лара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 19 Oct 2023 11:38:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Викендов во Штип започнува 38-то издание на „Макфест“: Дводневна фестивалска фешта за сите вкусови https://arhiva.vistina.com.mk/vikendov-vo-shtip-zapochnuva-38-to-izdanie-na-makfest-dvodnevna-festivalska-feshta-za-site-vkusovi/ Thu, 19 Oct 2023 06:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322995

Викендов во Штип, поточно овој петок и сабота (20 и 21 октомври 2023 г.) ќе се одржи 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“. Утревечер ( 20 октомври) во домот на културата „Ацо Шопов“ ќе настапат 13 помалку афирмирани македонски музички имиња или како што еснафот ги нарекува „со помал багаж“ зад себе, но доволно атрактивни со модерни песни кои се очекува да го побудат интересот на публиката, а некои од нив и да станат радиски хитови. Петте кои ќе ја добијата довербата од гласовите на жирито и публиката во салата, ќе го надополнат списокот со учество и во втората фестивалска вечер, закажана за в сабота (21 октомври). По завршувањето на официјалниот дел на првата вечер во петок (20 октомври) за време на паузата додека трае гласањето на жирито и публиката во домот на културата, на сцената свој настап со сплет изведби на макфестовски теми ќе имаат „Силви бенд“ и Лидија Кочовска, кои и самите се некогашни учесници на „Макфест“, чии фестивалски изведби и песни оставиле траг на македонската музичка сцена и станале македонски евергрини. Организитарот, општина Штип на чело со градоначалникот Иван Јорданов и главниот координатор на фестивалот, Александар Арсовски заедно со целокупната екипа и тимот кој работеше на подготовките,  за се' да биде беспрекорно и функционира совршено,  ја подготвија и агендата за двата фестивалски дена. Во неа точно и прецизно се вткаени саатниците за Прес конференциите, генералните проби, сместувањето на изведувачите и претставниците на медиумите од цела Македонија, кои се очекува годинава во голем број да бидат присутни за следење на фестивалот. Втората фестивалска вечер е резервирана за попознатите македонски музички имиња, меѓу кои и неколку од најголемите наши поп ѕвезди, кои годинава ќе настапуваат на „Макфест“. На неа покрај 13-те проверените пејачи и групи, ќе ги видиме и петте избрани од првата фестивалска вечер, што значи на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи.  Оваа вечер и годинава како и лани има ревијален карактер, што значи нема да има гласање и да се доделуваат награди за прво, второ, трето... место, зашто заложбите на организаторот и  уметничкиот на фестивалот се новата концепција на „Макфест“ да донесе што повеќе хитови и песни што ќе останат, без да ги оптоварува изведувачите со трка по награди. Што значи фестивлот да биде еден широк полигон за прва промоција на новите песни на веќе проверените музички ѕвезди, но и помладите имиња кои се помалку имаат простор каде да се презентираат себеси и своите нови остварувања. За визуелно-техничките аспекти и максималното користење на новите технологии на самата сцена, како и при презентацијата и медиумската промоција на „Макфест“ уште на првата Прес конференција во Скопје говореше членот на уметничкиот совет Јован Јованов, кој рече дека фестивалот годинава ќе изгледа и звучи сосема поинаку и многу побогато... И технички и визуелно и содржински, во што ќе се уверат и присутните во салата и ТВ гледачите. А годинава како што во неколку наврати изјави уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Саздов: „На овој Макфест очекувам да има повеќе хитови отколку на последните две евровизиски изданија. Според мене десеттина песни претендираат да станат радиски хитови и да бидат многу вртени во етерот“ - потенцираше Саздов кој со задоволство го истакна квалитетот и потенцијалот на она што публиката ќе го слушне и види на макфестовската фестивалска сцена годинава. Единствената награда која ќе биде доделена е онаа за „Најслушана песна меѓу два фестивала“ која годинава со право ја понесе песната „Бела“ на Пајак и Лара Иванова од минатогодишното издание, која стана регионален хит со фасцинантни над 25 милиони прегледи на Јутјуб. Истата ќе биде изведена и на годинешното макфестовски издание при предавањето на наградата на втората фестивалска вечер, во сабота. И годинава и двете фестивалски вечери на „Макфест 2023“ ќе бидат директно пренесувани на националниот сервис, на првиот канал на МТВ 1, но и на првата програма на Македонското радио- Радио Скопје. Како генерален спонзор, но и медиумски поддржувач на „Макфест“, Урбан ФМ исто така ќе оди со директен пренос и отворено студио од Штип на својата програма на фреквенцијата 90.8 Скопје. По завршувањето на фестивалот е предвидена и постфестивалска забава и дружење со учесниците и претставниците на медиумите со публиката во еден од елитните штипски локали.      ]]>

