лазар цветковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Feb 2024 09:58:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лазар цветковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александра Јанева љубовно ранета, а нејзините солзи не ги перат ниту неговите рози во – „Дождови“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-janeva-lubovno-raneta-a-nejzinite-solzi-ne-gi-perat-nitu-negovite-rozi-vo-dozhdovi-video/ Fri, 02 Feb 2024 06:56:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337235

Александра Јанева има нов музички проект. Вчеравечер,  четврток, 01. февруари 2024 година на јавноста и ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Дождови“. Оваа нумера денови наназад струмичанката ја најавуваше на своите социјални мрежи. Песна со моќен текст кој ќе ја воодушеви публиката на прво слушање. „Голем предизвик е да траеш на македонската музичка сцена толку години и да се трудиш да ги следиш сите актуелности, а сепак да останеш доследен на квалитетот кој за мене лично е многу важен. За овој проект вклучивме и нови, млади луѓе кои ни дадоа свежа енергија. Голема благодарност и до „Dance Team Fusion“. Горда сум на целиот тим кој работеше на овој проект и се радувам на сите следни песни кои наскоро ќе излезат, а на кои веќе напорно се работи“ - вели Александра. Авторскиот тим кој се потпишува за ова музичко дело се: Музика и текст - Лазар Цветкоски и Александра Јанева, аранжман и продуцент - Лазар Цветкоски, додека видеото, пак, кое е приказна за себе, но и приказна полна со многу драги луѓе на Александра е работено со Горан Симјановски. Кариерата на Александра Јанева во последните неколку години оди по нагорна линија, но пејачката не застанува тука.
Напротив, веќе одреден период работи на нова музика и песни кои наскоро ќе го здогледаат светлото на денот, а дотогаш, уживајте во нејзините „Дождови“.
]]>

Антониа Гиговска за роденденот ги почести своите обожаватели со долго чувани ноти и стихови – „Мразам што те сакам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-za-rodendenot-gi-pochesti-svoite-obozhavateli-so-dolgo-chuvani-noti-i-stihovi-mrazam-shto-te-sakam-video/ Mon, 22 Jan 2024 10:13:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335620

Македонската музичка ѕвезда Антониа Гиговска вчера, недела 21 јануари 2024, наполни 23 години. По тој повод својата многубројна публика реши да ја почести со нова песна. Овојпат во прашање е моќна балада која никогонема да остави рамнодушен. Новата нумера со наслов „Мразам што те сакам“, всушност и не е нова, туку се работи за песна која е создадена уште во 2021 година, поточно во еден од најтешки животни периоди за младата пејачка, за која таа вели: „'Мразам што те сакам' е песна што ја направивме со Лазар Цветковски во 2021 година. Година во која имав многу предизвици, многу насмевки и многу солзи. Кога ќе се навратам наназад и добро што не ја објавив тогаш, ја чував за некое подобро време, за некоја подобра, позрела Антониа. Антониа што после три години ќе може да се носи со тежината на песната и емоцијата што ја има во истата. Се надевам и верувам дека ќе допре до многу срца, како што допре до моето. Собрав храброст и еве ја баш за мојот роденден. Ова е мој ден, се радувам што добив многу честитки и во тоа име сакам да им ја подарам песната што ја сакам многу искрено, со цело срце и душа. Како првиот ден“ - вели Гиговска. Инаку текстот за оваа песна е дело на раперот Тајзи, а музиката и аранжманот како што изјави Антониа е на продуцентот Лазар Цветковски. Ова е нејзина прва песна за 2024 година и таа е само најава за она што допрва следува, а следуваат многу нови песни, видеоспотови, соработки и се разбира, многубројните настапи ширум Македонија. Како изгледа и звучи кога Антониа три години ќесе воздржува пред да ти признае:  „Мразам што те сакам“ - проследете од видеото во продолжение. ]]>

