легенда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Mar 2023 09:05:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png легенда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вака изгледаше во неговиот прв видеоспот пред 45 години каде пееше забавна песна: Го препознавате ли пејачот, денес е македонска фолк легенда (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-izgledashe-vo-negoviot-prv-videospot-pred-45-godini-kade-peeshe-zabavna-pesna-go-prepoznavate-li-pejachot-denes-e-makedonska-folk-legenda-video/ Thu, 02 Mar 2023 09:00:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291284

Брадатото тогаш, 22 годишно момче кариерата ја започна токму со оваа песна и видео. Тогаш како надежен пејач на забавна музика и шлагери, за со годините подоцна да прерасне во врвен фолк интерпретатор на изворни и новосоздадени народни песни, а денес за него може да се каже дека е вистинска фолк  легенда. Роден во ресенчанец, но речиси целиот живот го минува во Охрид, каде завршил основно и средно образование, како и музичко училиште, а во Охрид и денес живее. Во Скопје  завршува  прв степен право и Угостителско-туристички факултет одново во Охрид, но музиката преовладува,  па по десеттина години работа како организатор во угостителско-туристичките организации во Охрид, дефинитивно прераснува во професионален естраден уметник, до ден денес. Нема фолк фестивал кај нас на кој не настапил, на многу од нив освојувал и награди, испеал мноштво македонски изворни и новосоздадени народни песни, од кои некои станале и хитови, а останале и како фолк евергрини. Имал мноштво турнеји по дијаспората, учествувал на безброј манифестицаии и концерти, снимил неколку носачи на звук ( касети и ЦД-а), а  ден денес остана активен изведувач кој  се' уште настапува и е присутен во медиумите. Ако се' уште не го препознавте, во прашање е Петар Нечовски. Освен по своите песни, познат како дружељубив човек, другар, пријател, со весело срце и широка душа. Инаку на видеото од далечната 1978 година реализирано од тогашнато ТВ Скопје тој го прави своето телевизиско деби каде ја пее забавната мелодија „Ти така ми доаѓаш“, песна која подоцна стана македонски шлагерски евергрин. На него не е снимката од изградбата на автопатот Скопје-Охрид, зашто со оглед на тоа колку долго се гради, можеби некому така ќе му заличи,  туку се снимени фрагменти од тогашната младинска работна акција „ОРА Катланово 78“. Проследете го видеото од пред 45 години, кое повозрасните ќе ги постети на старите добри времиња, а помладите ќе ги однесе во за нив едно можеби едно поинакво време, во кое колку и да им изгледа и звучи чудно и неверојатно, многу поубаво се живееше од денес, на што се живи сведоци оние кои го искусиле и она тогашното и ова сегашново живеење, како самиот Петар Нечовски (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Замина уште една рок икона: Почина легендарниот американскиот музичар Дејвид Крозби (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zamina-ushte-edna-rok-ikona-pochina-legendarniot-amerikanskiot-muzichar-dejvid-krozbi-foto/ Fri, 20 Jan 2023 07:42:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284932

