна водителката, инаку позната по своите најразлични „егзибиции“ на социјалните мрежи, меѓу кои и овие за физичка активност, постираше тест видео со предизвик: „Дали си стар?“, на кое финтата е стоеечки на една нога да си ги обуеш чорапите и патиките без да стапнеш на земја со другата нога! За Снеже разбирливо тоа е „пи...н“ - пардон, „мачкина кашлица“, ама за многумина од нас е „невозможна мисија“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Ова како да ја „боцна“ нејзината „опонентка за здрав живот“, само од различна провиненција, јога инструкторката Лејла Рамковска, која прифаќајќи го предизвикот на Снеже и самата ја предизвика задавајќи и нова задача и на неа и на сите други, со една своја јога вежба. А кога Снеже ќе ја „'рчнат“  во она што и е „слабост“, исто како да и брцнале во око. Па по принципот „око за око“, ТВ водителката јавно и порача на јога инструкторката: „Не ме 'рчкај, седи не ме знаеш“, или поконкретно јавно ја праша па и кажа: „Ме предизвикуваш? Ти не знаеш што е старост лудост“!? [video width="720" height="1280" mp4="https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/CF4D4420B8DEFC5845F8F04061531982_video_dashinit.mp4"][/video]   До душа ТВ водителката и екс пилатес инструкторка далеку од тоа дека е престарена, иако не е баш тинејџерка, ама така некако наликува и во физикусот  и во физичките можности. Од друга страна, ниту асана јога мастерот Лејла Рамковска не е баш девојченце, ама далеку од тоа дека е стара мома. Така што по се' изгледа дека ниту овој,  ниту било кој друг ваков вид на челинџ, не е проблем за ниту една од двете. Впрочем, Снеже Велков уште од прва покажа дека „стара или не“ нејзиниот предизик може како од шега да го изведе, а потоа и да го поведе „танцот на младоста“ со оро и песна на цел глас: „Стани моме да заиграш, да те гледам весел јас“! Или: „Чифтечанче за разгибаното Снеж(анч)е“! Оттаму нема сомнеж дека и предизвикот на нејзината јога соперничка, за неа нема да биде никаква пречка! Од друга страна ниту Лејла Рамковска нема проблеми со „кршење на снагата“ во различните јога потези, пози и движења. Без оглед на годините и возраста, Лејла е мајстор на јога позата. Тоа однеодамна најдобро го знае, а  и може најдобро да го почувствува од многу различни аспекти и нејзиното помладо момче, пејачот и композитор Роберт Билбилов. Затоа предизвикот на едната кон другата и обратно, прашање е дали  воопшто и има смисла, кога и за двете моми изведбата на туѓиот челинџ  е толку лесна, што  нештата ги прават „со песна“!  „Стани моме да заиграш“ или... Сите „стари девојки“ треба да се „затворат“? - што би рекле „Фрајле“! Сепак е многу подобро кога ќе се...  „отворат“! И фиктивно и фактички... И духовно и физички!
 
Фото и видео: Фејсбук/Lejla Ramkovska & Инстаграм/velkovsneze]]>

Тамара Тодевска повлече нога: Кој како влезе во студио кај Билбилов наместо да пее, завршува на јога (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-povleche-noga-koj-kako-vleze-vo-studio-kaj-bilbilov-namesto-da-pee-zavrshuva-na-joga-foto/ Wed, 18 Oct 2023 07:02:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322794

Заради стресното време во кое живееме, сите бараме некој издувен вентил низ кој ке го канализираме тој стрес и со тоа ке си го подобриме квалитетот на живот. Бидејки велат во здраво тело здрав дух многумина од нас, вентилот го пронаоѓаме во најразлични спортски активности. Сите сме наклонети кон една или друга активност но, за јогата велат дека е активност која треба и може сите да ја практикуваат без разлика на возраста и физичката подготвеност. Прозорецот кон животот на познатите – Инстаграм, деновиве доста активно покажува дека оваа активност станува се’поприменувана во кругот на позантите, а за тоа е заслужна новата девојка на Роберт Билбилов, јога инструкторката Лејла Рамнковка. Музичкото студио на нејзиниот сакан е местото каде доаѓа музичката фела, таа често е таму, па вака или така низ муабет, секако доаѓа ред и јогата. Па така, Тамара Тодевска лежерно опуштена реши да влезе во тој јога штос, а се пофали и на „стори“, седната во јога поза, веројатно по упатства на учителката. Секако, меѓу оние кои се пробаа е и Роберт за кој оваа јога пракса веќе е дел од неговиот живот откако во истиот му влезе саканата Лејла. Во студиото на Билбилов доаѓаат доста музички имиња, па попратно со музиката, совршено се дополнува и јогата за подобра инспирација. Дека јогата е дел од животниот стил, па и кога Лејла не вмешала прсти, покажа и актерката Ана Стојановска вежбајќи дома за дополнително опуштање на врнежливиот ден. А дека веќе е искусна докажува позата која успеа да ја направи со леснотија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)