Лара Иванова во нова љубовна приказна – „Ме сакаш кога ме немаш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-vo-nova-lubovna-prikazna-me-sakash-koga-me-nemash-video/ Mon, 18 Dec 2023 07:31:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331437

Лара Иванова стана машироко позната по макфестовскиот дует со младиот македонски пејач „Пајак“ и нивната песна „Bella“, која стана регионален балкански хит и достигна над 35 милиони прегледи на Јутјуб. Оттогаш наваму кариерата и е во константен подем иако останува впечатокот дека младата пејачка се' уште е недоречена и има уште потенцијал во неа за многу поголеми достигнувања. По годинешната летна песна „Нека гори“ дело на Иван Јованов - Ивајо, Лара решила да го смени и авторот на музиката и на стиховите, обидувајќи се и самата да се промовира како коавтор на новото музичко остварување,  „Ме сакаш кога ме немаш” како што гласи  новата песна на младата пејачка.   Музиката и тектот се на Лазар Цветковски и самата Лара, продукцијата и арнжманот на Лазар. Промена заради промена или обид да се чепне од богатата хитовска ризница познатиот македонски хитмејкер, но и да се промовираа  сопствениот талент за авторство, знае само самата пејачка и тимот кој стои зад неа. Времето ќе покаже дали Лара има капацитет она што како кредит го „заработи“ во дуетот со Пајак и нивната „Бела“, сега самата како соло артист да го претвори во влог за квантен скок во кариерата или обидувајќи да биде сама свој мајстор ќе го потроши и прокоцка заради лоша проценка? Темата „Ме сакаш кога ме немаш” ја промовираше на својот YouTube канал заедно со видеоспот кој го потпишува Томислав Живковиќ, видео кое помалку наликува на оние ретро македонски видеа од 90-те години, но сепак е доволно функционално за да ја следи и визуелно да ја долови  атмосферата во целата мелодија. Вообичаена љубовна приказна која многу повеќе ќе ја придобие тинејџерската публика, отколку играта на карта на сексапилот на Лара, која сепак послатко и поубедливо делува како наивна тинејџерка отколку како некаква секси риба во друштво на екипата статисти како машкиот модел Филип Додевски и девојките, Миа Ристеска, Анастасија Синадинова, Јована Лалчевска, Калина Александар и Тина Димковска. Тајмингот за промоција на песната не случајно е избран да биде пред Нова Година, што може да биде и плус и минус во сета таа новогодишна еуфорија. Во продолжение погледнете го видеото и преслушајте ја лара Иванова и нејзината најнова тема  „Ме сакаш кога ме немаш”… ]]>

Александра Јанева иако неодамна кажа „да“, повеќе сака да е сама – “Одвреме – навреме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-janeva-iako-neodamna-kazha-da-poveke-saka-da-e-sama-odvreme-navreme-video/ Wed, 06 Dec 2023 13:05:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330220

Иако денот не беше воопшто погоден за било какви музички настани и промоции, во неделата на 3-ти декември 2023 на својот Јутјуб канал македонската пејачка Александра Јанева ја промовираше својата најнова песна „Одвреме - навреме” со видео спот за истата. Музиката и аранжманот се на проверениот македонски композитор , продуцент и аранжер, хитмејкерот  Лазар Цветковски, додека стиховите за песната ги напишаа Лазар и Александра. Видеоспотот е снимен во Италија, а истиот го потпишува самата струмичанка , додека во реализацијата и помогнал Горан Симјановски. „Ова е првото видео кое го снимив сама, со телефон и gimbal. Непосредно пред да заминам на патување ја поставивме песната во студио и не можев да престанам да ја слушам! Па си реков, зошто да не ја снимам мојата најсвежа реакција во преубавата Италија. Се надевам дека ќе ви се допадне!” - напиша Александра на социјалните мрежи постирајќи го најновото видео. „Одвреме -навреме“ и нејзината визуелизација проследете ги во видото во продолжение: ]]>

