ласт експедишн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 25 May 2022 07:57:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ласт експедишн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вака „Меморија“ се подготвува за најголемата „концертна лудница“ под отворено небо: „Ја излези Ѓурѓо“ на „Високи штикли и црни чорапи“, а и ти „Шефе“ заедно со „Дирлада“ на нашата „рок ен рол матурска прослава“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-memorija-se-podgotvuva-za-najgolemata-koncertna-ludnica-pod-otvoreno-nebo-ja-izlezi-gjurgjo-na-visoki-shtikli-i-crni-chorapi-a-i-ti-shefe-zaedno-so-dirlada-na-nashata-rok-en-rol-maturska-proslava/ Wed, 25 May 2022 07:50:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251773

Денес, 25 мај, некогашниот Ден на младоста, не случајно симболично одбран  за втората и поледна ПРЕСС конференција на групата „Меморија“ на која ќе бидат соопштени сите детали за нивниот концертен спектакал под отворено небо кој ќе се одржи на 11. јуни на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје. Интересот на медиумите огромен, оној на публиката пак, досега незапаметен... Во меѓувреме се прават сите подготовки голимиот концерт навистина да биде величествен и незаборавен, од оние како ќе изгледа сцената и техниката, звукот и осветлувањето, видео лед скриновите.... па се' до попдготовките на бендот за она што „Меморија“ ќе и го прстатави на скопската, но и на македонската публика, зашто десетици автобуси се најавуваат организирано да дојдат и донесат публика од сите градови во Македонија. Затоа не смее да има ни најситен пропуст, не смее „влакно да фали“ и се' мора да биде беспрекорно увежбано и изведено. А, за да биде тоа така, членовите на бендот и специјалните гости ги прават последните подготовки и музички проби. Дека ќе биде навистина најголемата „концерна лудница“ под отворено небо годинава, потврдуваат и фотографиите и видеата кои се дел од атмосферата на заедничките музички проби на „Меморија“ и нивната гостинска музичка компанија. Групата „Морал“ како едени од специјалните гости, ќе отпатува назад во времето за публиката да ја потсети на некој од нивните најгиолеми хитови. Секако, во спомен на некогашниот нивни вокал, прерано заминатиот Влатко Илиевски, чии вокални делници за оваа прилика ќе ги преземе Ристо Самарџиев. „Конкорд“ беа и останаа македонска рок историја, а „Високи штикли и црни чорапи“, е песна која остана рок евергрин што се свири и пее и денес на секоја клубска рок свирка. Венко Серафимов, лидерот и гитарист на култниот рок бенд заедно со членовите на „Меморија“ на пробите, а пејачот на „Конкорд“, Сеад Јакупи, кој со години живее и работи во Германија преку видео порака го најави своето доаѓање во Македонија специјално за оваа прилика и порача: „Хај еврибади... Со особена чест и радост едвај чекам да дојдам, за сите љубители на рок музиката на концертот на „Меморија“  да го пееме и големиот хит на Конкорд. Се гледаме на 11-ти јуни во Скопје“. „Некст тајм“ се деца од најновата рок генерација иако и тие веќе доволно долго се на сцената. Близнаците Стефан и Мартин Филиповски како дел од големиот рок спектакл под отворено небо, со својата изведба на една од нивните феноменални фолклорни преработки на македонски изворни песни, таа вечер ќе го вдахнат одново патриотскиот дух кај публиката, за уште повеќе да го разгорат  оној „Оган под ѕвездите“ што „Меморија“ го запали пред речиси 33 години. „Ласт Експдишн“ беа своевремено предгрупа на првиот концерт на „Меморија“ во тогашниот Дом на млади „25 Мај“, денешен МКЦ во Скопје. Подоцна прераснаа во висински рок ен рол магови на македонската сцена, за денес со триесет и кусур годишна кариера да се култен бенд. Браќата Енко и Сецко Хаџиќ - вистински рок „шефови“, кои на рок спектаклот на „Меморија“ ќе ја потсетат повозрасната публика на тие денови, за помладите да видат дека она што  било вредност некогаш, останува - засекогаш! Конечно, големата „рок ен рол матура на генерациите“, како и секоја матура, не може да мине без блех музика. Затоа тука е „Веселата дружина“ заедно со „Меморија“ да  кулминира со „Дирлада“... Или ако собереме се' на едно купче, како што тоа ќе биде на 11 јуни на стадионот на АРМ во Скопје, срочено во некаква најава би звучело вака: „Ја излези Ѓурѓо“ на „Високи штикли и црни чорапи“, а и ти „Шефе“ заедно со „Дирлада“ на нашата „рок ен рол матурска прослава“... За „Кога патувам“ длабоко во себе, заедно со вас да се потсетиме на едно време... Она нашето што било, ова нивново што е сега и она, кое многу поубаво и посреќно треба да им го оставиме на оние, чие време допрва доаѓа! Со најдоброто што го знаеме... дружење, забава, песна, музика... Од „Нена до „Дирлада“!]]>

