леб – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 Jan 2024 13:28:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png леб – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Без нараснување и без квасец: Рецепт за вкусен леб кој брзо се подготвува https://arhiva.vistina.com.mk/bez-narasnuvane-i-bez-kvasets-retsept-za-vkusen-leb-koj-brzo-se-podgotvuva/ Mon, 15 Jan 2024 13:28:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335025

Откако се воведоа неработни недели за продавниците, вообичаено е да се чекаат долги редици за леб пред отворените пекари. Сепак, свеж леб можете да добиете и на друг начин – со тоа што сами ќе го печете. Ирскиот леб, кој не треба да нарасне, може да биде вистинскиот избор. Откако се воведоа неработни недели за продавниците, вообичаено е да се чекаат долги редици за леб пред отворените пекари. Сепак, свеж леб можете да добиете и на друг начин – со тоа што сами ќе го печете. Ирскиот леб, кој не треба да нарасне, може да биде вистинскиот избор. Името го добил затоа што доаѓа од Ирска, а го нарекуваат и сода леб бидејќи една од главните состојки му е сода бикарбона. Ако сè уште не сте го пробале, сега е вистинското време. Лебот без квасец има совршена текстура и прекрасен изглед. Лесно се сече на парчиња. Неговата кора е фина и крцкава, а внатрешноста е мека и компактна. Се разбира, мириса прекрасно. Ви пренесуваме рецепт на мајсторот Тања Ковач од блогот Recepttura , кој не одзема многу време за подготовка бидејќи тестото не треба да нарасне пред да се пече. За целата подготовка ќе ви требаат 45 минути. Леб без квасец – состојки: 450 грама обично брашно 12 грама сол 12 грама шеќер 18 грама сода бикарбона 400 мл јогурт (може да користите и кисело млеко или матеница) малку брашно за работната површина Леб без квасец – подготовка: 1. Во поголем сад додадете брашно, сода бикарбона, сол и шеќер. Се кратко измешајте. 2. Во садот истурете половина од количината јогурт и почнете да го месите тестото. 3. Во садот истурете го остатокот од јогуртот и продолжете со месење на тестото. 4. Месете што пократко. Во спротивно, лебот може да биде тврд. 5. Работната површина набрашнете ја, врз неа префрлете го измешаниот леб и со раце обликувајте го лебот по желба. 6. Обликуваното лебче префрлете го во плех на кој сте ставиле хартија за печење. Исечете го врвот на тестото со нож. 7. Бесквасниот леб се пече во загреана рерна на 200 Целзиусови степени. Лебот се пече околу 35 минути. 8. Изладете го лебот пред да го исечете и послужите. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Организмот реагира: Ова се знаци дека јадеме премногу леб https://arhiva.vistina.com.mk/organizmot-reagira-ova-se-znatsi-deka-jademe-premnogu-leb/ Mon, 02 Oct 2023 09:45:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320618

Иако лебот е една од најпопуларните намирници намирници, пред сè затоа што може брзо да се подготви и да се јаде на различни начини, диететичарите предупредуваат дека не треба да претеруваме. Доколку јадеме прекумерни количини леб и пекарски производи, во нашиот организам се јавуваат неколку негативни несакани ефекти. Еве неколку знаци дека веројатно јадеме премногу леб. Дигестивни проблеми Луѓето кои се нетолерантни на глутен или страдаат од целијачна болест, може да се чувствуваат надуени после јадење леб. Дополнително, со оглед на тоа дека лебот е богат со јаглехидрати, доколку се прејадуваме со неговото консумирање, би можеле да имаме дигестивни проблеми како запек или грчеви. Зголемен глад Лебот, особено белиот леб, содржи големи количини јаглехидрати, а со тоа и висок гликемиски индекс. Така, едно истражување покажало дека храната со висок гликемиски индекс може да го влоши чувството на глад и да доведе до непотребно прејадување во текот на денот. Ненадеен пораст на шеќерот во крвта Во случај на прекумерно консумирање леб, во нашиот организам ќе дојде до нагло зголемување на шеќерот во крвта, што со себе носи и бројни други негативни појави. Како што објаснуваат диететичарите, честото зголемување на шеќерот во крвта може да доведе до зголемен ризик од дијабетес. Висок холестерол Покрај наглото зголемување на шеќерот во крвта, прекумерното консумирање леб може да доведе и до покачен холестерол. Причината е што производите како кроасаните, кифлички со путер и сите други видови на пакуван леб се богати со трансмасти, што може да доведе до покачен холестерол, доколку се консумираат редовно. Проблеми со кожата Исто така, прекумерното консумирање леб кај големиот број луѓе предизвикува проблеми со кожата, пред сè појава на мозолчиња или акни. Храната како лебот, но и тестенините, белиот ориз и другите рафинирани зрна направени од бело брашно, може да предизвикаат мозолчиња на нашата кожа. Како што покажала една студија, луѓето кои консумираат премногу рафинирани јаглехидрати имаат 30% поголем ризик од развој на акни.
Извор: Курир
]]>