Американскиот  рок музичар Дејвид Крозби почина на 81-годишна возраст, потврди неговиот претставник. Тој беше еден од основачите на два од најголемите бендови од 1960-тите: The Birds и Crosby, Stills и Nash. „Со голема тага објавуваме дека нашиот сакан Дејвид Крозби почина по долго боледување. Иако повеќе не е со нас, неговата хуманост и љубезна душа ќе продолжат да не инспирираат. Многу ќе ни недостига“, изјавила неговата сопруга која побарала да се почитува приватноста на нивното семејство. Легендарниот Крозби во интервју пред две години изјави дека планира да се занимава со музика додека може. „Јас сум на крајот од мојот живот...и тоа е многу чудна работа. И еве на што размислувам за тоа: Не е до тоа колку време до кај имате, затоа што навистина не знам. Може да имам две недели, би можел да имам 10 години. Тоа е она што го правите со времето што го имате. И затоа се трудам навистина добро да го потрошам“, изјави тогаш. Тој беше икона на контракултурата и човек чии албуми беа вклучени во листата на 500 најдобри на сите времиња на листата на „Ролинг Стоун“. Неговата кариера беше толку успешна што двапати беше примен во престижната „Рокенрол куќа на славните“. Неговата сопруга изјави за Variety дека тој починал „по долго боледување“ опкружен со своето семејство, пренесува Би-би-си. „Неговото наследство ќе живее преку неговата легендарна музика“, се додава во соопштението. Роден е во Калифорнија на 14 август 1941 година, Крозби се приклучи на The Birds во 1964 година - фолк-рок група која го постигна својот прв хит со познатата песна на Боб Дилан,  Tambourine Man. Крозби, Стилс и Неш се собраа како супергрупа подоцна таа деценија и го изведоа својот прв концерт како трио на легендарниот фестивал „Вудсток“. Хитовите што Крозби ги напиша како дел од бендот ги вклучуваат хипи химните: „Almost Cut My Hair“ и „Deja Vu“. Неговиот последен албум, „For Free“, беше објавен во 2021 година. Фото: Getty Images]]>

Почина легендарниот српски актер Бранко Цвејиќ: Збогум Бане – „Бумбар“… https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-legendarniot-srpski-akter-branko-cvejikj-zbogum-bane-bumbar/ Wed, 27 Jul 2022 09:29:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260471

Актерот Бранко Цвејиќ почина во Белград, соопштија од „Југословенско драмско позориште“, но претходно уште вечеравечер медиумите ширум регионот објавија дека актерот е во многу тешка здравствна состојба, за подоцна сите да ја дознаат тажната вест за аминувањето на легендарниот актер . Имено, легендарниот актер бил хоспитализиран поради лоша здравствена состојба, а подоцна се испоставило дека се работи за кардиоваскуларни проблеми. На актерот му се слошило пред седум дена на проба во ЈДП, а потоа бил префрлен во Клиничкиот центар на Србија каде било констатирно дека кардиоваскуларните проблеми се предизвикани од жештината. Засега нема официјална потврда дека причина за смртта е срцев проблем, но ова се најновите информации до коидојдоа медиумите. Бранко Цвејиќ беше великан на југословенското и српското глумиште. Роден е во 1946 година како син на прочуениот оперски пејач Жарко Цвејиќ. Уште како дете покажал неверојатен талент. Дипломирал во 1969 година на ФДУ во Белград. Тој припаѓа на таканаречената генерација актерки бебиња на Бојан Ступица. На негова покана, Бранко и една генерација актери станале и членови на „Југословенско драмско позориште“ во мај 1967 година. Бил директор на истиот театар од 2002 до крајот на 2011 година. Популарноста ја стекна со улогата на Бане - Бумбар во серијата „Грлом у јагоде“, но остана запаметен и како Листер од „Семејно благо“. Тој одигра преку 137 различни улоги во филмови и серии од домашната кинематографија, а не се знае бројот на претстави во различни театри. Неодамна го гледавме во сериите „Хероите на нашата ера“ , „Александар од Југославија“, но го паметиме и по улогите во „Бољи живот“, „Бела лаѓа“, „Стижу долари“, „Балкан експрес“, „Балкан експрес 2“, „Вруќ ветар“, „Мајстори, мајстори“ и многу други. Бранко Цвејиќ имаше хармоничен брак кој траеше со децении. Имено, тој и неговата Весна се запознале кога биле многу млади и оттогаш беа неразделни. Нивниот брак никогаш не бил интересен за медиумите, бидејќи во него немало скандали. Колегите и пријателите со трогателни пораки се збогуваат со големиот уметник, актер, а пред се' - човек. ]]>

Почина Душан Дуда Ивковиќ: Замина уште една кошаркарска легенда https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-dushan-duda-ivkovikj-zamina-ushte-edna-kosharkarska-legenda/ Thu, 16 Sep 2021 08:55:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219330

