лдп – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 08 Jun 2023 08:47:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лдп – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Билјана Јаневска „се отвори“, па „мисицата од Дрисла“ јавно призна дека и жените не се ништо поразличен сој: „Леле шо би му праела на овој“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/biljana-janevska-se-otvori-pa-misitsata-od-drisla-javno-prizna-deka-i-zhenite-ne-se-nishto-porazlichen-soj-lele-sho-bi-mu-praela-na-ovoj-foto/ Thu, 08 Jun 2023 08:45:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305435

Некогашна манекенка, мисица, модел, денес со факултетска диплома во џебот и општинска партиска функција, со надеж за политичка кариера во пораст.   Позната како „мисицата од Дрисла“ зашто денес работи токму на најпознатата скопска депонија, како магистер за управување со отпад. Однеодамна, откако за лидер на нејзината партија во која таа членува дојде жена, жените по се изглед почнаа повеќе да добиваат функции и раководни места, па така  Билјана Јаневска стана секретар на општинскиот огранок на ЛДП во Крапош. Арно ама, колку да е жена на функција, сепак, најпрвин е жена... До душа таа се' уште не мажена, па подобро би звучело девојка, но, сеедно... Она што го посакува, на моменти очигледно го посакуваат и сонуваат и немажените и мажените. Можеби не сите, ама многу од нив секако - ДА! Впрочем, дека е тоа така, потврди самата оштинска фунционерка, која на своите Инстаграм приказни сподели нешто што очигледно „долго трепка“... Особено кај неа, а многу веројатно и кај „секоја втора тетка“!  Во своето „јавно обраќање“ мисицата од Дрисла  обзнани и призна дека  и жените од мажите,  не се ништо поразличен сој... Инаку како да се протолкува она: „И жените викаат за мажите - Леле, шо би му праела на овој“!  И Билјана уште истото го потврди дека е точно... Дека и жените викаат! И сега , оттаму само по себе се наметнува прашањето: А кој е тој - овој? Со оглед на дејноста на фирмата во која работи, мисицата можеби таму тешко дека ќе го најде посакуваниот субјект „за праење“! Арно ама, затоа пак тука е пратијата во која членува и обавува некаква општинска функција... Во неа понудата е  веројатно подобра отколку онаа во фирмата, иако веројатно не е лесно да се најде оној, за кој  и жените... кажевме веќе што викаат.
До душа и таму, во нејзината партија  има по некоја фаца и тоа позната, ама... Овој на пример, за жал е зафатен... До душа, тоа не мора ништо да значи ама, сепак... Не е исто слободен и „бизи“! Можеби токму затоа иако се од иста партија,  “не му текнува“ мисицата, барем да ја викне во емисија... На „Златниот тепих“! А за „праење“...? Тоа останува на жените, нели така тврдеше и самата Билјана? Само, колку да се знае... Она: После „праење нема каење“ - се' уште важи! И тоа за сите... И за жени и за мажи! Фото: Инстаграм принтскрин/miroslavkacarov/biljana_janevska]]>

Сите се против уривање на “Универзална сала“, само Миро Кацаров – „ЗА“, а еве и зошто: Петре Шилегов го вработи во „Универзална сала“ портпаролот на коалициониот партнер – ЛДП, само еден месец пред изборите https://arhiva.vistina.com.mk/site-se-protiv-urivanje-na-univerzalna-sala-samo-miro-kacarov-za-a-eve-i-zoshto-petre-shilegov-go-vraboti-vo-univerzalna-sala-portparolot-na-koalicioniot-partner-ldp-samo-eden-mesec-pred-izborite/ Sat, 01 Aug 2020 07:51:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161547

