лазаров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 08:44:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лазаров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мими Марковски и „ортаците“ на гости кај Снеже Велков: Јутјуберот и „битолската екипа“ уште на пат кон Скопје со специјална песна во Југото „ја подбраа конкуренцијата“… од Спенџарска до Лазаров! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mimi-markovski-i-ortatsite-na-gosti-kaj-snezhe-velkov-jutjuberot-i-bitolskata-ekipa-ushte-na-pat-kon-skopje-so-spetsijalna-pesna-vo-jugoto-ja-podbraa-konkurentsijata-od-spendharska-do-lazarov-vide/ Mon, 11 Mar 2024 08:37:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341801

Она што е Стефан Лазаров за Скопје, тоа е Мими Марковски за Битола. Композитор, музички продуцент и јутјубер. Обајцата популарни македонски јутјубери. Овој вториов можеби се’ уште не толку познат како првиот, ама затоа е на добар пат да го стигне… или престигне!? Вообичаено, кариерата, приватноста, онаа на гостинот и на некои од познатите личности – нивни сограѓани и пошироко и релациите и оносите на гостинот со нив се тема на „шоферските муабети“ на Мими. Најчести гости и во Југото, а  и надвор од него, разбирливо му се познатите битолчани или оние кои не се родени, но живеат во Битола… Или пак познатите кои се дојдени по работа и некој друг повод на гости во градот под Пелистер. Токму тој и неговата битолска екипа добија покана да дојдат на гости во ТВ шоуто „Нешто конкретно“ кај водителката Снеже Велков, што со задоволство ја прифатија. Од Битола за Скопје како поинаку, ако не со Југото, во кое Мими „го вози“ сопственото „драјв шоу“ во кое му доаѓаат познати ликови. Драјв затоа што Мими ги вози во неговото ЈУГО, испрашувајќи ги седнати на совозачкото седиште како на сослушување. Овој пат друштво му правеше битолската екипа, па за да биде патот полесно поднослив, позабавен, а и она што го смислија  и добра најава за емисијата, јутјуберот и екипата ја „пеработија“ познатата песна „Ако одам во Битола“ на композиторот Петар Георгиев - Калица, ама овој пат по свој терк. Всушност, во нивната „Југо драјв - акапела“ изведба се сменети само зборовите во текстот кој е комплетно посветен на нивната домаќинка, ТВ водителката Снеже Велков! Патем, текстот симпатичен полн со комплименти за водителката, ама не и за „конкуренцијата“, ако така може да се наречат споменатите имиња во „верзијата“ на Мими и битолската екипа, во која  уште на пат кон Скопје  во Југото „ги подбраа“ Спенџарска и Лазаров! Веројатно морало некого, оти таква била замислата, да се направи „компаративна размена“, како што се пее во оригиналот. Па битолската чаршија е заменета со скопскиот хотел каде што се снима шоуто „Нешто конкретно“, Битола  со водителката, а Солун и Стамбол со Спенџарска и Лазаров! Колку да е позабавно, поскокотливо и повозбудливо! На Снеже Велков комплиментите секако и годеа, па така Мими и Маркоски битолската екипа ја пречека... со трчаница во студио! Е, сега што на тоа ќе речат споменатите во стиховите од новата верзија на песната... е сосема друга работа!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Конечно, конкуренцијата е здрава работа, ако споменатите ги сметаме едни за други за такви, а и она што распенаите битолчани го смислиле иако е можеби малку „зајадливо“,  многу повеќе е симпатично отколку навредливо и никако злонамерно! Како звучи нивната „Југо драјв акапела верзија“ насловена: „Ако одам кај Снежето“, проследете од видеото:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Mimi Markovski (@mimi4u16)

Фото: Инстаграм/mimi4u16/velkovsneze]]>

Водителот Миро Кацаров се исповеда кај Лазаров за најтешкиот период: „Трипати завршив во болница, помислував и на самоубиство!“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelot-miro-katsarov-se-ispoveda-kaj-lazarov-za-najteshkiot-period-tripati-zavrshiv-vo-bolnitsa-pomisluvav-i-na-samoubistvo-video/ Tue, 05 Mar 2024 10:12:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341076

