леб и сол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 28 Feb 2024 13:52:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png леб и сол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Леб и сол“ и Горан Бреговиќ на иста сцена, токму како и некогаш, овој пат во СЦ „Јане Сандански“   https://arhiva.vistina.com.mk/leb-i-sol-i-goran-bregovik-na-ista-stsena-tokmu-kako-i-nekogash-ovoj-pat-vo-sts-jane-sandanski/ Wed, 28 Feb 2024 13:50:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340528

Во далечната 1977 година Леб и сол и Бијело дугме прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански“, и тоа на големиот славенички концерт на Бреговиќ закажан на 23 март. Во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од основањето на легендарните Бијело дугме и на само еден ден после прославата на 74. роденден – Горан Бреговиќ, најголемата рок легенда на балканските простори, ќе одржи концерт во Скопје. Славеничкиот концерт е закажан на 23 март во спортскиот центар „Јане Сандански“, а за загревањето на атмосферата на истиот, баш како некогаш ќе бидат задолжени членовите на Леб и сол. 60-минутниот настап на Леб и сол ќе биде своевидно патување низ времето и враќање во далечната 1977 година кога членовите чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ ја добиле понудата да бидат предгрупа на „бандата“ на Бреговиќ. Овој настап бил исклучително важен за подигањето на самодовербата на членовите на Леб и сол, кои биле дел и од концертите во Сараево, Нови Сад и белградскиот кој бил своевидно испраќање на Бреговиќ во тогашната ЈНА. Бреговиќ во Скопје овој пат доаѓа со својот „Оркестар за свадби и погреби” за, како што вели, заедно со македонската публика онака како што доликува да ги прослави двата убави поводи – роденденот и јубилејот. Спектаклот нема да изостане и ‘ко не полуди, тај није нормалан’“, вели Брега во својата порака до домашната публика. Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје може да се купат преку https://www.kupikartizase.com/ и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1.200 денари за партерот, 1.800 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1.400 и 1.800 денари, додека влезницте за вип делот се 2.500 денари.]]>

ЗЏМ Биг бенд ќе свири композиции на легендарните „Леб и сол“ на 9 декември во Националната опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/zdhm-big-bend-ke-sviri-kompozitsii-na-legendarnite-leb-i-sol-na-9-dekemvri-vo-natsionalnata-opera-i-balet/ Tue, 14 Nov 2023 12:59:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326896

На 9 декември, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет Здружението на џез музичари ќе одржи целовечерен концерт. Предвидено е да бидат изведени дел од композициите на легендарните “Леб и сол,” со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба. “Леб и сол” е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 01.01.1976 по што следи долгогодишно испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и, со сигурност, најдоминантната во македонската музичка историја. Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитијан ја сочинуваат стандардната постава на “Леб и сол,” иако во текот на годините во оваа група членувале и други значителни музички имиња меѓу кои Димитар Чочоровски-Чочор, Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, Миодраг Петковски-Мики, Драгољуб Ѓуричиќ, Кирил Џајковски, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков, Срѓан Дункиќ, Гоце Стевковски, Михаил Парушев, кои придонесле за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности. Билетите може да ги набавите online на https://mktickets.mk/, информираат органозаторите. фото:Фејсбук принтскрин/Здружение На Џез Музичари и Слободни Уметници]]>

Биг бендот на ЗЏМ на 9-ти декември ќе ги свири композициите на „Леб и сол“ https://arhiva.vistina.com.mk/big-bendot-na-zdhm-na-9-ti-dekemvri-ke-gi-sviri-kompozitsiite-na-leb-i-sol/ Tue, 07 Nov 2023 12:30:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325819

На 9-ти декември, со почеток од 20 часот, во салата на Национаната опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен „ЗЏМ свири Леб и сол.“ На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“ со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба.
„Леб и сол“ е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 01.01.1976 по што следи долгогодишно испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и, со сигурност, најдоминантната во македонската музичка историја. Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитијан ја сочинуваат стандардната постава на „Леб и сол“  иако во текот на годините во оваа група членувале и други значителни музички имиња меѓу кои Димитар Чочоровски-Чочор, Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, Миодраг Петковски-Мики, Драгољуб Ѓуричиќ, Кирил Џајковски, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков, Срѓан Дункиќ, Гоце Стевковски, Михаил Парушев, кои придонесле за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности. Билетите може да ги набавите online на https://mktickets.mk/ 
]]>

