лазар темелков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 02 Nov 2020 08:43:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лазар темелков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Венко Филипче на ТВ Сител конкретно не одговори на ниту едно прашање: Министер за молк и манипулации! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/venko-filipche-na-tv-sitel-konkretno-ne-odgovori-na-nitu-edno-prashanje-minister-za-molk-i-manipulacii/ Mon, 02 Nov 2020 08:31:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173972

Вчеравечер, 1-ви ноември 2020, министерот за здравство Венко Филипче беше гостин во централното издание на вестите на ТВ Сител. Ама така и се однесувше... Како да е гостин кој дошоол кај комшиката на кафе. И додека ни се случува најголемата катастрофа, коронавирусот секојдневно коси двоцифрен број човечки животи, бројот на зболени стана и четирицифрен, болниците се пребукирани, лекарите и здравствените работници уморни и исцрпени на измакот на силите, здравството на колена... ама Владата и нејзиниот ресорен министер „ни мачкаат очи“ дека се' е под контрола, дека се си тече по вообичаениот ред, никој не е вратен, никој не е одбиен... Само вие носете маски и држете дистанца... Ако можете и од самите себе. А, всушност тие се на дистанца и од народот и што е најстрашно, најмногу од здравиот разум. Протоколи, мерки, препораки, забрани... и пак ништо. Бројот  на позитивни секојдневно вртоглаво расте. Забранија музики, редуцираа работа на локали, затворија граници - џабе... Не ќе да било до тоа! Тогаш до што е министере? Што тоа е труло во вашите таканаречени протоколи? Маски и на капење и на спиење ставаме, ама очигледно не помагаат. Се отуѓивме едни од други, заборавивме да се однесуваме, социјално да општиме, да се гушкаме, радуваме... И пак ништо! Катаден се повеќе умираме. Во секој поглед! А власта и политичката и здравствената и понатаму експериментира по принципот: отвори-затвори! Во меѓувреме се повеќе тонеме. И здравствено и економски!
И кога ќе го прашете Филипче каде оди работава, зошто е вака, дали треба можеби поинаку, што не функционира, зарем не треба нешто да се промени... Одговорот е еден ист. Како расипана плоча, која постојано прескокнува и го повторува истото. Едната иста фраза: „Ситуацијата е под контрола“! А ниту е, ниту пак контролорите „се под контрола“.  Напротив, без компас, без визија, без агенда, без сопствен протокол кога, каде, како што, колку, до каде...?  Стихијно, од денес за утре, и така во круг! Затоа Венко Филипче на вчерашното интервју во вестите на ТВ Сител зборуваше половина час, а ништо не кажа. Не даде ниту еден конкретен одговор на дузина јасни и конкретни прашања. Или невешто го избегнуваше одговорот кој го нема или вешто вртеше како „киша око Крагујевца“ што би рекле северните соседи или се вртеше како „п*деж во гаќи“ - што рекол нашиот народ, едвај чекајќи што побргу да стане од жешкото столче. А новинарите не го прашаа како се лечи корона, туку му ги поставија елементарните прашање, оние што сите нас секојдневно не загрижуваат, секираат, оптоваруваат, плашат? Она што се слаби страни на системот кој не функционира, кој  чкрипи и е тотално зарѓан, кој се распаѓа по сите основи... А со него и нашето здравје, нечии животи, цели семејства... Систем кој го плаќаме од наши пари, а за возврат добиваме едно големо ништо! Па одново за свои „екстра пари“ трчаме да спасиме жива глава! И веќе на сите им станува јасно дека нешто е „труло и болно“ во системот и оние кои го водат. Јасно му е и на народот и на новинарите, на сите... И на оние кои во март и април на Филипче му аплаудираа по балкони и тераси и на оние кои  Филипче, Заев и системот ги сметаат за „опозициони“ новинари, платени да им прават опструкции и уриваат, но и на оние, таканаречените „режимски“ новинари, кои ги плаќаат да ги бранат... Ама што да бранат кога нешто ниту е за бранење, ниту може да се одбрани, бидејќи нивната одбрана значи сопствено самоубиство! И не само во професијата, зашто цената се плаќа со здравјето, со животот... Можеби најдобра илустрација се два поста споделени од новинари од „два различни табора“ на социјалната мрежа Фејсбук, кои станаа вирален хит. Првиот на новинарката на А1он.мк, Мери Јордановска. Петнаесеттина круцијални прашања од неа до министерот Филипче и само еден ступиден одговор од неговиот ПР.
Вториот на новинарот и водител на ТВ дневникот на ТВ АЛФА, колегата Лазар Темелков, кој целиот циркуз и неговите главни актери  драмски го опишал во својот споделен статус насловен: „Борецот против круната“:
„Се редеа аплаузи во првиот чин на трагикомедија, која како " зараза" се ширеше меѓу публиката. Пристојно одиграната улога на "главниот глумец" не остана ненаградена. Публиката "животно" заинтересирана да го види "среќниот крај" во борбата со "круната", немо го гледаше пелтечењето на "главниот актер", кое се засилуваше во секој следен чин, предизвикано од "експоненцијалниот" раст на нови и нови "статисти" на сцената. Престанаа овациите од "балконите" . Пристрасните критичари утредента излегоа со наслови во медиумите: "Публиката не знаеше да ги препознае импровизациите на актерот". Токму спротивното! Ликот од приказнава се' уште е на сцената. Трагикомедијата опстојува со однапред поделени билети на се помалубројните вљубеници во работата на изветвениот актер“. < Зарем после сето ова, не станува многу појасно зошто Венко Филипче седеше како нем... Зборуваше, а подобро да молчеше. Одговараше на прашањата, на кои во неговиот одговор, всушност нема одговор. Небаре е министер за молк и манипулации! Од шупливо во празно, сведувајќи ја целата приказна на „матичните лекари“ кои се претворени во „оператори на задравствен кол центар“, принудени да лечат преку телефон... Додека „линијата со реалноста“ и на министерот и комплетната власт, очигледно е во прекин... на неодредено. Прекин кој трае, додека трагикомедијата опстојува... За жал по цена на нашето здравје, нечии животи! https://www.youtube.com/watch?v=7KWJV1CaYKU&feature=youtu.be
]]>

