ладна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 Oct 2023 11:49:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ладна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Топла или ладна соба? Ова е идеална температура за квалитетен сон  https://arhiva.vistina.com.mk/topla-ili-ladna-soba-ova-e-idealna-temperatura-za-kvaliteten-son/ Thu, 12 Oct 2023 11:49:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322070

За да можете правилно да функционирате и да се носите со секојдневните предизвици, неопходен е добар сон. Но, за да може сонот да биде квалитетен, треба да внимавате на некои работи. Многу луѓе сакаат да спијат на топло место, особено кога доаѓаат студените зимски денови. Но, експертите велат дека тоа не е толку здраво. Истражувањата покажуваат дека подобро се одразува на здравјето на луѓето кога температурата во просторијата е пониска. Високата температура го поттикнува лачењето на кортизол, т.н. хормон на стресот, додека спиењето во постудени простории помага да се одржи.   Научниците исто така тврдат дека спиењето во топла соба може да влијае на лошите соништа, кои често се поврзуваат со стресот.   Просечната температура за квалитетен сон и добро здравје е околу 18 степени, а се што е над тоа може да има негативен ефект.   За да можеме да заспиеме, треба да изгубиме еден степен од внатрешната температура, што е околу 37 степени. Овој степен најчесто го губиме преку лицето и главата, односно деловите од телото кои не се покриени. Во длабок сон нашето тело ги обновува клетките, ја подобрува меморијата, но не е во состојба да ја регулира температурата, објаснуваат експертите. Ако спиете во прегреана просторија, температурата на вашето тело може да не го достигне нормалното ниво што му е потребно.   Лекарите истакнуваат дека и пониските температури можат да им помогнат на луѓето кои ‘рчат. Се препорачува употреба на ќебиња од памук или природни материјали бидејќи ја одржуваат температурата. Загрејте ја спалната соба во текот на денот, а пред да заспиете исклучете го греењето, советуваат експертите. Извор: Попара.мк]]>

Дали треба да спиете во студена или топла соба? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-treba-da-spiete-vo-studena-ili-topla-soba/ Wed, 20 Sep 2023 12:15:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318844

Ако имате немирни соништа или периодични будења, една од причините за тоа може да биде температурата во просторијата каде што спиете. Многу луѓе претпочитаат топлината да биде доволна за да спијат во шорцеви или нешто лесно. Дали е навистина најдобро за нашето тело и квалитетен сон? Кога лежите во кревет обидувајќи се да заспиете, температурата на вашето тело се намалува за да може да започне процесот на спиење. Генерално, препорачаната температура, која го „извлекува“ најдоброто од сонот, е помеѓу 15 и 20 степени. Затоа, покорисно и подобро е вашето тело да спие во поладна просторија. Температурата над 23 степени може да ви пречи и да ви го наруши сонот. Во еден ден, во текот на целиот период од 24 часа, температурата на нашето тело природно достигнува врв и паѓа. Нашата внатрешна температура е обично највисока во раните попладневни часови, а најниска околу пет часот наутро. Кога заспиваме, нашите тела природно се ладат, па затоа треба да им помогнеме да ја достигнат таа пониска температура побрзо, што поттикнува подлабок сон. Кај просечните и здрави возрасни лица, намалувањето на телесната температура предизвикува чувство на замор. Затоа, мора да го слушате вашето тело кога ви испраќа јасни сигнали дека е време за спиење. Извор: Попара.мк]]>

Мисицата и бившиот сопруг со нова визура – Кристина Димитриевска и Даниел Кајмакоски со афро фризура: Кој кого копира или кому подобро му стои? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/misicata-i-bivshiot-soprug-so-nova-vizura-kristina-dimitrievska-i-daniel-kajmakoski-so-afro-frizura-koj-kogo-kopira-ili-komu-podobro-mu-stoi-foto/ Thu, 10 Mar 2022 08:44:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242474

Промените во животот судејќи по многу нешта се неопходни. Тие прават луѓето да се чувствуваат како нови, како да почнуваат од почеток, како да отвораат некое ново поглавје, вртат нова страница... Промените на изгледот се исто така дел од нашето секојдневие, а ним особено им се склони дамите.  Различна гардероба, обувки, накит, шминка и секеко, промените на фризурата се она нешто што секојдневно ја менува визурата на припадничките на понежниот пол, за да бидат што поубави, позгодни, посексапилни, поатрактивни и попривлечни... особено за спротивниот пол. Промените ја разбиваат монотонијата, а ја стимулираат самодовербата, па затоа и македонската мисица, манекенка, модел, пејачка... Кристина Димитриевска, реши меѓудругото да направи на себе драстична промена во изгледот на косата. Новата фризура и дава  сосема поинаква и поразлична визура од онаа што сме навикнале да ја гледаме. Со кратка, собрана и навиткана во локни и кадрици што и пааат преку челото, Кристина направо смела промена, па својот нов лик го сподели на социјалните мрежи. Веројатно за да провери и слушне мислење како и стои, како изгледа со новата фризура и дали таа „и лежи“? Седната на подот, во поза со подраширени нозе, со чаша топло кафе в рака и исплазен јазик, со селфи за проверка дали новиот афро-имиџ и е по мерка, Кристина им порача на своите претенденти:   „Ми се допаѓа моето кафе како што се сакам себеси: силно, слатко и премногу жешко за тебе“. И ништо чудно или необично во новата промена на мисицата и пејачка, ќе речат многумина... Но, само оние кои не го виделе новиот имиџ на нејзиниот бивш сопруг, пејачот Даниел Кајмакоски. А тој со нова фризура, иста како нејзината... Или поточно таа, како неговата. Само нејзината руса, а неговата катран црна коса. И мисицата и бившиот сопруг со нова визура...Кристина Димитриевска и Даниел Кајмакоски со „афро фризура“! До душа нејзината „трајна-ладна - ондулирана“, а неговата само перика, монтирана со цел и намера, за еден од неговите настапи во едно од најпознатите белградски кабареа! И сега ако се запрашате кој кого копира, нема логика, зашто „афро-имиџот“ случјно им се поклопил, а и намената му е сосема различна. А тоа, кому подобро му стои новата визура со „афро-фризура“, заклучете самите... Сепак, различни се вкусовите, а и афинитетите! Зависи, кој по што е! Фото: Инстаграм принтскрин/daniel_kajmakoski/kristina.dimitry
 ]]>