Прославениот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ (78) почина утрово во Белград. Оваа страшна вест ја потврди првиот човек на КК Раднички: „Во шест часот и 50 минути, Душан почина во болница во Белград како резултат на вода во белите дробови и херпес“, ќе изјави Горан Калиниќ кратко за Спорт клуб, додека официјалната вест за причинита за смртта стигна нешто подоцна, а во неа се вели  дека срцето на кошаркарската легенда не издржало. Душан Ивковиќ е роден во Белград на 29 октомври 1943 година. Тој беше еден од најуспешните европски тренери на сите времиња, секако најуспешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Југославија на Европските првенства, каде освои медали во Загреб во 1989 година, Рим во 1991 година и Атина во 1995 година. Тој исто така беше селектор на кошаркарската репрезентација на Србија од 2008 до 2013 година, а за тоа време освои сребро на Европското првенство и беше четврти на Светското првенство 2010 година. Тренерската кариера ја заврши во 2016 година. Како кошаркар играше на позицијата бек, а како тренер ги водеше Партизан, Арис, Раднички Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Панионис, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва и Анадолу Ефес. Со националниот тим освои три европски златни и едно сребро, едно светско злато, сребро на Олимписките игри и злато на Универзијада. Тој двапати ја освои Евролигата, беше шампион на Купот Радивоје Кораќ, Купот Рајмонд Сапорта, УЛЕБ лигата, беше шампион на Југославија, Грција и Русија со своите клубови, исто така ги освои натпреварите од Купот и Суперкупот во истите земји. фото: Драгана Удовичиќ]]>

Македонија против Холандија со последен настап на ЕУРО 2020, последен и за Горан Пандев по две децении играње во репрезентацијата https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-protiv-holandija-so-posleden-nastap-na-euro-2020-posleden-i-za-goran-pandev-po-dve-decenii-igranje-vo-reprezentacijata/ Mon, 21 Jun 2021 06:12:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207675

Фудбалската репрезентацијата на Македонија денес, 21.јуни 2021 година во 18. часот во Амстердам го игра својот последен натпревар на ЕУРО 2020 против репрезентацијата на Холандија. Ова беше историски прв настап за нашата репрезентација на Европско првенство, и иако резултатски во првите два натпревари потфрливме, тоа секако не треба да се доживее како разочарување, со оглед на фактот што дебитиравме на едно големо натпреварување како самостојна држава. Овие момчиња  не направија горди во секоја смисла на зборот и за прв  пат ја почувствувавме фудбалската еуфорија на едно големо натпреварување. Македонија ги загуби двата натпревари од Австрија 3-1 и од Украина 2-1 и останува да се одигра само мечот со Холандија за крај на ЕУРО 2020 за престиж, но и да се игра за капитенот Горан Пандев, кој за последен пат ќе го носи репрезентативниот дрес.  Пандев дебитираше во 2001 година, а досега за Македонија настапи на  122. натпревари и постигна засега рекордни 38 погодоци, сошто е прв стрелец во националниот тим. Зад Пандев ќе остане запишано дека е европски и светски првак со Интер, освојувач на скудетото со „Нераѕурите“, победник на Купот на Италија со три различни клуба (Лацио, Интер, Наполи), еден од малкумината странци со над 450 настапи во Калчото, меѓу 80-тината фудбалери во Италија со сто голови, стрелец на голот за виза на Еуро 2020 во Тбилиси и стрелец на првиот гол за Македонија на Европските првенства. Без разлика на крајниот исход, македонските фудбалери се најголемите херои кои ја сплотија македонската нација и повторно ја вратија вербата во репрезентативниот фудбал. ЕУРО 2020 ќе биде запишано со златни букви  во Македонскиот репрезентативен фудбал и без разлика на се' што ќе се случи во иднина, така и ќе остане. А што се однесува до Горан Пандев... Еден брилијантен фудбалски гениј заминува од репрезентацијата... Можеби најдобриот, најголемиот, најважниот, најтрофејниот, нај... Горан ГРАНДЕ Пандев! Ти благодариме за сите радости што ни ги приреди Гоче... и... Добредојде во легендите!  
]]>