Идејата која ја промовираа поединци од градската власт на чело со скопскиот градоначалник Петре Шилегов за уривање на „Универзална сала“ и распишаниот конкурс за правење на некаков парк со летна сцена на нејзината локација, предизвика бура во јавноста која се' уште не стивнува. Покрај негодувањата на народот, секојдневно се јавуваат со свое мислење и став и јавните личности, најмногу уметниците од разни области: музичката, драмската, балетската... на кои и најмногу и најчесто „Универзална сала“ им била втор дом, местото каде или поникнале и започнувале или каде ја овековечиле својата кариера со фестивалски, соло, настапи на разни манифестации, збиднувања, настани, престави... Не помалку гласни се и новинарите и радио и ТВ водителите кои ја третираат културата и естрадата, но и разни автори: композитори, текстописци, аранжери, музички и извршни продуценти, сценаристи, режисери... Медиумите на „случајот „Универзална“ секојдневно му даваат полн третман, па така деновиве порталот „Вечер прес“ третирајќи ја темата направи своевидна анкета со изјави на јавните личности, меѓу кои имаше и познати пејачи, музичари, текстописци, ДЈ-и, новинари, музички работници... И сите до еден во своите изјави беа на став дека „Универзална сала“ не треба да се урива, туку или да се реновира постојниот објект или да се возобнови одново на истата локација, но никако да се дислоцира и на тоа место да се гради некаков парк! Сите до еден, освен ЕДЕН - ТВ водителот Мирослав Миро Кацаров, кој во својата изјава децидно вели: „Зошто да не се урива? Ќе се изгради нова, најмодерна, најграндиозна на Балканот. Далеку поубава од оние во Загреб и Белград или Софија. И на нова локација ќе биде. Верувајте, Градоначалникот има одлична идеја заедно со архитектите.“ Легитимно е секој да има право на свој став и свое мислење и тука нема ништо спорно, освен едно нешто. Оддамна е познато дека штипјанецот Миро Кацаров не е само лице од ТВ екраните, туку и политички функционер, односно портпарол на Либерал - Демократската Партија (ЛДП), која како „цврст приврзок“ е коалиционен партнер на владеачката СДСМ, од чии редови е градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, а „Универзална сала“ како што е познато е под капата токму на градската власт. Но, причина повеќе во изјавата на водителот: „Зошто да не се урива?“  е и нешто друго, што малкумина во јавноста го знаат. Имено, партиските вработувања пред избори станаа фолклор на власта, стил на живот, начин на работа и однесување, па така скопскиот градоначалник Петре Шилегов само еден месец пред тукушто завршените вонредни парламентарни избори 2о2о, ќе го вработи Мирослав Миро Кацаров - портпаролот на својот коалиционен партнер ЛДП, токму во „Универзална сала“ на позицијата: Соработник за сценско-музичка дејност, за плата од околу 400 евра! И не само него, туку уште три други лица, што значи вкупно четворица нововработени на 30 дена пред избори во сала што не работи и сакаат да ја уриваат!? Нелогично и трагикомично! Затоа ТВ водителот, партиски портпарол, а отсега и Културно-Уметнички Работник, со глава и брада, со раце и нозе, а Бога ми и нокти го брани ставот на „братот“ од челната фотелја на градската власт! Патем, заради пропустите во процедурата на директорот на „Универзална сала“, (кој е исто така нивно кадровско решение)  и необезбедената финансиска согласност од Министерството за финансии на Македонија за вработување на Кацаров и останатите тројца, настанал правен вакум, па вработените во „Универзална сала“ неколку месеци пред изборите не можеле да земат плата! Случка која исто така претходно осамна во јавноста.]]>

Паника во „Бекстејџ“ и ЛДП – Миро Кацаров последен му правеше интервју на Петре Шилигов: „Ливче спортска чекаш па се нервираш, се јадеш од внатре, а замисли тест дали си болен или не од корона?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/panika-vo-bekstejdz-i-ldp-miro-kacarov-posleden-mu-praveshe-intervju-na-petre-shiligov-livche-sportska-chekash-pa-se-nervirash-se-jadesh-od-vnatre-a-zamisli-test-dali-si-bolen-ili-ne-od-korona-foto/ Thu, 25 Jun 2020 06:59:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155485