Кој повеќе, кој помалку искусен, но заеднички им е обидот со ментална и физичка релаксација за подобро здравје, сосема оправдано и вредно да се проба и примени. фото:Инстаграм принтскрин/Фејсбук/Лејла Рамковска]]>

Лејла и Билбилов се „асинхроно компатибилни“: Тој неа ја натера да пропее, а таа нему му го преврте животот наопаку! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lejla-i-bilbilov-se-asinhrono-kompatibilni-toj-nea-ja-natera-da-propee-a-taa-nemu-mu-go-prevrte-zhivotot-naopaku-foto/ Tue, 22 Aug 2023 09:22:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314693

„Да, вистина е дека сме заедно. Среќни сме и убаво ни е. Но, не би правеле фама околу нашата врска. Важно е дека нас ни е убаво“ - беше изјавата со која  јога инструкторката Лејла Рамковска „ја призна“ љубовта со музичарот, композитор, пејач и продуцент - Роберт Билбилов. Иако се познаваат уште многу оддамна, од времето на „А1“ телевизија во сопственост на нејзиниот татко Велија Рамковски, љубовната искра дури сега го запали оганот на љубовта и страста. Обајцата со по еден пропаднат брак зад себе но и горди родители, откако Роберт по пет години брак се разведе од манекенката Ана во 2018 година и од бракот го имаат синот Давид, додека Лејла беше во брак со Сефер Цановски со кого имаат две деца, а се разделија пред пет години. Дали токму ваквиот статус го подгреа стариот оган кој можеби тлеел уште од времето на А1 телевизија или случајната средба, близината и сличните животни судбини  направиле пријателството да заврши со повеќе од тоа што дотогаш било, јавноста ќе знае само откако некој од обајцата прв ќе ја овори душата. Засега она што може да се види е дека две сосема различни души со различни сфери на интерес, сепак одлично функиционираат како „асинхроно компатибилни“. Таа поборник на здрав живот и балансирана исхрана, на хармонија помеѓу телото и духот, не само како инструктор туку и како десетгодишен јога практикувач на себе. Во скалд и соработка со природата, баланс на материјалното и духовното кое води до совршено здравје и самостојно просветлување... Зен!? Сепак со мала, скриена уметничка жичка во себе - страста кон цртањето. Тој уметник, боем во душа, емотивец во срцето, музички од Бога надарен генијалец, чии гени за оваа уметност му ги пренел неговиот татко, познатиот композитор и музичар, покојниот Хилми Билбил. Човекот кој ја напиша македонската „новосоздадена народна ода на патриотизмот“, песната „Бисер Балкански“. И сега ако се запрашате колку е тој по јогата или спортот, а таа по музиката, колку е Билбилов по здравиот живот кога мора со часови, неретко и по цели ноќи да седи во студио или кога настапува по ноќните клубови и дискотеки, а колку е Лејла по музиката и пеењето, тоа би изгледало како „неспоив спој“. Е, арно ама, изгледа дека не е баш така... Понекогаш токму дијаметрално различните карактери со дијаметрално различни навики, сфаќања и интереси, можат да бидат сродни души и како плус и минус да се привлекуваат... Да се залепат еден за друг како магнет, а потоа... Потоа полека едниот од другиот да почне да поприма, како сунѓер да апсорбира и впива од она што дотогаш можеби му било незамисливо. Впрочем, погледнете ги фотографиите на вљубените гулапчиња и многу тоа ќе ви стане појасно како функционираат Билбилов и Лејла. Ако убаво ја заслушате најновата песна на Билбилов насловена „Тебе“, ќе можете да ги слушнете и придружните вокали во неа. Е токму оној женскиот, го пее никој друг туку таа - Лејла Рамковска. Ако ви е чудно, прочитајте што пишува под видеото за песната.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Robert Bilbilov (@justrbproduction)