Почина легендарниот македонски ТВ снимател Ѓоко Поповски: Гањо ја спушти камерата https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-legendarniot-makedonski-tv-snimatel-gjoko-popovski-ganjo-ja-spushti-kamerata/ Fri, 21 May 2021 13:27:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203741

Почина Ѓоко Поповски - Гањо, еден од легендите зад камерата на ТВ Скопје, подоцна Македонска телевизија и ТВ Сител. Познатиот ТВ снимател, доајенот на професијата, снимателот на кого му се поклонува цела снимателска фела и човек почитуван и ценет од целата светска јавност, со голем број на награди и признанија. Ѓорѓи Поповски –Гањо е сведок на неколку војни и природни катастрофи, земјотреси низ светот. Со неговиот  објектив документирал многу потресни моменти и човечки судбини, вклучувајќи ги оние од Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година, чии фотографии ќе го обиколат светот. Погребот на Гањо ќе биде извршен утре (сабота, 22 мај, 2021 година), во 13:30 - 14:00 часот, на градските гробишта во Бутел. Можеби опишувајќи го на најсликовит начин за последен пат од него се прости колегата Сашо Мацаноски - Трендо, кој со него соработуваше во ТВ Сител. Почина нашиот пријател, нашиот Кит Ричардс поради кој се надевавме дека можеби сепак постои некој исклучок од она дозлабога упорно правило дека секоја приказна има свој тхе енд. Ѓоко Поповски, Гањо, легендарен снимател и неповторлив фраер, од оние какви што одамна не се произведуваат. Путец (постариот) викаше дека ако Елвис Присли останеше жив, ќе изгледаше и ќе живееше како Гањо. Стварно и најстварно, без делата на Ѓоко Поповски не може да се реконструира ни дел од видео приказната за Скопје и Македонија, уште кога ги направи првите снимки од скопскиот земјотрес во 1963 година па наваму. Просто, тоа е така. Веројатно наоколу ќе се најде некоја негова педантна работна биографија, но дури и најдеталната не може да ја долови страста, инстинктот, љубовта и неуморниот порив кои го тераа да биде секаде кајшто ќе намириса нешто вредно да се улови со камера. Тоа беше така и кога со децении беше дел од телевизиски редакции и документарни екипи, а и долго откако се пензионираше ама петлето за снимање уште му играше како на ентузијаст почетник.