По милионскиот успех на макфестовската „Бела“: Пајак и Лара повторно заедно со нов дует https://arhiva.vistina.com.mk/po-milionskiot-uspeh-na-makfestovskata-bela-pajak-i-lara-povrono-zaedno-so-nov-duet/ Fri, 06 Oct 2023 11:50:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321077

Познатото македонско дуо млади естрадниартисти  Пајак и Лара кои сите многу добро ги знаеме од минатогодишниот „Макфест“ кога се појавија со големиот  хит „Бела“ чие видео достигна над 33 милиони прегледи на Јутјуб, за своите фанови и македонската публика повторно подготвуваат дуетска песна. Тоа доаѓа некако природно, а и самата публика тоа би го очекувала по минатогодишниот хит кој Пајак и Лара ги крена на едно повисоко ниво, меѓу најголемите ѕвезди на македонската музичка сцена. „Ветуваме дека повторно ќе седнеме во студио и дека ќе направиме уште еден нов македонски хит“ - најави Лара. Инаку, во последниот период тие двајца често заедно настапуваат низ Македонија. Во очекување на најновиот заеднички хит помеѓу младите пејачи, само за момент потсетете се на минатогодишниот настап на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, кога токму тогаш овие двајца ја исполнија оваа денес насекаде позната и барана песна, нивната „Бела“. ]]>

„Тато, ова ти е зетот“: Лара Чолиќ на Денот на вљубените го донесе момчето, а вака реагираше Чола (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tato-ova-ti-e-zetot-lara-cholik-na-denot-na-vlubenite-go-donese-momcheto-a-vaka-reagirashe-chola-foto/ Thu, 16 Feb 2023 10:57:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289198

Не помина многу од првата фотографија со избраникот во кревет, а помладата ќерка на Здравко Чолиќ направи нов чекор на емотивното патување. Таа го остави момчето кое го видовме разголен додека позира со неа и стапи во врска со нов млад човек чие име овој пат му се знае името. Откако Лара го означи своето ново момче на „Инстаграм“, нејзините следбеници, а потоа и медиумите, можеа да заклучат дека никој друг освен Александар Шево го освоил срцето на миленикот на Чола. Згоден, впечатлив млад човек кој очигледно прави сè според чувствата, на денот на Свети Трифун или Свети Валентин гостувал во куќата на Здравко Чолиќ. Тој го посети домот на својот иден дедо со огромен букет рози во рацете, кои ги украси со машнички, донесе плишано мече и долга емотивна порака. Лара веднаш се пофали со подарокот на социјалните мрежи, давајќи им до знаење на сите дека нејзиниот татко се согласува со нејзиниот емотивен избор. Чола сфаќа дека неговите принцези се на возраст кога е сосема нормално да имаат момчиња, а неодамна многу шеговито проговори на оваа тема: - Горд сум на моите ќерки, како и секој татко. Тука сум да ги поддржам и да им ги исполнам желбите. Одбраната против момците веќе полека почнува. Не знам како ќе се справам со тоа, најлошо ми е. Но, повторно, ова е целиот живот и сосема нормална работа, кажа Чолиќ за српските медиуми. фото:Instagram printskrin/Promo Stori.rs]]>

„Bella“ е феномен: Песната на Пајак и Лара надмина десет милиони прегледи на YouTube (Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/bella-e-fenomen-pesnata-na-pajak-i-lara-nadmina-deset-milioni-pregledi-na-youtube-video/ Mon, 30 Jan 2023 13:10:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286490

