лажна реклама – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Sep 2023 09:30:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лажна реклама – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Каролина Гочева се најде во непријатна ситуација: „Го злоупотребуваат мојот лик“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/karolina-gocheva-se-najde-vo-neprijatna-situatsija-go-zloupotrebuvaat-mojot-lik-foto/ Wed, 13 Sep 2023 09:00:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317732

Македонската пејачка Каролина Гочева последните денови од летото ги искористи во убавиот Охрид, каде прошета по препознатливото охридско шеталиште, но и до прекрасната црква „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник која се протега во стариот дел од градот. Но, сега пејачката  откри дека доживеала непријатност каква што не очекувала дека ќе ја снајде. Имено, таа обелодени дека нејзиниот лик е злоупотребен со користење на лична фотографија за лажна реклама која кружи на Инстаграм. Каролина се пожали на тоа што го видела на една од социјалните мрежи, бидејќи иако неколку пати пријавила, рекламата повторно се појавува преку различни профили. Токму поради тоа, за побрзо да се интервенира, таа ја објави рекламата на која е злоупотребен нејзиниот лик и на нејзиниот личен Инстаграм профил, а со обележани букви им посочи на своите следбеници дека таа не стои позади ова. „Дечки веќе некое време кружи оваа лажна реклама. Повеќе пати се обидовме да ја пријавиме, но повторно се појавува од различни профили. Важно, да знаете дека е лажна реклама која го користи и злоупотребува мојот лик  и доколку не ви е тешко, ве молам кликнете репорт кога ќе се појави“. Каролина е јавна личност, па и таа како и многумина од познатите неретко знаат да бидат злоупотребени на ваков начин, а за нивните реакции сведочиме се почесто. Токму поради тоа треба да внимаваме и проверуваме што е вистина, а што лага?! Фото: Принтскрин/Инстгарам/Каролина Гочева

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонската пејачка Каролина Гочева последните денови од летото ги искористи во убавиот Охрид, каде прошета по препознатливото охридско шеталиште, но и до прекрасната црква „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник која се протега во стариот дел од градот. Но, сега пејачката  откри дека доживеала непријатност каква што не очекувала дека ќе ја снајде. Имено, таа обелодени дека нејзиниот лик е злоупотребен со користење на лична фотографија за лажна реклама која кружи на Инстаграм. Каролина се пожали на тоа што го видела на една од социјалните мрежи, бидејќи иако неколку пати пријавила, рекламата повторно се појавува преку различни профили. Токму поради тоа, за побрзо да се интервенира, таа ја објави рекламата на која е злоупотребен нејзиниот лик и на нејзиниот личен Инстаграм профил, а со обележани букви им посочи на своите следбеници дека таа не стои позади ова. „Дечки веќе некое време кружи оваа лажна реклама. Повеќе пати се обидовме да ја пријавиме, но повторно се појавува од различни профили. Важно, да знаете дека е лажна реклама која го користи и злоупотребува мојот лик  и доколку не ви е тешко, ве молам кликнете репорт кога ќе се појави“. Каролина е јавна личност, па и таа како и многумина од познатите неретко знаат да бидат злоупотребени на ваков начин, а за нивните реакции сведочиме се почесто. Токму поради тоа треба да внимаваме и проверуваме што е вистина, а што лага?! Фото: Принтскрин/Инстгарам/Каролина Гочева]]>