Гањо никогаш не се наигра и тоа го држеше помлад од сите кои беа и далеку помлади од него. Кога го снимате Тито на брод и маршалот за момент ја остава пијачката на маса за да запали пура, што би ви паднало на памет? На Гањо му дошло да проба виски баш од таа чаша. Што да не? Ај да речеш еднаш, ама нашиов трзнал и по втор пат, само што тогаш некој од обезбедувањето дискретно му дал до знаење дека ако уште еднаш ја пипне таа чаша, со пливање ќе се враќа назад. Многумина од неговите најдобри пајташи одамна ги нема. Скендер Кули, Бакли, Диме Циго, Гела... сите тие се одјавија за последнo на шпицата на таа неповторлива епоха да се испише името на нивниот Гањо, човекот кој знаеше ведро и бескрајно да се ребри и со нив и со себе. За покоен Скендер знаеше да каже дека е толку стар што како дете го има засадено чинарот во Охрид. За веднаш потоа да додаде: - Јас знам, пошто го имам снимано тоа. Не трпеше фолиранти меѓу репортерите. Таквите знаеше да ги трча наоколу, залажувајќи ги дека ќе уловат „ексклузивна“ изјава, колку да им ја вади душата додека трчајќи му ги носат каблите. А тој имаше кондиција за сè; и за работа, и за семејство, и за седнување со пријатели во Чамо, скопскиот боемски Мечкин камен во кој се случуваа некои од најурнебесните скопски ситуации и муабети. Се засакавме од прва, некаде во 1995 година, во Сител. Од првото снимање на лозја за Свети Трифун (кога еден кутар домаќин, наместо симболично да скрои една лоза, го искрои речиси цело лозје, оти стариов го убедуваше дека нешто фалело на претходната снимка), па заедничко играње козарачко во некоја охридска дискотека, па до снимките кои ми ги носеше (а не беа дневни настани) за да ги спастрам со некој текст и да ги пуштиме на вести. Ако познавам легенда, тогаш тоа беше Гањо. Ѓоко Поповски беше сопруг на неговата сакана Зага, и татко на Јасминка и Влатко за кои најтопло се грижеше. Искрено сочувство до нив и до поширокото семејство, од Скопје до Словенија. На Оги од Чамо (Оги ви е најдобриот кафански плејмејкер во Скопје), Гањо знаеше да му каже: „Стави по една пијачка, АКО поминуваш од овде“. А седеше онаму кај што мораше да се помине. Сега е ред тој да стави по една. Сега барем знаеме дека не АКО, туку дека СИГУРНО ќе поминеме. Ќе фалиш стари. Нема веќе такви младичи ко тебе. твој, Трендо https://www.youtube.com/watch?v=1fqmRMf6d1s&t=48s    ]]>

Ова е приказната за големиот комарџија, кого Балашевиќ го опеа во својот вонвременски хит: Божа звани „Пуб“ навистина постоел (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-prikaznata-za-golemiot-komardzija-kogo-balashevikj-go-opea-vo-svojot-vonvremenski-hit-boza-pub-navistina-postoel-foto/ Mon, 22 Feb 2021 12:12:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190816