А, Билбилов повеќе нема да го видите само како јури низ град со автомобилот... Руралните патишта во скопската околина сега се негови друмови на љубовта. Лејла е девојката со точакот, а оној другиот што ѕирка на фотографијата е токму тој... Шарените „убавици“  во позадината се само рурален фолклор што го надополнува кадарот на фото - композицијата. Конечно, тој неа ја натера да пропее, а таа нему му го преврте животот наопаку! Сега музичарот и покрај сета слава, прифати и да дуби на глава! И тоа од прва...! Фото: Инстаграм/justrbproduction/lejlaramkovska    ]]>

Стигна и потврда: Ова е новата сакана на Роберт Билбилов – двајцата се познати, но исто имаат и по еден брак зад себе (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/stigna-i-potvrda-ova-e-novata-sakana-na-robert-bilbilov-dvajtsata-se-poznati-no-isto-imaat-i-po-eden-brak-zad-sebe-foto/ Fri, 11 Aug 2023 07:42:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313397

Честите заеднички фотографии на социјалните мрежи беа најава дека меѓу пејачот и композитор Роберт Билбилов и јога инструкторката Лејла Рамковска, можеби има нешто повеќе од пријателство. Заедно во кафеана, таа во неговото музичко студио, а пак тој решен да вежба јога... Сепак, дека Роберт и најмалата ќерка на Велија Рамковски се во врска, за пошироката јавност беше оставено само на можеби. Убавата Лејла реши дека нема што да се крие кога љубовта меѓу нив се гледа од авион, убаво им е, па оттука најдобро е да не се „везат“ разно разни приказни, туку да се знае како стојат нештата меѓу нив. „Да, вистина е дека сме заедно. Среќни сме и убаво ни е. Но, не би правеле фама околу нашата врска. Важно е дека нас ни е убаво“, ни рече Лејла во изјава за Репортер. Пријателството кај Роберт и Лејла прерасна во нешто повеќе, а и двајцата решија да и дадат шанса на љубовта како веќе изкусни во брачните заедници зад себе. Роберт по пет години брак се разведе од манекенката Ана во 2018 година и од бракот го имаат синот Давид, додека Лејла беше во брак со Сефер Цановски со кого имаат две деца, а се разделија пред пет години. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Тамара и Билбилов го славеа Илинден во кафеана со „Бисер балкански“, со блиските пријатели ама и со нивните нови љубови? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-i-bilbilov-go-slavea-ilinden-vo-kafeana-so-biser-balkanski-so-bliskite-prijateli-ama-i-so-nivnite-novi-lubovi-foto-video/ Thu, 03 Aug 2023 08:17:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312408

