лазар и магдалена цветковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Feb 2021 13:52:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лазар и магдалена цветковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Дајте музика“ и Лозано пеат за тоа што е – „Другар“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dajte-muzika-i-lozano-peat-za-toa-shto-e-drugar-video/ Wed, 10 Feb 2021 13:52:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189142

Ако на нашите радио станици ја слушнавте последната песна на Влатко Лозаноски – Лозано, тогаш сигурно знаете за неговата соработка со детскиот серијал „Дајте музика“. Песната „Другар“ веќе наголемо се врти на радио станиците ширум Македонија како и на Јутуб . Весела разиграна и забавна, песната „Другар“ највеќе од се‘ допре до децата, за кои и е направена, и наменета. Во година на пандемија, во време кога сите деца посетуваат он-лајн настава, детскиот серијал „Дајте музика“ им влеа надеж за подобра иднина, а песната „Другар“ нe' потсети и нам возрасните на едно безгрижно детство полно со авантури и забава. Лозано одлично се вклопи во концептот „Дајте музика„ како дел од  една нова, модерна генерација на детски идоли кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија. Лозано е еден од најмоќните вокали кај нас, а за него беше предизвик да се појави заедно со децата и зад себе да остави хит кој уште многу генерации ќе го пеат. Како и за претходните песни на Лозано, така и на оваа како автори се потпишуваат, тандемот Лазар и Ена Цветковски. Погледнете го спотот: https://www.youtube.com/watch?v=3vX3HZ-2lx0]]>

Димитар и „Тајфата“ на нивните „Стари добри времиња“ од макфестовската балада им дадоа визура (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-i-tajfata-na-nivnite-stari-dobri-vreminja-od-makfestovskata-balada-im-dadoa-vizura-video/ Sat, 13 Oct 2018 12:07:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52758

Новата песна на Димитар Андоновски и „Тајфата“, со која тие се претставија на годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2018“, доби и своја екранизација. Станува збор за темата насловена „Стари добри времиња“, дело на веќе редовните соработници на оваа музичка екипа, македонските хитмејкери  – Лазар и Магдалена Цветкоски. 
„Ова е песна што е направена во еден здив и многу емоции. Многу сум среќен што мојата нова видео-продукција ’Дас продакшн’, за која допрва ќе се дознава, заедно со моите соработници и партнери Сергеј Светозарев и Андреј Цветановски, го изработија видеото на песната. Им се заблагодарувам на сите останати соработници – Андреј Папаз Ѓоргиевски за прекрасниот стајлинг, актерите Томе Станковски и Марија Кондовска кои ни го разубавија видеото, како  и Милена Северкоска и студио ’Винтиџ мејк-ап’“ - напишал Димитар  Андоновски споделувајќи го видеото за оваа макфестовска балада.
Иако не успеа да освои некоја награда на фестивалот, сигурни сме дека има огромен потенцијал да остане песна за сите години и да го добие епитетот една од оние вечни фестивалски теми или поточно макфестовски евергрин.
Како изгледаат и звучат „Старите добри времиња“ на „Тајфата“ и Димитар Андоновски дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=pRG7l3Jk-MY]]>

И ова лето ќе памти по Влатко Лозаноски и тоа – „Јако, јако“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-ova-leto-kje-pamti-po-vlatko-lozanoski-i-toa-jako-jako-video/ Tue, 03 Jul 2018 08:17:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35755

Неодамна најавената нова песна и ново видео со наслов „Јако, јако“ на Влатко Лозаноски ја здогледаа виделината на денот. Веќе по првото преслушување станува јасно дека Лозано има уште еден голем летен хит, кој долго ќе се врти на радиостаниците.
Вообичаено, зад него стои  хитмејкерот Лазар Цветковски кој ги потпишува музиката, аранжманот, миксот и продукцијата и неговата сестра, текстописецот Магдалена Ена Цветковска, која ги пее и придружните вокали. Братско-сестринскиот авторски тандем, кои со години се постојани соработници на Лозаноски.
Видеото е снимено во егзотичниот „Фантази аква парк“ во Кушадаси - Турција, под режисерската палка на извонредниот Даниел Јовески.
Во него покрај Лозано се појавува преубава девојка, за која се знае дека е модел и ТВ водителка во локалната кумановска телевизија „ТВ Плус“ и се вика Мартинија Георгиевска.
 
Лозаноски уште пред да излезат песната и видеото објави и неколку фотографии од снимањето на спотот, на кои како да изгледаат прилично блиски со убавата презентерка!
Оттаму и дилемата и прашањето, дали можеби покрај работата не се изродило и нешто повеќе помеѓу нив, нешто што засега се крие од јавноста? Нешто што е можеби многу појако од „Јако, јако“, иако и ова лето веројатно ќе се памти по новиот хит на Лозано!
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=Oozb4odmckQ]]>

Боби Павловски призна чија е… – „Рана“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bobi-pavlovski-prizna-chija-e-rana-video/ Tue, 17 Apr 2018 09:24:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=21311

„Рана“ е најновото музичко остварување на пејачот  Боби Павловски, кој и овој пат ја продолжи соработката со еден од нашите најдобри хит-мејкери, Лазар Цветкоски (музика, микс, мастерини и придружен вокал) и неговата сетра Магдалена Цветковска ( стихови и придружен вокал).
Станува збор за една прекрасна балканска балада, во која како што вели Павловски ќе уживаат и млади и стари.
„Нема да бидам скромен и ќе кажам дека ова е песната за која ние музичарите ќе кажеме – тоа е тоа. Уште кога го слушнав демото, му реков на Лазар дека песната е моја и без да размислувам многу влегов во студио и ја снимив“ - изјави Боби.
Оваа најнова песна на Павловски доби и соодветно видео во кое се појавува преубавата Србинка Бојана Бојаниќ, инаку „Мис на Србија“ и една од најубавите девојки во регионот, а како режисер на истиот се потишува Дејан Георгиев – „Арт студио“.
„Спотот е снимен на повеќе локации, а најмногу кадри беа снимени во еден познат скопски хотел. Интересно е тоа што покрај Бојана, во видеото се појавува и Американецот Девон Џонс од САД, инаку маринец по професија“ - објаснува Павловски. https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=mtek__OBMlU  ]]>

Антонија Гиговска има – „Слаба страна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonija-gigovska-ima-slaba-strana-video/ Wed, 28 Feb 2018 10:07:05 +0000 http://vistina.mk/?p=14267

Младата поп пејачка Антонија Гиговска  го претстави својот нов, трет по ред сингл насловен „Слаба страна“, кој пристигна заедно со модерно и разиграно видео, како што и доликува за младата пејачка.
Како и за претходните две теми, така и овој пат авторските потписи се на Лазар и Магдалена Цветкоски, кои ги создадоа музиката и стиховите, а екранизацијата е дело на продукцијата „Томато“.
Заедно со Антонија танцуваат и членовите на танцовото студио „Битрикс кру“: Леонардо Хусеини, Стефани Пецалевска, Ана Марија Темелковска и Мартин Иванов, а за одличниот изглед се погрижија стилистот Даниел Николовски и „Фешн груп Македонија“.
Претставувајќи го новиот проект, младата ѕвезда им се заблагодари на сите што учествуваа во неговата реализација, како и на нетрпеливите обожаватели и на своите родители и братот, без чија поддршка не би успеала. Каква е нејзината „Слаба страна“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=9mhOpfeoGU8  ]]>