„Ова е приказна која со задоволство ја раскажувам, тоа е приказната за Божа наречен Пуб... Едни го фалат, други се жалат, трети велат е мој братко, тој бил расипан како шуплив заб“... Ова се стиховите на кои сите се сеќаваат што ја слушнале легендарната песна за „Божа звани Пуб“ на сега покојниот Балашевиќ. Еден од многуте негови хитови или балади, во кои главните јунаци се всушност вистински ликови кои некогаш постоеле и живееле. Како и Васа Ладачки, Милутин од „Некои нови клинци“, Бане од „Никој како Бане“, како убавата ќерка на попот... Ова е животната приказна од јунакотт на Балашевиќ, Петар Божанианиќ - Божа наречен Пуб (1895-1975). Божа - Пуб е роден во Лика, во селото Тужевиќ, недалеку од Госпиќ и неговата храброст и бестрашност, преминувајќи ја Албанија, ја покажал на солунскиот фронт. Како и многу други солунски волонтери, тој добива девет хектари земјата во срцето на Бачка и со уште 20-мина го основа Ново Село. Божа бил комарџија, боем, џентлмен, секогаш на страната на послабите, освен кога не седи со нив  на иста маса да игра карти. Човек со големо срце и широка рака, кој секогаш велел дека не можеш да добиеш, ако не дадеш. Го носеле картите и комарот за Србобран, Врбас, Нови Сад, Сомбор ... Кога на најголемите мајстори на картите како Коста Гаваски од Србобран, Шандор Тарко од Фекетиќ и Петар Божанианиќ ќе се собереле на карти,  било познато дека она што ќе падне под маста, тука и останува. Никој нема да се наведне да ги земе своите карти,  бидејќи потоа ќе мора да ја прекинат партијата, што никој од нив тоа не го сакал. Му давалл 500 динари на оној што ќе отиде во неговата куќа да го нахрани добитокот само за да не стане од масата додека се картал. А за тие пари во тоа време би можеле да го купите најдобриот коњ! Како денес на пример еден солиден автомобил. Во Фекетиќ сè уште кажуваат колку бил широк кон оние што го чувале од измама, единствено нешто што тој го мразел повеќе од политиката. Еднаш кога тој играл зад грб имал огледало, во кое останатите му ги следеле картите. Кога еден човек од стѕрана го предупредил за тоа, тој не му рекол: „Скрши го огледалото“, туку:  „Скрши го, еве ти пари“. Тој тогаш му дал четири илјади динари на тој човек, а кога овој му возвратил дека е многу, му додал уште два. Богато ги наградувал и оние што го чуваа од жандармите, што исто така не му се допаѓало. Само што ќе слушнеле дека игра некаде, доаѓале да му ги одземат парите, но нивните посети биле попусти. „Една вечер додека играа Ајнц, се искачив на бандерата за да ја поправам струјата. Само што видов жандарми како се приближуваат до кафеаната, она што го поправав повторно намерно го расипав за да не можат да бидат фатени“ - се сеќавал еден неговиот современик. „Кога му кажав што направив, тој го истури сиот паричник  со пари на масата и ми рече да земем колку сакам“. Во неговата кафеана некаде околу 1938 година, партијата траела од сабота до понеделник, а во неа Живко Мудрински, амбасадорот од Србија, изгубил се', како што вели и песната. Божа го пуштил да се поти два дена поради загубата, а потоа му ги испратил сите пари назад“ - вели само една од легендите за Божа - Пуб. Но, на почетокот на Втората светска војна, Петар и неговото семејство ја доживуваат судбината на другите колонисти. Тие одат во логорот Сарвар во Унгарија, каде минуваат четири години. Но и таму мна Божа не му недостасуваат карти и комар. „Унгарските војници брзо дознаа дека зборуваат на нивниот јазик и играат карти, и наскоро тие станаа толку зависни од партиите што никој не смееше да ги прекинува. На почетокот намерно губеше, а когаќе загризеа, иако беше нивен затвореник, знаеја дека му даваат сè што имаат“ - вели Славка. „Се коцкал  и во пари и во храна. Тој мупомогнал на своето семејство и на сонародниците да ги олеснат поминатите денови во логорот. Се зборувало  дека се вратил од логорот со куп оголем колку половина скала форинти што ги зел од еден унгарски офицер. Тој, сепак, никогаш не ја потврдил таа приказна, но на луѓето им било полесно да поверуваат во неа, дека дури и во тие страшни времиња тие го имале за свој херој. По војната, без електрична енергија, вода и патишта, Ново Село ќе биде напуштено и Петар остава се што имал и со семејството доаѓа во Фекетиќ. Таму повторно основа дом. Велат дека еднаш ја изгубил куќа на карти. Тоа било исклучок. Но, утредента баба Марта на истата маса, играла партија и ја вратила куќата“ - се сеќава нивната внука. „Таа беше неговиот главен 'рбет, и за големо чудо, не му бранеше да игра комар. Како влегол во песната и како Балашевиќ дознал за приказната за нејзиниот дедо, не знае, изко приказните за него кружеле насекаде. Не е Божа Пуб ниту во Прага, ниту во Виена. Повеќе од четири децении почива на селските гробишта во Фекетиќ. Сè уште се игра Ајнц, но не веќе со таков жар. Сепак, сите се согласуваат дека денес, нема веќе такви каков што бил  Божа наречен Пуб. https://www.youtube.com/watch?v=BudvCadi5YA   Извор: Вечерни вести/ Јелена Лемајиќ]]>

Почина Добривоје Топаловиќ – уште една легенда на српската народна музика! https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-dobrivoje-topalovikj-ushte-edna-legenda-na-srpskata-narodna-muzika/ Wed, 17 Jun 2020 08:09:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154055