„Леб и Сол“ со концерт во Антички театар – Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/leb-i-sol-so-kontsert-vo-antichki-teatar-ohrid/ Fri, 21 Jul 2023 05:26:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310686

Најголемиот рок бенд на сите времиња во Македонија, легендарните „Леб и Сол“, на 5-ти август во Античкиот Театар во Охрид, ќе оддржат целовечерен концерт што дефинитивно покрај фестивалот „Охридско Лето“, претставува најголем културен  настан ова лето во Охрид. 

После фантастичната балканска турнеја, „Леб и Сол“ пред домашната публика ќе се претстават со најдоброто од нивната долгогодишна кариера, а ако се земе во предвид и преубавиот простор, имаме гаранција дека сите фанови ги очекува една прекрасна вечер за уживање во секој поглед. 

Влезниците  се веќе во продажба преку www.kupikartizase.com

Ќе го препознаете ли ова дете, денес е македонска музичка легенда: „Кој се насмее ќе јаде ќотек!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kje-go-prepoznaete-li-ova-dete-denes-e-makedonska-muzichka-legenda-koj-se-nasmee-kje-jade-kjotek-foto/ Mon, 02 May 2022 07:20:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220100

Времето ги менува луѓето, годините сите не трансформираат во секој поглед... И како личности, но најмногу физички. Многумина не можете да ги препознаете како изгледале како деца или момчиња, или пак обратно - кога ќе ги видите нивните некогашни фотографии нема шанси да препознаете за кого се работи. Ова момче кое можеби некои и веднаш го препознаа, денес е вистинска македонска музичка легенда. Музичар, композитор, автор, клавијатурист или поточно мултиинструменталист... Долги години вработен во Музичко-касетната продукција на МРТВ, член и повремен диригент на Танцовиот оркестар, но најмногу познат по неговата кариера како еден од членовите на најголемата македонска џез/рок група на сите времиња - „Леб и сол“. Мајстор и виртуоз зад клавијатурите, композитор и аранжер, концерт мајстор автор на некои од култните композиции на бендот... Еден од најголемите и најпознатите македонски музичари на сите времиња, вистинска македонска музичка легенда. Или поедноставно кажано Кокан Коко Димушевски. Фотографијата која Коко ја споделил на својот Фејсбук датира од неговите училишни денови. Дотеран, стокмен, серизоен, вистинско примерно дете. Настрана што тој самиот „не си се бендисува“ или ептен се бендисува, па на сите што ќе се насмеат кога ќе налетаат на фотографијата им порачал:  „Кој се насмее ќе јаде ќутек!“ Коментарите „фрштат“, а некои од најинтересните се како овие подолу, на пример: „Ко да те терале хармоника да вежбаш“; „Лепотан... Дотеран ко за на доктор“; „Мајсторе, оргинал главна ролја во Сиви Дом“... Кој знае дали после ова некој „ќе јаде ќутек“ или со задоволство ќе мези  и пие од ликот од фотографијата?! Фото: Фејсбук принтскрин/Kokan Dimushevski]]>

„Алкалоид“ ќе донира 1 денар за секој преглед на новата преработка на „Чукни во дрво“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/alkaloid-kje-donira-1-denar-za-sekoj-pregled-na-novata-prerabotka-na-chukni-vo-drvo-video/ Fri, 11 Jun 2021 13:49:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206710

