лажна вест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 Jan 2024 08:26:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лажна вест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов го умреа: Лажната вест на социјалните мрежи ја распамети и наежи македонската јавност иако беше само обична глупост (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-go-umrea-lazhnata-vest-na-sotsijalnite-mrezhi-ja-raspameti-i-naezhi-makedonskata-javnost-iako-beshe-samo-obichna-glupost-foto/ Mon, 29 Jan 2024 08:25:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336512

Социјалните мрежи дефинитивно станаа „поле за натпревар кој поголема глупост ќе објави“.  Врие од  она што се нарекува: „Она од што паметниот се срами  - будалата со  гордост се фали“, па сме преплавени со тоа кој кај бил, што правел, што јадел, што пиел... Од самобендисани нарциси и „напумпани“ невести до лажни вести...! Меѓудругото и по некоја шокантна,  како онаа најновата, која  викендов на социјалните мрежи ја распамети и наежи македонската јавност иако беше само обична глупост! Човек да не знае дали да плаче или да се смее, дали е не дај Боже, веста навистина трагична или само трагикомична... За среќа, излезе дека е лажна и смешна, налик на „Викенд на мртовци“, комедијата во која една од улогите играше и главниот протагонист во оваа ситуација во која и самиот овој викенд се најде. Имено, Игор Џамбазов на социјалните мрежи викендов го умреа! „Фејк“ веста ја објавил некој недоветен или поточно „недоквакан“ кој се задскрива зад псевдоним или лажен профил - сеедно, ама затоа никако не е сеедно она што го пласираше, обзнанувајќи проштален статус покрај фотографијата на Игор Џамбазов со зборовите: „Почивај во мир легендо“! Освен што за миг ја распамети јавноста, па некои го протолкуваа како злобна намера, други сепак рекоа дека објавувачот „ги измешал лончињата“, со тоа што наместо фотографијата на покојниот маестро Александар Џамбазов кој почина деновиве пред две години, по грешка „плеснал“ слика на син му Игор! Како и да е, на ова веднаш се огласи македонскиот шоумен со свој одговор со кој ги демантираше и отстрани сите сомнежи дека се случило најстрашното, па на „објавувачот“ му возврати со следниве зборови: „Ќе почекаш малку пријателе. Само што изедов два чизкејка. Тешко дека бргу ќе се умира“ – му порача Џамбаз на „лажниот гробар“, а потоа покрај објавата сподели и свој статус: „Македонијо моја. Што се' немаш ти родено. Понекогаш ми е многу жал за тебе... Жив сум дечки, по обичај. Кога ќе бидам за умирачка, на стори ќе ставам. Без гајле. Систер, @tanjadzambazova полека сфаќам зошто си замина од тука...“ - стои во објавата на Џамбазов.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

На оваа „лажна умирачка“ реагираа многумина,меѓу кои и мноштвио познати личности кои го прокоментираа овој „идиотски чин“  со кој некој сакал „да си поигра“ или „толку му сечел умот“, па со објавата на глупоста ја распамети јавноста. „Игор воскресна“ - напиша јутјуберот и подкастер, Стефан Лазаров. „Аман бре, нозе ми се пресекоа“ - објави пејачката Андријана Јаневска. „Леле, дали се нормални, бре?“ - јавно праша колешката на Игор, Весна Бејби Петрушевска. „Да си ни жив и здрав“ - му порача Елена Петреска која сега живее надвор од Македонија, на релација Белгија - Франција. „Цццццц...“ - загрижено  споделила Тамара Тодевска. „Мене пред три години ме умреа. Секоја година сам помен си вадам“ - го тешеше „лажно покојниот“ шоумен, Пеце 0д „Суперхикс“.... Фото: Instagram/igordzambazov
   ]]>

Јована Јеремиќ жива ја прогласија за мртва: Се огласи водителката, еве што порача (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/jovana-jeremikj-ziva-ja-proglasija-za-mrtva-se-oglasi-voditelkata-eve-shto-poracha-video/ Thu, 03 Feb 2022 11:19:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237464