Како да разликувате вистински интегрален леб од обоениот бел леб https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-razlikuvate-vistinski-integralen-leb-od-oboeniot-bel-leb/ Wed, 31 May 2023 13:00:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304504

Дали е направен од цело зрно или за боја е додадена само карамела или нешто што воопшто не треба да го има во лебот? Црниот или ржан леб е исклучително популарен меѓу популацијата која се грижи за своето здравје и правилната исхрана. Таквиот леб треба да се произведува во поголем дел од цело пченично или ‘ржано зрно, за да ги задржи сите важни хранливи материи. Тајната на црниот леб е неговото богатство со влакна, витамини Б и Е, селен, железо, магнезиум, цинк и други вредни соединенија. Дури и во мали количини дава чувство на ситост, поради што експертите го препорачуваат како храна за ослободување од нервозата поради глад. Исто така, црниот леб многу подобро го задржува вкусот и мирисот и може да стои подолго без да се стврдне. Корисно е да се знае дека црниот леб има и многу помалку „лош“ холестерол од белиот леб, па затоа се препорачува за срцеви болни. Покрај тоа, влакната придонесуваат за ниско ниво на шеќер во крвта, па и дијабетичарите го ценат овој производ. Затоа, при купувањето, многу е важно дали црниот или интегралниот леб е навистина „црн“, односно дали е направен од цело зрно или само се додава карамела за боја или дури и нешто полошо, што воопшто не треба да го има во лебот. Анонимен пекар кој добро ги познава методите на боење леб, за „Курир“ опишал дека на таканаречениот црн леб за боја се додаваат секакви работи. Од кафе, какао, вештачки бои до црвено вино… Методите што ги користат производителите се различни, се само за да заштедат пари и да заработат. Само лебот што содржи најмалку 30 проценти ‘ржано брашно всушност може да се нарече ‘ржан леб. Кај ’ржаното тесто, квалитетот на глутенот е лош (што е здраво), па глутенската „решетка“ се кине, што го спречува испарувањето на водата од тестото при печењето. Резултат е густата структура на вистинскиот ‘ржан леб. Кај пченичното тесто, квалитетот на глутенот е значително подобар. Резултатот е растресита и воздушна структура на леб. Како заклучок од горенаведеното – не е можно лебот со мнозински процент на ‘ржано брашно да биде мек како пченичниот леб! извор:попара.мк]]>

Немањето леб е страшно, а што е уште пострашно да снема, ќе ви каже Игор Џамбазов: „Дури тогаш ќе биде паника“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nemaneto-leb-e-strashno-a-shto-e-ushte-postrashno-da-snema-ke-vi-kazhe-igor-dhambazov-duri-togash-ke-bide-panika-foto/ Fri, 03 Mar 2023 10:31:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291496