ДНК го „вратија“ Врчак во музичкиот свет: Слушнете ја заедничката – „Посреќна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-go-vratija-vrchak-vo-muzichkiot-svet-slushnete-ja-zaednichkata-posrekna-video/ Mon, 20 Nov 2023 11:56:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327690

Тоа што многумина со нетрпение го очекуваа - Раде Врчаковски  - Врчак и официјално да се „врати“ на македонската музичка сцена, се случи. На сите социјални мрежи и музички платформи беше објавена заедничката песна на Врчак и дуото од ДНК  со наслов „Посреќна“ , кое допрва треба да покже дали вредело што јавноста чекаше толку долго време за повторно да се случи овој музички спој. Автори на музиката на оваа песна се Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо и Врчак, додека пак аранжманот е дело на Лазе. Иако можеби изгледа како вчера да беше кога Врчак се повлече од музичката сцена, сепак, ова е негова прва песна по цели 15 години. Исто така и на ДНК после спектакуларниот концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3. декември 2022 година не беа творечки активни, па така ова  е нивна песна по пауза од речиси една година. За оваа музичка соработка, Панчо и Андреј, заедно со Врчак пред извесно време престојуваа во српската престолина каде го снимија и видеоспотот за новата песна. Покрај нив тројца, во видеото улога има и преубавата Елена Ѓоргоска (23), која е член на познатата модна агенција од Милано - „E2 Model Management“, а која одлично си ја заврши својата задача. Видеото во Белград го снимаше професионална екипа, на чело со Макарије Топаловиќ, кој соработува со најпознатите регионални ѕвезди како Сенидах и многу други... Инаку ова е само најава за она што допрва го планира Врчак кога станува збор за музичките планови, а исто така и ДНК веќе работи на нивните најнови проекти, кои публиката допрва ќе има прилика да ги слуша и да ги види... Слушнете ја песната и погледнте го спотот за „Посреќна“ во видеото во продолжение: ]]>

Раде Врчаковски прво „ги искара“ новинарите, па повторно ја стави јавноста во недоумица: Врчак како Врчак… се враќа или сепак не се враќа на сцената? https://arhiva.vistina.com.mk/rade-vrchakovski-prvo-gi-iskara-novinarite-pa-povtorno-ja-stavi-javnosta-vo-nedoumitsa-vrchak-kako-vrchak-se-vraka-ili-sepak-ne-se-vraka-na-stsenata/ Wed, 18 Oct 2023 10:06:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322793