Ако во ТВ емисии и во пишани интервјуа, многу ретко можете да сретнете исповед на познатите во однос на нивната приватност, кога поткастите се во прашање, се случува сосема спротивното. Па така, како да стана во мода јавните личности да се исповедаат како во црква на поткаст, а овој пат дознаваме каков проблем го мачел водителот Миро Кацаров кој се исповедаше кај Стефан Лазаров.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Miro Kacarov (@miroslavkacarov)

Миро без заддршка кажа дека во 2018 година додека работел во Дубаи и печалел за подобар живот, се соочил со анксиозност и панични напади за кои вели дека биле како ѓавол кој влегол во него, па не го гледал спасот освен да си се врати во родниот Штип каде си го нашол чарето, а денес зборува како победник кој излегол од ваквата психолошка состојба.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)

– Се разболев од анксиозност. Јас бев болен од анксиозност и панични напади. Затоа се вратив, вели Кацаров, а на прашањето од што била предизвикана ваквата состојба, тој додава: – Од ноќна смена, немав сонце, немав Витамин Д и ми се промени биоритамот. Работев 5-6 месеци само трета смена, од 12 ноќеска до 10. И почнав веќе со депресивни мисли, не можев дома да спијам и почнав да се мачам. Почнаа веќе големи панични напади. Тие панични напади не ги чувствував, само чувствував дека ми се ближи смртта, ми се потат рацете, нозете ми се блокираат. Јас завршив 3 пати во болница, многу тежок период ми се деси пред да заминам од Дубаи. Толку јако мава, што дури некогаш те тера и на самоубиство. Две недели јас не излегов, се плашев од сите луѓе, од секој звук се плашев, од секоја храна се плашев. Многу чудно, многу тешка анксиозност, вели Кацаров. Инаку, за спроблемот со анксиозноста досега јавно проговорија и водителката Милена Антовска Станковска, Панчо Шорти (ДНК), Миа Костова, Адријана Ацеска, како и повеќе ѕвезди од регионот. фото:instagram printscreen/ lazarovpodcast]]>

Весна Бејби во поткастот кај Лазаров откри детали за ќерката Мина која беше жртва на педофил (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-vo-potkastot-kaj-lazarov-otkri-detali-za-kerkata-mina-koja-beshe-zhrtva-na-pedofil-video/ Wed, 21 Feb 2024 06:29:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339506

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска беше гостин во најновиот поткаст кај Стефан Лазарав, каде  меѓу опуштениот муабет   откри и нови  детали околу ќерката Мина која во 2016 година беше жртва на педофилија. Актерката зборуваше за тој настан од аспект како таа реагирала на сето тоа но и за храброста на Мина да ја каже вистината. „Мина многу сакаше да вози точак и возела, но саат ипол ја снемало. Тука се работеше само за допири, тоа било во гаража. Ѝ рекол само „утре пак ќе те барам“ и се претставил како Сашо, иако тоа не му беше името. Јас одма провалив сè. Ѝ дал 500 денари за да ќути“, кажа Весна во поткастот кај Лазаров.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)

Мина тогаш имала само 11 години и полна од тој страв што го насобрала, веднаш кажала на брат ѝ затоа што седел тука. „Кирил ми се јави, отидов да ја земам, тоа беше во Капиштец, и само ја седнав во кола и ја гледав дека цела беше лом направена. И викам „океј, сега ќе одиме во полиција. Јас точно знаев дека ѝ се случило тоа“. Потоа Мина на полицијата и раскажала сѐ а за тоа Бејби вели дека тоа е најголемото херојство што го направила Мина. Раскажа и за ситуацијата кога  Бејби го видела тој човек во судницата и изгубила секаква контрола, бидејќи тоа е посилно од неа. „Мене ме држат двајца полицајци, јас ќе го задавев. Ти немаш тука контрола“, изјави таа. На крај сторителот добил 12 години казна затвор за овој немил настан, а пред неколку месеци од неговиот адвокат дознала дека починал. Разговорот за  Мина можете да го слушнете од видеото на 2:07:10 Фото: printskrin/vesnapetrushevska]]>