Од поголемите трговски синџири од кои што зависиме и целосно сме потчинети на индустриската моќ бидејќи, времето ни ги гази плеќите, останавме „сакати“ сами да произведеме и да си го задоволиме стомакот од нешто што македонците не се откажуваат, а тоа е лебот. Полиците се празни, а според одговорните во маркетите никој не знае како ќе го поминат денешниот ден, а што е најинтригантно ниту утрешниот. Веќе трет ден Македонија  „леб нема ниту за лек“ и никој не знае до кога ова ќе трае, а секако вакавата состојба се одрази и кај нашите познати личности, зашто  од лебот ниту тие не се откажале, па затоа решија самите да се фатат за... сукалото! Социјалните мрежи  веќе се преполни со иновативни идеи за снаоѓање, за да си го задоволат апетитот и душата која бара парче тазе лепче. Па така, на кратките Инстаграм приказни убавата македонска пејачка со руско потекло Викторија Лоба веќе го стави во употреба  подзаборавениот апарат за подготвување на топол и вкусен леб, а дополнително и врнежнивото време го разубави амбиентот во домот на пејачката. „Здраво, мој стар пријателе“ - напиша таа на кратката приказна на која го покажа нејзиниот избор за надминување на оваа криза. „Надвор врне, а дома мириса на тазе лепче ... милина“ - нагласи пејачката со цел да ги инспирира нејзините следбеници да го направат истото. Кризата со лебот ја погоди и контроверзната македонска фолкерка Марија Луиса Тодоровска. Иако ја носи титулата  „кралица на бакшишот“ заради енормните суми што ги заработува на своите настапи, сепак и таа мораше да ги засука ракавите и да замеси домашно лепче. Фотографијата е „вознемирувачка“, но ако ова продолжи вака сигурно ќе има време  да научи како да внимава на брашното. И не само таа... Познатиот охридски радио и ТВ водител Жанко З'ш Голабоски не чека два пати да му кажат дека леб  „имат снемано и немат“ да имат“! Си ја знае човекот работата, па си ги засука ракавите, си ја наметна престилката, оклагијата в раце па самиот го развлече тестотото и... „Меси, сине, меси“... Со култната сцена од легендарниот филм „Варљиво лето 68“ во мислите, додека во кујната, на самото место Жанко го сукаше мекото тесто. И презентерот на временската прогноза на ТВ Сител, Спасе Јовановски - Рола, знае дека не може без меко лепче, што до душа на него тоа се забележува и е со голо око видливо, па виде не виде, реши да го искористи денот за нешто опипливо и самот да научи како се меси лебот. И тоа по проверен рецепт, од кого друг, ако не од онаа која најдборо тоа го знае и сама - госпоѓа мама! Впрочем, поубаво лепче и нема од она доманото,   па затоа таа ако инструктор од позадина му сугерира каде Спасе да го посее брашното. Сепак македонскиот шоумен Игор Џамбазов „го поби“ размислувањето дека лебот е најважен и не е единствената работа без која Македонците не можат. Леб ако нема е проблем но, уште поголем проблем е ако снема... „Диазепам“! Лек од групата седативи, кој според истражувањата е најбаран и најпродаван во македонските аптеки. „Само Диезепам да не снема, е тек тогаш паника ќе биде“ - потсети Игор Џамбазов дека ова не е најлошото нешто што им се случува на Македонците. Чисто онака, колку за утеха  дека и од лошо има полошо! Фото: Принтскрин/Инстаграм/Викторија Лоба/Марија Л.Тодоровска/Игор Џамбазов  ]]>

Чекор по чекор: Како да направите вкусен домашен леб https://arhiva.vistina.com.mk/chekor-po-chekor-kako-da-napravite-vkusen-domashen-leb/ Thu, 02 Mar 2023 13:40:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291462

