лајбах – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Nov 2023 13:05:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png лајбах – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Лајбах“ доаѓаат во Битола на јубилејното издание на „Фестивалот на музика од светот“ https://arhiva.vistina.com.mk/lajbah-doagaat-vo-bitola-na-jubilejnoto-izdanie-na-festivalot-na-muzika-od-svetot/ Tue, 21 Nov 2023 13:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327965

LAIBACH доаѓа во Битола како дел од европската турнеја „Love Is Still Alive“ на Фестивалот на музика од светот. Култниот словенечки музички бенд на 25.11.2023 ќе настапи на сцената на Центарот за култура. Битола е ставена на мапата заедно со градови од Скандинавија, земјите од Бенелукс, Централна Европа и Велика Британија. Како и секоја година во изминатите 15 и годинава од 23 до 25 ноември во Битола ќе се одржи годинешното издание на “Фестивалот на музика од светот“. Годинешното издание на овој, по многу нешта специфичен фестивал, ќе биде под мотото “Една сцена, звук на светот”, а покрај во Големата сала на Центарот за култура во Битола ќе биде и на други локации. -Ова е фестивал кој своето прво издание го имаше во 2009 година, а се до денес на наше задоволство реализирана е голема продукција на настани. Се надевам дека и во иднина Битола ќе ја запишуваат на мапата на светските фестивали и ќе бидеме се поатрактивно место не само за домашните и балканските туку и за светски уметници. Годинава имаме јубилеј кој е значаен по многу нешта, ќе понуди програма за која долго време ќе се зборува после фестивалот. Оваа година како партнери се “Олабај“ и “Јуроп хаус“ во оф програмата која за нас е од посебно значење, рече директорката Маја Андоновска – Илијевски. Она што е карактеристично за годинешното издание на фестивалот е настапот на групата “Лајбах“,  а Битола е дел од нивната приказна која ќе се случува низ европските градови, “Love is still alive“. Тие ќе одржат целовечерен концерт во големата сала на Центарот за култура, едно визуелно,музичко и театарско доживување. -Групата “Лајбах“ во својата европска ноемвриска турнеја, а меѓу 20 градови од Европа е Битола на наше огромно задоволство и гордост. Концертот “Love is still alive“ ќе биде настан кој битолчани долго ќе го паметат и е настан кој можеби дваесет години не ни се случил, да гостува една група од ваков калибар. За нас како Центар за култура е огромен предизвик бидејќи да пречекаш уметници од типот на “Лајбах“ значи добра техничка подготовка за концертот да изгледа како и концертот во Лондон. Она што ќе се доживее во сабота во Центарот за култура ќе се памети зошто “Лајбах“ со својот тематски концерт не може да се види било каде и било кога. За “оф програмата“ Маја Ангеловска од “Олабај“ рече: -Со „Олабај на Фестивал на музика од светот“ ја завршуваме програмата на Олабај за 2023 година. Годинава “Олабај“ ги надополнуваше програмите на дел од меѓународните фестивали во Битола. Започнавме со “Битола отворен град“, продолживме со “Битола Шекспир фестивал“, пред 2 месеци бевме дел од меѓународниот фестивал за филмска камера “Браќа Манаки“ и денес сме овде, на наше задоволство, на “Фестивал на музика од светот“ за што уште еднаш би сакала да го искажам задоволството за ова партнерство помеѓу “Олабај“ и Центар за култура Битола.]]>

Култниот контроверзен словенечки бенд „Лајбах“ со концерт во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/kultniot-kontroverzen-slovenechki-bend-lajbah-so-kontsert-vo-bitola/ Thu, 24 Aug 2023 12:47:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315271

Центарот за култура – Битола ги најави првите изведувачи на јубилејното 15-то издание на Фестивалот на музика од светот. Се работи за авангардниот словенечки индустријал состав „Лајбах“ кој во рамки на својата европска турнеја „Love is still alive“ ќе гостува во Битола на 25-ти ноември. Бендот кој претставува музичко крило на движењето Neue Slowenische Kunst (NSK) e основан во 1980 година и во тој период често беше предмет на контроверзии и забрани. „Веќе е потпишан договор за бенд кој на светската мапа на бендови е запишан од 80-тите години, бил предмет на контроверзии, а потоа се докажал дека се најголемите “индустријал“ уметници на сите времиња. Ние влегуваме во нивната есенска, светска турнеа, и се наоѓаме на мапата на нивната турнеа, покрај 20 други градови, покрај Лондон, Амстердам, Малме, Прага… Станува збор за бендот “Лајбах“ кои ги поканивме во Битола по мои контакти и веќе е потпишан договорот за настапот во Битола, а ќе биде голем целовечерен концерт. Тие веќе на нивниот спот за турнеата, ја најавија Битола“ - изјави Маја Андоновска-Илиевски, директор на Центарот за култура во Битола.]]>

