лефкада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 Aug 2021 08:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лефкада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската „Гранд ѕвезда“ со вереникот на Јонско море: Мими и Нуне уживаа во благодетите на животот на „меден месец“… на проба!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-grand-dzvezda-so-verenikot-na-jonsko-more-mimi-i-nune-uzivaa-vo-blagodetite-na-zivotot-na-meden-mesec-na-proba-foto/ Fri, 27 Aug 2021 08:11:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216983

Mладата македонска пејачка Мими Јовановска од Велес публиката ја запозна по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде ги воодушеви и жирито и јавноста со своите фуриозни и беспрекорни настапи, преставувајќи се и себе и Македонија во најдобро светло. За приватниот живот не сакаше да зборува се додека не се дозна дека се забавува со познатиот музичар Филип Нуне(вски), од семејниот бенд „Нуне брадрс“. „Јас и Филип сме во врска, ете само тоа ќе кажам,  не сакам многу да зборувам за тоа“ - изјави Мими во една прилика. Музичко-љубовната двојка на почетокот на август 2021 година  имаше многу убав повод за славење и радост. Имено, Филип ја побара раката на Мими, а таа му кажа „ДА“ на нејзиниот избраник.  Мими на својот Фејсбук објави фотографија од  неа и Филип, на која го покажа и свршеничкиот прстен. „Милион пати – ДА“ - напиша таа како појаснување на фотографијата. И не помина долго, македонската „Гранд Ѕвезда“  заедно со својот сакан замина на одмор. Еден вид „пробен меден месец“. За дестинација ја одбраа Грција, поточно познатиот остров Лефкада, од каде Мими и Нуне споделија неколку заеднички фотографии, а „распеаната велешанка“ не пропушти да ги овековечи моментите на среќа и уживање и со неколку свои селфија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Mimi Jovanovska (@mimijovanovskaa)

„Бидете благодарни, забавете и уживајте во животот“ - напишала Мими покрај летниот фотосеријал, очигледно задоволна и среќна од она што годината 2021-ва и го донесе во животот. Популарност, нови пријателства, повеќе настапи, крунисување на љубовта... Не е малку, особено не во време-невреме, на пандемија и економска криза, за кои Мими е доказ дека патиштата на животот се чудни. Некому  за жал, солзи, некому за среќа, бисери...! Фото: Инстаграм принтскрин/mimijovanovska    ]]>