лавов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 Nov 2020 12:10:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лавов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Прекрасен европски град кој ќе ве маѓепса со своите знаменитости, а во кој кафето и пивото се за џабе https://arhiva.vistina.com.mk/prekrasen-evropski-grad-koj-kje-ve-magjepsa-so-svoite-znamenitosti-a-vo-koj-kafeto-i-pivoto-se-za-dzabe/ Fri, 27 Nov 2020 13:00:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178431

Лавов го има еден од најубавите плоштади во тој дел од Европа. Куќите и зградите на тој простор изградени се во различни стилови - од ренесанса до модернизам. Лавов е град во западна Украина, близу границата со Полска. Лежи на реката Полтва и го зазема првото место во Украина по бројот на зачувани културно-историски споменици, а со својата убавина и широката лепеза на различни градби се истакнува меѓу градовите во средна и источна Европа. Тој е и под заштита на УНЕСКО. Што да посетите таму? Поради своите културно-историски споменици тој го има еден од најубавите плоштади во Европа, составен од 44 куќички кои што се изградени во различен стил - од ренесанса до модернизам. Една од најубавите куќи таму е „Црната куќа“ која што е прекрасен пример за ренесансната украинска култура. На плоштадот се наоѓаат и четири фонтани, скулптури кои што симболизираат митолошки суштества - Нептун, Дијана, Амфитрит и Адонис. Голем број споменици доминираат и во средишниот дел од градот кој што датира од 16 и 17 век, а многу од историчарите го сметаат за „музеј на отворено“. Севкупната архитектура на градот ја дополнуваат и црквите. На плоштадот на слободата се наоѓа и Оперскиот театар со останатите девет театри и 60 музеи, а овој град го прават престолнина на културата. Што да јадете и пиете и какви се цените? Најпознатото украинско јадење „вареники“ - кнедли т.е. топчиња од тесто без квасец, полнети со пире, кисела зелка, сирење, варени јајца... Таму има и превкусни украински палачинки од компир „deruny“, пробајте и грузиски „knachapuri“, леб полнет со сирење и јајца. Во овој град ќе може да се опуштите малку повеќе од останатите популарни туристички дестинации. Цените понекогаш се „смешни“. На пример, пиво може да добиете за 50 денари, а кафе за 30 денари. извор:точка.ком.мк]]>