Најголемиот македонски празник „Илинден“  македонската естрада различно го празнуваше. Многумина од нив работно, со свои настапи на разни манифистации на кои се славеше и чествуваше Денот на Републиката, дел од нив со свои редовни настапи по различни кафеани, кафулиња и клубови, останатите кој каде и како. Некои се на одмор на море или езеро, некои останаа дома. Македонските поп ѕвезди, пејачката Тамара Тодевска, пејачот, композитор и продуцент Роберт Билбилов заедно со нивниот колега, композиторот  Лазар Цветковски, Илинден го прославија заедно, во кафеана! Старите пријатели и соработници на иста маса во весела атмосфера и расположение, со полна трпеза и пијалак в рака наздравија за најголемиот македонски празник и тоа со звуците не на било која песна. Оркестарот со жива музика крај масата, на увце не случајно им ја свиреше македонската патриотска  фолк химна - „Бисер балкански“, напишана од никој друг, туку токму од покојниот татко на Роберт Билбилов, музичарот и композитор Хилми Билбил. За 120 години од Републиката, за честит Илинден и само една вистина - вечна и вековита Македонија! А можеби и за уште нешто друго? Зашто она што може да се забележи на масата кај патриотски расположената, весела, естрадна дружина на видеата, кои на социјалните мрежи самите  ги споделиле, се уште некои лица, кои не припаѓаат баш на естрадната фела! А истите и се означени или поточно тагнати во описот на видеата и фотографиите. Имено, по разводот со сега веќе бившиот сопруг Мачка, за Тамара наголемо се шушка дека не е сама. За пејачката се шпекулира дека има „нов пријател“ со кого често се гледа, па дури и не го крие од јавноста, како што беше и овој пат, иако јавно се' уште не споделила дел од својата „близина“ со него. Сепак, евидентно е дека човекот е се' поприсутен во нејзиниот живот. Една од заедничките фотографиии објавена неодамна на нејзината Инстаграм страница на која „образ до образ“ Тамара со насмевка од „седмица до седмица“ просто ужива во неговата прегратка, веројатно  беше повеќе од доволна за да ги подгрее шпекулациите и нагаѓањата: Дали овој човек е новата љубов на пејачката? Особено по цитатот што го остави Тамара на нејзините Инстаграм приказни веднаш по објавата на фотографијата, во кој пишува: „Шест часа поминуваат за 30 минути кога си со вистинската личност“! А човекот се вика Лука Радовиќ и во неговото портфолио пишува дека по професија е архитект и дизајнер за ентериери и внатрешно уредување. Неговиот Инстаграм профил  „случајно го следат“  Тамара и сестра и Тијана? Но, затоа пак истата личност  не случајно се најде на иста маса со Тамара и нејзиното естрадно друштво при кафеанската прослава на Илинден. Од друга страна пак,  видеото на кое се тој, Тамара, Лазар и Билбилов, го сподели уште една позната личност. Која според прикажаното, најверојатно и самата го снимала седејќи со нив на истата маса, а потоа и таа и Тамара и Роберт, истото го споделиле на своите Инстаграм приказни. Во прашање е Лејла Рамковска, ќерка на некогашниот сопственик на А1 телевизија - Велија Рамковски, која по несреќното гаснење на телевизијата сега се занимава и работи како јога инструктор и советник за  здрав живот и здрави навики. Лејла и Билбилов се познаваат оддамна, обајцата се разведени и слободни иако зад себе имаат брак и дечиња, но прашање е дали сега „старото пријателство“ не прераснало во нешто друго, многу поинтимно? Дали сега Лејла и Роберт не се „многу поблиски“ од некогаш или сепак останале само „пријатели засекогаш“? Едни велат она второто, додека оние што ги познаваат одблизу тврдат дека само прашање на ден е кога нивната „интимна близина“ ќе биде обелоденета во естрадниот свет, како и онаа на Тамара со младиот архитект? Впрочем, стиховите на последната песна на Билбилов насловена „Тебе“ која неодамна ја објави, во многу што одат во прилог на оваа претпоставка. „Тебе, те сакам тебе,Те сакам тебе само за себе, кога ти си си во мене јас дишам со тебе, и за се' друго немам ни простор ни време, се што сакам е да бидам со тебе...“ - се пее меѓудругото во песната. Дали е и автобиографска и посветена токму на неа, на убавата Лејла, засега ќе остане тајна скриена и јавна дилема?! Како и релацијата на Тамара со оној, со кого и расположена и насмеана, а и кога само ќути, 6 часа и минуваат како да се 30 минути?! Фото: Инстаграм/lejlaramkovska/tamaratodevska/justrbproduction  ]]>

Елена, Ана, Лејла и Тамара на авто -трка со многу возбуда и адреналин: Познатите Македонки се покажаа на која повеќе и врие во крвта, а победничка е… (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-ana-lejla-i-tamara-na-avto-trka-so-mnogu-vozbuda-i-adrenalin-poznatite-makedonki-se-pokazaa-na-koja-povekje-i-vrie-vo-krvta-a-pobednichka-e-foto/ Mon, 28 Nov 2022 08:25:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277518

Една ретко интересна случка викендов собра четири познати Македонки кои негуваат љубов кон автомобилите и брзото возење. За да доживеат максимален адреналин и возбуда која се памети, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Ана Стојанова и Лејла Рамковска учествуваа на авто- трката „Твинго кап 2022“ која се одржа на патеката Серес во Грција. Убав ден, позитивна енергија, многу смеење, дружење и секако натпреварувачки дух. Секоја од нив изгледаше секси и моќно зад воланот, но само една беше најдобра во маневрите и педалот за гас.
Секоја се докажа колку умее или има храброст, а онаа што успеа да дојде до првото место и пехарот беше Тамара Тодевска.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Пејачката за овој успех се пофали на својот Инстаграм профил каде следбениците и честитаа. По ѕвездата која деновиве од „Бекстејџ“ ја доби за најдобра пејачка, така сега уште една награда и сатисфакција заврши во рацете на Тамара - пехарот за место број еден во женска авто -трка. Можеби периодов и се случуваат не така убави нешта на приватен план околу разделбата со сопругот, но затоа таа добро знае како да компензира со висок напон на позитивни вибрации. фото:Инстаграм принтскрин]]>