Откако никој жив освен најблиските со години не знаеа и се прашуваа што се случува со некогаш големата македонска рап ѕвезда Врчак, која преку ноќ исчезна од естрадната сцена и со години го немаше, веста дека Ламбе Алабакоски и Раде Врчаковски заедни застанале на сцена на една приватна свадбена забава во Охрид и испеале песна во дует ги воодушеви сите. И присутните на свадбата и јавноста. Јавноста пак едвај со душа  дочека по долгата пауза Врчак одново да го види на сцена, кој заедно со Ламбе овој пат ја испејаа песната „Спасете ме другари“ која  ја снимија заедно во далечната 2006 година.
И самиот Ламбе Алабакоски видеото го сподели на својот Инстаграми воодушевено напиша: „Моите молитви се остварија. Фала ти Боже, вчера тоа ми се потврди ! Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај! И да испишиме уште едно време и ера на македонската сцена и музика“ - објави Алабакоски, а медиумите цитирајќи го, тоа го пренесоа. И кога сите помислија дека Врчак конечно се враќа на сцената, Врчак како Врчак... Најпрвин „ги искара“ новинарите за нивните објави, а потоа повторно ги стави јавноста и своите обожаватели во недоумица: Се враќа или сепак не се враќа на сцената? Имено, Раде Врчаковски на својот Фејсбук профил споделил соопштение во кое „малку ги подгрева, малку ги убива“ надежите дека повторно ќе го гледаме. „Bрчак и Ламбе на приватна прослава. Преку 500 000 гледаност имало на видеата за неколку дена (Ламбе среќен неможе да престане да се чуди), а се испонапишале новинари за таа вечер (души мили) без јас нешто да изјавам.... Да знаат сите дека таа вечер на инсистирања на другари и другарки сосема случајно и непланирано јас излегов една-две песни да испеам на приватна прославава кај мој многу добар другар (не се работи за никаков мој камбек како што излегло од новинари), а на среќа на сите обожаватели и обожавателки кој секој ден ме молат нови песни да правам - ЌЕ ИМА НОВИ ПЕСНИ! Снимивме одлични нови со ДНК, со Антониа Гиговска, со Барбара Попович ќе снимаме исто, има и други соработки, а и Ламбе утредента по прославата во Охрид ме замоли да снимаме песна (му велам ако не пали веќе огнови може и Ламбе се согласи... И ќе снимаме песна и со Ламбе)“ - споделил меѓудругото Раде. Останатото е во доменот на неговите визии за глобалната грижа за човештвото и директно нема врска со музика и нечија кариера! Сепак, ден - два подоцна, следната споделна информација и фотографија влева надежи дека Врчак сепак можеби ќе се врати...? Веројатно на инсистирање на колегите и пријателите од музичката фела... Барем според приложената фотографија на која се заедно во студио Врчак, Панчо и Андреј од ДНК и композиторот и продуцент Лазар Цветковски... Е сега во прашање е нова песна на ДНК, ама дали во неа го има и Врчак? Или само е таму заради дружба и обид  после музичка апстиненција „од еден век“ другарите да го „спасат“ и убедат на кам-бек? Веројатно ќе зависи во многу што од неговите „чудни правила“ дали „тајните ангели“ ќе ја завршат својата мисија успешно или Врчак ќе го продолжи својот музички „манастирки сон“... Засега, за него се' уште „како времето да стои“, како за  некоја „заспана убавица“! ]]>

Тамара и Билбилов го славеа Илинден во кафеана со „Бисер балкански“, со блиските пријатели ама и со нивните нови љубови? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-i-bilbilov-go-slavea-ilinden-vo-kafeana-so-biser-balkanski-so-bliskite-prijateli-ama-i-so-nivnite-novi-lubovi-foto-video/ Thu, 03 Aug 2023 08:17:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312408