Правењето вкусен домашен леб со крцкава кора и нежна и мека средина, всушност, е многу едноставно. Сè што ви е потребно се вистинските состојки и малку труд. Состојки: 500 g обично бело пченично брашно 340 ml топла вода 1 кесичка сув квасец 2 кафени лажички сол 2 кафени лажички шеќер 1 кафена лажичка маслиново масло Ферментирање на квасецот: Започнете со ферментирање на квасецот. Иако сувиот квасец, всушност, нема потреба од ферментација, ова е едноставен начин како да се провери дека квасецот сè уште е активен. Тоа, исто така, значи дека нема непотребно да го потрошите брашното доколку произлезе дека не е активен! Истурете ја кесичката со сув квасец во 340 ml топла вода и додадете две кафени лажички шеќер. Оставете да стои 10 минути. Ако површината почне да се пени и на неа почнат да се појавуваат меурчиња, тоа значи дека квасецот е активен и подготвен за работа! Замесување на тестото: Просејте 500 g брашно во длабок сад и направете дупка на средината. Важно е да го просеете брашното за да се уверите дека нема грутки. Додадете ги солта, маслиновото масло и смесата од квасецот и водата. Користете дрвена лажица за да ги измешате сите состојки и да направите тесто. Месете го тестото во садот сè додека не го собере целото брашно, а потоа префрлете го на набрашнета штица. Месете 5-10 минути така што ќе го фаќате горниот раб и ќе го туркате надолу и во насока наспроти вас, користејќи го коренот на дланката. Континуирано свртувајте го тестото како што месите. Тестото се меси додека не стане мазно и кога ќе престане да се лепи на основата на дланката или на прстите. Замесеното тесто ставете го во сад и покријте го со крпа. Сега е време за првото нараснување кое трае 1,5-2 часа. Волуменот на тестото треба да се удвои за тоа време. Уверете се дека тестото ќе го ставите на топло место, подалеку од провев. Упатство за печење: Печењето леб секогаш е поделено во две фази – во првата фаза тестото сè уште нараснува, што значи дека мора да има присуство на влага, а печењето се одвива на повисока температура; во втората фаза, температурата се намалува и изворот на влага се отстранува со цел да се создаде крцкава, златна кора. Постојат неколку начини на печење леб во домашна рерна. Овде ви објаснуваме два: печење во тенџере со капак и печење на плех за печење: Доколку имате доволно големо тенџере од леано железо или керамика со капак, можете да стимулирате ефект на печка за леб во вашата рерна дома. Во таков случај, првата фаза на печење се одвива во тенџере со капак за да се спречи испарување, а втората фаза е во непокриен сад. Доколку немате соодветен сад, лебот печете го во голем плех за печење, така што ќе додадете и сад со врела вода во рерната за време на првата фаза. Подготовка на рерната: Температурата наместете ја на 220°С, вклучувајќи ги и горниот и долниот грејач. Ако користите тенџере со капак, ставете го и тенџерето во рерната. Доколку користите плех за печење, ставете го во рерната заедно со садот во кој потоа ќе истурите врела вода. Рерната мора да биде целосно однапред загреана, затоа, пуштете ја да загрева најмалку 45 минути. Обликување на векна: Почнете да го подготвувате садот со кој ќе ја оформите векната. Може да користите кошница за леб или голема цедалка. Во садот што ќе го одберете ставете чиста крпа и набрашнете ја. Земете го садот со тестото и истурете го на набрашнетата површина и со раката одлепете го тестото залепено на страните. За второто размесување, едноставно фатете го делот од тестото наспроти вас, повлечете го кон вас и притиснете го во остатокот од тестото. Повторете го процесот и на левата и десната страна, а потоа и на долниот дел од тестото. Свртете ја векната и попрскајте ја со брашно, потоа ставете ја во избраниот сад така што мазната страна да биде свртена надолу. Покријте го со краевите од крпата и оставете го уште 30-45 минути да нарасне. Печење во тенџере: Загреаното тенџере извадете го од рерната, внимавајќи да не се изгорите. Внимателно свртете ја векната и нарежете ја на површината според ваша желба, користејќи остар нож или жилет. Ставете ја векната во тенџерето, веднаш ставете го и капакот и ставете во рерната. По 15 минути, тргнете го капакот и намалете ја температурата на 200°С. Печете уште 25 минути и вашиот леб е готов. Печење на плех: Зовријте приближно 300 ml вода. Извадете го загреаниот сад од рерната и истурете ја врелата вода во него. Ставете хартија за печење на дрвена штица. Внимателно свртете ја векната и нарежете ја на површината според ваша желба, користејќи остар нож или жилет. Загреаниот плех извадете го од рерната, внимавајќи да не се изгорите. Векната, заедно со хартијата за печење, ставете ги во плехот и потоа во рерната загреана на 220°С. По 15 минути, извадете го садот со вода од рерната и намалете ја температурата на 200°С. Печете уште 25 минути и вашиот леб е готов. Одмарање: Ставете го лебот на штица за ладење или мрежа и оставете го еден час да се одмори, непокриен. Сега, останува само уште да ја земете вашата омилена Аргета паштета и да ја намачкате на парче леб Уште еден последен совет: ако немате квасец при рака, може да користите сода бикарбона. Леб со сода Состојки: 500 g бело пченично брашно 360 g јогурт 90 ml вода 1 кафена лажичка шеќер 1 кафена лажичка сода 1 полна кафена лажичка сол Подготовка: Рерната загрејте ја на 200°С. Измешајте ги брашното и содата и ставете ги во голем длабок сад. Додадете ги шеќерот и солта. Измешајте ги јогуртот и водата, истурете ги во садот и добро измешајте. Оформете го тестото во векна. Набрашнете ја, пресечете крст на површината и ставете ја во загреаната рерна. Печете 45 минути. извор:курир.мк фото:shutterstock]]>

Нутриционистите откриваат: Колку пецива смеете да јадете дневно и кој вид најмногу дебелее? https://arhiva.vistina.com.mk/nutritsionistite-otkrivaat-kolku-petsiva-smeete-da-jadete-dnevno-i-koj-vid-najmnogu-debelee/ Wed, 01 Feb 2023 13:15:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286858

