лауреат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Sep 2021 12:31:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лауреат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Филмскиот композитор Олафур Арналдс лауреат на седмото издание на „Скопје синема сити“ https://arhiva.vistina.com.mk/filmskiot-kompozitor-olafur-arnalds-laureat-na-sedmoto-izdanie-na-skopje-sinema-siti/ Mon, 13 Sep 2021 12:31:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218944

На 18 септември 2021, во дворот на Кинотека на С. Македонија, со почеток во 19 часот ќе започне седмото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Филмот што ќе го отвори Фестивалот е уметничкиот филм „Кога ќе се родиме“ во режија на Винсент Мун, за филмскиот композитор Олафур Арналдс, којшто е воедно и „Артист во фокусот“.
Секое издание на „Скопје синема сити“ го отвора филм за одреден уметник, на кого му се посветува изданието и му се доделува Награда за животно дело за заслуги за музиката и филмот. Оваа година тоа е Исланѓанецот Олафур Арналдс, кому Фестивалот му ја испрати наградата на Исланд. За потсетување, Фестивалот ги има наградено со истата награда Дејвид Боуви (2015), Леонард Коен (2016), Руичи Сакамото (2018), Филип Глас (2019), Влатко Стефановски (2019) и New Order (2020).  Арналдс е еден од најпопуларните млади современи композитори на класична и филмска музика и зад себе има импозантен опус. Филмот е уметничко дело којшто раскажува една човечка приказна што се базира врз животот на Арналдс. Снимен на локации во Исланд летото 2020, филмот истражува теми како ритуали, односи и нашите внатрешни пејсажи преку музиката на последниот албум на Олафур „Some Kind of Peace“, која е изведена и снимена на сетот. Како и албумот, така и филмот се фокусира врз тоа како сите се движиме напред во животот – тема која е особено важна во период на изолација и исклучување од светот.
Вториот филм што ќе биде прикажан е биографскиот филм за легендарниот џез-уметник Мајлс Дејвис Birth of the Cool, во режија на Стенли Нелсон. Оваа година се навршуваат 30 години од смртта на овој уметник чие име е синоним за џез-музиката.  Мајлс е човек кој со својата музика и добар вкус неколкупати го менувал текот по којшто се движела музиката и неговите успеси, живописен живот и карактер се тема на овој двочасовен филм. Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје во соработка со Кинотека на Македонија, Гете Институтот и фондацијата Милан Младеновиќ. Визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска. Фестивалот ќе се организира во два блока, 18-19 септември и 20-21 септември. Сите проекции ќе почнуваат во 19 часот и билетите ќе можат да се набават само на касата.
]]>

Струшки вечери на поезијата: Керол Ен Дафи e годинешна добитничка на „Златен венец“ https://arhiva.vistina.com.mk/strushki-vecheri-na-poezijata-kerol-en-dafi-e-godineshna-dobitnichka-na-zlaten-venec/ Tue, 23 Mar 2021 11:42:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195652

Меѓународно чествување на Блаже Конески, по повод 100-годишнината од неговото раѓање, а во знакот на Светскиот ден на поезијата што Република Македонија го одбележа во УНЕСКО, денеска се одржа во Париз. По тој повод официјално беа објавени  добитниците на „Златниот венец на Струшките вечери на поезијата” и на „Мостови на Струга”, информираат од Министерството за култура. Во текот на културниот настан, амбасадорката Чаушевска Димов официјално ги објави имињата на лауреатите на „Златниот венец на Струшките вечери на поезијата” и на наградата „Мостови на Струга“.
Оваа година, Златниот венец ‘и припадна на Керол Ен Дафи, родена во Глазгов во 1955 година, една од најзначајните современи поетеси во Велика Британија, авторка на педесетина книги и досегашна добитничка на значајни книжевни награди и високи одликувања, меѓу кои и почесните титули Дама-заповедник на Редот на Британската Империја (2015) и Поет-лауреат на Обединетото Кралство (2009-2019), информираат од Министерството за култура.
Наградата за дебитантска поетска книга доделена во соработка со УНЕСКО, „Мостови на Струга“, му припадна на Владан Кречковиќ, роден во Белград во 1988 година. Наградената книга „Париз,Тексас“, насловена според култниот филм на Вим Вендерс, на еден мошне суптилен и непретециозен начин говори за љубовната разделба без патетика и нуди поинаква перспектива на оваа вечна тема.
Настанот со кој Македонија го одбележа во УНЕСКО Светскиот ден на поезијата и 100-годишнината од раѓањето на Конески го збогати настапот на  Дуото СолиПсе, односно македонската флеитистка Елена Стојческа и францускиот гитарист Ромен Петио, со интерпретација на  две дела од народниот македонски музички опус – Зајди зајди и Гајдарско оро –  во аранжман на Мирослав Тадиќ, велат од Министерството за култура