Лазар Цветкоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 Jan 2023 12:32:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Лазар Цветкоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Само посакај и… Јанг Дади тука е за тебе дури изброиш до – „Дваесет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/samo-posakaj-i-jang-dadi-tuka-e-za-tebe-duri-izbroish-do-dvaeset-video/ Fri, 27 Jan 2023 12:32:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286209

„Дваесет“ е насловот на новата песна на Young Dadi, која веќе е пуштена во етерот. Музиката и текстот се негови, битот е со потписот на JustRTprodcution, додека финалниот шмек, микс-мастерот го направи Лазар Цветкоски во LCV студио, каде и е снимена самата песна. „И само брои до дваесет - посакај и тука сум за тебе“, вели Дади во текстот и признава дека би направил сѐ во име на љубовта, што навистина е реткост во ова време. „Направив нешто поразлично, песна за која инспирцијата ми беше музиката на 90-те, која инаку многу ми се допаѓа и кај мене буди некоја убава енерија, топлина. „Дваесет“ има примеси и на новата генерација и искрено верувам дека ќе ѝ се допадне на публиката“, вели Дади. „Дваесет“ е тема која доловува една приказна за двајца лудо заљубени млади кои талкаат низ сивилото на Скопје, а тоа ќе го почувствувате и со гледање на самиот видеозапис. Во главната улога се Дади и Елена и нивната страст која ја имаат еден за друг. Дел од спотот се и скопските скејтери кои својата храброст ја прикажуваат преку изведување на кул трикови и со самото тоа додаваат одличен зачин на целиот филм. Кадрите се снимани на повеќе локации низ главниот град, како ГТЦ, стан во Градски ѕид, скејтпаркот во Карпош 3 и паркингот кај арената „Борис Трајковски”, а сите всушност се урбан печат на нашето Скопје. Спотот е снимен и едитиран од Давид Манев, а за сценариото и стајлингот се погрижи Александра Трпеска - Majestic. Фотографиите, пак, се создадени преку призмата на Александар Чокревски, заедно со Давид и Александра. Шминката и фризурите се дело на Бобан Тодоровски и студиото Bobcut Experience. Како звучи песната „20“ која е достапна на сите музички платформи и како изгледа нејзината визуелизација, проследете од виеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

Young Dadi доби повик од пијана девојка во – „5 до 2“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/young-dadi-dobi-povik-od-pijana-devojka-vo-5-do-2-video/ Wed, 31 Aug 2022 06:18:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264828

„5 до 2“ новата фанки песна на Young Dadi деновиве е пуштена во етерот. Текстот за темата е со потписот на Young Dadi, кој заедно со Лазар Цветкоски има замешано прсти и во создавањето на музиката. Битот, аранжманот, миксот и мастерот, пак, се на Лазар Цветкоски. Видео приказната, чиј креативен директор и стилист е Александра Majestic, а зад камерата стои  Давид Манев, започнува со тоа што пијана девојка му ѕвони на Дади после журка, а тој незаинтересиран за неа оди на афтер да се забавува. Во видеото е прикажана целата атмосфера на афтерот во one take, а потоа Дади, заедно со Дупер, се враќа во назад во 80-те, со настап во Кино Фросина - МКЦ. Зачин на целото дејствие додава екипата на Битрикс која го краси спотот со нивната кореографија и добра енергија. За фризурата и шминката се погрижил Бобан Тодоровски. Интересно е дека неполни 24 часа по пуштањето во етерот веќе е во трендингот, а тоа доволно кажува дека Дади има супер парче кое од прва, што се вели, влегува во уво. А Вие, проследете како звучи изгледа кога  кога младо момче како Young Dadi ќе добие повик од пијана девојка во - „5 до 2“: ]]>

Young Dadi ја промовираше – „Wifey” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/young-dadi-ja-promovirashe-wifey-video/ Thu, 07 Jul 2022 12:52:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257644