Министерството за култура е „глувонемо“ за македонска музика и нема „чувство за осет“ за домашната естрада: И „ДНК“ и „Last Еxpedition“ ги „извисија“! https://arhiva.vistina.com.mk/ministerstvoto-za-kultura-e-gluvonemo-za-makedonska-muzika-i-nema-chuvstvo-za-oset-za-domashnata-estrada-i-dnk-i-last-expedition-gi-izvisija/ Sat, 19 Feb 2022 08:47:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239783

Резултатите од конкурсот на Министерството за култура за финансиска поддршка на проекти од национален интерес во културата, како и секоја година и оваа кренаа многу прашина, предизвикаа бура од незадоволства, отворија многу дилеми: Дали, кој, колку, за какви проекти, по кои критериуми и приоритети... треба да биде финансиски помогнат и субвенциониран! Дали партискиата припадност, етничкиот клуч или личните вкусови и интереси одново не беа во прв план, на штета на уметничките квалитети, естрадната популарност, минатиот труд, остварените резултати, оставените заслуги, квалитетот на понудата на она, за што е барано да биде субвенционирано...? Едни задоволни „мудро молчат“ и триат раце, други нездоволни пукаат од сите орудиа по „непринципиелната распределба“ на финансиските средства. Најмногу од нив се чини се оние од македонската естрада или поточно од поп-рок сцената, од која повеќето што конкурираа беа „прескокнати“. Едни од оние што останаа „извисени“ од Министерството за култура се и макеонското ар ен би дуо „ДНК“. Панчо и Андреј најавувајќи го својот јубилеј - 20 години постоење, разочарани и лути испратија реакција до јавноста преку медиумите: „Оние кои не пратат и следат знаат дека оваа година како ДНК славиме еден (за нас) голем јубилеј од 20 години постоење, кое ќе го прославиме со голем солистички концерт во арената “Борис Трајковски”. Датумот наскоро ќе биде објавен, а до тогаш сакаме да споделиме една информација со вас целокупната јавноста и сите медиуми. Денес, (17 јануари 2022) штотуку ја добивме информацијата, која воедно е големо разочарување за нас. Официјално, без никакво образложение сме одбиени од страна на Министерството за култура каде што најчесно и со целосно коректно доставена документација конкуриравме на годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на музичката и музичко-сценската дејност. Да не бидеме погрешно сфатени не се жалиме, туку само сакаме да ви ја доловиме ситуацијата како е третирана македонската поп индустрија и воопшто македонската музика. Затоа и сцената е таму каде што е и не гледаме светла иднина додека вака сме/се третираат македонските артисти. Станува збор за ЈУБИЛЕЈ од 20 години. Ако бенд со 20-годишна кариера, кој зад себе има преку 60 синглови, 3 албуми, 2 големи соло концерти (Скопски саем), еден анплагд концерт (Универзална сала) , безброј настапи низ државата и надвор од неа, презентирајќи ја државата, нѐ множат со НУЛА, што останува останатите за останатите наши колеги и оние млади артисти кои