На социјалните мрежи често знаат да се појават лажни вести кои може да ја потресат јавноста, а таква е и веста дека починала водителката Јована Јеремиќ. „Прекин на програмата. Почина, само што ни јавија ужасни вести“, е наслов на снимката која кружи на Интернет, а главен актер е Јована Јеремиќ. Овој лажен наслов ја потресе водителката која се огласи и истакна дека лажно ја прогласиле за мртва. -Жално со што се занимаваат луѓето за да ја зголемат читаноста на сајтот, гледаноста на Јутуб. Јас сфаќам дека го зголемувам тиражот, дека сум „златна кокошка“ за гледаност и споделување, но да си играте со нечиј живот е ужасно. Единствено е во ред што можеш да видиш како е кога ќе те проглесат за мртва и како изгледа кога лажно ќе починеш. Порака за сите оние кои ова ми го прават: јас сум ноќен кошмар кој нема да ве заобиколи. Уште 40 години ќе уживате со мене. А и не сакам да ги оставам работите на половина, мојот живот допрва почнува. Треба да родам уште деца и да се омажам. И да останам кралица на споделувања во регионот“ - им порача Јеремиќ. фото: Инстаграм/јована јеремиќ/приватна архива]]>

На социјалните мрежи осамна шокантно видео: Исчезнатиот Матеј во ор*ии со две девојки, снимка која, која една бивша ријалити ѕвезда бргу ја демантираше!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-socijalnite-mrezi-osamna-shokantno-video-ischeznatiot-matej-vo-or-ii-so-dve-devojki-snimka-koja-koja-edna-bivsha-rijaliti-dzvezda-brgu-ja-demantirashe-foto/ Mon, 10 Jan 2022 11:34:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234172

На социјалните мрежи се појави шокантна снимка од млад човек кој потсетува на Матеј Периш, момчето кое исчезна на новогодишната ноќ во Белград и оттогаш се води интензивна потрага по него. На видеото кое кружи на Твитер се гледа млад човек кој оргија со две непознати девојки, а видеото стигна и до српската полиција со оглед на тврдењата дека на неа се наоѓа исчезнато момче од Хрватска. Сепак и покрај сличностите, на видеото не е Периш, туку Раде Лазиќ, поранешен учесник во некои од реалните шоуа. Тоа го потврди и во куса изјава за еден од српските портали. „Јас сум на снимката. Тоа видео е направено многу оддамна. Не сум во Србија, но шокиран сум што видеото излезе во јавноста. Знам и кој го поставил на Твитер, но не ми е јасно како ме поврзаа со исчезнувањето на Матеј Периш. Му се извинувам на семејството Периш ако дополнително ги потресе оваа вест. Се друго ќе решам на суд“ - изјави Лазиќ. Фото: Инстаграм принтскрин/rade_lazic_king/ Sonja Spasić - screenshot]]>

Осамна вест дека починал, а Љуба Аличиќ се јави здрав и жив… и малку повеќе лут: „Тоа се лажни вести кои ги шират злобни луѓе“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/osamna-vest-deka-pochinal-a-ljuba-alichikj-se-javi-zdrav-i-ziv-i-malku-povekje-lut-toa-se-lazni-vesti-koi-gi-shirat-zlobni-lugje-foto/ Tue, 20 Apr 2021 09:49:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199722

Во текот на вчерашниот ден, понеделник, 19 април 2021 во попладневните часови осамна тажна, но за среќа се испостави - лажна вест, дека српскиот фолк пејач Љуба Аличиќ починал. Љуба непосредно по појавата на ваквите „фејк информации“ веднаш се јави и ги демантираше и додаде дека верува дека ваквите „бизарни и морбидни дезинформации“ за него ги шират љубоморните и злобните луѓе. Пејачот потоа додаде дека е вакциниран, што докажува дека се грижи за своето здравје: „Лажат, секако ... Фала му на Бога, еве ме жив и здрав и сè е во ред со мене. Ги примив и двете дози на кинеската вакцина. Она што го зборуваат,  го зборуваат завидливи и лоши злобници“ - ја демантираше лажната вест за наговата смрт, фолкерот.]]>

Уште една шокантна вест се проширил на Интернет дека починал Митар Мириќ: Фолк легендата е жив и здрав, се огласи дека не му може никој ништо, посилен е и од судбина (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-edna-shokantna-vest-se-proshiril-na-internet-deka-pochinal-mitar-mirikj-folk-legendata-e-ziv-i-zdrav-se-oglasi-deka-ne-mu-moze-nikoj-nishto-posilen-e-i-od-sudbina-foto/ Thu, 10 Dec 2020 12:44:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180203