Не треба да јадете пити и колачи секој ден, дури и ако сте апсолутно здрави, советува руската нутриционистка Антонина Стародубова. Покрај тоа што можат да го подигнат нивото на холестерол и шеќер во крвта, овие намирници дефинитивно ќе ве натераат да се здебелите. Меѓутоа, ако веќе не можете да им одолеете, тогаш водете сметка за количината. Помалку е подобро Се разбира, не е неопходно целосно да се откажете од таквата храна, само треба да ја ограничите нејзината количина, што зависи од полот, возраста, телесната тежина и нивото на физичка активност. Нутриционистот вели дека сепак не се препорачува да се консумираат повеќе од 150-200 грама, што е приближно 1-2 парчиња пита дневно. Антонина Стародубова истакна дека лиснатото тесто содржи најмногу калории, потоа слатките колачи кои содржат голема количина шеќер. Најмалку штетно е посно пециво кое се состои од брашно, вода, квасец, растително масло, шеќер и сол. А ако рафинираното брашно го замените со интегрално, тоа е уште подобро за вашето здравје. Полнењето е најопасно Филот што се става во пецива и пити треба да има малку шеќер, маснотии и сол. Најдобро е ако користите свеж зеленчук – зелка, тиква, спанаќ и други „зелени плодови“… Добра опција се и мешунките – грав, грашок, леќа. Ако ги наполните питите со месо, најдобро е да ги изберете посните – пилешко и мисиркино. А наместо кашкавал, секогаш е попаметно да се користи свежо сирење или урда. За слатките пити, најдобар и најздрав избор е свежото или замрзнатото овошје, подготвено со минимална количина шеќер. Кои пецива купени во продавница се најдобри Печива во продавниците треба да се избираат со посебно внимание. Обидете се да внимавате на составот на состојките и на хранливата вредност. Некои колачи може да имаат многу повеќе калории отколку што се препорачува за главен оброк. Доколку, пак, не можете да се воздржите од овие калориски тестови, тогаш дефинитивно е подобро да ги земате во помали количини и да ги консумирате наутро. Тогаш најдобро функционира нашиот метаболизам и најбрзо согоруваме маснотии. Извор: Kurir]]>

Несекојдневен предлог за сладок појадок, ужина или вечера: Рецепт за едноставен леб од тиквички https://arhiva.vistina.com.mk/nesekojdneven-predlog-za-sladok-pojadok-uzina-ili-vechera-recept-za-ednostaven-leb-od-tikvichki/ Tue, 06 Dec 2022 13:20:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278914

Совршен рецепт за појадок, ужина или вечера, леб од тиквички којшто лесно се прави и не бара никакви комплицирани чекори или техники. Овој важен ароматичен, брз леб без квасец, преполн е со свежи производи и засладен со кафеав шеќер и зачини. Состојки: - ¾ шолја масло, најдобро маслиново; - 1 и ¾ шолја брашно; - 1 лажица цимет; - ½ лажица прашок за печиво; - ½ лажица сол; - ¼ лажица свежо рендано мускатно оревче; - 2 јајца; - ½ кафеав шеќер; - ¼ шолја обичен шеќер; - 1 лажица екстракт од ванила; - 250 грама тиквички; - 1 шолја ореви (исечкани). Подготовка: Загрејте ја рерната на 250 степени. Ставете малку масло на тепсијата и обложете ја со хартија за печење. Во сад изматете брашно, цимет, прашок за печиво, сол и мускатно оревче. Во голем сад изматете ги јајцата. Додадете шеќер и масло, матете додека не се соедини, па додадете го и ванилиниот шеќер. Мешајте додека не се соединат состојките. Изрендајте ги тиквичките на крупно и префрлете го тестото заедно со половина шолја ореви. Смесата ставете ја во подготвената тепсија и додадете ги останатите ореви. Печете додека лебот не зарумени, околу 65 до 75 минути. Оставете го слаткиот леб да отстои во тепсија 15-на минути, а потоа извадете го и оставете целосно да се излади. извор:кармин.ком.мк]]>

Домашен леб кој го освои интернетот – брз и вкусен едноставен рецепт https://arhiva.vistina.com.mk/domashen-leb-koj-go-osvoi-internetot-brz-i-vkusen-ednostaven-recept/ Thu, 20 Oct 2022 11:37:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272281