Лазар Темелков на „државопогубните“ политички полтрончиња им ја плесна вистината в лице: „Доаѓа фајронт, со него и сметката, а секоја сметка се плаќа, макар напишана на партиски парагон“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lazar-temelkov-na-drzavopogubnite-politichki-poltronchinja-im-ja-plesna-vistinata-v-lice-doagja-fajront-so-nego-i-smetkata-a-sekoja-smetka-se-plakja-makar-napishana-na-partiski-paragon-foto/ Wed, 21 Oct 2020 06:35:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172331

Јавноста го памети како еден од најдобрите ТВ презентери на ТВ дневникот во Македонија на сите времиња... Уште со својата појава од времето на А1 телевизија,  потоа преку Канал 5, ТВ Алфа, Радио Слободна Македонија (РСМ) и сега одново ТВ Алфа… И не само како радио и ТВ спикер, туку и како новинар и уредник на вестите. Лазар Темелков или како што колегите го нарекуваат Лазе, не е од оние ТВ ликови кои сакаат да се експонираат надвор од работата и повеќе од потребното. Тивок, скромен, повлечен, навидум, безуст... Но, секогаш цврст, темелен, со свој став, свое јас, кое како по правило кореспондира со фактите, со вистината и реалноста, која неретко знае да им ја „плесне в лице“ на оние кои тоа го заслужуваат, колку таа и да била „болна“ за нивното его, поразителна за нивната личност, срамна за нивното име. А такви во денешно време - колку сакаш... Особено помеѓу политичарите, најмногу оние од власта и владеачката партија. Оние кои себе си се сметаат за „државотворци“, а всушност се срамни „уставокршачи“ и бесрамни „државоуништувачи“ на сите прмакедонски придобивки... Од „Илинден“ и „АСНОМ“, па преку „8-ми Септември“ се' до ден денешен... Растурикуќи  од „Рамковен“ до „Преспански“...! Токму ним, на вазалите на „новиот поредок“ и нивните слуги, на  државопогубните“ политички полтрончиња Лазе им ја плесна вистината в лице со брилијантен Фејсбук статус на својот профил на оваа социјална мрежа. Нешто како „колумна на својот личен медиум“, во која Темелков темелно го опишал карактерот на нивната личност, нивните цели, афинитети, желби, навики...
„Дно - дна“ нивото на денешните политичарчиња и лижачи со власта и нивното единствено „Свето тројство“  во кое тие веруваат и се крстат додека ја распродаваат Македонија... За гага фенси кафеана, ескорт фуфла и службен Ај Фон... Впрочем прочитајте го статусот на Темелков... Се чита во еден здив, а потоа долго се размислува. Време е да се сепнеме, кому овој народ му ја довери власта и даде државата в раце? Можеби  некој од нив и ќе се замисли? Ако воопшто има со што да мисли?! За сонувачите на „Светото тројство“ „За единственото Свето тројство во кое тие веруваат и се крстат ја продаваат Македонија. Гага фенси кафана, ескорт фуфла и службен Ај Фон. Тука се затвора нивното тројство. Се останато е добредојдено. Ја продаваат државата за службен автомобил, како врвен доказ пред некогашните соседи дека овој пат успеале во животот. Постепено ги проретчуваат викенд посетите во родниот крај, во обид да се убедат дека минатото било само лош сон. Изјава пред камера? Десетици пати ја враќаат и заедно ја анализираат со невестулчето кое штотуку се вратило од фЛизер во новиот град. Ја продаваат државата за пура на која ниту името не знаат да и го изговорат. За Сингл Малт кој не им клизи како жолтата која се уште кришум ја пијат дома. За Просеко или евентуално поскапо пенливо вино, кои не се како Смедеревката и газираната вода, но зошто да не, кога друг платил. За минливото самозалажување дека се важни и од нив нешто зависи. За благонаклониот поглед на шефот во кој тие читаат: " Ти си столбот на партијата." Свесни дека ништо од горе наведеново не би можеле да помирисаат, доколку не плакатареле во име на "државотворната" партија и цинкареле и коленичеле пред слични на нив, не гледаат дека доаѓа време за " ко је појео и попио нек изаџе из кафане". Доаѓа фајронт, а со него и сметката. Секогаш на крајот се носи. Ќе им ја донесе шефот, ист како нив, дополнително и политички фрустриран. Но, во оваа сметка нема бројки. Има куси насоки: уништи, урни, поништи, избриши... Секоја сметка се плаќа, макар напишана на партиски парагон. Ништо не е бесплатно. Ќе платат и тие, со тоа што може да го понудат, со контаминираната душа, со површноста со која обилно се надарени и со интегритетот што го немаат, а и никој не го бара од нив. Ќе платат, без збор, со надеж дека ќе го задржат нивното Свето тројство. А кога кафаната конечно ќе затвори, најголем дел од нив ќе се вратат таму од каде што дошле. И со старата добра ракија и вино во пластика ќе се потсетуваат колку се било добро во нивно време. Ќе се редат полупијани разговори, се до случајното гледање на некои вести. По првичниот молк и неверба, некој ќе се осмели да праша - "Чекај, како ова? Па кој ја растури државата? " Некои од нив што разбираат од срам , ќе станат и ќе ја напуштат масата. А шефот? Добар е, во потрага по нови сонувачи за Светото тројство, без чија поддршка нема да може да ја спроведе следната распродажба на државата“ - напиша Темелков во својот фејсбук статус!