Култните „Лајбах“ ќе прослават 40 години постоење со концерт во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/kultnite-lajbah-kje-proslavat-40-godini-postoenje-so-koncert-vo-skopje/ Fri, 02 Oct 2020 11:12:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169753

По две години од последниот концерт во Скопје на „Таксират“, едни од најпровокативните музичари на територијата на поранешна Југославија – „Лајбах“, се враќаат на бината на „Таксират Фестивал“ ! Под мотото “LOVE IS STILL ALIVE”, култниот словенечки колектив ќе прослави 40 години постоење во Скопје на 29-ти октомври  во СЦ  „Борис Трајковски”. „Лајбах“ уште на почетокот на 80-тите години стана гордост на бунтовните и прогресивни луѓе во регионов и пошироко, а останаа запаметени како прототип за голем број бендови, меѓу кои и славните Германци „Рамштајн“. По 40 години кариера, тие сѐ уште важат за најголемиот меѓународно признат бенд од поранешните комунистички земји од Источна и Централна Европа, а и покрај светскиот успех, „Лајбах“ успева да стои настрана од секаква поп-одредница и до ден денес е верен претставник на музичката авангарда. Како вистински легенди тие важат за едни од најгенијалните индустријал уметници на сите времиња, кои воведоа нов пристап кон музиката. Нивната музика и идеи ги поставија корените на она што денес се смета за „милитаристички индустријал“, со извонредни дела кои важат за силна критика на механизираноста и оркестрираноста. Стилот на „Лајбах“е пред сѐ критикувачи уметнички перформанс кој постојано посочува кон уметноста која станува алатка на тоталитаризмот и си поигрува со крајните граници на естетиката на фетишизмот и милитаристичката моќ, а може да ве натера да размислувате, да танцувате и да марширате на истата музика. Билетите се достапни во продажба онлајн на – bit.ly/3jucYUs и во продажната мрежа на MkTickets.
]]>

На 27 март во Скопје: LAIBACH со концерт во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/na-27-mart-vo-skopje-laibach-so-koncert-vo-mkc/ Thu, 01 Mar 2018 13:17:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14502

LAIBACH со концерт во Скопје на 27 март 2018 го претставуваат фантастичниот нов албум Also Sprach Zarathustra пред македонската публика! По три години, една од највлијателните групи од југословенските простори со убедливо најголем меѓународен успех, се враќа кај нас и тоа првпат во МКЦ, во многу поинтимна атмосфера од кога било досега.
Музиката од новиот албум, LAIBACH ја компонираше за театарската претстава „Така зборуваше Заратустра“, основана на едно од најзначајните филозофски дела на Фридрих Ниче, а која ја режираше Матјаж Бергер во Антон Подбевшек театарот во Ново Место. Скопскиот концерт е во рамки на европската турнеја за овој албум, на која бендот изведува целосно нова концертна програма, песните од актуелниот албум, но и класиците од својот репертоар во нов аранжман, а кои не ги извМКЦ -едувале со години.]]>

„Лајбах“ со ексклузивен концерт во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/lajbah-so-ekskluziven-koncert-vo-skopje/ Wed, 03 Jan 2018 12:33:48 +0000 http://vistina.mk/?p=8664

 Фестивалот „Таксират“, во низата концертни настани со кои во 2018 година го одбележува своето 20. издание, ви го претставува концертот на култната словенечка група „Лајбах“ (Laibach), која пред македонската публика, на 27 март 2018 ќе го претставуви фантастичниот нов студиски албум „Also Sprach Zarathustra“! По три години, една од највлијателните групи од југословенските простори со убедливо најголем меѓународен успех, се враќа во Скопје и тоа првпат во МКЦ, на ексклузивен концерт со строго ограничен капацитет и во многу поинтимна атмосфера од било кога досега.

Скопскиот концерт на „Лајбах“ е во рамките на европската турнеја за „Also Sprach Zarathustra“, на која бендот изведува целосно нова концертна програма, песните од актуелниот албум, но и класиците од својот репертоар во нов аранжман, кои не ги изведувале со години. Влезниците за овој концерт се достапни преку продажната мрежа на МК Тикетс и само во органичен број! ]]>