Марија Луиса Тодоровска призна дека нема момче, ама затоа има добра замена за слатки задоволства… И си го вика Тоше! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-prizna-deka-nema-momche-ama-zatoa-ima-dobra-zamena-za-slatki-zadovolstva-i-si-go-vika-toshe-foto-video/ Mon, 18 Sep 2023 09:42:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318390

Македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска по сите обврски најде време да биде гостинка во најгледаниот подкаст в моментов,  во шоуто кај водителот Стефан Лазаров и неговиот „асистент“, Зоки - Фаци! Разбирливо, од плејадата скокотливи прашања на кои „без влакна на јазикот“ им одговараша Марија, следуваше и едно од оние, дали некогаш одглумила „лажен оргазам“, на што пејачката „како од пушка“ кажа - „одговорот е ДА“! Но, она што ги интересираше и домаќините и гледачите е дали Марија на толку провокативен изглед и толку многу контакти со различни луѓе заради природата на професијата пејачка, има момче? Фолкерката им одговори дека нема сериозна врска и во моментов нема момче, ама затоа има достојна замена... Зоки - Фаци потенцираше за што се работи, а Марија потврди. Секс играчката која ја поседува и е добра замена за слатки задоволства, што кога е во прашање Марија Луиса, можеби и никого не изненадува. Ама затоа сите „паднаа од смеа“ кога слушнаа како „интимниот пријател“ за „прва помош“, пејачката си го крстила.  Верувале или не, нејзината секс играчка се вика Тоше! Можеби токму затоа што може да и се најде во секоја прилика, и да и заврши работа зад секое ќоше?!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)

Како и да е Марија Луиса призна во најгледаниот подкаст дека никако не е „осмена“ кога ќе посака да сподели страст! Не мора ни да повика или побара помош од пријател, зашто секогаш тука при рака и е нејзиниот „интимен помагател“! Арно ама, Зоки - Фаци наредниот ден отиде чекор подалеку... Тој на своите Инстаграм приказни покажа како изгледа Тоше на Марија Луиса, како и неговото пакување... До душа, ни Фаци ни Марија практично не го демонстрираа упатсвото за ракување! Фото: Инстаграм/zokifaci  ]]>

Лазаров откри чие презиме ќе носи неговата идна сопруга: Марта јавно призна како ќе се презива, ама дали доброволно или „под принуда“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lazarov-otkri-chie-prezime-ke-nosi-negovata-idna-sopruga-marta-javno-prizna-kako-ke-se-preziva-ama-dali-dobrovolno-ili-pod-prinuda-foto/ Wed, 28 Jun 2023 07:48:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307959

