легенди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Apr 2023 07:57:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png легенди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Можеби Стефан Лазаров и Роберт Билбилов се познати деца, ама татковците им се македонски музички легенди: Едниот е автор на „Не кани ме“, другот ја напиша „Бисер Балкански“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mozhebi-stefan-lazarov-i-robert-bilbilov-se-poznati-detsa-ama-tatkovtsite-im-se-makedonski-muzichki-legendi-edniot-e-avtor-na-ne-kani-me-drugot-ja-napisha-biser-balkanski-video/ Mon, 03 Apr 2023 07:50:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296182

Последиве ндели, па и мсесеци околу младиот јутјубер Стефан Лазаров се крена голема прашина. особено по серијата подкасти во која уште при првиот со Драган Павловиќ Латас, некој процени дека обајцата треба да завршат на суд. И завршија иако судењето уште непочнато беше одложено... Во меѓувреме, деновиве медиумите открија уште една прикзана поврзана за семејството на најпознатиот јутјубер. Иако не е ниту нова, ниту пак некој открил „топла вода во бојлер“, сепак можеби е добро да се обнови четивото за кое ние Македонците некако по дифолт како да имаме кусо паметење. Имено, Стефан Лазаров потекнува од музичко семејство и то не било кое, туку е син на еден од најпознатите македонски музичари и музички автори, а при тоа и музички педагог, Орце Лазаров. Професор по музичко образование, но и долги години член на фолк групата „Академци“. Патем искусен инструменталист и композитор, кој како автор или изведувач во разни постави учествувал на речиси сите музички фестивали во Македонија, а напишал и грст песни од кои некои станале познати хитови, но една од нив е вистинска „химна на љубовта“... И тоа онаа посакуваната, неостварената, скриената, најслатката... Фолк баладата која Миле Кузмановски маестрално ја испеа уште пред повеќе од една и пол деценија и оттогаш стана вечен евергрин. Една од оние песни што остануваат засекогаш! Токму таа е можеби неговото животно остварување во музиката... Барем засега. Песна каква се пишува еднаш во животот, а таквата тешко дека некоја друга ќе ја надмаши. Токму затоа и медиумите можеби „неканети“ одново се потсетија на маестралниот евергрин на големиот автор, кого како и песната  заслужува наместо „да премолчиме“, уште днаш да ги потсетиме повозрасните, а едуцираме помладите дека Македонија има фантастични автори и уште поубави песни во вид на нивни дела... Како што е таткото на Стефан - Орце Лазаров и неговата „Не кани ме“! Од друга страна пак Роберт Билбилов важи за еден од најдобрите и најплодните сега веќе зрели музички автори и секако еден од најголемите хитмејкери кога е поп и ар ен би музиката во Македонија во прашање. И самиот пејач, но пред се композитор кој напишал, аранжирал, продуцирал... мноштво хитови за најголемите, најпознатите и најпопуларни македонски изведувачи, како и за себе. Музиката му е во вените, но пред се во гените, зашто и тој доаѓа од музичко семејство, а „жичката за уметност“ ја наследил од татко му. Впрочем, повозрасните го паметат, а помладите само во кафеаните, на разни семејни прослави, свадби, а најмногу на патриотски собирања му ја пеат песната... Онаа вечната, неофицајално втора македонска химна и прогласена за најслушана песна на векот во Македонија... Легендарната „Бисер Балкански“, чиј автор е токму татко му на Билбилов јуниор, сега покојниот Хилми Билбил. Музичар, виолончелист и член на тогашните оркестри при МРТ, кој ја напиша „втората македонска химна“, која сега исто така покојниот пејач Гоце Николовски во 1990 година на  „Фолк фест Валандово“ фантастично ја испеа и однесе победата. Оттогаш „Бисер Балкански“ стана не само хит или фолк евергрин, туку и симбол на единство и пркост на Македонците во трите раздвоени дела на Македонија: Егејскиот, Пиринскиот и Вардарскиот... Нитка што ги спојува, паметник што ги потсетува, музичко четиво што младите генерации ги учи и воспитува... Песна - „песниште“ на гордоста и маката, вечната борба, тагата и радоста, на желбата и надежта, еден ден сите Македонци да бидат едно... Сплотени како во песната со „бистри води вардарски“ во еден единствен... „Бисер Балкански“! „Имав 15 години кога почина татко ми. Беше болен од срце и уште од тогаш некоја моја интуиција ме тераше да помислам дека може да се случи и најлошото. Моите чичковци ме подготвија дека ако татко ми почине, јас треба да бидам тој што ќе го води семејството. Мојата мајка тогаш беше многу млада, а и сестра ми беше мала. Така и направив. Кога ни јавија дека починал, мене ми се вратија зборовите дека јас сум сега одговорен“, ќе изјави своевремено Билбилов во емисијата „Ексклузив“ на 1 ТВ. Затоа можеби Стефан Лазаров и Роберт Билбилов се познати деца, обајцата уметници, изведувачи, едниот композитор, другиот јутјубер, водител... И секоја чест ним, ама сепак... Генетскиот код им го пренеле татковците кои се во едно нешто единствени... Македонски музички легенди! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/_lazarovv/justrbproduction/Orce Lazarov/Vistina - архива]]>

Песни од светските музички поп – рок легенди на „Василичарскиот концерт 2020“ во МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/pesni-od-svetskite-muzichki-pop-rok-legendi-na-vasilicharskiot-koncert-2020-vo-mob/ Thu, 02 Jan 2020 12:35:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127101

Песни од некои од најголемите поп и рок легенди ќе се изведат на „Василичарскиот концерт“ во Македонската опера и балет (МОБ). Тој традиционално се одржува на 12 и 13 јануари во пресрет на празникот Василица. Концертот е насловен „Легенди“, ќе диригира Бисера Чадловска, а ќе настапат солисти, Хорот и Оркестарот на МОБ. Според најавите од НОБ, ќе се изведат хитови на Витни Хјустон, Дејвид Боуви, Тина Тарнер, Елтон Џон, Барбра Стрејсенд, Мајкл Џексон, Стинг, Џорџ Мајкл, „Ганс ен роузис“, но во нови симфониски аранжмани.
 ]]>