започнале кариера или планираат да ја започнат. Ова е тотално омаловажување, деградирање и непочитување на своето. За жал, секогаш сме биле деструктивни како нација и секогаш туѓото се ценело многу повеќе. Ние концертот ќе го направиме како и да е бидејќи, пред сѐ, тоа ѝ го должиме на нашата публика која нѐ следи изминативе 20 години и ќе бидеме среќни и радосни со секој еден што ќе ни направи чест да дојде таа вечер, која за нас ќе биде еден од најбитните денови во нашите животи. Жалиме што сме родени во оваа држава, но ја сакаме Македонија, бидејќи тука е нашата публика заради која сме тоа што сме денес и воедно која, според нас, е НАЈДОБРА на свет, а тука се и нашите СРЦА. Министерство за култура нека ви служи на чест. Се гледаме на концерт. Со почит,  Панчо и Андреј„ - напишаа во својата реакција членовите на македонското ар ен би дуо „ДНК“! Од рокерите, кои најчесто беа „изоставени од колачот“ реакција и од култната македонска алтер-рок група „Ласт Експедишн“, која на сцената постои повеќе од 30 години. Еден од нејзините лидери, вокалот на бендот Енис хаџиќ - Енко, јавно на својот Фејсбиук профил го прозва Министерството за култура и особено Комисијата за музичко - сценска дејност , во чија надлежност беа одлуките за доделување финансиска помош за проекти за кои конкурирале и членовите на „Ласт експедишн“, кои исто така „извисија“: „Втора година по ред како Министерството за 'култура' го одбива за средства еден од најзначајните македонски бендови икад LAST EXPEDITION. Претходните три години не ни конкуриравме бидејќи знаев каков ќе биде крајниот резултат. Знам дека сме прогласени за неподобни кај некои 'фаци' од повисоките кругови, ама од друга страна многу ми е ќеиф што немам ист вкус со доле наведените. 'Шефот' што знае за еден ден да напраи, оваа петорк (а од бендот) не е способна за цел живот. Сите останати ве сакам многу и бидете ми здрави, живи, позитивни и среќни“ - напиша Енко во своето обраќање јавно вперувајќи го прстот токму во споменатата комисија како најголем виновник за „немање слух“ за домашната поп-рок естрада и нејзиното музичко творештво, на чии членови истакнувајќи ги со име и презиме им порачал: „Не очекував ништо друго од луѓе со ваков 'капацитет'“. Ова се само двата најеклатантни примери, а нив ги има уште... Со право или не, децениите опстојување на сцената, резултатите во вид на албуми, песни, спотови, концерти... и конечно нивната публика се најдобрата „комисија“ која суди и оценува, кого за што го бидува и кој што и колку заслужува! Фото: Фејсбук принтскрин/Enis Hadjikj/Стефан Рајхл/Маја Аргакијева/ДНК]]>

„Last Expedition“ и пријателите од силната љубов кон место во кое живееме ја создадоа – „Мајка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/last-expedition-i-prijatelite-od-silnata-ljubov-kon-mesto-vo-koe-ziveeme-ja-sozdadoa-majka-video/ Thu, 10 Jun 2021 12:11:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206560