Добривоје Топаловиќ, легендарниот српски фолк пејач, починал вчера рано наутро на 76-годишна возраст. Тој започнал да пее во културно и уметничко општество во Чачак, а ја снимил првата сингл плоча „Ако знаев колку сакав“ во 1968 година. За време на неговата повеќедецениска кариера, тој ќе сними 26 синглови  и 16 студиски албуми. Пресврт во неговата кариера беше песната на композиторот Обрен Пјевовиќ,  „Еј, да ми е“, која ќе ја сними во 1981 година. Во исто време, тој започнува соработка со композиторот Драган Александриќ, кој во соработка со текстописецот Радмила Тодоровиќ, напишаа неколку од неговите најубави песни: „Ако можев и ќе умрев за тебе“ и  „Те сакам, единствено мое“ (1982), „Проговори, слико“ и „Благодарам што постоиш“ (1985). Во 1986 година, тој сними албум со хит песната „Црно вино“. Тој ја освои српската награда за естрада (1983), Наградата за животно дело на Фестивалот „Моравски бисери“ (2014), „Златната лира“  за извонредни вокални достигнувања (2015), Награда за животно дело од Здружението наестрадно-музички уметници на Србија (2017). ), како и наградите на многу музички фолк фестивали. Последната желба пред да почине му била деновите кои му биле изброени да ги помине со својата сопруга во родното село Прељина. ]]>

Бјанка – разголената шефица на најпознатиот лондонски стриптиз клуб, е ќерка на англиската фудбалска легенда (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bjanka-razgolenata-shefica-na-najpoznatiot-londonski-striptiz-klub-e-kjerka-na-angliskata-fudbalska-legenda-foto/ Fri, 08 May 2020 09:55:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148597

Поранешниот фудбалер Пол Гаскоњ англиската фудбалска легенда со кој пораснале генерации на спортски вљубеници, за жал стана повеќе познат по својата љубов кон алкохолот, отколку по фудбалот, особено откако ја заврши кариерата со активно играње. Поради овој свој порок, тој беше  чест гостин на британските таблоди, а таа страст кон публицитетот од него очигледно ја преземала и неговата згодна, атрактивна и сексапилна ќерка Бјанка. Русокосата убавица често објавува  провокативни фотографии, а позирала и сосема гола на неколку пати. Од приложените фотографии на кои е сликана како од мајка родена, можете да видите какви бујни облини поседува и воопшто, со каков телесен раскош ја надарила природата убавата Бјанка. Голите фотографии на Бјанка не се ништо необично, ако се знае дека таа инаку води  еден од најпосетените стриптиз клубови во Лондон. Исто така, таа учествувала и во ВИП варијантата на реалното шоу „Големиот брат“, каде „жешката сестра“ дотуркала и до финалето.  ]]>

Почина легендата на кантри музиката, пејачот Кени Роџерс https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-legendata-na-kantri-muzikata-pejachot-keni-rodzers/ Sat, 21 Mar 2020 10:48:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140753

Кени Роџерс (81) почина на 20 март од природна смрт. Неговото семејство ја даде ова изјава преку Твитер страницата на пејачот за да ја потврди веста на 21 март, неколку часа откако починал: „Семејството Роџерс за жал објавува дека Кени Роџерс почина сношти во 10:25 часот на возраст од 81 година“. - стои во нивната изјава. „Роџерс почина мирно дома од природни причини, опкружен со семејство“. Во изјавата на семејството Роџерс се наведуваат и некои од постигнувањата на Кени во музичката индустрија за време на неговата славна кариера. „Во кариерата што трае повеќе од шест децении, Кени остави неизбришлив белег на историјата на американската музика“, се вели во соопштението. "Неговите песни ги пленеа и се' уште ги пленат љубителите на музиката и допреа во животот на милиони луѓе низ целиот свет. Хитовите на врвот на топ листите како: "The Gambler", "Lady", "Islands In The Stream", "Lucille", "She Believes In Me" i "Through the Years" се само некои од песните на Роџерс кои инспирираа генерации уметници и обожаватели“. ]]>