Дека на Стефан Лазаров и неговата свршеница Марта им се бројат на прсти деновите кога ќе го кажат судбоносното ДА и сето  тоа ќе се прослави со голема свадбена веселба  - сите знаат! Но, оноа на што во еден од нашите написи и ние потсетивме, а на Лазаров како да се чинеше дека до крај не му е јасно, е фактот што познатиот јутубер ситно брои до свадбата, ама затоа беше во крупни прашалници, зашто се’ уште не знаеше, дали Марта ќе го земе неговот презиме? Не барем до вчера, вторник, 28-ми јуни 2023-та... Или барем тоа само така изгледаше, па за да ги отстрани сите дилеми, недоумици и шпекулации, Лазаров решил да ја земе работат во свои раце. Јавно прозван, реши јавно и да ја натера својата идна сопруга, јавно и да каже , односно произнесе, чие презиме ќе носи по венчавката? Споделувајќи го написот од Вистина.ком.мк,  јутјуберот јавно ја прозва својата свршеница да се изјасни во една реченица порачувајќи и: „Марта, ајде да одговориш јавно“ - па сето тоа го сподели на своите Инстаграм приказни! Со тоа што во продолжение најдолу со ситни букви како во оние договоритте за кредит во банка или за мобилна телефонија, што никој не ги чита додека не ги потпише, а, „после потпишуење нема каење“, стои она што идната невеста го признала: „Лазарова мислам дека подобро стои“!  По своја желба или туѓа волја - разоткрија пријателите. Имено, на статусот на јутјуберот меѓу првите налетал неговиот пријател Мандар со кого по кратката пауза заради „извесни недоразбирања и усогласување на ставовите“ сега „одново се шајка“, па решил идниот младоженец „да го извади од гаќи“. Така, шеговитиот пријател го споделил споменатиот статус на кој додал: „Вонредни вести! Лазаров ја натерал Марта ( _qmarr_ ) да си го смени презимето. Да се активираат сите невладини и Хелсиншкиот комитет под итно... И по телевизии вднаш другар!“ - асоцирајќи на тоа дека Лазаров извршил „предбрачно насилство“ врз својата идна брачна сопатничка. Се разбира терајќи шега со својот пријател или што би рекле по скопски: Решил на Лазаров јавно да му „удри дупачка“! Но, итриот јутјубер не само што не се лути на шегите, туку имал доблест и на шегата да направи дополнителна шега на своја сметка, па сето тоа јавно го објавил на своите Инстаграм приказни и уште додал: „Среќа не е името“! На Македонија „на сила“ и го сменија името, ама затоа на Лазаров  доброволно ќе му се „мултиплицира“ презимето, откако неговата идна животна сопатничка Марта јавно го израдува, дека по венчавката сепак ќе се презива... Лазарова! Фото: Инстаграм принтскрин/_lazarovv  ]]>

Лазаров му порача на Марјан – Доказ дека правдата на крајот секогаш доаѓа: “Гледај да не спиеш сега ти со мажи во затвор за спас, славен веќе си“ https://arhiva.vistina.com.mk/lazarov-mu-poracha-na-marjan-dokaz-deka-pravdata-na-krajot-sekogash-doaga-gledaj-da-ne-spiesh-sega-ti-so-mazhi-vo-zatvor-za-spas-slaven-veke-si/ Wed, 05 Apr 2023 10:27:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296660

На таканаречениот новинар на самопрогласениот медиум „ДоказМ“,  Марјан Стаменковски,  првостепениот суд експресно му пресуди за сите „гнасотии“ што јавно ги објавуваше, меѓудругото и за познатите личности, крадејќи цели авторски текстови од останатите релевантни портали меѓу кои и Вистина.ком.мк, на кои им лепеше вулгарни „порно“ наслови и додаваше измислени компромитирачки содржини... Колку за пример: Ова е оригиналниот текст и наслов на еден од нашите написи... Додека ова се пиратираните копии на „Доказ М“, украдени истиот ден, со сопствено додадени гнасотии, најчесто само во насловот, но понекогаш и во содржината. Изрекувајќи му казна од три години и еден месец затвор на Стаменковски, тој меѓу останатото е осуден за уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и злоупотреба на лични податоци. За злоупотребата на личните податоци доби казна и од 5 илјади евра. Судот му забрани да регистрира домеин или да биде сопственик на портал следните 10 години, а и порталот Доказ ќе престане да постои бидејќи Стаменковски е негов сопственик. По казната, колку тоа сурово и да звучи, на многумина „им олесни на душата“ зашто познати естрадни личности, пејачки, манекенки, мисици, модели, новинар(к)и, ТВ лица... „немаа дерман“ од измислиците на „великиот новинар“ кои го уриваа нивниот углед и интегритет, ја валкаа нивната личност, нарушуваа приватноста, ги загрозуваа нивните семејни односи... Еден од многумината кој  „изгорел“ од насловите и написите  на споменатиот „креативец“, е и јутјуберот Стефан Лазаров, кој по објавувањето на пресудата, како едвај да дочека да му испорача пост на своите Инстаграм приказни со содржина која допрва осудениот ќе има време да ја анализира. Дали тоа кармата е кучка, па правдата можеби е спора, ама на крајот секогаш доаѓа, ДОКАЗ е епилогот на целата приказна во која кармата „докажаниот“ го стигна. Стефан Лазаров само го начекал моментот  да го потсети на старата поговорка: „Кој за меч се фатил, од мечот и завршил“, па на свој начин на „пријателот“ со судска пресуда  му порачал: „Еден од насловите за мене. А буквално за секој од јавните личности имаше напишано страшни гадости и лаги. Искрено, сметам дека 3 години се малку. А јас сум се смеел на вакви работи, ама знам дека има уништено фамилии со лажни информации. На крајот правдата секогаш доаѓа, дали на ваков или онаков начин. Поздрав пријателу, гледај да не спиеш у затвор ти со мажи сега за спас, славен веќе си“ - му порача во постот Лазаров на Марјан - Доказ. Фото: Принтскрин ДоказМ/ Вистина.ком.,мк/ _lazarovv  ]]>