Минатата недела градоначелникот на Скопје, Петере Шилегов објави дека е позитивен на коронавирусоти се повлече во 14 дневна изолација. Разбирливо, сите што биле со контакт со него и околу него, беа доведени во опасност да им ја пренесол заразата, а последното интервју Шилегов го даде за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ каде разговараше со водителот Миро Кацаров! Едниот со спуштена заштитна маска под брадата, другиот и без маска! Во исто време, Миро е и портпарол на Либерално - демократската партија на Македонија, па, по сознанието дека скоскиот градоначалник е позитивен на Ковид 19, ете ти паника и во продукцијата и во партијата и во „Бекстејџ“ и во ЛДП! Во меѓувреме, Кацаров се повлече во самоизолација, ама отиде и самиот да направи корона тест во најпознатата скопска приватна клиника. Резултатите нормално, не ги добивате веднаш, па затоа и Миро и сите во продукцијата и редакцијата на „Бекстејџ“ кои потоа биле со него во контакт, како и оние од партијата чиј гласноговорник е, стрепеа, со страв исчекувајќи го резултатот од тестирањето. И конечно, завчеравечер резултатите стигнале, а вчера, среда 24 јуни 2020 г. напладне, резултатот од коронатестот на Миро Кацаров и јавно го обзнани, а уредничката на естрадниот ТВ магазин „од зад сцената“ Ева Јакимовска,  го сподели на социјалните мрежи. „Во доставениот примерок НЕ Е ДЕТЕКТИРАНА специфична секвенца за присуство на Корона СоV-2“ - пипшува во медицинскиот наод кој и самиот водител јавно го сподели на својот Фејсбук профил, заедно со соопштението за својата приказна, за тоа како изгледа да минуваш низ голгота чекајќи да дознаеш дали си или не си позитиван на корона!? „Другари и другарки,минатата недела моето последно интервју во Бекстејџ беше со градоначалникот Петре Шилегов. Откако јавно соопшти во саботата градоначалникот дека е позитивен на вирусот Ковид-19, самоволно и самоиницијативно се повлеков во самоизолација која е една од најдобрите мерки за заштита на популацијата од дополнителни ширење на коронавирусот. Со тоа ги заштитив првенствено моите родители, роднини,другари и пријатели и сите кои можеа наредните денови да бидат во мое друштво и присуство. Уште истиот ден се консултирав со мојот пријател и еден од најдобрите доктори,професорот Никола Пановски кој ми даде одлични совети како да постапам и кога да се тестирам.  Анализата за мене покажа дека осмиот ден од контактот со градоначалникот би бил најпогоден за тест и да биде релевантен истиот, па тоа и го напраив, бев и се тестирав, притоа без никакви симтоми. Вчера вечер ми стигнаа резултатите кои и јавно ќе ги соопштам дека сум НЕГАТИВЕН на вирусот Ковид-19. Се извинувам на сите кои беа во мое опкружување до пред информацијата да ја објави јавно градоначанилникот и беа малку уплашени, но ете вирусот за среќа не е пренесен на никој. Со ова уште еднаш се докажува дека ова зло е меѓу нас и се повеќе ќе имаме контакт со луѓе кои го имаат или го прележале. На никој не му посакувам дома да седи и да чека резултати дали има коронавирус или не, чуството е грозно, мозокот ти мисли на све и сешто, на тв и на ФБ само за тоа се збори, а ти си немоќен во затворен простор. Или по сликовито, ливче спортска чекаш па се нервираш, се јадеш од внатре, а замисли ова е тест дали си болен или не од корона?“ - напишал меѓудругото покрај споделените резултати од коронатестот Миро. И продукцијата и колегите од редакцијата, а и оние од партијата можат да здивнат. Нивниот колега водител кај едните и портпарол кај другите, сепак, за негова и нивна среќа - е здрав! Сега „шоуто може да продолжи“... И естрадното, а и она изборното.  ]]>

Миро Кацаров не е баш „муто у жуто“: Дење политичар, навечер ТВ водител, а утре… можеби министер? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/miro-kacarov-ne-e-bash-muto-u-zuto-denje-politichar-navecher-tv-voditel-a-utre-mozebi-minister-foto/ Thu, 13 Dec 2018 08:48:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62801

Далеку најгледаниот ТВ магазин „Бекстејџ“ се врати во телевизискиот етер, а со него и оние кои се лицето на емисијата - неговите водители. И додека Миа Костова е далеку поекспонирана во јавноста, особено на социјалните мрежи и порталите заради своите трансформации, потезите што ги влече во животот, провокативните фотосесии, интересните фотографии и постови на нејзините профили..., посилната половина од водителската двојка некако како да е во нејзина сенка. Но, само навидум!
Миро Кацаров, наречен „Миро Де Ниро“, беше некогашен новинар-репортер на „магазинот од зад сцената“, а сега штипјанецот со скопски престој е дел од водителскиот тандем на неговото возобновено издание. Во меѓувреме, додека, „Бекстејџ“ мируваше, Миро не мируваше! Кацаров микрофонот го стави на „стенд бај“, па своите физички предиспозиции ги искористи да се промовира себе си како машки топ модел! Патот ќе го одведе дури до Дубаи, каде некое време ќе престојува и работи, за потоа да се врати назад, во родниот Штип.
А таму модата решава да ја замени со политиката, а модната писта со политичката говорница.
Имено Миро Кацаров како член на „Либерал-демократската партија на Македонија“, станува и еден од нејзините потпретседатели. На штипскиот општински огранок до душа, ама функција си е функција. Особено политичката кај нас - пари вреди... Како што се покажа сиве овие години од осамостојувањето!
Но, со идејата за возобновување на „Бекстејџ“ и негово враќање во македонскиот ТВ етер, Миро „Де Ниро“ Кацаров, не му одолеа на предизвикот - повторно да биде ТВ водител... Ама не се откажа и од политката... Што си е сигурно - си е сигурно!
Па така, денес Миро е како Бетмен. Дење едно - ноќе друго! Кацаров е две, а можеби наскоро и три во едно: дење локален политичар, ноќе национален ТВ водител, а наскоро... Наскоро можеби и владин министер!?
А тоа што жолтата му е омилена боја...? Нееее... не е само заради партиските бои.
„Сваки муто носи жуто, овој пат јас“ - напишал на една од фотографиите во жолто, водителот. Ама како тргнал да гради кариера, Миро „Де Ниро“ Кацаров, по се ' изгледа, воопшто не е „муто у жуто“!
 ]]>