Најголемиот македонски празник „Илинден“  македонската естрада различно го празнуваше. Многумина од нив работно, со свои настапи на разни манифистации на кои се славеше и чествуваше Денот на Републиката, дел од нив со свои редовни настапи по различни кафеани, кафулиња и клубови, останатите кој каде и како. Некои се на одмор на море или езеро, некои останаа дома. Македонските поп ѕвезди, пејачката Тамара Тодевска, пејачот, композитор и продуцент Роберт Билбилов заедно со нивниот колега, композиторот  Лазар Цветковски, Илинден го прославија заедно, во кафеана! Старите пријатели и соработници на иста маса во весела атмосфера и расположение, со полна трпеза и пијалак в рака наздравија за најголемиот македонски празник и тоа со звуците не на било која песна. Оркестарот со жива музика крај масата, на увце не случајно им ја свиреше македонската патриотска  фолк химна - „Бисер балкански“, напишана од никој друг, туку токму од покојниот татко на Роберт Билбилов, музичарот и композитор Хилми Билбил. За 120 години од Републиката, за честит Илинден и само една вистина - вечна и вековита Македонија! А можеби и за уште нешто друго? Зашто она што може да се забележи на масата кај патриотски расположената, весела, естрадна дружина на видеата, кои на социјалните мрежи самите  ги споделиле, се уште некои лица, кои не припаѓаат баш на естрадната фела! А истите и се означени или поточно тагнати во описот на видеата и фотографиите. Имено, по разводот со сега веќе бившиот сопруг Мачка, за Тамара наголемо се шушка дека не е сама. За пејачката се шпекулира дека има „нов пријател“ со кого често се гледа, па дури и не го крие од јавноста, како што беше и овој пат, иако јавно се' уште не споделила дел од својата „близина“ со него. Сепак, евидентно е дека човекот е се' поприсутен во нејзиниот живот. Една од заедничките фотографиии објавена неодамна на нејзината Инстаграм страница на која „образ до образ“ Тамара со насмевка од „седмица до седмица“ просто ужива во неговата прегратка, веројатно  беше повеќе од доволна за да ги подгрее шпекулациите и нагаѓањата: Дали овој човек е новата љубов на пејачката? Особено по цитатот што го остави Тамара на нејзините Инстаграм приказни веднаш по објавата на фотографијата, во кој пишува: „Шест часа поминуваат за 30 минути кога си со вистинската личност“! А човекот се вика Лука Радовиќ и во неговото портфолио пишува дека по професија е архитект и дизајнер за ентериери и внатрешно уредување. Неговиот Инстаграм профил  „случајно го следат“  Тамара и сестра и Тијана? Но, затоа пак истата личност  не случајно се најде на иста маса со Тамара и нејзиното естрадно друштво при кафеанската прослава на Илинден. Од друга страна пак,  видеото на кое се тој, Тамара, Лазар и Билбилов, го сподели уште една позната личност. Која според прикажаното, најверојатно и самата го снимала седејќи со нив на истата маса, а потоа и таа и Тамара и Роберт, истото го споделиле на своите Инстаграм приказни. Во прашање е Лејла Рамковска, ќерка на некогашниот сопственик на А1 телевизија - Велија Рамковски, која по несреќното гаснење на телевизијата сега се занимава и работи како јога инструктор и советник за  здрав живот и здрави навики. Лејла и Билбилов се познаваат оддамна, обајцата се разведени и слободни иако зад себе имаат брак и дечиња, но прашање е дали сега „старото пријателство“ не прераснало во нешто друго, многу поинтимно? Дали сега Лејла и Роберт не се „многу поблиски“ од некогаш или сепак останале само „пријатели засекогаш“? Едни велат она второто, додека оние што ги познаваат одблизу тврдат дека само прашање на ден е кога нивната „интимна близина“ ќе биде обелоденета во естрадниот свет, како и онаа на Тамара со младиот архитект? Впрочем, стиховите на последната песна на Билбилов насловена „Тебе“ која неодамна ја објави, во многу што одат во прилог на оваа претпоставка. „Тебе, те сакам тебе,Те сакам тебе само за себе, кога ти си си во мене јас дишам со тебе, и за се' друго немам ни простор ни време, се што сакам е да бидам со тебе...“ - се пее меѓудругото во песната. Дали е и автобиографска и посветена токму на неа, на убавата Лејла, засега ќе остане тајна скриена и јавна дилема?! Како и релацијата на Тамара со оној, со кого и расположена и насмеана, а и кога само ќути, 6 часа и минуваат како да се 30 минути?! Фото: Инстаграм/lejlaramkovska/tamaratodevska/justrbproduction  ]]>

Јосиф нуди нов музички крик со неговата – „Fashion Week“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/josif-nudi-nov-muzichki-krik-so-negovata-fashion-week-video/ Wed, 26 Jul 2023 12:28:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311649

Македонската сцена постојано е „гладна“ за нови имиња кои ќе го освежат домашниот музички етер. Младиот Јосиф е име за кое можеби досега не сте слушнале, но со сигурност ќе успее да го задржи вашето внимание. Малкумина знаат дека Јосиф е артистот со кој Војаж ја започна својата голема музичка кариера - заедно ја отпеаја песната „VYBE“. По речиси 3-годишна пауза, Јосиф се враќа со своја, авторска музика, најавувајќи ја првата песна од албумот „TOKYO“. „Fashion Week“ е неговото најново музичко парче, чија музика е направена од самиот Јосиф. Текстот го напишал заедно со Андреј Илиевски, а за аранжманот, миксот и мастерот се заслужни Лазар Цветковски и Claro Beats. Песната е комплетирана со видео-спот, кој е направен под режиската палка на Томислав Живковиќ и во кој буквално е пресликан насловот „Fashion Week“. „Ова е само почеток, не планирам тука да запрам“, открива Јосиф. Слушнете ја „Fashion Week“ и доколку ви се допаѓа, споделете ја со вашите најблиски. ]]>