Кај Лазаров нов скандал: Убавиците во „вербална војна“ – Кристина Димитри жестоко ја прозва Бојана Нушкова, манекенката јавно и возврати (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaj-lazarov-nov-skandal-ubavitsite-vo-verbalna-vojna-kristina-dimitri-zhestoko-ja-prozva-bojana-nushkova-manekenkata-javno-i-vozvrati-foto/ Wed, 22 Mar 2023 11:23:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294446

Во подкастот „Без лимит“ на Стефан Лазаров и Зоки Фаци одново се изроди нов скандал. Или поточно, „вербална војна“ на две македонски убавици и модели... Имено, по гостувањето на Кристина Димитриевска во споменатото интернет шоу, каде мисицата, модел и пејачка ја спомна по многу нешта освен по име македонската манекенка и модел Бојана Нушкова, наведувајќи одредени „сочни детали“ за нејзиното наводно, „подобро минато“ во занаетот со кој се занимава, на што со поедини ситници, прашања и констатации се надоврзаа и Лазаров и Фаци, дојде до отворена „вебална војна“ помеѓу двете убавици. Нушкова иако по име и презиме не беше спомената, очигледно се препознала во приказната, па решила јавно да и возврати на својат соперничка. И тоа со иста мерка, па дури и многу пожестоко, јавно на своите Инстагранм приказни. И тоа као што самата вели, за да не излезе дека сето тоа што го кажале за неа во емисијата е точно, доколку премолчи и не реагира! Бојана негирајќи ги сите кажани наводи, жестоко ја прозва Кристина дека токму таа е она, за што неа се обидела да претстави и дека до титулата Мис на изборите не се доаѓа туку така, само, со појава и убавина, туку мора нешто да дадеш за возврат... „Знаете веќе што“ - како што потенцира самата, оспорувајќи ги и моралните вредности, но и вкусот на пејачката, за која како што во еден дел од својот монолог вели, не доликувало од една страна да изигрува загрижена мајка, а од друга страна да пее за ситниш по кафулиња облечена како медицинска сестра со разголени гради и задница, тврекајќи и нишајќи колкови, спуштајќи се до подот на сцената. При тоа муабетот го илустрирала со видеоснимки од настапите на Кристина. Инстаграм монологот на Бојана трае поприлично, во кој  таа раскажува уште еден куп работи во своја одбрана и уште дузина „епитети“ на сметка на Кристина Димитри. Мисицата, модел и пејачка пак, откако го видела јавното обраќање на „нејзина сметка“ на манекенката , побрзала ургентно да го возврати ударот... По брза постака, со истата метода, на познатата адреса... Инстаграм приказните. Но, овој пат  дополнително со нови „аргументи“. Од тоа како дотичната го бркала нејзиниот бивш (Кајмаковски) по Белград, до снимањето спотови за 20 евра по Косово, па се' до сомнителната заработка по Турција... И сето тоа дополнето со „предупредување“ што може да ја снајде Нушкова, ако продолжи со приказните за Кристина, зашто следното нејзино обраќање до Бојана ќе било преку друг, а патем  експлицитните докази за неа наводно ги има „в џеп“... Или во мобилниот, сеедно! Со поента дека: „Приказните започнуваат и завршуваат кога ќе реши таа... Крај“! Но, тука не е крајот, зашто на „пријателските предупредувања“ на како што самата вели, добро воспитаната Кристина, Нушкова  возврати: „Немој да премолчиш... Те молам... Објави... Стори го тоа“! И засега толку од сканалот што започна во шоуто на Лазаров. Останува да почекаме за да видиме дали „војната на ѕвездите“ ќе има и „трето полувреме“, а „бомбардирањата со сочни епитети“ помеѓу двете убавици - Кристина Димитри и Бојана Нушкова тука и ќе заврши? Или „пороците на убавината“ се... „Без лимит“? Фото: Инстаграм принтскрин/boyananushkova/kristina.dimitry]]>