На минатогодишното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, младите и атрактивни Христијан Настески-Пајак и Лара Иванова на сцената ја претставија нивната најнова дуетска песна „Bella“, која што верувале или не, за кратко време стана тотелен хит насекаде. Песната стана вирална, после нивниот настап на YouTube веднаш беше промовиран и постиран и официјалниот видеоспот за оваа песна, која веќе ја знаат и во соседна Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска… во целиот екс-ЈУ регион и речиси насекаде низ Балканот. Пајак и Лара нема ден а да не постираа видео каде некое момче или девојче се имаше снимено како ја пее оваа песна или танцува на истата. До денес, видеото кое што е постирано пред три месеци, а се однесува на нивниот настап од „Макфест“ досега има 1, 2 милиони прегледи, додека пак официјалниот видеоспот кој  е промовиран и постиран на YouTube неколку дена после после првото видео, односно, нивниот настап на фестивалот, денес има 10 милиони прегледи, само за 3 месеци. Потсетете се како звучи „Bella“ и како изгледа видеото за неа (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Лара, Јован и Ирина ја промовираа „My life ahead of me” со која ќе ја претставуваат Македонија на детскиот Евросонг 2022 во Ерменија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-jovan-i-irina-ja-promoviraa-my-life-ahead-of-me-so-koja-kje-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-detskiot-evrosong-2022-vo-ermenija-video/ Fri, 04 Nov 2022 12:57:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274434

Eксклузивна премиера на песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) со која Македонија  ќе биде претставена на  претстојната „Детска Евровизија 2022“ се случи вчеравечер, 3-ти ноември во Дневник 2 на МРТ. Песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) со која Лара, Јован и Ирина ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг во Ереван по промоцијата во Дневник 2 на првиот програмски сервис на МРТ, веќе од 20:30 часот со видеозаписот стана достапна онлајн на официјалната Јутуб платформа на Junior Eurovision Song Contest. Автор на песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) е маестро Симон Трпчески, музички продуцент е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Јован Трпчески и Лара Трпческа. На евровизиската сцена на која годинава ќе се пее под мотото: „Завртeте ја магијата“, нашите мали претставници ќе застанат на 11-ти декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија. Ерменскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има и на програмите на Македонската Радио Телевизија. Доколку се' уште не сте ја слушнале и виделе видеото, проследете ја  „My life ahead of me” (Животот е пред мене)  во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Обожава животни и тетоважи: Згодна Словенка од сајт за возрасни влезе во новото реалнотo шоу „Бар“ https://arhiva.vistina.com.mk/obozava-zivotni-i-tetovazi-zgodna-slovenka-od-sajt-za-vozrasni-vleze-vo-novoto-realnot-shou-bar/ Tue, 18 Jan 2022 10:32:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235258

Лара е новата учесника во реалното шоу „Бар“ која се приклучи на добро познатата екипа. Таа е голем љубител на природата и животните. Има 28 години и страница на сајтот за возрасни OnlyFans. Сепак, Лара не е оние кои трошат пари на скапи модни парчиња и патувања бидејќи претходната година имала сериозна финасиска криза. „Бар“ е првото реално шоу кое е засновано на бар кој навистина постои, со вистински учесници, со вистински гости.  Учесниците „Бар“ мора да работат и да живеат од заработката – да ги платат комуналите, стан и да купат храна. фото: принтскрин/инстаграм/курир.рс]]>

Ретко споделува приватен момент, но сега Дарко Димитров пушти срце и покажа во каква убавица пораснала ќерката https://arhiva.vistina.com.mk/retko-spodeluva-privaten-moment-no-sega-darko-dimitrov-pushti-srce-i-pokaza-vo-kakva-ubavica-porasnala-kjerkata/ Fri, 02 Jul 2021 07:20:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209324

Дарко Димитров е македонески текстописец, композитор и продуцентот односно со еден збор „мајстор за музичко дело“. Многумина како од македонската, но и од регионалната естрада доаѓаат на негова адреса и од неговото студио излегуваат голем број на хитови. Анастасија Ражнатовиќ, Емина Јаховиќ, Луна Ѓогани, Лина Пејовска, Илма Кархмет, Наташа Беквалац, Ана Николиќ....се само мал дел од уметниците кои соработуваат со Димитров. „Кај мене ѕвезди нема, јас велам кога ќе дојдете кај мене јас сум ѕвездата. Не поради тоа што јас сакам да бидам ѕвезда туку поради тоа што мора да се спуштиме на ниво каде што сме никој и ништо за да може да дадеме максимум. Сите тие луѓе се преталентирани. Кога ги гледаме вака си мислиме дека некој им помогнал, но не е така. Мора да носиш нешто во себе, да го градиш со години, да знаеш да даваш за да ти дадат. Со нив имам слична енергија, ја примам нивната енергија, емоција, какви проблеми имаат во моментот“, изјави Димитров во една прилика. Кога пак, станува збор за неговиот приватен живот тој не сака да го сервира на тацна, па многу ретко споделува фотографии со членовите на неговото семејство односно сопругата и двете ќерки. Меѓутоа, овој пат, композиторот пушти срце, па на својот Инстаграм објави фотoграфија со наследничката Лара. Имено, тој позираше покрај ќерката која пораснала во вистинска убавица. „Дарко и Лара“, напиша тој покрај објавата. Под истата доби и многу коментари, а меѓу нив од Јелена Томашевиќ, Тамара Тодевска, Калиопи.]]>