Во море на патриотски и навивачки песни, една тема побудува особено внимание. „Мајка“ – новата песна на „Last Expedition“  и пријателите се издвојува според исклучителен сензибилитет, каков ретко се забележува во денешно време.„Мајка“ се роди едно утро, спонтано, од силната љубов кон место во кое живееме – вели Енис Хаџиќ - Енко, лидерот на култниот македонски бенд.
Песната е истовремено химна, класика и оперска арија, а всушност е рокенрол. „Свири 'Експедишн' во полн состав, а гостуваат пријателите, еден куп. Најпрвин Дино Имери, еден од нашите најдобри пијанисти, потоа тенорот Христо Арсовски, попознат како Ричи Мерцедес, познат автомеханичар, еден неверојатно талентиран самоук оперски пејач, кој подготвува таков албум, и Kaly, која оперскиот дел го има во женска верзија. Секако, тука е и голем, 20-член хор на наши другари, кои се дел од песната. Затоа „Мајка“ е дело на сите нас – „Ласт Експедишн“ и пријателите –вели Енис Хаџиќ. За песната е реализирано лирик-видео, со преубава зајдисонце фотографија на Дарко Стојановски, забележана на Преспа. Дека сето тоа звучи изгледа одлично без сомнение, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=BTRahAeLDXY
]]>

Со „Last Expedition“ сите заедно – „Одиме на охридско море“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/so-last-expedition-site-zaedno-odime-na-ohridsko-more-video/ Tue, 11 Aug 2020 13:13:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162830

Македонскиот рок-бенд „Ласт експедишн“ ја објави својата нова песна под наслов „Одиме на Охридско море“. Станува збор за четврти сингл на бендот, како најава за нивниот четврти студиски албум, што треба да излезе до крајот на оваа 2020 година. „Сингловите ‘Hey Ho’, ‘Срце со себе’ и новата верзија на ‘Шефе’, снимена со пријателите и фановите го отворија патот за ‘Одиме на Охридско море’. Постојат песни кои се осмислени и треба да се снимат, па реално е да се очекува нов албум на ‘Ласт експедишн’ (Last Expedition) до крајот на 2020 година. Ова ќе биде првата наша студиска објава по цели 23 години, кога во 1997 беше објавен сега веќе култниот ‘Box’“, вели Енко Хаџиќ– прв човек на „Ласт експедишн“. За снимањето, миксот и мастерингот на новата песна се погрижиле Ивица Јанкуловски и Евгениј Каревски. „Би било добро кога вредноста и важноста на песната, која е веќе хит во домашниот музички етер, би ја препознале и институциите и/ или спонзорите, и овој мејнстрим бисер би ја добил заслужената визуелизација. Дотогаш, уживајте во песната од кое било место на Македонија“, се вели во соопштението на групата. https://www.youtube.com/watch?v=VNPJ7o8qJr0&feature=emb_logo]]>

Последната експедиција се врати… Last Expedition – „Хеј хо“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poslednata-ekspedicija-se-vrati-last-expedition-hej-ho-video/ Wed, 20 Feb 2019 13:18:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73857

По повеќе од две децении, членовите на една од култните македонски рок групи, „Ласт eкспедишн“ објавија нова песна.
Дека ќе има нешто ново, групата во текот на денот најави на својата страница на Фејсбук, за потоа на Јутјуб да го објави спотот за песната „Хеј хо“ (Hey Ho), за која музиката и текстот ги напиша фронтменот и главен вокал на бендот, Енес Хаџиќ-Енко.
Аранжманот е колективно дело на членовите на групата, додека снимањето, миксот и мастерингот на песната ги потпишува Мите Димовски, во чие музичко студио „Тра Ла Ла“ и е реализирана снимката. Тоа е прва оригинална песна на бендот од објавувањето на нивниот трет албум „Бокс“, уште во далечната 1997 година.
Едноставното , но ефектно видео на песната го потпишуваат Дарко Антоновски како режисер и монтажер на истото, додека зад камерата бил Горан Наумовски.
Инаку, „Ласт експедишн“, кои се прославија во првата половина од 90-ите години на минатиот век, неколку пати ги најавуваа своите последни настапи како проштални, но потоа одново продолжуваа да бидат присутни на домашната музичка сцена, на која за среќа и радост на обожавателите се' уште егзистираат создавајќи нови музички остварувања како што е и оваа нова песна, која можете да ја проследите во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=x78AP1FUCDk  ]]>