„Ќе умрам„ – Тара Симов има проблеми во бременоста, па јавно побара совет од следбениците (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ke-umram-tara-simov-ima-problemi-vo-bremenosta-pa-javno-pobara-sovet-od-sledbenitsite-foto/ Mon, 13 Mar 2023 13:04:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293109

Поранешната учесничка на „Задруга“ Тара Симов е во блажена состојба, а наскоро ќе стане мајка на девојче.Таа не ја крие среќата за бременоста, а убавата вест неодамна ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи. Недолго потоа Тара и нејзиниот партнер дознале дека носи девојче, а радоста ја прославиле со своите пријатели. Сепак, она што ги загрижи сите е најновата приказна на Тара на Инстаграм каде таа откри дека во бременоста се справувала со голем проблем. Имено, старлетата со македонско потекло има камења во бубрезите, па ја искористила приликата да ги праша своите следбеници за совет и искуства. „Камен и песок во бубрегот за време на бременост, искуства? Ќе умрам“ - напиша Тара Симов. Патем, деновиве престојуваше во Скопје, кде најпрвин беше гостинка во јутјуб подкастот на Стефан Лазаров, а потоа не пропушти да прошета до убавата Матка.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tara Simov (@tarasimov)

Фото: Инстаграм принтскрин/tarasimov]]>

Агнеса Органџиева (во) „Без лимит“: „Неверство… јас оправдувам се’… се’ е хемија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/agnesa-organdhieva-vo-bez-limit-neverstvo-jas-opravduvam-se-se-e-hemija-video/ Mon, 13 Mar 2023 09:45:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292923