Уредникот и некогашен презентер на вести Лазе Темелков премина на временска прогноза: „Ги мина сите 4 годишни времиња, сепак… претежно сончево“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/urednikot-i-nekogashen-prezenter-na-vesti-laze-temelkov-premina-na-vremenska-prognoza-gi-mina-site-4-godishni-vreminja-sepak-pretezno-sonchevo-foto/ Wed, 29 May 2019 07:35:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90108

Јавноста го памети како еден од најдобрите ТВ презентери на вести уште од времето на А1 телевизија, па потоа преку Канал 5, Алфа, РСМ и одново Алфа... И не само како радио и ТВ спикер, туку и новинар и уредник на вестите.
Лазар Темелков или како што колегите го нарекуваат Лазе, не е од оние ТВ ликови кои сакаат да се експонираат надвор од работата и повеќе од потребното. Токму затоа својот приватен живот грижливо го чува за себе и најблиските, не обзнанувајќи речиси ништо од својата интима.
Сепак, постојат некои работи, има некои нешта во приватниот живот, кои се вредни да се одбележат, а и јавно да се обзнанат. Особено ако се од лична природа и не се случуваат секојдневно. Како на пример, одредени годишнини или јубилеи...
Токму еден таков деновиве славеше човекот од информативната редакција на ТВ Алфа... Цели 25 години заедно, ама не со микрофонот туку со сопругата. Четврт век заедно со својата брачна сопатничка. Сребрена свадба со својата животна избраничка. Период во кој многу од брачните двојки минуваат низ разни „сцили и харибди“, различни премрежја, периоди, фази... Ама, ако љубовта, почитта и разбирањето се темелот, трите столба кои ја држат основата на брачната заедница, бракот ќе опстане, ќе се развива и продолжи да „цвета“!
„25 години... Ги видовме сите 4 годишни времиња, сепак претежно сончево“ - искрено напишал покрај споделената фотографија на својот Фејсбук профил Темелков. А на неа првиот брачен бакнеж на младоженецот и невестата. Бакнеж, од кој произлегува љубов, чиј производ е и прекрасната убавица на брачната двојка, нивната ќерка Ева.
Бакнеж кој веруваме дека и по две и пол децении ја има истата она моќ да предизвика некогашниот младоженец и денес  да го полазат морници од возбуда, а на тогашната невеста и сега да и заиграат „пеперутки во стомакот“! Епа, нека им е со среќа и да си дочекаат златна, па и дијамантска свадба, зошто да не? А прогнозата? Сончево и топло - до крајот на животот!]]>