латино заводник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Oct 2018 07:23:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png латино заводник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Оливера Ѓорговска е вљубена до уши: Пејачката го покажа својот латино љубовник! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/olivera-gjorgovska-e-vljubena-do-ushi-pejachkata-go-pokaza-svojot-latino-ljubovnik-foto/ Tue, 16 Oct 2018 07:19:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53041

Македонската пејачка  Оливера Ѓоргоска очигледно, наголемо го живее својот американски сон. Замина во САД на музичко доусовршување, па стигна и до докторат… Ама очигледно убавата прилепчанка стигна и сонот да си го претвори во јаве и кога е љубовта во прашање.
Уште додека беше во Македонија за нејзиниот љубовен живот не се знаеше речиси ништо. Ја облетуваа многумина познати, меѓу кои и композитори и оние  кои и пишуваа и кои не и пишуваа песни, колеги пејачи...
Ама официјално, ниту еден не и стана момче. Не барем јавно. И со никого од нив згодната пејачка не влезе во врска.
Откако замина за САД, според она што се слушаше за неа, а  и од постираните фотографии на социјалните мрежи, околу неа повторно беа дузина згодни ергени и моми.
Постојано се фотографираше во убаво друштво, но на ниту една од фотографиите конкретно не покажа дека некој и е љубовен партнер. И тоа се до скоро...
Последните фотографии сепак кажуваат нешто друго, нешто што и самата македонска пејачка на привремен престој во Америка го кажува и покажува - момчето кое го освои нејзиното срце.
Белец, со латино изглед, висок, со густа црна коса, црни очи... вистински  латино заводник, а веројатно и љубовник... Барем според она што нашата убавица ја оддава на фотографиите. Вљубена до уши, го пие со поглед и впива секој негов здив... Тоа дефинитивно, мора да е љубов!
Така и самата малку потајно, малку јавно признава во постовите покрај фотографиите на кои Оливера ниту ја крие, ниту се срамува да покаже како изгледа кога усните ќе се спојат, а јазиците испреплетат во бакнеж од кој срцето трепери.
„Еј овде има странец! Не знам што правите на мојата Инстаграм страница, но ми се допаѓа“! - пишува пејачката, за веднаш потоа и самат да признае дека и се случува неочекувана љубовна романса!
Очигледно за Оливера... „Love is in the air“, заштоа таа е „Woman in love“! И тоа „до уши“!
 ]]>