Теа Трајковска сака да и кажеш со поглед, не со зборови – „Многу барам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-trajkovska-saka-da-i-kazhesh-so-pogled-ne-so-zborovi-mnogu-baram-video/ Thu, 22 Jun 2023 11:34:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307303

Секогаш уникатна, како во стилот, така и во музиката која ја создава, mладата пејачка Теа Трајковска вчеравечер,  среда, 21 јуни 2023  преку социјалните мрежи ја промовираше својата најнова песна со наслов „Многу барам“, која повторно е нешто поразлично од она што сме навикнати да слушаме и гледаме на нашата сцена. Станува збор за уште една одлична нумера создадена во студиото на нејзиниот долгогодишен соработник – продуцентот Лазар Цветкоски. Како и за сите нејзини предходни песни, така и за оваа Теа со својата екипа од соработници сними и доста модерен спот. „Оваа песна се случи спонтано и таква енергија и носи. Кога правиме нова музика со Лазе сакаме да експериментираме со музичките стилови ама мислам дека ова е правец во кој сум најмногу своја и од тие причини "Многу барам" ми е една од омилените песни кои сме ги направиле. Спотот со Горан го снимавме подолг временски период за да го погодиме „вајбот“ што ни го даваше песната, а во текстот и самата приказна верувам дека секој ќе се пронајде и се надевам дека ќе и се допадне на публиката. Инаку ова лето Теа ќе го помине работно, неа може да ја слушате и гледате секоја недела во летната дискотека „Хавана“ во Скопје, но настапи ќе има и во останатите градови во нашата земја... Погледнете го спотот и слушнет јанајновата песна на Теа, зашто „Многу барам“ претендира да биде голем летен хит. ]]>

Александра Јанева со музичка посвета до сите манипулатори – „Утрото ќе промени се“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-janeva-so-muzichka-posvetena-do-site-manipulatori-utroto-ke-promeni-se-video/ Wed, 31 May 2023 06:30:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304383

Доволно храбра да наметне нови стандарди и доволно своја и автентична да влијае на прогресот и трансформацијата на поп кулутрата кај нас. Таа дефинитивно е една од најталентираните и најуникатните женски вокали што некогаш се појавиле на македонската музичка сцена. Нејзиното име е Александра Јанева и токму таа, на јавноста и го претстави своето ново музичко парче кое го носи насловот „Утрото ќе промени се“, а со својот глас и чиста емоција и овој пат никого не остави рамнодушен. Оваа песна беше затворена во фиока повеќе од една година, го чекавме вистинскиот момент за да ја објавиме и еве конечно дојде. „Секој стих од мојата музика е вистинска приказна. 'Утрото ќе промени се' зборува за тоа дека понекогаш е подобро да кажете не и да кажете доста е, затоа што тоа е половина здравје. Ми требаше многу време и храброст да научам да кажам не и да се борам за она што е добро за мене. Затоа што кога ќе го научите тоа, ќе ви биде многу полесно во животот. Барем мене ми е“ - вели Александра. И за овој проект Александра работеше со одбрана екипа. Зад текстот се потпишуваат Драги Величковски - Тајзи и Лазар Цветкоски, музиката е на Александра и Лазар, а     видеозаписот го потпишува Горан Симјаноски.   Во маестралноста и квалитетите на Александра Јанева досега се имаме уверено многупати. А сигурни сме и дека она што допрва ќе го чуеме од неа ќе биде исто толку добро и емотивно како и се што досега има сработено. Во продолжение слушнете ја „Утрото ќе промени се“, песна за која сме сигурни дека ќе сакате да ја слушате одново и одново. ]]>