Во последниот подкаст на јутјуберот Стефан Лазаров насловен „Без лимит“ гостинка беше познатата трендсетерка Агнеса Органџиева. Таа на македонската јавност и стана позната по разводот од нејзиниот поранешен сопруг, екс директорот на АЕК - Роберт Ордановски, а нивното разидување  буквално наликуваше на познатите латиноамерикански сапуница, или сега турските серии, со низа заплети и расплети, обвинувања, јавни препукување, објавувања интимни СМС пораки, вибер и месинџер преписки, изјави за медиумите... Едноставно имаше се' и се'што пред двојката конечно да се разиде - секој на своја страна. Aгнеса учествуваше во викенд изданието на подкастот на Стефан Лазаров, кој заедно со Зоки Фаци во навидум неврзан муабет ја бомбардираа со прашања од приватниот живот. Во опуштен амбиент со „даска мезе“, бело вино, цигари и нејзиното необично домашно милениче кое го пушти да шета по масата, змија од видот кралски питон. Русокосата  раскажувае многу работи, откривајќи сегменти за себе од нејзината непозната приватност, но и даваше свое мислење и коментари на разни животни ситуации и состојби. Бракот и брачниот живот, хемијата, љубовта, сексот, рецепт за долг и успешен брак, причините за развод, женско-машките односи воопшто... Но, Агнеса Органџиева меѓудругото не е само скандал дама, туку таа  важи за една од најпознатите инфлуенсерки на Инстаграм, каде нејзиниот профил има повеќе од 50.000 следбеници на оваа социјална мрежа. На професионален план таа е дипломиран правник, додека приватно во моментот е „жена без обврски“, но и мајка на две ќерки – поголемата Вивиен и помалата Тифани. Таа во интервјуто од речиси два и пол часа зборуваше за убавите, но и тешките моменти од нејзиниот приватен живот. Токму во нејзиното гостување во подкастот на Лазаров, Агнеса доби прашање што мисли за неверството, дали некогаш била изневерена и дали оправдува машко неверство, а нејзиниот одговор беше: „Јас оправдувам се'... Никој никому нема право да суди во животот, освен Господ. А дали би простила неверство... Зависи за што!? За се мора да има причина или од едната или од другата страна. Кога ќе ти кликне овде... Ма, се' е хемија, знаеш“! „Дали некогаш си била изневерена?“ гласеше прашањето на Лазаров, а Агнеса одговори: „Сум била, па зошто се разведов. Значи, дечки, сега вака ќе ви кажам. Најубавата и најпосакувана жена, Адријана Лима беше изневерена, така што... мажи“! Впрочем, ако не сте го гледале,  целото интервју во вид на неврзан „вински мезе муабет“ можете да го проследите ово видото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Лазаров со своевидна ода на вистината пред која и боговите молчат – „Амин“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lazarov-so-svoevidna-oda-na-vistinata-pred-koja-i-bogovite-molchat-amin-video/ Mon, 13 Mar 2023 07:25:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292989

Откако големата прашина која се крена по интервјуто на  Стефан Лазаров со новинарот Драган Павловиќ Латас  слегна, најпознатиот македонски јутјубер Лазаров повторно си ја продолжи својата Јутјуб подкаст приказна. Сепак, по сите негови изјави, излагања, коментари... евидентно е дека случката  „во Фиќото“ и тоа како оставила траги, а можеби и доживотна лузна на младиот македонски јутјубер, водител и пејач, кој колку и да успеал да ја преброди тешко дека ќе ја заборави. Ако не друго, како поука за многу нешта. Од тоа дека треба да си внимателен кога како јавна личност си во етерот, дека кога си познат и популарен сите сакаат  да бидат близу до тебе, да ти бидат „ортаци и најверни другари“, а кога ќе ти се случи да „киксираш или паднеш“, тогаш никаде никого нема, како и тоа дека од искуството се учиме, иако оние примери кои се темелат на личното искуство, се најболни. Но ако успееш да ја пребродиш белјата и болката, „она што нема да те уништи, те прави само уште посилен“! Токму своето искуство, сета своја душевна болка во голготата низ која мина, сета фрустрација, горчина и разочарување, Лазаров го преточил во инспирација за песна, чии стихови токму ја опишауваат неговата  ситуација во која неодамна се најде. Затоа неговата „Амин“ е своевидна ода на вистината пред која и боговите молчат... Или ако повеќе сакате, негов реквием до оние што спроведоа „хајка на човек што живее борба, кој станал мета на сите страни, но нема да допрат до чистиот образ...“ - како што се вели во дел од самите стихови на песната! Музички, битот „спакуван“ од Sero Produktion, музиката дело на Дени и Лазаров, додека миксот и мастерингот го изработил Дарко Јовановски. Тој и Лазаров го потпишуваат испотот кој апсолутно функционално ја визуелизира атмосферата во песната и соодветствува со нејзините стихови. Конечно Лазаров со новата песна и музички им пркоси на создадените проблеми и непријатни ситуации...   ... И уште повеќе на сите „душмани и сеирџии“ кои  штом малку се издигнеш над средината, едвај чекаат да те „закопаат“... „Амин“! (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>