Здравко Чолиќ во солзи: „Што доживеав… во сопствената куќа да не можам да им пријдам на своите деца“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zdravko-cholikj-vo-solzi-shto-doziveav-vo-sopstvenata-kukja-da-ne-mozam-da-im-prijdam-na-svoite-deca-foto/ Mon, 13 Apr 2020 11:59:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144696

Бидејќи  Здравко Чолиќ, најголемата пејачка легенда во поранешна Југославија, има 68 години, тој мораше итно да се изолира. Чолиќ има две ќерки тинејџерки, со кои тој и сопругата живеат во прекрасна вила во Белград. Пејачот се засолнил во едно крило на куќата, кое сега е резервирано само за него и тој воопшто не се ни гледа со децата. Се среќава со неговата сопруга Александар, која му носи ручек и сè што му треба. „Пред да пристигне епидемијатаво Србија, ќерките на Чола, Уна и Лара редовно оделе на училиште, а постарата Лара често патувала во и надвор од Србија, така што сега тие морааат се држат настрана од нивниот татко и воопшто да не му приоѓаат. Поточно, тие воопшто не го ни гледаат“ - објаснува семеен извор за „Скандал“ и додава: Мора да мине најмалку еден месец за да се осигураат дека Лара и Уна се здрави, т.е. немаат коронавирус и дури тогаш тие ќе можат да бидат со својот татко без да има ризик. Сепак, ова на Чолиќ тешко му паѓа. Тој е многу приврзан кон нив, сака да поминува време заедно со нив, често ги носи на ручек, понекогаш одат на заеднички прошетки, а сега им е одземено сето тоа. Чола на својата сопруга со насолзени очи и рекол: „Што доживеав, да морам да се кријам од родените деца во сопствената куќа!“ - раскажува изворот и додава: „И тој им недостасува на Лара и Уна, но бидејќи се свесни дека вирусот може да биде опасен за малку повозрасни луѓе, тие решија да бидат трпеливи. Тие дури и го тешат преку видео повик, па му велат: „Не плачи тато, само внимавај на себе!“]]>

Една ситница му го направи на Здравко Чолиќ 68-от роденден најубав на свет: „Мојот идол, моето сè, те сакам најмногу на свет“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/edna-sitnica-mu-go-napravi-na-zdravko-cholikj-68-ot-rodenden-najubav-na-svet-mojot-idol-moeto-se-te-sakam-najmnogu-na-svet-foto/ Sat, 01 Jun 2019 10:43:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90854

Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ вчера го прослави својот 68. роденден. Неговите ќерките Уна и Лара, кои ретко се појавуваат во јавноста, објавија нивна заедничка слика и емотивна роденденска порака. „Среќен роденден на најдобриот татко на светот. Мојот идол, моето сè. Те сакам најмногу на свет“, напиша постарата ќерка на Здравко Чолиќ.
Оваа порака била изненадување за познатиот пејач, зашто тие ретко кога споделуваат заедничи фотографии и секогаш се повлечени од јавноста, како впрочем и нивната мајка - сопругата на Здравко, Александра, со која е 18 години во брак.
„Здравко често го слави својот роденден далеку од дома, бидејќи работата го носи надвор од Белград, каде што живее, а и често пати надвор од границите на нашата земја. Оваа година, Здравко немал закажано настап на неговиот роденден, па затоа помина прекрасен ден со своите ќерки и со неговата сопруга, кои тој ден се обиделе да нму го направат најубав. Здравко е познат по неговата скромност, иако тој е голема ѕвезда, па затоа не му се допаѓа кога медиумите известуваат за неговите прослави, ниту пак неговиот прави спектакл од тоа. Роденденот не се разликува многу од неговиот секојдневен живот, но овој ден не поминува без торта и желби. Скромниот Чола само посакал здравје и благосостојбата на семејството, бидејќи, како што сите знаат, тој речиси доживеа и си приушти се'  во својот живот“ - изјавил близок пријател на семејството Чолиќ.]]>