лаксатив – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Jan 2023 09:33:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лаксатив – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лаксативен џем за брзо празнење на цревата: Се применува кај тешки облици на констипација https://arhiva.vistina.com.mk/laksativen-dhem-za-brzo-praznene-na-tsrevata-se-primenuva-kaj-teshki-oblitsi-na-konstipatsija/ Tue, 31 Jan 2023 13:20:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286594

Констипацијата е сериозна состојба која го попречува нормалното функционирање на нашето тело. Статистиките велат дека секое десетто лице пати од проблеми со нередовно празнење на цревата. Едно од најдобрите решенија за констипација е овој лаксативен џем кој го осмислила Ветеранската болница во Квебек. Пациентите кои имале проблеми со дигестијата во просек јаделе по 1 голема лажица џем на ден, што ја зголемило зачестеноста на празнењето на цревата и ја намалило потребата за лаксативи, во споредба со оние кои не ја консумирале ваквата смеса. Потребни состојки: - 150 гр. урми - 150 гр. суви сливи - 1,5 шолја вода Начин на подготовка: Исечкајте ги урмите и сувите сливи на парчиња. Ставете ги во зовриена вода и варете додека не се згусне мешавината. Од оваа количина би требало да се добијат околу 20 порции од 1 лажица. Овој џем е погоден за сите возрасти. Може да се јаде самостојно, да се мачка на леб, да се додаде во јогурт или овесни снегулки... Како делува лаксативниот џем? Сувите сливи имаат хранлив и лаксативен ефект и со децении се припишуваат за таа цел. Богати се со влакна и сорбитол кој го дава лаксативниот ефект, а сливите го содржат дури 15 пати повеќе отколку кое било друго овошје. Сорбитол е вид алкохолен шеќер кој можат да го консумираат и дијабетичари. Во цревата се преработува многу бавно и до дебелото црево стигнува најчесто половично преработен, поради што доведува до помека столица. извор:точка.ком.мк фото: shutterstock]]>