Домашен леб – едноставен а толку вкусен. Ќе биде потребно време за да се замеси одлично лепче. Состојки: 400 гр брашно тип 500 3 супени лажици маслиново масло 7 g сув квасец 1 лажичка сол 1 лажица шеќер 230 мл млака вода Деталите за подготовката погледнете ги во видеото: Извор: Курир.мк]]>

Од него може да направите што и да посакате: Рецепт за тесто кое може да стои до седум дена https://arhiva.vistina.com.mk/od-nego-moze-da-napravite-shto-i-da-posakate-recept-za-testo-koe-moze-da-stoi-do-sedum-dena/ Fri, 16 Sep 2022 12:30:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267364

Од ова тестo можете да направите што и да ви падне на памет – од тесто за пица, слатки и солени кифли, мини пица, лепчиња… Состојки: 1 кг брашно 1 прашок за пециво 1 лажица сол 1 дл масло 4 дл јогурт 2,5 дл млеко 1 свежа коцка квасец 2 лажици шеќер 2 јајца Подготовка: Како и со подготовката на друго тесто, ставете топло млеко во кое ќе додадете малку шеќер, квасец, 2 лажици брашно. Промешајте малку за да се стопи шеќерот за побрзо да го подигне квасецот. Пожелно е да се задржи просторијата топла со цел побрзо да се постигне посакуваната реакција. Во друг сад измешајте ги преостанатите состојки. Кога квасецот ќе се зголеми доволно, ставете го на средината на брашното. Месете го тестото да биде мазно. Ако ви се залепи за раце, додадете малку повеќе брашно. Земете една кеса и ставете го тестото во неа. Можете да го забрашнете малку за да не се залепи. Важно е добро да се исфрли целиот воздух од вреќата. Ставете го тестото во фрижидер, каде што можете да го чувате до 7 дена. Пред мешање, тестото треба да се остави на топло место најмалку еден час, а колку подолго, толку подобро. Извор:Курир.мк]]>

Многу поздрав избор: Ова се најдобрите замени за леб https://arhiva.vistina.com.mk/mnogu-pozdrav-izbor-ova-se-najdobrite-zameni-za-leb/ Wed, 27 Jul 2022 11:46:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260573

Иако лебот е јаглехидрат кој секако може да се вклучи во здравата исхрана, сепак можеби барате алтернативи кога ќе ви се појави желба за нив. Кога ги барате овие поздрави алтернативи за пченичниот леб, сакате да барате опции што не содржат тони шеќер, масти, сол и повеќе нездрави состојки. Ејми Шапиро, регистрирана диететичарка, зборуваше за главните препораки за замена на лебот. Леб без житарки „Уживањето во леб без зрна, кој се пече и има вкус на леб, но е направен со бадемово брашно, ќе ве засити и ќе спречи скокови на шеќерот во крвта“, вели Шапиро. Уште една придобивка од изборот на леб без житарки надвор од контролата на шеќерот во крвта е потенцијалот да помогне во управувањето со воспалителна болест на цревата (IBD). Покрај тоа, лебот без житарки е исто така одлична опција бидејќи не содржи глутен. Тоа е затоа што одредени житарки се извор на глутен. Глутенот е протеин кој може да предизвика дигестивни проблеми кај чувствителните луѓе. Затоа, отсуството на зрна може да го намали ризикот од потенцијални дигестивни проблеми. Меѓутоа, ако лебот без житарки не е за вас, Шапиро има друга опција: преминете на поздрави јаглехидрати. „Доколку сакате јаглехидрати, но не сакате леб, кој често содржи додадени состојки и може да биде многу обработен, ви препорачувам да уживате во поздрави јаглехидрати, цели зрна како ориз, киноа и сладок компир“, вели диететичарката. Според Шапиро, ова може да му го даде на вашето тело она што го посакува и да ја пополни таа празнина. Изборот на други цели зрна е одлична алтернатива за белиот леб бидејќи содржи три дела од житото, од кои сите се богати со хранливи материи и полни со влакна. Кога станува збор за слатките компири, тие се одлични затоа што подолго ве одржуваат сити и ви даваат енергија бидејќи полека се варат. Слично на целите зрна, слатките компири се полни со растителни влакна. Тие исто така содржат хранливи материи и се одлични за согорување на мастите благодарение на нивната висока содржина на витамини. Исто така, слично на лебот без житарки, овие замени можат да помогнат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта поради нивните антиоксидантни својства добиени од каротеноидите. Овие опции можат да ја намалат и отпорноста на инсулин, пишува „Klix.ba“. извор:курир.мк]]>