Култната „Чукни во дрво“ на Влатко Стефановски, под покровителство на „Алкалоид“ доби нова верзија во изведба на децата од „Дајте музика“. Изведувана и преработувана повеќе од 3 децении од сериозни музичари од земјава и од регионот, овојпат довербата за нејзина изведба авторот Влатко Стефановски им ја додели на најмладите. Безвременските стихови и уникатната преработка и изведба од децата кои се дел од проектот „Дајте музика“ ќе добијат и хуманитарна нота. Видеоспотот е во режија на Игор Иванов-Изи, за чија реализацијата се погрижи екипа од продуцентската куќа „Вертиго вижуалс“. Преработката на музиката, која се подготвуваше од јануари годинава, е во реализација на музичкиот продуцент Мите Димовски и студио „Тралала“. Приказната во видеоспотот поаѓа од изработка на картички, кои најмалите деца ги подготвуваат во училишниот двор, а се наменети за општествените категории граѓани кои, иако беа засегнати со пандемијата, во ниту еден момент не запреа со своите дејности. Картичките со порака: „Ви благодариме! Здравјето пред сѐ“ поголемите другари и членовите на бендот ги дистрибуираат до полицијата, фармацевтите, пекарите, градскиот превоз, уметниците, здравствените работници и други. Тие се хероите од времето на новото нормално, кои неуморно се грижеа за навремена достава на храна, лекови и други основни намирници; се бореа за секој човечки живот, се грижеа за јавниот ред и мир, комуналната хигиена, редовниот превоз, доставата и за непречено функционирање на основните потреби на граѓаните за време на пандемијата. „Чукни во дрво“, со музика и текст на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, за првпат е објавена во 1989 година, како нумера од последниот студиски албум „Путујемо“ на култната група „Леб и сол“. „Алкалоид“ упатува посебна благодарност до Влатко Стефановски за пренесените права за користење на песната. Видеоспотот ќе биде поставен на дигиталните канали на „Алкалоид“ (YouTube, Facebook и Instagram). Од 10 јуни до 20 септември 2021 година, по повод својот 85 – годишен јубилеј, компанијата за секој преглед на видеоспотот ќе ѝ донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести. https://www.youtube.com/watch?v=MBBpYsaPanw&t=158s]]>

Леб и сол, Лева Патика, Мизар, Дејвид Боуви, Квин… ќе добијат улици во Скопје? https://arhiva.vistina.com.mk/leb-i-sol-leva-patika-mizar-dejvid-bouvi-kvin-kje-dobijat-ulici-vo-skopje/ Wed, 17 Feb 2021 09:09:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190062

Контроверзна најава дека британските музички ѕвезди Дејвид Боуви и бендот „Queen“ ќе добијат свои улици во Скопје, предизвика бура од реакции и многу коментари на социјалните мрежи. Како што е објавено на веб-страната на Град Скопје, Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје. Со усвојувањето на ова дополнување, постоечкиот регистар на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име. Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња. На овој список се најдоа: пејачот Дејвид Боуви, Френк Запа, групата „QUEEN“, Есма Реџепова, Вања Лазарова, Саша Николовски – Ѓумар, оперските пејачки Васка Гајдова – Биџова и Блага Видец, легендарните македонски групи „Леб и сол“, „Лева патика“ и „Мизар“. Но и документарниот филм „Медена земја“. Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење. Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими. Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот. Град Скопје спроведе on-line анкета во летото 2019-та година на која граѓаните ги дадоа своите предлози за имиња на градските улици, а листата беше дополнета и со други формално доставени иницијативи. Законот предвидува две одделни постапки за утврдување на имиња и нивно задавање не конкретни топоними. Листата на имиња ја утврдува Советот на Град Скопје, по претходно добиена согласност од Владата. При утврдувањето на листата на имиња од страна на Советот на градот Скопје, општините од подрачјето на градот Скопје даваат мислење по истата. По добиената согласност од Владата, Советот на Град Скопје ја усвојува листата, а дури потоа може да се пристапи кон менување на конкретни имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, коишто се менуваат со посебни одлуки на Советот. Сите идни промени на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје согласно овој закон предвидено е да се црпат исклучиво од оваа листа. Од останатите области на списокот се најдоа: новинарот Никола Младенов, спортистите Благоја Георгиевски-Буштур, Атина Бојаџи, покојниот заменик-градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи, писателите Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески. Од интернационилите имиња тука се: Алтеа Гибсон Алтеа (прва црномуреста жена која го освоила Вимлбдон), Небојша Глоговац (српски актер), Умберто Еко (писател) итн.]]>