Митар Мириќ, легендарниот српски фолк пејач кој го испеа големиот хит „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“  е уште една во низата јавни личности за кои некои корисници на социјалните мрежи објавија дека починала. Имено, една анонимна личност ја напишала оваа лажна вест, која брзо се прошири на Интернет. „Црните денови не завршуваат оваа година. Уште една  легенда нè напушти, овој пат можеби најголемата по Шабан. Колегите се збогуваат со солзи, а нашиот Митар замина“ - беше напишано во лажен пост на Фејсбук. Пејачот видно потресен од ова, веднаш решил да ја побара правдата на суд. „Со што се служат луѓето... страшно! Митар е жив и здрав. Ова се лажни вести! Сега ќе си поиграме малку на суд со оние што објавуваат лажни вести. Никој не ни може ништо...“  - беше одговорот на ПР тимот на Мириќ на неговата официјална страница на Фејсбук. Веднаш потоа се огласи и менаџерот на пејачот Амер Хоџиќ, кој потврди дека сè е во ред и дека Митар е сосема добро. Аца Лукас еднаш се соочи со слични проблеми, кога некои медиуми објавија дека тој починал, а во случајот на покојниот Шабан Шаулиќ, тоа се случуваше неколку пати, но за жал последната објава беше вистинита.]]>

Починал Милиќ Вукашиновиќ? Не, ама на Интернет жив го погребаа! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochinal-milikj-vukashinovikj-ne-ama-na-internet-ziv-go-pogrebaa-foto/ Wed, 16 Oct 2019 08:33:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112833

Во понеделникот вечерта на социјалните мрежи осамна веста дека легендарниот рокер Милиќ Вукашиновиќ ненадејно починал! Но, за среќа, тоа брзо се покажало како неточно. Неговата сопруга Сузана Вукашиновиќ била шокирана кога ја контактирале на телефон некои од српските медиуми, и не знаела што да одговори затечена и фатена на преоад  од оваа дезинформација. „Тој не е умрен, еве го тука,  седи до мене“, рекла таа, а подоцна новинарите разговарале и со Милиќ, кој објаснил дека се работи за некој друг човек со исто име и презиме како неговото, кое емногу ретко и дека тоа предизвикало забуна. „Еве ме, јас мртов работам на новиот албум“ (се изнасмеал Милиќ на црниот хумор). Знам дека има човек со исто име и презиме како мене, па додека уште беше жив не можев да верувам дека е вистина (се смее). Умрел ли? Жал мие! Ете, сега е само јас суми Милиќ Вукашиновиќ на овој свет. Ви кажувам, добро сум, работам на албумот со мојот бенд „Ватрени пољубац“ - рекол Вукашиновиќ. Инаку пред нешто повеќе од една година, кон крајот на јули 2018-та,  Милиќ Вукашиновиќ ја загуби својата ќерка Маја Авдибеговиќ, која  изврши самоубиство во сараевската населба Језеро. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/izvrshila-samoubistvo-kjerkata-na-milikj-vukashinovikj-pronajdena-mrtva/]]>

Загина Жељко Бебек е веста која го шокираше регионот… За среќа, информацијата е лажна! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zagina-zeljko-bebek-e-vesta-koja-go-shokirashe-regionot-za-srekja-informacijata-e-lazna-foto/ Thu, 02 Nov 2017 14:12:27 +0000 http://vistina.mk/?p=2462

На Фејсбук одненадеж се прошири веста дека легендарниот музичар и некогашен пејач на „Бијело Дугме“, Жељко Бебек, загинал во сообраќајна несреќа на автопатот во близина на Хамбург. За среќа, набргу се покажа дека ова е само уште една лажна вест, која по кој знае кој пат „погреба“  уште еден познат и популарен естраден уметник.
Веста за загинувањето на Бебек  го шокираше регионот, па набргу самиот пејач се појави и ги негираше овие гнасни лаги: „Прочитав и јас дека сум мртов, но за среќа тука сум жив и здрав. Во саботата имав феноменален концерт во близината на Чаковец и не ми фали ниту влакно на главата. Јас и мојот тим се обидуваме да го исконтактираме медиумот кој објави  ова, за да не продолжи да ја дезинформира јавноста. Но сега за сега немаме успех, бидејќи тоа е некој непознат или лажен портал и едноставно не може да се дојде до нив. Јас не знам од каде таа информација, ниту пак на кого воопшто му  одат ваквите вести во полза“ - изјавил Бебек и истакнал дека по ширењето на  лажните гласини стотици луѓе  се јавувале да проверат дали е жив, бидејќи тие  не можешле да веруваат во она  што го прочитале или слушнале.
Инаку на порталот пишувало дека „инцидентот се случил кога пејачот заспал на воланот, по што дошло до верижен судир во кој покрај Бебек, загинал и неговиот менаџер“. Ова не е првпат да се измислат лажни приказни за смртта на познати уметници од естрадата. Пред Жељко Бебек на таа, нималку пријатна листа исто така се најдоа и Аца Лукас, Драган Стојковиќ Босанац, Шабан Шаулиќ...]]>