Одличната „Bestie” на младиот и талентиран артист во јавноста познат како Young Dadi, доби продолжение – овој пат со наслов „Wifey”. Бидејќи нели тимот што победува не се менува, и оваа тема е работена со истата екипа – музиката и текстот се со потписот на Давид Даниловски ака Young Dadi; продуцирана е од Лазар Цветкоски и Just RT Production; микс/мастерот е на Лазар Цветкоски, а битот на Just RT Production. Видеото, пак, во кое улогите им припаѓаат на Young Dadi и Николина Павловска, е снимено и едитирано од Давид Манев. Креативен директор и воедно задолжена за стајлингot беше Александра Трпеска, додека за косата на Дади се погрижи Бобан Тодоровски. Фотографиите се на Давид Манев. А приказната накусо би се опишала вака: Фамозната Bestie станува Wifey. Спотот ја следи љубовната приказна на Дади и Никси, инаку прикажана во vintage вајб. Кадрите се снимени на неколку локации, и тоа Мавровското Езеро, забавниот парк кај арената „Борис Трајковски” и во една приватна куќа во скопската населба Тафталиџе. За оние кои можеби не знаат, иако особено меѓу младата популација тешко дека има такви, Young Dadi е млад артист од Скопје и дел од екипата на Sure Shotz. Препознатлив е по својот уникатен стил, инспириран од различни жанрови и секогаш отворен за експериментирање и правење музика надвор од зоната на комфорот. Неговата кариера започнува во 2019 година, а првиот сингл кој го става на мапата е „Pina Colada”. Иако сѐ уште млад, зад своето име веќе има богата дискографија, повеќе песни и едно EP, „Боенка”, кое излезе во април 2020 година. Летото 2021 стартува неговата успешна серија синглови кои го прават еден од најактуелните артисти на сцената во моментов. Во својата биографија има запишано настапи на најзначајните домашни фестивали – Таксират и Д-фестивал; а едно од најголемите негови искуства беше настапот пред големата американска ѕвезда Tyga, во Скопје. Настапувал и ширум земјата како дел од караванот на SHAKE фестивалските настани, и полека но сигурно ја освојува целата домашна јавност. Како дел од соработките на Дади кои вреди да се споменат се оние со DNK, Bon Praskiza и Sexy Marsa, а постојано соработува со локални и млади артисти и продуценти од неговото опкружување. Во моментов работи на неколку нови синглови и својот деби албум. А дотогаш уживајте во одличната „Wifey”. ]]>

Маша е скопско дете со руска душа на шпанско тло, за која допрва ќе се слушне преку – „Voices“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/masha-e-skopsko-dete-so-ruska-dusha-na-shpansko-tlo-za-koja-doprva-kje-se-slushne-preku-voices-video/ Tue, 18 Jan 2022 11:01:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235299

Русинката Маша се појави пред неколку години на македонската сцена и по неколкуте одлични песни покажа дека е зрела за големи нешта. Бидејќи музиката нема граници, младата пејачка од Валенсија, Шпанија започнува да ги прави првите чекори по светскиот музички пат. Ако се прашувате зошто токму од Валенсија, затоа што Маша пред неколку месеци се запиша на реномираниот „Berklee College of Music“ за целосно да се посвети на својата најголема љубов - музиката. „Voices“ е насловот на нејзината најнова песна, но овојпат на англиски јазик. Токму Маша е автор на текстот, додека пак на музиката и аранжманот ги потпишуваат Панче Касапски, Маша и Лазар Цветкоски. „Морам да кажам дека сум горда на ова што го направивме со тимот. Благодарна сум и на Панче, Лазе, Даниел, бидејќи го добив тоа што одамна го замислував во мојата глава. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, до мене веќе пристигнуваат доста позитивни критики. Ова е само мотив за мене да продолжам понатаму и дека сум на вистинскиот пат“ - вели младата Маша. Разбирливо, Маша за „Voices“ сними и видеоспот, а довербата и овојпат му ја даде на добро познатиот Даниел Јовески кој повторно направил  ново  мало ремек-дело. Слушнете ја, погледнете и споделете... Ова е Маша со нејзините „гласови“: ]]>